Тетовскиот дијалект богатство на градот под Шара


Тетово – Македонските дијалекти сè повеќе изумираат. Таков е примерот и со препознатливиот тетовски градски говор, кој сега многу поретко се практикува и користи поради модерниот начин на живот. Со цел да се зачува и да не се заборави тетовскиот дијалект, тетовецот Дарко Гавровски, кој е истражувач на минатото на градот, го напиша делото „Тетовскиот говор, енциклопедиски […]

„Господ постои името ѝ е Петрунија“ во трка за наградата „Лукс“ на Европскиот парламент


Европскиот парламент ги откри тројцата финалисти на официјалното натпреварување за филмската награда „Лукс“ (Lux) за 2019 година – меѓу нив е филмот „Господ  постои името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар-Митевска. Другите два филма во финалето се „Колд Кејс Хамарскјилд“ од Мадс Бругер (Данска / Норвешка / Шведска / Белгија) и „Кралството“ од Родриго Сорогојен (Шпанија […]

Актерката Катерина Коцевска е в.д. директор на Драмски театар


Актерката Катерина Коцевска е именувана за в. д. директорка на Драмски театар, пишува САКАМДАКАЖАМ.МК. Коцевска, која е членка на ансамблот на Драмски, доаѓа на местото на Викторија Рангелова-Петровска, која минатата недела поднесе оставка откако премиерот Зоран Заев на 17 јули препорача нејзино разрешување. Коцевска во јануари 2018 беше именувана за уметничка директорка на Македонскиот театарски […]

Баритонот Васил Гарванлиев и канадската сопранистка Криста де Силва во операта „Дидо и Енеј“


Македонскиот баритон со меѓународна кариера Васил Гарванлиев на 20 септември ќе настапи во премиерата на барокната опера „Дидо и Енеј“ заедно со канадската сопранистка Криста де Силва. „Дидо и Енеј“ е најпознатата опера на англискиот композитор Хенри Персл, а ќе биде изведена во Камерната сала на Филхармонијата од 20 часот. Како што соопшти Филхармонијата, автентичната, […]

Во Шангај: Се отвори највисоката книжарница во светот


Кина– Се отвори највисоката книжарница во светот. Книжарницата е лоцирана на 52-от кат на Shanghai Tower, највисокиот облакодер во Кина. Книжарницата е на површина од 2.250 квадратни метри, а се наоѓа на висина од 239 метри нудејќи спектакуларен панорамски поглед. Проектот за оваа книжарница е насловен „Книга над облаците“ и токму тоа го нуди – […]

Наредниот конгрес на AIESEE ќе се одржи во земјава


Тринаесеттиот конгрес на Меѓународната асоцијација за источноевропски студии (AIESEE) ќе се одржи во нашата земја. Тоа било одлучено на 12. конгрес на Асоцијацијата што од 2 до 6 септември се одржа во  Букурешт, каде што со реферати учествуваа претставници на Македонскиот националниот комитет на AIESEE, со седиште во МАНУ. МАНУ денеска соопшти дека со акламација […]

Горјан Милошевски, драматург: Ако не престанеме со екоцидот, ќе продолжиме да си копаме гробови


Текстот „Шепоти од вода“ на драматургот Горјан Милошевски неодамна беше поставен на сцената на струмичкиот театар во режија на Срѓан Јаниќијевиќ. Иако текстот е работен неколку години, проблематиката со која се занимава сега е особено актуелна во светот. Како човештвото ја уништува природата, проблемот со рудниците, кој допрва доаѓа кај нас… Повеќеслојниот текст се осврнува […]

МНТ ја почнува новата сезона, на 24 септември премиера на „Бесачи“


Македонскиот народен театар утре ја почнува новата театарска сезона. На репертоарот утревечер е „Не се клади на Енглези“ на режисерот Синиша Евтимов, која ќе биде изведена и на 16 септември. Првата премиера во новата сезона на МНТ е на 24 септември – „Бесачи“ која ја подготвува бугарскиот режисер Јавор Грдев. Претставата е според „Hangmen“ – […]

Работилница за филмски маркетинг со Матијас Ношис, основач на „Алфапанда“


Основачот на маркетинг-агенцијата за филм „Алфапанда“ (Alphapanda) Матијас Ношис на 2 и 3 октомври во Скопје ќе одржи предавање и работилница специјално наменета и адаптирана за македонските филмски професионалци за нивно усовршување во областа на филмскиот маркетинг и развојот на маркетинг-стратегија, соопшти МЕДИА Деск МК. Во програмата ќе бидат опфатени главните аспекти на маркетинг во […]

Филмот „Медена земја“ прикажан на затворањето на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси


Со прикажувањето на документарниот филм „Медена земја“ на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска синоќа во францускиот град Нанси заврши 25. издание на Меѓународниот филмски фестивал, јавува дописникот на МИА. Тоа беше премиерно прикажување во Франција на „Медена земја“, што се најде во официјална селекција на европски документарни филмови. Филмот предизвика огромен интерес и беше поздравен […]

Во продажба влезниците за новата концертна сезона на Филхармонијата


Филхармонијата денеска ќе ги пушти во продажба влезниците за свеченото отворање на концертната сезона 2019/2020, која годинава има слоган „Моја бесмртна љубов“ и е во знакот на светското одбележување 250 години од раѓањето на Лудвиг ван Бетовен. Концертот за отворање на сезоната е на 26 септември во 20 часот, кога на сцената на Филхармонијата ќе […]

Златен лав за „Џокер“, сребрен за Полански


Мрачната драма „Џокер“ за потеклото на тој злобен лик освои Златен лав на филмскиот фестивал во Венеција, додека воената драма на Роман Полански „Офицер и шпион“ доби Сребрен лав. Режисерот на победничкиот филм Тод Филипс им се заблагодари на продуцентите што имале сила да излезат од зоната на комфорот, но исто така и на актерот […]

Плочата се враќа во мода: Трета Skopje Vinyl Convention во МКЦ


Funky Fresh и МКЦ го најавуваат третото издание на единствената конвенција за винил во Македонија. На 28 септември, сабота, во просториите на МКЦ во текот на денот и вечерта на едно место ќе се соберат голем број љубители на винил-културата. Skopje Vinyl Convention е настан инспириран и посветен на сите пасионирани колекционери и љубители на […]

„Амазон“ по грешка предвреме го објави новиот роман на Маргарет Атвуд


САД- „Амазон“ усреќи неколку читатели кои направиле рана резервација за новата книга на Маргарет Атвуд кога по грешка го испорача вториот дел од „Приказната на робинката“ цела недела порано. Издавачката куќа на книгата „Тестаменти“ изјави дека се работи за мал број копии што по грешка биле испорачани од страна на „Амазон“. „Пингвин рандом хаус“ ги […]

Филхармонија го доби правото на трајно користење на опремата и инвентарот


Министерството за култура му го пренесе правото на трајно користење на опремата и инвентарот во надлежност на Националната филхармонија – Скопје, а во списокот на евиденција може да се види колку чини поединечно се’ што е набавено своевремено пред отворањето на објектот во 2017 кој чинеше помеѓу 30 и 40 милиони евра. За 108-те плакари […]

Уште 11 жени го обвинија Пласидо Доминго за сексуално вознемирување


САД– Уште единаесет жени го обвинуваат славниот тенор Пласидо Доминго за сексуално вознемирување. За време на настап, минатиот месец, во Европа Доминго беше срдечно дочекан при првото појавување на сцена откако Асошиетед прес објави дека девет жени го обвинуваат за сексуално вознемирување пред три децении. Наводите дека Доминго вознемирувал повеќе жени вклучуваат непосакувано допирање, упорно […]

Теодосиевска: „Браќа Манаки“ беше и ќе остане мојата филмска школа


Четири децении заокружува годинава Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, најстар во светот посветен на креативноста на кинематограферите, „невидливите“ професионалци зад камерите одговорни и заслужни замислениот филмски проект да стане приказна во слики на големото платно. Фестивалот 40 години достојно го носи името на првите сниматели на Балканот – Милтон и Јанаки Манаки и […]

Осум наслови во конкуренција за наградата за поезија „Антево перо“


Комисијата за доделување на наградата „Антево перо“ денеска информира дека има голем интерес и пристигнале 87 авторски ракописи. Ги издвојуваат следниве поетски ракописи: „Капе времето“ на Виолета Танчева Златева, „Јазикот на светлината“ на Сузана В. Спасовска, „Градот“ на Иван Џепаровски, „Дупка“ на Александра Димитрова, „Граници“ на Михајло Свидерски, „Ѕидање на времето“ на Искра Пенева, „Музеј […]

Исмаили најави поддршка за институциите од културата во Куманово


Министерството за култура ќе продолжи со поддршка на институциите од културата во Куманово, истакна синоќа министерот Хусни Исмаили при учеството на манифестациите што се одржуваат во рамки на програмата Куманово град на културата и пет века од неговото постоење,  а имаше средба и со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. Министерот присуствуваше на отварање на изложбата „Византиски […]

Промоција на книгата „Окружието на Конески“ од Димитар Пандев


Книгата „Окружието на Конески“ од Димитар Пандев денеска ќе биде промовирана во Спомен-домот „Блаже Конески“ во селото Небрегово. Издавач на делото е Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“. Како што информира Фондацијата „Небрегово“, во книгата Конески е претставен во редот на македонските великани на XX век, Крсте Мисирков и Кочо Рацин, меѓу светската лингвистика и славистика. […]