Прилеп ќе добие нов, подновен театар


Во наредните три-четири години се очекува Прилеп да добие нов театар. До крајот на годинава треба да биде готов главниот проект, а од 2020 година да почне изградбата на нова театарска зграда во склопот на Центарот за култура „Марко Цепенков“. Со тоа  ансамблот на театарот и градот ќе го реализираат деценискиот копнеж за нов театар, […]

Ана Бландијана – добитник на „Златен венец“ на СВП за 2019


Романската поетеса Ана Бландијана е лауреат на годинашниот „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата. Одлуката денеска, на Светскиот ден поезијата, ја соопштија дирекцијата и Управниот одбор на СВП, чие 58-мо издание традиционално ќе се одржи на крајот на август. „Златниот венец“ на Ана Бландијана ќе и биде врачен на меѓународниот поетски митинг „Мостови“ на […]

Австрискиот виолинист Бенџамин Шмит – солист на концертот на Филхармонијата


„Фантазија апасионата“ е насловен вечерашниот симфониски концерт на кој солист ќе биде австрискиот виолинист Бенџамин Шмит, а оркестарот ќе го води холандскиот диригент Конрад ван Алфен. Виолинистот Шмит е меѓу најпопуларните во Европа, за кого се снимени неколку документарни и концертни филмови кои го прикажуваат неговиот исклучителен статус како музички уметник. На концертот ќе бидат […]

„Плати со поезија“ на осум локации во Скопје


Акцијата „Плати со поезија“ на брендот на кафе „Јулиус Мајнл“ по повод Светскиот ден на поезијата денеска ќе се одржува на осум локации во Скопје. Кампањата во која секој што ќе напише стихови за возврат добива кафе, оваа година ќе се одржува  во 40 земји. За разлика од минатите, оваа година сите што ќе напишат […]

Уникатната изложба „Во земјата на змејовите” дојде во Скопје


По турнејата од неколку европски градови, од 21 март до 21 април, уникатната изложба „Во земјата на змејовите” стигнува и во Скопје. Сите посетители на „Скопје Сити Мол“ ќе можат да ја видат и да ја доживеат оваа несекојдневна изложба, која што е исклучително ретка прилика. „Во земјата на змејовите” е оригинална изложба, единствената од […]

Тромбонистот на Џејмс Браун, легендарниот Фред Весли во Скопје


Во ноќниот клуб Станица 26, на 26 март во 20 часот концерт ќе одржи култниот тромбонист Фред Весли заедно со неговата група под наслов „Fred Wesley Generation Trio“. Концертот е во организација на „ Три Гонга и Funky Fresh“ локална поддршка Гоце&Чваре. Поминаа декади од неговата соработка рамо до рамо со Џејмс Браун и Џорџ […]

Европски денови на културното наследство 2019


Нашата земја од оваа година се приклучува кон реализација на проектот „Европски креатори на културно наследство“. Проектот се реализира од 11 март до 14 мај 2019 година. Музејот на Република Северна Македонија ги повикува сите деца и млади луѓе од 12 до 18 години да го разгледаат и истражат наследството во својата околина и да […]

„Медена земја“ во Хонгконг, во МоМА, на европска премиера во Швајцарија


Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Љубо Стефанов и Тамара Котевска, ќе биде прикажан на 28 март на 43. издание на Интернационалниот филмски фестивал во Хонгконг, на 3 април во престижниот Музеј на модерна уметност (MoMA) во Њујорк, а на 8 април ќе ја има својата официјална европска премиера на филмскиот фестивал „Визионс ду […]

Рецензија: „Ладна одмазда“


  Мотивот на убиството на нечие дете и одмаздата на родителот врз злосторниците е еден од најстарите мотиви во историјата на литературата. Некаде десетина години наназад оваа тематика се врати на голема врата во меинстрим продукцијата (и во САД и во Европа), најмногу поради културното влијание на серијата „Игра на троновите“. Претходно таа беше застапена […]

МАНУ: Прогласување на добитникот на „Златен венец“ за 2019


Задутре, во МАНУ, во 11 часот, на свечена седница ќе биде прогласен добитникот ја наградата „Златен венец“ за 2019 година, на СВП. Лани, добитник на престижната награда беше полскиот поет Адам Загајевски (74), дисидент, кој ја напуштил Полска во 1975. Долги години предавал на Универзитетот во Хјустон, сега повремено предава на Универзитетот во Чикаго, а […]

Издание со 11 македонски кратки драми на „Сараевска зима“


Раководителката на Македонскиот центар на ИТИ (Интернационален театарски институт) Иванка Апостолова Баскар од денеска до 22 март ќе учествува на  Меѓународниот фестивал „Сараевска зима 2019“, каде што ќе ја  промовира книгата „Сирота мала богата драма“ – електронска збирка на 11 кратки драми од современи македонски автори. Таа е иницијатор и уредник на книгата која досега […]

Плати со поезија на 21-ви март на осум локации во Скопје


Во свет каде технологијата и интернетот го преземаат секој аспект од животите на луѓето сите се прашуваат како да ги освојат моментите кои се надвор од екранот. Овогодинешната акција „Плати со поезија“ на Јулиус Мајнл го има одговорот. Време е на 21-ви март сите да ги остават телефоните, да си дозволат да се инспирираат од […]

Музеј кој ќе ве врати во детството: Најстарата играчка е од 1600 година


Лондон е препознатлив по многубројните музеи и ексклузивните поставки што ги поседува. Интересно е што за сите државни музеи кои се во градот влезот е бесплатен. Покрај историските и природонаучните музеи, еден особено ни го привлече вниманието. Тоа е „Викторија и Алберт – музеј на детство“. Се наоѓа на источниот дел од градот на главната […]

Работилница за современ танц на ФМУ


На Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (ФМУ), од денеска до 21 март ќе гостува проф. Урша Рупник, кореограф од Словенија која ќе одржи работилница за студентите од студиската програма за балетска педагогија – современ танц од класата на вонр. проф. д-р Искра Шукарова од ФМУ, како и за […]

Фестивалот „Браќа Манаки“ добитник на меѓународната награда на ИМАГО


Меѓународната асоцијација на кинематографи ИМАГО во присуство на светски познати имиња од филмската сцена, на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ свечено му врачи награда за исклучителен придонес во промоцијата на филмската уметност. Фестивалот Браќа Манаки беше единствената институција на која и беше доделено ова високо и престижно признание за време на одржувањето на […]

Поради снимање филм посебен сообраќаен режим на улицата „Даме Груев“


Сообраќајот на улицата „Даме Груев“ во Скопје денеска ќе се одвива со изменет режим заради потребите на „Скопје филм студио“ за снимање на филмот „Хомо“. Продукцијата информира дека сообраќајот ќе биде стопиран од 6 до 18 часот, а возилата ќе се пренасочуваат кон околните улици, со повремени пропуштања.

Стефановски: Не постои подобар свет надвор од Балканот


– Културното наследство, а со тоа и музиката на Балканот, е огромно богатство на кое мораме да бидеме исклучително горди. Ако за тоа некој во светот не знае, тогаш тоа е проблем на неговите дупки во познавањето на музиката. Раскошот на балканската музика одамна го препознав и секогаш се обидував да го афирмирам тоа богатство […]

„Браќа Манаки“ со меѓународна награда на ИМАГО


Утре во Белград, во присуство на светски познати имиња од филмската сцена, на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ свечено ќе му биде врачена наградата за исклучителен придонес во промоцијата на филмската уметност. Оваа престижна награда ја доделува ИМАГО, Меѓународната асоцијација на кинематографери на нивното второ издание на доделувањето на меѓународните награди. Директорката на […]

За еден милион евра: Ќе се реставрира северозападниот бедем на локалитетот „Стоби“


Како еден од четирите капитални проекти според Проектот за конзервација и реставрација е реставрацијата на северозападниот бедем на локалитетот „Стоби“ и ќе изнесува околу милион  евра. Директорот на НУ „Стоби“ Спасе Перовски изјави дека неговата  реализација ќе  овозможи заштита на споменик на културата од римскиот и доцноантичкиот период и нова содржина за презентација која ја […]

„Некој бил тука“ од Николина Андова- Шопова е „Роман на годината“ за 2018


„Некој бил тука“ од Николина Андова- Шопова, во издание на Темплум е избран за  „Роман на годината“  за 2018. Вака одлучи жири-комисијата за доделување на наградата во состав: Фросина Пармаковска (претседател), Богомил Ѓузел, Александар Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева. Во најтесниот избор за оваа награда беа и романите „Страв од варвари“ од Петар Андоновски […]