Изложба за жената со дела од колекцијата на НГМ


Во пресрет на 8 Март, во Чифте амам вечер од 20 часот ќе биде отворена тематска изложба „За неа“ со околу 70 дела инспирирани од жената, кои Националната галерија на Македонија (НГМ) ги има во својата колекција. Жената како мотив ја има во творештвото на повеќе уметници застапени во збирката на НГМ: Лазар Личеноски, Никола […]

Работилница во Скопје: Етиката во конзервацијата на филмското наследство


Во Скопје, се одржа работилница на тема ,,Дигитализација на филмското наследство – Етиката во конзервацијата на филмското наследство“, во организација на Управата за заштита на културното наследство во соработка со Кинотека на Македонија, а со финансиска поддршка од инструментот на Европската Унија – ТАЕКС. Овој инструмент е  наменет за поддршка на јавните установи од земјите […]

(ВИДЕО) Езеро или пластика – уметничка инсталација на Дебарското езеро


Ликовниот уметник од Ростуше, Адем Сулејманоски изработи Ленд арт „Езеро или пластика“ на брегот на Дебарското Езеро, кај месноста Мелнчки мост, посветен на загадувањето со пластични шишња на езерото. Секоја година помеѓу 40 и 60 илјади пластични шишиња се слеваат во водите на Дебарското Езеро. Овој проблем секогаш е актуелен напролет кога високите водостои на […]

Прикажување на филмовите на Манчевски од 8 до 14 март


Од 8 до 14 март во „Котур-кафе“ ќе бидат прикажани петте долгометражни и двата кратки филма на Милчо Манчевски, заедно со изложба на постери од неговите филмови, работни скици, интервјуа, критики и писма. Неделата посветена на нашиот познат режисер е насловена „Филмска азбука – Милчо Манчевски“ и ќе почне задутре од 20 часот со проекција […]

Избор од поезијата на Матеја Матевски за 90 години од неговото раѓање


По повод деведесетгодишнината од раѓањето на академик Матеја Матевски, „Матица македонска“ објави избор од неговата поезија, насловен според неговата позната стихозбирка – „Дождови“. Деведесет песни од богатиот опус на авторот се застапени во овој избор што го подготви поетот Раде Силјан. -Матеја Матевски (Истанбул, 1929 – Скопје, 2018) припаѓа во редот на челниците на современата […]

Изложба и работилница во чест на 8. Март


Во чест на 8. Март, Меѓународниот ден на жената, во четврток, со почеток во 12 часот, НУ Музеј на македонската борба организира изложба и хуманитарна работилница на тема Жената борец за слобода и македонска државност. На традиционалниот настан во организација на едукаторите Ана Вишинова и Даниела Митевска, ќе се обрати и директорката на музејот Даниела […]

Проекција на филмот „Војна на половите” во кино „Фросина“


Граѓанската организација за родова еднаквост во спортот ТАКТ- Скопје со поддршка на Амбасадата на САД вечер од 19 часот во кино „Фросина“ организира бесплатна проекција на филмот „Војна на половите”, кој ја прикажува маестралната победа на тениската легенда Били Џин Кинг во мечот против Боби Ригс.  – Проекцијата е во рамки на одбележувањето на Меѓународниот […]

Подвижна библиотека за учениците од скопските приградски населби


Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со финансиска поддршка од Град Скопје набави нова подвижна библиотека библиобус – адаптирано возило опремено со книги наменети за ученици. Библиобусот посетува повеќе скопски приградски населби и ги опслужува учениците од 19 училишта во Марино, Мралино, Бунарџик, Текија, Мршевци, Кучевиште, Сопиште, Сушица, Оризари, Припор, Долно Коњари, Добри Дол, Побожје, Долно Соње, […]

Изложба „За неа“ во Чифте амам по повод 8 март


По повод 8 Март, во Чифте амам ќе биде поставена тематската изложба “За неа“ со околу 70 дела инспирирани од жената, а кои Националната галерија на Македонија ги има во својата колекција. Изложбата, ќе биде отворена в четврток , во 20 часот, од Ана Мартиноска, професорка на Институтот за македонска литература и кураторот Горанчо Ѓоргиевски, […]

Шест романи во трката за „Роман на годината“


Фондацијата за унапредување и промоција на културата „Славко Јаневски“ информира дека во трката за награда на „Роман на годината“ за 2018 година останаа шест романи. Жири-комисијата во состав: Фросина Пармаковска (претседател), Богомил Ѓузел, Александар Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева, во својата втора селекција ги избра романите: „Страв од варвари“ од Петар Андоновски („Или-или“); „Последното […]

Промоција на „Богородица Перивлепта“ од академик Грозданов


Истражувачкиот центар за културно наследство при Македонската академија на науките и уметностите и издавачката куќа „Матица македонска“ денеска напладне во МАНУ ќе ја промовираат монографијата „Богородица Перивлепта (свети Климент) во Охрид“ од академик Цветан Грозданов. Промоцијата со поздравно обраќање ќе ја отвори претседателот на МАНУ Таки Фити, а изданието ќе го промовираат архиепископот охридски и македонски г.г. […]

Отворен Конкурс за Меѓународен салон за стрип


Стрип ценатрот на Македонија го распиша конкурсот за годинашниот 17 Меѓународен салон за стрип Велес за 2019 на кој право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста. Tемата на стрипот е слободна. Секој автор може да учествува со само еден стрип. Исклучок има за сценаристите каде се дозволува […]

„Скопје синема сити“ се враќа со 4 филмови за загревање


Филмскиот фестивал „Скопје Синема Сити“ ќе го одржи својот полугодишен настан „Загревање“. На 8 и 9 март во Кинотека на Македонија ќе репризира четири филмови од минатогодишната редовна програма на фестивалот. Настанот ќе го отвори филмот „Кода“ за јапонскиот филмски композитор Руичи Сакамото, кој минатата година беше уметник во фокус и го награди со награда […]

Младата пијанистка Чочиева ја збогати културната понуда на „Охридско лето“


Националната установа „Охридско лето“ приреди ново уметничко доживување за љубителите на класичната музика преку концертот на руската пијанистка Злата Чочиева што се одржа синоќа во црквата „Света Софија“ во Охрид. Московската пијанистка имаше впечатлив настап, покажувајќи извонредна техника во музицирањето, притоа, пренесувајќи и’ на публиката позитивни емоции. – Преку совршеното музицирање и техника, талентираната пијанистка […]

Стендап шоу за јубилеј : Весна Бејби- Петрушевска слави 25 години на театарската сцена


Весна Бејби- Петрушевска (48) на 13 март ќе прослави 25 години на театарската сцена со стендап шоу од 20 часот во Македонскиот народен театар, кое го нарече „Влези, не се соблакај“. Вели дека во фокусот на темите ќе биде нејзиниот живот, но и актуелните министри. -Едно време застануваш и престануваш да броиш улоги, продадени билети […]

„Сонот на играчките“ – симфониски концерт за деца


„Сонот на играчките“ е насловен симфонискиот концерт за деца кој Македонската филхармонија ќе го изведе идната сабота (9 март) и ќе го водат двајца млади македонски диригенти – Виктор и Елена Митревски, кои се активни на европските музички сцени. На концертот ќе има и аниматор, а ќе бидат изведени дела од Дебиси, Григ, Понкиели, Моцарт, […]

Филип Фидановски нов претседател на ДЛУМ


Ликовниот уметник Филип Фидановски е избран за нов претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија на денеска одржаното Собрание. Фидановски е роден во Скопје 1977 година. Дипломира во 2002 година на одделот за ќерамика и магистрира во 2006 година на Националната уметничка академија во Софија. Учествува на 43 групни изложби во Македонија, Србија, Бугарија, […]

Кустурица сними филм за уругвајскиот претседател: Таков човек не се раѓа на Балканот


Познатиот режисер Емир Кустурица сними филм за најскромниот претседател во светот, претседателот на Уругвај, Хозе Мухика. Документарниот филм ќе биде вечерва премиерно прикажан на 47. издание на ФЕСТ во Белград. Со наслов „Пепе, еден возвишен живот“, документарецот раскажува за најсиромашниот претседател во светот и како тој успеа да ја раздвижи економијата на Уругвај. На пресконференцијата […]

Академик Влада Урошевиќ за „Независен“: Вознемирува кога воскреснуваат изветвени илузии и заблуди


Влада Урошевиќ (1934, Скопје), македонски поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар, преведувач. Член на Македонската академија на науките и уметностите, како и на повеќе академии во странство. Загадочен, магичен и интересен како автор, соговорник и како омилен професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Почнувајќи од „Еден […]

Почина виолинистот Ѓоко Николовски


Од Македонска опера и балет информираат дека денеска почина виолинистот и концерт мајстор во МОБ, Ѓоко Николовски, роден на 14 август 1927 година во Битола. Тој бил највозрасниот активен музички уметник во нашата земја, што претставува раритет од пошироки рамки. Во Операта и балетот на Македонскиот народен театар учествувал од нивното формирање, каде го поминал […]