Промоција на книгата „Струма“ од Хактан Акдоган


Во организација на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска во 18, 30 часот, во Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Струма“ –   една приспивна во темнината од Хактан Акдоган.   Промотивна реч за книгата во просториите на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе одржи Академик Ферид Мухиќ. Книгата „Струма“ зборува за брод […]

Археолошки музеј ги отвори вратите за кучињата придружници


Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија од денеска ги отвора своите врати за кучиња придружници на лицата со попреченост. – Како општествено одговорна институција која прва меѓу музеите во нашава држава ја донесува оваа одлука, апелираме дека институциите од областа на културата треба да бидат достапни секому и да придонесат за подигнување нa свеста и […]

Басара и Попов ги примија наградите „Прозарт“


Со врачување на наградите за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот на годинашниот и на ланскиот добитник, Алек Попов и Светислав Басара, синоќа беше затворено седмото издание на Интернационалниот литературен фестивал „Про-За Балкан“. Наградите им ги врачи уметничкиот директор на фестивалот, Александар Прокопиев. Лауреатот за 2018 година, Светислав Басара, кој поради здравствени причини, […]

Чествување на Гане Тодоровски, бардот на македонската култура


Чествување на Гане Тодоровски денеска на пладне ќе се одржи во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. На средбата посветена на 90 години од неговото раѓање беседа за големиот македонски поет ќе одржи писателот Раде Силјан, а стихови од неговото творештво ќе интерпретира актерот Томе Витанов. Гане Тодоровски беше роден на 11 мај 1929 година, […]

Изведба на „Боеми“ на Пучини на Мајски оперски вечери


Во рамките на 47. Мајски оперски вечерва ќе биде изведено оперското ремек дело „Боеми“ од Џакомо Пучини, под диригентската палка на Оливер Балабурски и во режија на Дејан Прошев. Операта e во четири чина, чие дејство се одвива во Париз кон крајот на 19-от век, а чие либрето се базира на „Сцени од животот на […]

Рецензија: „Измамнички“


„Немој да ме пипкаш. Имам дечко!“, рече прекрасно направената Ен Хатавеј додека седеше на шанкот, а шепата на беневолентниот средовечник беше на нејзиното колено. „И јас исто“, возврати средовечникот. Набргу секси аурата испари како резултат на доаѓањето на полицајката. Средовечникот здодевно праша: „Ве праќа мојата сопруга?“ Полицајката рече дека не доаѓале заради него, туку заради […]

Јубилејна 50та изведба на детската претстава „Чек-ин пред зграда“


Детската театарска претстава „Чек-ин пред зграда“ ќе ја има својата 50та изведба на 27 мај во кино Фросина во Младински Културен Центар. Почетокот е закажан за 19 часот. Претставата ја разработува темата дека модернизацијата, технологијата, интернетот и социјалните мрежи се неизбежна алка од времето во кое живееме. Несомнено зависноста од технологија, интернет и социјални мрежи […]

Во нацрт-резолуцијата на УНЕСКО Охридскиот регион ставен на листата загрозени светски наследства


Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите нации (УНЕСКО) во последниот нацрт-извештај пред одржувањето на конференцијата на организацијата идниот месец во Азербејџан препорачува природното и културното наследство на Охридскиот регион да биде ставено на листата загрозени светски наследства. Барањето на организацијата е последица на недоволниот капацитет на институциите во државата да се справат со […]

Отворен првиот Лапидариум во прилепскиот Музеј


Со стотина ексклузивни експонати во мермер и од камена пластика од богатите архелошки наоѓалишта во регонот, прилепскиот Завод и музеј денеска официјално го отвори Лапидариумот во просторот во рамките на институцијата. Како што објаснува директорот на Заводот и Музеј, Благоја Атанасоски, ова е прв Лапидариум во 65-годишното постоење на институцијата. За отворањето се подготвуваме повеќе […]

Ерџан Кесал: Не е фер кон публиката ако се бавите со уметност поради слава


Големо внимание кај публиката предизвика средбата со писателот, актер и сценарист Ерџан Кесал и турскиот писател Тарик Туфан, што се одржа вчера во рамките на фестивалот „Про-За Балкан“. Средбата беше реализирана во соработка со Турскиот културен институт „Јунус Емре“ од Скопје. Модератори беа директорот на фестивалот, Дејан Трајкоски и уметничкиот директор на фестивалот, Александар Прокопиев. […]

Канскиот фестивал ги здружи филмските институции на Грција и Северна Македонија


На македонскиот штанд на Канскиот филмски фестивал се сретнаа директорот на грчкиот Филмски центар, Василис Космопулос и директорот на Агенција за филм на Северна Македонија, Горјан Тозија, што претставува историска средба бидеќи е прв официјален состанок на челните луѓе на овие две филмски институции од двете земји. На состанокот беше посочено дека поскоро треба да […]

Виолинистката Ванеса Меј ќе го отвори „Охридско лето“ на 12 јули


Годинешното 59. издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде отворено со концерт на светски познатата уметничка, британската виолинистка Ванеса Меј. Таа на Античкиот театар на 12 јули на свеченото отворање на Фестивалот ќе настапи заедно со уметниците од Оркестарот на Македонска филхармонија и вокалните солисти од МОБ, под диригентска управа на бугарскиот диригент Иван Кожухаров. […]

Отворен 7. Интернационален литературен фестивал „Про-За-Балкан“


„Беше еднаш во Скопје“. Вака симболично во духот на добро раскажување, синоќа во Даут-пашиниот амам беше отворен 7. Интернационален литературен фестивал „Про-За Балкан“. Амбасадори, културни аташеи, писатели, љубители на пишаниот збор беа дел од публиката, која имаше ретка можност на едно место да види толку големи имиња од балканската литература, информираат од тимот на „Про-За […]

Плато пред МОБ: Видео на „Ана Болена“ од Доницети во изведба на Виенската државна опера


Вечерва, во 20.30 часот, на платото пред Националната опера и балет со видео на отворено ќе биде прикажана „Ана Болена“ од Доницети во изведба на Виенската државна опера, по повод 150 години од нејзиното основање.  Диригент е Евелино Пидо, а режија на Ерик Џеновезе. Гаетано Доницети со премиерната изведба на Aнa Болена во 1830 година […]

Интернационален литературен фестивал „Про-За Балкан“ во Скопје


Во Даут-пашин амам денеска, под мотото „Синергија: литература, филм, музика“, ќе биде отворен Интернационалниот литературен фестивал „Про-За Балкан“, што ќе трае до 21 мај. Новитет е воведување на нови програмски содржини на фестивалот со спој на проза, музика и филм во синергија. Од тимот на „Про-За Балкан“ наведоа дека лауреатот на наградата „Прозарт“ за авторски […]

Меѓународен ден на музеите, влезот е бесплатен


Со повеќе изложби и бесплатен влез, музеите во Македонија и низ светот денес го одбележуваат Меѓународниот ден на музеите и Европската ноќ на музеите 2019. Во рамките на двата исклучително значајни јубилеја – 100 години од откривањето на некрополата во Требениште и 95 години од основањето на Археолошкиот музеј, а по повод одбележувањето на интернационалниот […]

Интервју со Мики Анчевски, актер : Убаво е кога публиката реагира на претставите


Непоправлив оптимист како човек и актер, со голема одговорност кон професијата. Мики Анчевски (36) е еден од глумците на скромниот, но борбен ансамбл на Театарот за деца и младинци (ТДМ). Неговата верна публика се главно децата, но насмевки измамува и кај родителите. Досега играл во „Грдото пајче“, „Оливер Твист“, „Пипи Долгиот Чорап“, „Нашиот клас“, „Мачорот […]

„Риголето“ вечер на програмата на 47. Мајски оперски вечери


Операта „Риголето“, едно од ремек делата на Џузепе Верди ќе биде изведена вечер на сцената на Македонската опера и балет во рамки на 47. Мајски оперски вечери. Режијата е на Нина Најденова од Бугарија, а диригент е Алесандро Д’Агостини од Италија, кој и е добро познат на македонската публика, диригент со импозантна кариера низ голем […]

Владата распиша конкурс за детски раскази и песни за „Моето патување во Фантазија“


Канцеларијата на премиерот Заев распишува конкурс за избор на детски раскази и песни за публикацијата „Моето патување во Фантазија“, со цел поттикнување на креативноста и љубовта кон пишаниот збор кај најмладата популација Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија распишува конкурс за избор на раскази и песни за публикација на детската книга „Моето […]

Рецензија: „Гробишта за миленичиња“


И овој хорор, во режија на Кевин Кулш и Денис Видмир, со Џејсон Кларк, Еми Сајмец и Џон Литков,  како и многу претходни ја користи темата на животот на мртвите. Оригиналноста на овој се состои во тоа дека мртвите можат да видат што живите им правеле зад грб – додека мртвите биле живи. Исто така, […]