Промоција на бугарското издание на „Ервехе“ од Луан Старова во Софија


Книгата „Ервехе“ од академик Луан Старова во превод на бугарски јазик ќе биде промовирана вечер од 18.30 часот во македонскиот Културно-информативен центар во Софија. Раскажува за мајка која го посветила животот на преживувањето на нејзините деца и семејство во бурни времиња на Балканот во 20 век, кога границите меѓу државите се менуваат и  семејства се […]

Вечерва почнува Фестивалот на грчки филм и култура


Во кино „Милениум“ вечерва свечено се отвора  Фестивалот на современ грчки филм и култура. Организатори на Фестивалот се Здружението за промовирање на филмската уметност и култура АРТ СИНЕМА Скопје и Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ заедно со Амбасадата на Република Грција во Македонија. Фестивалот на грчки филм и култура е прв културен настан во земјава кој […]

Виолинистот и виолист Љубиша Кировски со соло концерт


Во рамките на фестивалот „Златна лира“, македонскиот виолинист и виолист Љубиша Кировски на 25 октомври во Музејот на македонската борба ќе одржи соло концерт. Премиерно ќе бидат изведени композиции за соло виолина и виола од авторите А. Пјацола, М. Трандафиловски, Х. Бибер, А. Дончев, Н. Паганини. Концертот е закажан во 20 часот, а влезот е […]

Лидија Димковска на поетски фестивал во САД


  На покана на Пол Малдун, добитник на Пулицеровата награда за поезија, поранешен уредник за поезија во „Њујоркер“ и професор по креативно пишување на универзитетот Принстон во САД, на 25 и 26 октомври на поетскиот фестивал „Принстон“ ќе учествува и Лидија Димковска заедно со уште единаесетмина поети од САД, Шри Ланка, Украина и Јамајка. Фестивалот […]

Возвратна изложба во Сараево: Ликовни уметници- членови на МАНУ пред босанската публика


Во Сараево, утревечер се отвора изложбата „Членови на МАНУ-ликовни уметници“, како проект на Македонската академија на науките и уметностите и Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина. Изложбата има за цел јавноста во Босна и Херцеговина да ја запознае со уметничкото творештво на некои од позначајни ликовни уметници од Македонија, членови на МАНУ, […]

Изложба „Трета страна на стварноста“ во МСУ


Утревечер, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Трета страна на стварноста“, курирана од Ивана Васева, а со дела од колекцијата на МСУ. Постановката отвора повеќе дилеми на едно кондензирано место – што значи солидарноста кога станува збор за вредностите кои фрлаат нова светлина и обезбедуваат поинаков поглед […]

Легендарниот Хаџиманов: Без жртви нема победа, „Од љубов не се бега“


„Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, „Од љубов не се бега“, познати ви се, нели, овие наслови, испеани шансони, евергрини. Тоа се само најпознатите, од кои веднаш ви текнува на мултимедијалниот уметник кој се занимава со поезија, проза и музички дела Зафир Хаџиманов. Тој, легендарниот Хаџиманов, играл и главни улоги во неколку филма, како […]

Фиренца Биенале 2019: Сликарот Мице Јанкуловски со медал „Лоренцо ил Магнифико“


На македонскиот сликар и карикатурист Мице Јанкуловски синоќа свечено му беше доделена големата награда „Лоренцо ил Магнифико“ за животно остварување на престижното Фиренца Биенале 2019 г. На церемонијата на доделувањето на наградата присуствуваа и зедоа збор за творештвот на Јанкуловски: проф. Манос Стефанидис, Грција – уметнички критичар и публицист  , Мати Грунберг, Израел – уметник […]

Фестивал на современ грчки филм и култура од 24 до 28 октомври во Скопје


Шест долгометражни грчки играни и документарни филмови и ексклузивен концерт на грчки бенд, ќе бидат прикажани на второто издание на Фестивалот на современ грчки филм и култура ,што ќе се одржи од 24 до 28 октомври годинава во Скопје. Фестивалот е официјално поддржан од Амбасадата на Грција во Скопје, а програмата е создадена од грчките […]

Две прикажувања на „Медена земја” денеска во Крива Паланка


Во Националната установа Центар за кулутра – Крива Паланка денеска во два термини, од 11 часот и од 17 часот се прикажува документарецот „Медена земја“, годинашниот македонски кандидат за најпрестижната филмска награда „Оскар”. Мира Ѓоргиевска, директорка на НУЦК – Крива Паланка итакна дека интересот на јавноста за овој филм е голем. – Интересот на публиката […]

Распишан конкурсот за наградата „Даница Ручигај“


Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) распиша Конкурс за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од жена-писател, член на ДПМ, објавена во периодот од мај 2018. до крај на октомври годинава. Книгите во еден примерок треба да се достават во просториите на ДПМ најдоцна до 10 ноември годинава, секој работен ден меѓу […]

„Едвард раце ножици“  – премиера на Театарот за деца и младинци 


Колку сме подготвени да ги надминеме предрасудите кон различните од нас и да ги прифатиме, и каков е третманот на општеството кон маргинализираните групи е тема на младинската претстава „Едвард раце ножици“ во режија на Нела Витошевиќ, која утревечер од 20 часот премиерно ќе ја изведе Театарот за деца и младинци. Претставата е работена според […]

Францускиот контрабасист Рено Гарсија Фонс во Филхармонија


Францускиот контрабасист Рено Гарсија Фонс , в четврток, во 20 часот ќе настапи како солист со оркестарот на Филхармонија. Пред македонската публика овој исклучителен басист ќе се претстави со свои композиции. На програмата на овој концерт се и Суитите 1 и 2 од балетот „Дафнис и Клое“ од Морис Равел. Со оркестарот на Филхармонија ќе […]

Директорот на Централната национална библиотека на Италија во посета на НУБ


Директорот на Централната национална библиотека на Италија од Рим, Андреа де Пасквале, денеска и утре ќе ја посети Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Како што информира НУБ, денеска пред присутните во библиотеката е предвидено обраќање на италијанскиот директор и на директорот на НУБ, Фримзим Даути, а двајцата директори ќе остварат и […]

Музејот на Македонија со изложбата „Црн петел, црвена кокошка“ гостува во Софија


Музејот на Македонија со изложбата „Црн петел, црвена кокошка – култови на плодноста: обреди, обичаи и верувања“  гостува во Националниот етнографскиот музеј при Академијата за науки на Бугарија.  Изложбата во Софија свечено ќе биде отворена в четврток. Изложбата е подготвена од Н.У. Музејот на  Македонија и Н.У. Археолошкиот музеј на  Македонија и презентира  дел од […]

„Господ постои, името и’ е Петрунија” викендов освои награди на три фестивали


Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар-Митевска изминатиот викенд се закити со уште три престижни награди. На штотуку завршениот фестивал All About Freedom Festival ја доби главната награда за најдобар филм. Фестивалот се одвива во Гданск, Полска, и е поддржан од Европската комисија. Главната награда која ја освои Петрунија е парична во […]

Рисимкин го претстави Танц фест во Шангај


На покана на Интернационалниот фестивал за изведбени уметности од Шангај, Кина, кој го има своето дваесет и прво издание, Рисима Рисимкин деновиве престојува во Шангај, каде ја претставува работата на Танц Фест Скопје и Скопје танцовиот театар. Интернационалниот фестивал за изведбени уметности од Шангај се одвива на неколку нивоа, како панел дискусии, претстави и презентација […]

Објавена драмата „Мајстори за огледала“ од Стефан Марковски


Литературното списание „Современост“ го објави драмскиот текст „Мајстори за огледала“ од Стефан Марковски, во кој авторот дава комичен приказ на некои трендови во општеството, како популарноста на литературата за самопомош, миграцијата на младите, среќата наспроти лузерството, меѓугенерациските конфликти и материјализмот во ерата на глобалното пазарно општество. – Во сето ова можеш да останеш човек кој […]

Тркалезна маса за книгата „Улица“ на Славко Јаневски


Тркалезна маса насловена „Зoшто ‘Улица’ на Славко Јаневски е повест, а не роман?“ ќе организираат денеска Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ и издавачката куќа „Просветно дело“. „Улица“ од Славко Јаневски е објавена во 1950 година. Таа е првото поголемо прозно дело напишано на македонски јазик и објавено пред неговиот роман […]

Отворање на 19. Недела на италијанскиот јазик во светот


„Италијанскиот јазик на сцената“ е тема на 19. Недела на италијанскиот јазик во светот,  која официјално ќе биде отворена вечер од 19.30 часот во Кинотеката.  Манифестацијата ја организира Амбасадата на Италија во Скопје, во соработка со други институции и здруженија во земјава.  Ќе има голем број настани (филмови, претстави, музика и поетски читања) кои, како […]