Колористична и лирска звучност на харфата : Виртуозноста на Алиса Садикова измами бурни аплаузи на „Охридско лето“


Публиката на фестивалот „Охридско лето“ синоќа имаше ретка можност да ужива во богатата колористична и лирска звучност на харфата врз која совршено владееше младата но виртуозна руско-американска уметница Алиса Садикова.  Садикова е редок пример на талентиран харфист, а нејзиниот уметнички раст е видлив уште од раната возраст кога дебитирала на светската музичка сцена.  Тоа го […]

Нови откритија во древна Троја во годината кога „Одисеја“ повторно го оживува светот на Хомер


Додека новиот филм „Одисеја“ на Кристофер Нолан ја освојува светската публика и повторно го насочува вниманието кон легендарниот свет на Хомер, во древна Троја продолжуваат археолошките ископувања предводени од Министерството за култура и туризам на Турција, со кои се откриваат нови детали. Во рамки на археолошката сезона оваа година, истражувачите работат на неколку локации. Во […]

Барокна вечер во „Света Софија“ со уметниците Владимир Костов и Цветанка Созовска


Еминентните македонски уметници, виолинистот Владимир Костов и чембалистката Цветанка Созовска, вечерва ќе настапат во црквата „Света Софија“ во рамки на музичката програма на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Цветанка Созовска е родена во 1975 година во Скопје. На седумгодишна возраст започнува да учи пијано, а основното и средното музичко образование го завршува во класата […]

„Џез-вечери“ од 13 до 16 август на „Охридско лето“


Првото издание на „Џез-вечери“, нова програма во рамките на фестивалот „Охридско лето“, ќе се одржи од 13 до 16 август, во организација на Радио „Џез ФМ“ и на НУ „Охридско лето“. Програмата ќе се реализира во прекрасниот амбиент на црквата „Света Софија“ и на сцената Долни Сарај, а предвидени се шест концерти со настапи на […]

Вечер на харфата на „Охридско лето“ со Алиса Садикова, дипломец на „Џулијард“


Програмата на 66-то издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со содржина од музичката програма и целовечерен концерт на младата и светски афирмирана харфистка Алиса Садикова. Алиса Садикова е редок пример на исклучително талентирана харфистка, чиј уметнички развој е забележлив уште од најраната возраст, кога го започнува својот настап на светската музичка сцена. Родена е […]

„Последната роза на летото“ – музички раскош и европски дух на „Охридско лето“


Со прекрасна музичка вечер исполнета со емоција, раскошен звук и врвна интерпретација, синоќа во црквата „Света Софија“ беше одбележана традиционалната Вечер на Европската унија во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Под насловот „Последната роза на летото“, публиката имаше можност да ужива во извонредниот концерт на ирскиот виолинист Дејвид Тобин, пијанистот Фингин Колинс од Ирска и […]

Лауреатот на Светската награда на хуманизмот Кристоф Бенедиктер од Охрид: Хуманизмот е императив на нашето време


 Во време на војни, климатски промени и неконтролиран развој на вештачката интелигенција, хуманизмот и творечката природа се силата со која човекот може и мора да му се спротивстави на уништувањето, порача денеска во Охрид проф. д-р Кристоф Бенедиктер, добитник на Светската награда на хуманизмот за 2026 година. Претседателот на Европската асоцијација на истражувачи и професори […]

Интезивен период за македонскиот филм – четири се снимаат летово


Македонската кинематографија ова лето бележи интензивен продукциски период, во моментов се снимаат три македонски долгометражни играни филмови, а кон крајот на август е закажана првата клапа и на четвртиот. Станува збор за „Мравки“ во режија на Марјан Гавриловски, „Голиот рид“ во режија на Игор Алексов и „Ајал“ во режија на Арбен Тачи, додека на 25 […]

ЕУ вечерта на „Охридско лето“  го носи концертот „Последната роза  на летото“


„Последна роза на летото“ е насловот на програмата што вечерва ќе биде изведена на  Вечерта на Европската унија која традиционално се одржува секоја година како дел од  фестивалот „Охридско лето“. Во црквата „Света Софија“ од 21 часот концерт  ќе имаат ирскиот виолинист Дејвид Тобин, пијанистот Фингин Колинс, исто така од Ирска, како и унгарско-ирската флејтистка […]

Во Прилеп отворена изложба на фотографии „Дома“


Во Ликовна галерија на прилепскиот центар за култура „Марко Цепенков“  синоќа беше отворена изложбата на фотографии и дигитални дела насловена „Дома” од прилепските уметници Александра Ацеска и Илија Ацески.  Станува збор за поставка на фотографии и фотоманипулации, кои носат спој на две различни уметнички перцепции.  -Илија Ацески е конкретен, прецизен и рационален. Ја застапува аристотеловата […]

Извонреден концерт за пијано и виолончело донесе Грчката вечер на „Охридско лето“


Со рафинирана техника, експресивна интерпретација и силно сценско присуство, грчката пијанистка Теодосија Нтоку синоќа ја воодушеви публиката на „Охридско лето“ настапувајќи заедно со италијанскиот виртуоз на виолончело Масимо Полидори. Концертот беше организиран во рамки на Грчката вечер на фестивалот што традиционално се одржува години наназад на фестивалската програма со поддршка од Амбасадата на Република Грција […]

Ренесансниот хор „Готик Војсис“ вечерва на програмата на „Охридско лето“


Репертоарот на дваесет и седмата фестивалска вечер на 66. „Охридско лето“ ќе понуди класична музика. Вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ концерт ќе има ренесансниот хор „Готик војсис“ од Велика Британија. Ќе настапат мецосопранот Кетрин Кинг, тенорите Стивен Харолд и Џулијан Поџер, како и баритонот Симон Вајтли. Повеќе од 45 години ансамблот „Готик […]

Меморандум за соработка меѓу македонскиот КИЦ во Софија и ДПМ


Македонскиот Културно-информативен центар во Софија и  Друштвото на писателите на Македонија потпишаа Меморандум за соработка, со што, како што известува Центарот, „воспоставена е цврста основа за понатамошно унапредување на соработката во областа на културата, книжевноста и промоцијата на македонското духовно и литературно творештво“. Меморандумот го потпишаа директорот на КИЦ на Република Македонија во Софија, Зоран […]

Грчка вечер на „Охридско лето“ со  Теодосија Нтоку и Масимо Полидори


Грчката пијанистка Теодосија Нтоку и италијанскиот виолончелист Масимо Полидори  вечерва ќе концертираат на традиционалната Грчка вечер на „Охридско лето“ што се одржува со поддршка од Амбасадата на Грција во земјава. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Оценета од списанието „Би-би-си мјузик“ како пијанист со драматични квалитети, емотивна суптилност […]

Силни емоции и виртуозност под свеќи во Охрид: Миленковиќ и „Профундис“ приредија безвремено музичко патување


Во преполното Предворје на црквата „Света Софија“, синоќа, светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“ приредија незаборавна музичка вечер која ја одбележаа врвни интерпретации, силни емоции и извонредна атмосфера. Концертот се одржа во рамки на програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Сцената, внимателно уредена и осветлена со стотици свеќи, создаде посебен […]

Почна снимањето на новиот македонски трилер „Голиот Рид“ во режија на Игор Алексов


Официјално започна снимањето на новиот македонски игран филм „Голиот Рид“, долгоочекуван кинематографски трилер со елементи на драма и хорор-фантазија. Проектот се реализира во продукција на „City Star Production“, под режисерска палка на Игор Алексов, авторот на меѓународно признатиот филм „Лена и Владимир“ кој освои дури 96 награди и 46 номинации на престижни светски фестивали. Сценариото […]

37. Ликовна колонија „Галичник“ – Галичник како медиум (12–19 август 2026)


Постојат места што инспирираат уметност. Но постојат и ретки места што самите стануваат уметност. Таков е Галичник. Со 37 години континуитет и повеќе од 400 учесници од Македонија и од светот, Ликовната колонија „Галичник“ се етаблира како една од најреномираните традиционални меѓународни уметнички колонии во земјата и препознатлива платформа за современа визуелна уметност во регионот. Богатата колекција […]

Прекрасна сонатна вечер со виолинистот Ниек Бар и пијанистот Бен Ким на „Охридско лето“


Харизматичниот  холандски виолинист Ниек Бар кому му се воодушевува публиката од целиот свет  и американско-холандскиот пијанист Бен Ким настапија синоќа во рамки на Холандската вечер на фестивалот „Охридско лето“. Двајцата извонредни музичари вечерта ја зпочнаа со Сонатата за виолина и пијано од Ц.Франк, а  продолжија со уште една Соната за виолина и пијано  од Франсис […]

„Концерт под свеќи“ на „Охридско лето“ со виртуозот Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“


Камерниот оркестар „Профундис“ под диригентската управа на Ѓурѓица Дашиќ, на сцената на „Охридско лето“ вечерва ќе го донесе атрактивниот концертен проект „Концерт под свеќи“, во кој како солист ќе настапи еден од најпризнатите виолинисти на неговата генерација, Стефан Миленковиќ. Камерниот оркестар „Профундис“ е формиран во 2019 година од страна на диригентката Ѓурѓица Дашиќ, со идеја […]

Вокален и пијанистички огномет за роденденот на „Охридско лето“


Со вокален раскош,  пијанистичка виртуозност и уметничка енергија, синоќа, „Охридско лето“ го одбележа својот 66. роденден. Во прекрасната „Света Софија“ каде и започна приказната за „Охридско лето“, фестивалската публика имаше можност да ужива во впечатливиот настап на Мајан Лихт, контратенор од Израел и Пшемек Виницки, пијанист од Полска, уметници кои со својата интерпретација донесоа посебна […]