Национална галерија со надреално-фантастичното сликарство на Кирил Ефремов ја заокружи 2025 


Со синоќешното отворање на ретроспективната изложба „Меѓу реалноста и сонот“ на Кирил Ефремов, Националната галерија успешно ја заокружи 2025 година со програмските содржини подржани од Министерството за култура и туризам. Јордан Ефремов, професор на Ликовната академија при универзитетот „Гоце Делчев“, Штип, синот на Кирил Ефремов, и кураторот на изложбата, Горанчо Ѓоргиевски се обратија пред бројната […]

Гала. Емоција. Нови вибрации. Новогодишен концерт на Филхармонија


Беше гала, се почувствуваа и нови вибрации, синоќа, на новогодишниот концерт на Филхармонија која свечено ја заврши успешната сезона со ексклузивни и домашни изведувачи. Гала новогодишните концерти се оние ретки музички мигови кога годината не се завршува со тишина, туку со емоција, раскош и нови вибрации.      Галата вечер на Македонската филхармонија под мотото […]

Четврта изведба на оперетата „Лилјакот“ во МОБ


Македонската опера и балет за вечер од 20 часот најави четврта изведба на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II  која, како што наведува, следува по три одлични изведби.  -„Лилјакот“ е светски позната оперета што ја слави радоста, музиката и ведрината на животот, со шармантни сцени, хумор и незаборавни арии. Оперетата ја освои публиката, која ја […]

Портрет на Зафир Хаџиманов во македонскиот КИЦ во Белград


Македонскиот Културно-информативен центар во Белград во своите простории, вечерва во 19 часот, организира музичка вечер посветена на Зафир Хаџиманов. Настанот ќе го отвори директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров, со краток осврт за културата на сеќавање на големиот бард на културата – Зафир Хаџиманов, за огромното културно наследство што ѝ го остави како на македонската […]

Монографија за творештвото на уметникот Владимир Георгиевски


 Во издание на „Кродо“ објавена е монографија за уметникот Владимир Георгиевски (1942 – 2017) и неговото исклучителното творештво кое е систематизирано, анализирано и толкувано во обемна студија насловена: „Етичкиот императив како одговор на институционализирањето на светото и егзистенцијалното“ на историчарот на уметноста Љубен Пауновски. -На 248 страници преку обемна стручна студија, текстови од уметникот и […]

Нова година. Нови вибрации! – гала новогодишен концерт на Филхармонија


Под мотото „Нова година. Нови вибрации!, македонската филхармонија, вечерва, во 20 часот, со гала новогодишен концерт, ја заокружува 2025. Диригент е Емил Табаков (Бугарија) Програма: Франц фон Зупе: Увертира „Убавата Галатеја“  А. Понкиели; „Танц на часовите“ од операта „Џоконда“ Е. Шабрие: Увертира од операта „Ѕвездата“ П. И. Чајковски: Шпански танц од балетот „Лебедово езеро“ Ж. […]

„Со силен аплауз да го испратиме универзумот на Лазе Манасковски“: Комеморација во Драмски


„Кога заминува актер, не заминува само човек, заминува цел еден свет, цел еден  универзум што тој го создавал на сцена. Со силен аплауз да го испратиме универзумот на Лазе Манасковски“- со овие зборови во името на македонското глумиште директорот на Драмски театар Скопје, Роберт Вељановски, му оддаде последна почит на истакнатиот македонски театарски, филмски и […]

Промоција на „Она што се памети живее“ во ДПМ


Во Друштвото на писателите на Македонија на 26.12.2025 г. во 18 часот ќе биде промовирана книгата „Она што се памети живее“ („Никогаш докрај раскажани приказни“) – збирка раскази што го чествува споменот на автори, поети и писатели, поранешни членови на Друштвото, на кои со радост и со уважување се сеќаваме. Со оваа промоција, Друштвото на писателите на […]

Актерката Ана Левајковиќ-Бошков одбележува 30 години актерска кариера


 Актерката Ана Левајковиќ-Бошков денеска со настап во култната претстава „Црвенкапа“ на сцената на Театарот за деца и младинци ќе одбележи 30 години актерска кариера.  Вработена во Театарот за деца и младинци од 1995 година, Ана Левајковиќ-Бошков во својата богата професионална биографија има остварено 56 улоги во матичниот театар, оставајќи длабока и трајна трага во македонскиот […]

Изложба „Лица“ на академскиот скулптор Ангел Коруновски


 Во Мултимедијалниот центар Мала станица вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Лица“ на академскиот скулптор Ангел Коруовски. Националата галерија информира дека оваа серија на дела насловени „Лица“ е инспирирана од невидливото – анонимните, занемарените и замолчените поединци кои се движат низ сложеноста на глобализираниот и наметнато корумпиран свет. Преку синтеза на колаж, гест, […]

МНТ ја продолжува соработката со Народно позориште од Белград 


Во рамките на вечерашното гостување на Народното позориште од Белград на големата сцена на Македонскиот народен театар, со изведбата на претставата „Вообразениот болен“, се одржа официјална средба помеѓу директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски и извршната директорка на Драмата на Народно позориште – Белград, Анѓелка Вујовиќ. Средбата помина во духот на заемна почит и […]

Вечер на класична магија – пијано концерт на Арда Мустафаоглу на 26 декември во „Џевахир мол“


Љубителите на класичната музика на 26 декември ќе имаат можност да уживаат во вечер исполнета со емоции, виртуозност и уметничка инспирација. Младиот и исклучително талентиран пијанист Арда Мустафаоглу ќе одржи пијано концерт во Cevahir Mall Skopje, со почеток во 18часот. Публиката ќе биде поведена на музичко патување каде секој тон носи приказна, а пијаното станува […]

„Лилјакот“ од Јохан Штраус II – виенскиот шарм на сцената на НОБ


Во празничниот декемвриски репертоар, во Националната опера и балет вечерва во 19:30 часот ќе биде изведена оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Диригент на изведбата е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Климент […]

Комеморација за Лазе Манасков в среда во Драмски


Погребот на актерот Лазе Манасков, кој почина на 20 декември на 67 години, е денеска на Градските гробишта во Бутел, а посмртните останки ќе бидат во капелата од 11:30 до 12:30 часот , соопшти Драмски театар од Скопје, неговата матична куќа. Комеморација во негова чест ќе се одржи во Драмски, на 24 декември во 12 […]

„Сонцето, колку е блиску сонцето “: Со три премиери на сценскиот спектакл МНТ ќе го одбележи 80 годишниот јубилеј


Со три премиери на сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in MNT“, во режија на Дејан Пројковски, МНТ ќе одбележи 80 години постоење.  Во МНТ, денес на прес, беше претставен концептот на настанот, чија премиера е закажана за 29 декември, 15 и 16 јануари, на големата сцена на МНТ. Претставата ќе понуди […]

Братислав Ташковски е лауреатот на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2025 година


Братислав Ташковски е авторот на поемата „Темна кутија“ што беше избрана за најдобра на отворениот конкурс за наградата што традиционално се доделува во чест на охридскиот и македонски поет и преродбеник Григор Прличев. Во образложението за изборот жири-комисијата што ги оценуваше доспеаните трудови се беше наведено дека поемата „Темна кутија“ отскокнува од останатите дела со […]

МНТ ќе информира за прославата на 80-годишнината со „Сонцето, колку е блиску сонцето“


Македонскиот народен театар денеска ќе одржи конференција за медиуми по повод одбележувањето 80 години од своето постоење и најава на сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in MNT“, во режија на Дејан Пројковски. Средбата со медиумите ќе се одржи со почеток во 11 часот во фоајето на Македонскиот народен театар, каде ќе […]

Студентска изложба „Мало и моќно“ на ФЛУ во Сули ан


 Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе ја отвори студентската изложба „Мало и моќно – Големото влијание на уметноста од мал формат“, во Галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ во Сули ан. Како се наведува во соопштението, изложбата претставува долгогодишен проект на Факултетот за ликовни уметности, кој се одржува континуирано од 1990-тите години, […]

Посебно музичко доживување со Елаис и Барбаџелата на новогодишниот концерт на „Охридско лето“


Во духот на празниците, НУ „Охридско лето“ ѝ подари на публиката посебно музичко доживување преку свечениот новогодишен концерт, кој синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид  донесе врвна уметност и празнична атмосфера. На сцената настапија виртуозниот пијанист од Италија, Франческо Барбаџелата, и моќниот шпански тенор Рамирез Дроз Реиналдо Елаис, воодушевувајќи ја публиката со […]

Почина актерот Лазе Манасковски


На 67-годишна возраст денеска почина македонскиот актер Лазе Манасковски. -Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасковски почина денеска. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест! Нека му е вечна слава!, наведуваат од Драмски театар. Манасковски е роден во 1958 година. Дипломирал на Факултетот […]