Битолскиот театар гостува во НР Кина


НУ Народен театар Битола ја почна втората театарска турнеја во НР Кина на која до 18 ноември ќе гостува на неколку театарски сцени во Шангај и Пекинг. За време на гостувањата во НР Кина, актерите на битолскиот театар ќе ја играат претставата „Детето сонува“ од Ханох Левин, во режија на Итаи Дорон. Според програмскиот престој, […]

Холивудска премиера на „Пајни: осамената елка“


Во Волф театарот во склоп на Академија за телевизиски уметности и науки во Лос Анџелес премиерно беше прикажан „Пајни: осамената елка“ – краткометражен филм по сценарио и режија на познатиот холивудски тандем Тимоти Хутен и Тод Едвардс, за кој комплетната анимација, продукција и постпродукција ја изработи компанијата „В хаус анимејшн“ од Скопје. Дамјан Митревски, извршнен […]

Почнува третата фаза од изработката на мастер планот за конзервација на Стоби


Во НУ Стоби заврши втората и ќе почне третата фаза од изработката на мастер планот за конзервација на Стоби. Третата фаза треба да заврши напролет по што, мастер планот ќе и биде презентиран на јавноста. Како што изјави за МИА директорот на НУ Стоби, Спасе Перовски, мастер планот ќе значи платформа за грижа на културното […]

„Оваа зграда зборува (на)вистина“ вечерва во Кино Култура


Добитникот на главната награда „Златна Трига“ на Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор 2019, перформанс инсталацијата „Оваа зграда зборува (на)вистина“, вечерва во 19 часот, ќе се прикаже во Кино Култура- проектен простор за современи иведувачки уметности и современа кулутра, како дел од прогарамата „Уметност Политика Институција Тело“ на Локомотва- Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Скопје „Оваа зграда […]

Проекции на „Џезмен“ во Софија и Пловдив


Документарниот филм „Џезмен“ на режисерот Аљоша Симјановски вечер ќе биде прикажан во кино „Одеон“ во Софија, а утревечер  и во Домот на киното во Пловдив. „Џезмен“ е проект – документарна сторија за живот посветен на уметноста на џезот, која ја раскажува новинарот Велибор Педевски. Како што соопшти македонскиот Културно-информативен центар во Софија, на проекцијата во […]

Во Велес почнуваат 52. Детски Рацинови средби


Со поетска работилница и оддавање почит кон Рацин пред двата негови споменика во центарот на Велес и пред гимназијата што го носи неговото име,  денеска во родниот град на поетот и револуционер Коста Солев Рацин ќе почнат 52. Детски Рацинови средби, што ги организира Општина Велес и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“. Свечено ќе […]

Изложба „Бау1хаус“ на берлинскиот фотограф Жан Молитор во МСУ


Во Музејот на современа уметност – Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Бау1хаус“ на берлинскиот фотограф Жан Молитор. Изложбата се реализира во соработка со Амбасадата на Германија и Архитектонскиот факултет во Скопје по повод стогодишнината на познатата и исклучително влијателна архитектонска школа Баухаус. Како што е најавено, изложбата ќе ја отвори амбасадорот на Германија, Томас […]

Концерт на гитарското трио „Елогио“ во Филхармонија


Во Камерната сала на Филхармонија во петок во 20 часот ќе настапи гитарското „Трио Елогио“, основано од тројца исклучителни гитаристи – Петрит Чеку (Косово), Педро Рибеиро Родригез (Португалија) и Томислав Вукшиќ (Хрватска). На програмата се дела од Моцарт, Руждјак, Рахмањинов, Шуберт… Триото реализира голем број на концерти особено на европските фестивали. Посебен придонес даваат за […]

Премиера на „Официјални тајни“ со Кира Најтли утре во МКЦ


Драмата „Официјални тајни“ (Оfficial Secrets), заснована на вистинската приказна за британската укажувачка Кетрин Ган утре во 18 часот премиерно ќе биде прикажана во „Кино Фросина“ во МКЦ како дел од дополнителната програма на третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје. Годинава ИФФС за првпат ќе прикаже и игран филм. Холивудската актерка Кира Најтли ја […]

„Ну погоди“ – симфониски концерт за деца со видео анимација на Филхармонија


Во Филхармонија в сабота ќе се одржи „Ну погоди“, симфониски концерт за деца со видео анимација. Според најавата од Филхармонија, на музичката агенда е музика од култните стари цртани филмови „Ну Погоди“, „Балтазар“, „Козле Бозле“, „Мечето Ушко“, „Пинк Пантер“. Оркестарот веќе ги свиреше темите од овие цртани, во кои музиката се’ уште се смета за […]

Серија културни настани по повод 100 години Баухаус


Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје и Гете Институт Скопје од денеска на македонската публика ќе ѝ ја претстават највлијателната образовна установа во областа на архитектурата, уметноста и дизајнот – Баухаус, кој оваа година го слави својот стогодишен јубилеј. Предвидени се повеќе активности и настани на различни локации. Во организација на Гете Институт Скопје […]

Творештвото на македонски автори претставено на Меѓународниот саем на книгата во Истанбул


Турција – Министерот за култура Хусни Исмаили кој деновиве престојува во работна посета на Истанбул, Република Турција, синоќа во Музејот на уметноста присуствуваше на настанот на кој беше претставено творештвото на повеќе македонски автори во рамки на 38. Меѓународен саем на книгата во овој град. Како што соопшти денеска Министерството за култура, пред турската читателска […]

Промоција на првиот каталог за етнолошката ризница на Трпејца


Изминатиов еден и пол месец здружението „За Трпејца со љубов“ работеше на проектот „Од етнолошката ризница на Трпејца“, кој се реализира со средства од Министерството за култура од буџетот на манифестацијата „Нов културен бран – 2019“. „Направивме истражување, собравме етноматеријали од Трпејца и подготвивме изложба и посебена публикација – каталог со истиот наслов на македонски […]

Комедијата „Слуга на двајца господари“ премиерно во велешкиот театар


Комедијата „Слуга на двајца господари“ според италијанскиот автор Карло Голдони, во адаптација и режија на Ненад Витанов вечерва ќе биде премиерно изведена на на Големата сцена на театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес. Сценографијата за претставата е на Филип Витанов, костимите на Катерина Чукниева, а во претставата настапуваат актерите: Самоил Стојановски, Славица Манаскова, Зорица П.Панчиќ, Кристијан […]

(Фото) Политичари и обвинители на премиерата на „Врба“ на Милчо Манчевски


Синоќа, во Македонската филхармонија се случи премиерата на филмот „Врба“ во режија на Милчо Манчевски. На црвениот килим продефилираа многу препознатливи ликови од политичката и јавна сцена. По завршувањето на проекцијата, филмската екипа се поклони пред публиката, која на нозе со овации и френетичен аплауз ги поздрави. По проекцијата, на коктелот присутните имаа шанса и […]

Промоција на книгата „ТВ БОКС“ на режисерот Златко Славенски


Факултетот за драмски уметности вечер од 19 часот ќе ја промовира книгата „ТВ БОКС Теоретски прилози и филмско сценарио“ на режисерот Златко Славенски (1966-2019), кој беше и драматург и професор на ФДУ по предметот Театарска режија. -Книгата го опфаќа истражувањето на авторот кое требаше да биде негов докторски труд на тема: „Адаптација на драмски текст […]

Руското архивско богатство претставено во Скопје


Документарни раритети како што е најстарата руска ракописна книга „Остромирово евангелие“, првиот руски законик „Руска правда“, Родословот на московските кнезови од 17 век, документи потпишани од Ленин и Сталин, документите за формирањето на СССР и неговото прекинување, сè до Федералниот уставен закон од март 2014 година за прифаќање на Република Крим и градот Севастопол во […]

Фестивал на европски филм „Синедејс“ од 7 до 15 ноември


Со премиера на филмот „Ефектот на среќа“ во режија на Борјан Зафировски, на 7 ноември во кино „Милениум“ ќе биде отворен 18. Фестивал на европски филм „Синедејс“. На затворањето на 15 ноември ќе биде прикажан  „Beyond the Horizon“ – македонско–швајцарска копродукција  со француска актерка Летиција Каста во главната улога. Покрај филмовите за награди во Официјалната […]

Серијата „Преспав“ ќе се емитува во Бугарија


По три сезони емитувани пред македонската публика, серијата „Преспав“ ќе се прикажува и на бугарската национална телевизија БТВ. – „Преспав“ е првиот ТВ хит од Македонија што ќе се емитува пред бројната бугарска публика. Навистина сум горд на овој успех и особено сум им благодарен на сите професионалци вклучени во реализацијата, како и на поддршката […]

Изложби и филмови по повод 100 години Баухаус и 30 години од падот на Берлинскиот ѕид


Германската амбасада и Гете Институт Скопје на македонската публика ќе ѝ ја претстават највлијателната образовна установа во областа на архитектурата, уметноста и дизајнот – Баухаус, кој оваа година го слави својот 100 годишниот јубилеј. Настаните ќе се одржуваа во Кинотека и Музејот за современа уметност и се отворени за јавноста. На 5 ноември во МСУ […]