Отворање на  15. „Танц фест“ со „Идентитети“ на Скопје танцов театар


Претставата „Идентитети“ на Скопје танцов театар вечер од 20 часот во Македонскиот народен театар ќе го отвори 15.„Танц фест“, кој под мотото „Идентитети што не смеат да се пропуштат!“ ќе се одржува до 23 април. -Годинашната програма е посветена на младите, современите танчари и нови кореографски имиња од нашава земја, со цел општеството да го […]

МНТ одбележа 74 години: Домашните драмски автори ни ја испишуваат и историјата


Македонскиот народен театар денеска прослави 74 години. Годинава на одбележувањето во фокусот беа домашните драмски автори, а во нивна чест е отворена изложба со наслов „Од текст до претстава“. Авторката на изложбата и раководител на Музејот при МНТ, Ивана Јарчевска, рече дека богатото драмско творештво има посебно место во обемната сценска продукција. На 3 април, […]

Министерството за култура ги демантира информациите за оставка на министерот Адеми


Министерството за култура попладнево преку соопштение ги демантираше информациите објавени во одредени портали за оставка на министерот Асаф Адеми. – Министерот Адеми без застој во работата ги извршува своите редовни работни обврски, а активностите на Министерството за култура се одвиваат според тековната динамика, наведуваат од ресорното Министерство.

Фраерски е да се чита: Кампања за подигање на читателската свест


Под мотото „Фраерски е да се чита – недела на кул книги во ТРИ“, издавачкиот центар ТРИ од вчера почна кампања за подигнување на читателската свест кај младите. Со богата двонеделна програма проследена со убав избор на повеќе дела за млади по одлични цени, издавачот очекува да ги заинтересира младите за читање добри книги. Интересни […]

Европски 220.000 евра за санација на црквата „Св. Власие“ во Штип


Штип – Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип потпиша договор со кој се здоби со можноста да користи 220.000 евра од ИПАР-фондовите за санација и конзервација на црквата „Св. Власие“. Директорот Мите Штерјов вели дека проектот е во рамките на прекуграничната соработка со Република Бугарија. – Целиот проект е во вредност […]

МНТ одбележува 74 години постоење


Македонскиот народен театар денеска со изложба ќе одбележи 74 години постоење. Изложбата е насловена „Од текст до претстава: македонски драми на сцената на МНТ“ и ќе ги опфати авторите од различни генерации чии дела биле изведени во МНТ. Националниот театар од самите почетоци поставува дела од македонски автори – „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски била […]

ИТФ „Лица без маски“: Шест театарски претстави во шест фестивалски дена


Со проектот „Како се прави човек“ на режисерката Хана Миленковска, на 4 април во „Кино култура“, од 20 часот, ќе почне 12. издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“, посветен на професионалното независно театарско творештво. На програмата се вкупно шест претстави, меѓу кои и „Кокошка“ од Бугарија, во режија на Ана Батева, „Машината на […]

Промоција на „Скопје, ти раскинуем“ од Тамара Јолевска-Попов


Втората збирка раскази на Тамара Јолевска-Попов насловена според истоимениот расказ „Скопје, ти раскинуем“ деновиве излезе од печат во издание на „ПНВ публикации“. Книгата содржи четириесетина куси раскази. Промоцијата на книгата ќе се одржи денеска од 20 часот во киното „Фросина“. Промотори ќе бидат Душко Крстевски, Ѓоко Здравески и Деспина Мукоска, извадоци ќе чита Томе Станковски, […]

Конкурс за самостојна или групна изложба на млади уметници


Младинскиот културен центар објави конкурс за млади уметници за самостојна или групна изложба која ќе се реализира во втората половина на 2019 година. Целта е да се промовираат млади ликовни автори, а право на учество имаат сите заинтересирани на возраст до 35 години. Кандидатите ќе ги избира комисија формирана од МКЦ и Град Скопје. Конкурсот […]

Комеморација за актерката Мушереф Лозана


Денес напладне, во театар Комедија, ќе се одржи комеморација за актерката Мушереф Лозана, во организација на Турскиот и Албанскиот театар. Доајенката на Театарот на народностите во Скопје, каде што работеше во текот на целиот свој професионален живот, од 1955 до 1991 година, кога замина во пензија, почина во петокот, на осумдесет и петгодишна возраст (18.8.1933-29.3.2019). […]

„Кармина Бурана“ во МОБ


Најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф вечер од 20 часот е повторно на сцената на Македонската опера и балет. Режисер е Дејан Прошев, кореограф Кан Арслан од Турција, диригент Бисера Чадловска. Кантатата се заснова на 23 песни од збирка средновековни текстови и песни „Кармина Бурана“, пронајдена во манастир во јужна Германија. Дел […]

„Сите наши тела“ – нова книга од бугарскиот писател Георги Господинов


Збирката раскази „Сите наши тела“ е нова книга од Георги Господинов (1968), најпреведуваниот бугарски современ писател. Во превод на македонски јазик книгата ја објави издавачката куќа „Или-или“. Преведувачот од бугарски на македонски Душко Крстевски наведува дека расказите може да се наречат микрораскази – кратки и секавични, по примерот на едноминутните новели на Иштван Еркењ и […]

„Танц фест 2019“ со мото: „Идентитети што не смеат да се пропуштат!“


Јубилејниот „ Танц Фест“ ќе се одвива на повеќе сцени во Скопје. Свеченото отворање е на 4 април во 20 часот. Ќе биде доделена наградата „Менада“  за врвни остварувања во областа на танцот, а фестивалот ќе се отвори со претставата насловена „Идентитети“ на Скопје танцовиот театар. Во програмата понатаму следи Интернационалниот натпревар за млади кореографи, […]

Си заминува Асаф Адеми: Министерот за култура се повлекува од здравствени причини


Министерот за култура Асаф Адеми се повлекува од функцијата поради здравствени причини. Името на неговиот наследник сè уште не е познато, во оптек се повеќе имиња. Од Владата ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата и велат дека за кадровски прашања ќе се разговара по завршување на претседателските избори. Адеми го навлече револтот на јавноста […]

Почина актерката Мушереф Лозана – Мишка, доајенка на македонскиот театар


Вчера во Скопје почина актерката Мушереф Лозана – Мишка (18.08.1933 – 29.03.2019), доајенката на македонскиот театар. Таа во Театарот на народностите во Скопје работеше во текот на целиот свој професионален живот, од 1955 до 1991 година, кога замина во пензија. Погребот ќе се одржи денеска во 15:30 часот на градските гробишта Бутел во Скопје, а комеморацијата […]

Има ли уште секс во градот: Кендас Бушнел со нова книга за жени во 50-тите


Во серијата за четирите пријателки, кои рушеа табуа на теми како секс, брак и пари, имаше состаноци, свадби, бебиња, раскинувања, вселувања, неверства, запросувања, солзи, насмевки и многу, многу разговор за секс. Сега ќе има уште повеќе. Според E News, Paramount TV и Anonymous Projects ги откупиле правата за новата книга на Кендaс Бушнел што ќе […]

Концерт на „Фанк шуи“ во МКЦ


Групата „Фанк шуи“ ќе го имаат својот прв соло концерт вечерва во МКЦ, соопшти Авалон продукција. Изминатата година им беше доста плодна и активна со настапи на големи сцени и со големи артисти, имаа неколку нови изданија од кои излегоа хитовите „Виулица/Сомнежи?“, „Крик“, „Стаклени нозе“, „Деца“…

Два концерта во Скопје на „Хуверфоник“


Белгискиот трип-хоп бенд „Хуверфоник“ вечерва и утре ќе одржи два концерта во Македонската филхармонија во Скопје. Како што соопшти организаторот „Авалон продукција“, концертите ќе се одржуваат во салата која е единствена адекватна кај нас за музиката на овој бенд. „Хуверфоник“ e белгиски бенд основан во 1995 година кој зад себе има осум студиски албуми, како […]

Васил Хаџиманов – почесен доктор на науки на Штипскиот универзитет


Познатиот музичар Васил Хаџиманов во рамки на одбележувањето 12 години од постоењето на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип доби признание почесен доктор на науки на оваа високообразовна установа каде што долго време е визитинг професор. Тој се заблагодари за признанието, кое му го врачи ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев. -Ова е голема чест и одговорност […]

Студентите од Филмската академија во Охрид реагираат поради нерешениот статус


Студентите од Филмската академија ИФФА во Охрид со допис до медиумите реагираат на сè уште нерешениот статус. Прашуваат зошто Министерството за образование и наука не ја завршило својата обврска и ги остава и натаму во неизвесност и зошто министерот не ги спровел препораките од комисијата за идното функционирање на оваа високообразовна институција. -Од она што […]