„Медена земја“ и уште два други македонски филма на меѓународниот филмски фестивал во Нанси


Во францускиот град Нанси синоќа беше отворено јубилејното 25. издание на Меѓународниот филмски фестивал (ФИФН) на кој во натпреварувачкиот дел се два филма на македонски режисери и еден во официјалната ревијалната селекција, јавува дописникот на МИА. Во натпреварувачката официјална селекција на европски документарни филмови меѓу деветте филмови е „Медена Земја“ на Љубомир Стефанов и Тамара […]

8 македонски писатели дел од меѓународниот проект „Читајќи го Балканот“


Осум македонски писатели беа дел од големиот меѓународен проект „Читајќи го Балканот“ што во претходните две години се реализираше во седум земји од регионот: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија и Македонија. Писателите Лидија Димковска, Игор Анѓелков, Даим Мифтари, Иван Шопов, Давор Стојановски, Жарко Кујунџиски и Живко Гроздановски остварија резиденцијален престој во една […]

Најпознатата љубовна опера од Хенри Персл во Македонија: „Дидо и Енеј“ со ѕвездите Гарванлиев и де Силва


За првпат во Македонија, на 20 септември во Камерната сала на Филхармонија, ќе биде изведена најпознатата опера од Хенри Персл – „Дидо и Енеј“. Станува збор за автентична, концертна изведба на љубовната приказна преточена во опера на најголемиот британски барокен композитор, и е во организација на Уметничкиот центар „Полифонија“. Во премиерната изведба учествуваат оперските ѕвезди: […]

Второ издание на меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2019“


Под покровителство на Општина Охрид, а во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ од понеделник до шести септември ќе се одржи второто издание на меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2019“. Годинава на колонијата ќе учествуваат шест уметници од кои четворица доаѓаат од соседните балкански држави. Во Трпејца заедно со домаќините – уметниците Ѓоко Симјаноски и […]

Два века од раѓањето на Дичо – зографот кој почна нов правец во црковната уметност


Уметник – чудотворец, мајстор на иконописот, автор чии импресивни дела ќе станат парадигма за генерации зографи на пошироките балкански простори. Веројатно и ова не е доволно за да се искаже големината на Димитрија Крстев(ич), познат како Дичо Зографот, човекот кој направи пресврт на еден илјадагодишен период и означи почеток на сосема нов правец во историјата […]

Изложба „50 години Светска галерија на карикатура Скопје 1969 – 2019“ во Прилеп


Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер ќе биде отворена изложбата 50 години Светска галерија на карикатура Скопје 1969 – 2019. Изложбата се состои од 50 карикатури – добитници на највисоката награда на секоја од 50-те изданија на Светската галерија на карикатури Скопје од 1969 – 2019. Изложбата ќе […]

Во Битола – АКТО Фестивал за современи уметности


Со работилница за изложбата „сЛОГан“ и јавна дебата на тема „Каква галерија ни треба?“, во Битола почна 14-то издание на АКТО Фестивал за современи уметности. Организаторите на фестивалот во Битола најавија дека АКТО со своите програмски активности отвора нови простори за продукција и претставување на современа уметност, јавни простори, напуштени хали и поттикнува соработка со […]

Средба на министерот Исмаили со новата амбасадорка на Црна Гора, Марија Петровиќ


Министерот за култура Хусни Исмаили денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Црна Гора во Република Северна Македонија, Марија Петровиќ, на која ги потенцирале традиционално добрите културни врски меѓу двете земји. Како што соопшти Министерството за култура, тие и изразиле увереност  дека новата Програмата за соработка потпишана за време на посетата на црногорскиот министер Богдановиќ […]

Награда за Зорица Нушева за улогата Петрунија на фестивал во Русија


Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар-Митевска доби уште награда на меѓународните фестивали, овојпат во Оренбург, Русија. Како што соопшти продукцијата „Сестри и брат Митевски“, на тамошниот Меѓународен филмски фестивал „Исток и Запад – класика и авангарда” кој се одржа по 12-ти пат од 23 до 28 август, доделена е наградата „Златен […]

Сергеј Михајлов, авторот на првата опера во Македонија доби мермерна плоча во Штип


Штип – Мермерна плоча со ликот на Сергеј Михајлов,руски емигрант кој цел живот работеше на музичкото образование на младите во Штип е поставена на влезот од државниот музички училишен центар кој го носи неговото име. Мермерната плоча е дело на скулптурот Никола Смилков, а на неа се испишани и годините на раѓањето и смртта на […]

„Скопје синема сити“ од 3 до 7 септември, почнува со изложба од концерти на Влатко Стефановски


Со изложбата „Патешествие“ на концертни и промотивни постери и плакати на Влатко Стефановски, в понеделник  (2 септември)  од 20 часот во Музеј на град Скопје ќе почне петтиот филмски фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“. Петдневната филмска програма ќе се реализира во Кинотеката од 3 до 7 септември. Изложбата „Патешествие“ која му претходи […]

Доделени наградите на 10. Фестивал на креативен документарен филм „Македокс“


Со доделување наградите во пет категории, заврши десеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“.  Филмот „Соло“  – копродукција на Чешка, Франција, Аргентина и Австрија во режија на Артемио Бенки ја доби наградата „Кромид“ за најдобар филм во главната програма. Одлуката ја донесе жири во состав Ен Жоржете, Инеке Смитс и Виктор Еде, кое […]

Венеција центар на филмската уметност: Почна 76. Мостра


Италија- Годинашниот 76. филмски фестивал во Венеција ветува сè што го прави овој настан возбудлив – одлични филмови, гламурозни sвезди и контроверзии. Фестивалот вчера беше отворен со семејната драма „Вистина“ на јапонскиот режисер Хироказу Корида, минатогодишниот добитник на Златна палма во Кан за филмот „Семејни врски“. Филмот со водечка актерска екипа, вклучувајќи ги Кетрин Денев, […]

Изложба на дела од белградската „Галерија 73“ во Порта Македонија


Изложба на дела од „Галеријата 73“ од Белград ќе биде отворена вечер во галерискиот простор на Порта Македонија во Скопје. На изложбата се очекува да бидат поставени триесетина дела во различни техники од еминентни српски автори како своевиден пресек на тенденциите во спрската ликовна сцена низ призма на колекцијата на „Галеријата 73“. На отворањето ќе […]

Промоција на „Лидија или сѐ што знам за жените“ од поетот Тихомир Јанчовски


Во Планетариумот при МКЦ вечерва од 20:30 часот ќе биде промовирана аудиокнигата „Лидија или сѐ што знам за жените“ од поетот Тихомир Јанчовски. „Во ликот на Лидија се собрани сите жени. Таа е архетип на сѐ женско, жена како битие. Има разлика меѓу машко и женско гледање на работите и сега ми се разјаснија тие […]

„Медена земја“ македонски кандидат за Оскар


Филмот „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов следната година ќе биде македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм “. Како што информира Друштвото на филмски работници, одлуката ја донела Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата во состав на Игор Иванов, режисер и претседател на ДФРМ, Ангела […]

Џијан Емин и Дерик Меј со настап во „Ројал Фестивал Хол“ во Лондон!


По успешните концерти со Филхармонијата на РСМ – „Ну погоди“ и „Љубов и револуција“, коишто се случија под името „Филхармонија на отворено“ во Градскиот парк, потоа авторскиот проект „Нурни длабоко“ кој се одржа во Охрид во Античкиот театар, како и мултимедијалниот проект „Гласот на езерото“, следната уметничка дестинација на маестро Џијан Емин е Лондон. На […]

Министерот Исмаили се сретна со координаторот на програмската канцеларија на ТИКА, Ајтекин Ајден


Министерот за култура, Хусни Исмаили денеска се сретна со координаторот на програмската канцеларија на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) – Скопје, Ајтекин Ајден. Како што соопшти Министерството за култура, Исмаили истакнал дека донациите на ТИКА и на Република Турција се потврда за поддршката и за одличната соработка со нашата земја во сите сфери, […]

Нови 100 наслови во прилепската библиотека


Прилепската градска библиотека „Борка Талески“ набави околу 100 нови наслови од исто толку домашни и странски автори. Делата се во издание на „Матица Македонска“, „Култура“, „Феникс“, „Бата прес“, „Сакам книга“, од автори поединци, како и од донации од универзитетската библиотека „Климент Охридски“. Според директорот Петар Петрески, библиотеката е постојано во чекор со новите изданија и […]

Почна форумот MakeCoProDox 


Со претставување на трите филмски фондови, Кинематографскиот центар на Косово, Филмскиот центар на Црна Гора и Агенцијата за филм на Северна Македонија, синоќа, во рамки на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, почна првиот форум за копродукции на документарни филмови – MakeCoProDox Forum. Форумот ќе се одржува денеска и утре во Младинскиот културен центар. Организиран […]