Игор Иванов-Изи: Нападот на Тозија е напад на Агенцијата за филм


Филмот е рефлексија на случувањата во општеството. Дневно-политичките случувања можеби не влијаат директно на авторите и нивната авторска визија, но сепак и тоа како политиката допира до нас, преку поддршка или отсуство на поддршка, преку фаворизирање на селектирани поединци, преку репресија на мислата или давање услови таа да се искажува слободно, преку негување на систем […]

Владата разреши членови од Комисијата за УНЕСКО за Охридскиот регион


Владата на Северна Македонија направи промени во членовите на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион. Според информациите објавени во Службениот весник, од членови на Комисијата се разрешени Донка Барџиева – Трајковска, Елеонора Новаковска и Сашо Коруновски, а на нивно место се именувани Јулија Тричковска, Горан Патчев и Ана Петровска. Одлуката била донесена на седница на Владата од 26-ти мај, […]

Писмо од Раде Шербеџија до Горјан Тозија-Медo: Не се предавај, треба да снимиме уште нешто со сјајните македонски филмаџии


Драг мој пријателе. Жал ми е што поминуваш низ сите овие каубојски напади по разноразните социјални мрежи и портали во Македонија и Хрватска, кои баш и не се така социјални и демократски и кои станаа тренд во последно време, а и начин да се пресметаат со ставовите на политичките неистомисленици. Тоа е можност за сите […]

Мира Фурлан за состојбата во САД: Овде е хаос, вирусот стана политичен


Една од најпопуларните југословенски актерки од Хрватска и секс-симбол во 80-тите Мира Фурлан (64)  емигрираше во САД во 90-тите. Во ново интервју за српскиот RTV се осврна за алармантната состојба во САД . Фурлан последните месеци ги помина во самоизолација во Лос Анџелес каде живее и работи во филмското училиште. Во брак е со српскиот […]

Почина славниот уметник Кристо, кој ги обвиткуваше зградите и мостовите


САД– Славниот американски уметник со бугарско потекло, Кристо (Владимиров Јавашеф), славен по своите привремени инсталации засновани на завиткување на екстериерите на зградите, мостовите и просторите на отворено, почина на 84-годишна возраст во неговиот дом во Њујорк. Kристо избегал од комунистичка Бугарија во 1957 година, прво во Прага, а потоа во Виена и Женева. Една година […]

Вонинституционалната културна сцена бара финансиска поддршка заради кризата


Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на уметници и други физички лица кои самостојно вршат дејности и други активности во областа на културата за време на вонредна состојба, излезе во Службен весник на Република Северна Македонија, на 28 мај 2020, четврток (Број 139 28 година LXXVI). Како што денеска соопштија од Иницијативтаа „КУЛТУРА Е […]

„Стоби“ чека олабавување на мерките за да го отвори археолошкиот локалитет 


Поради состојбата со КОВИД-19 два и пол месеци локалитетот Стоби е затворен за посетителите, а Националната установа „Стоби“ трпи финансиски загуби. Оттаму очекуваат олабавување на мерките и повторно отворање, како и одобрение до средината на јуни или најдоцна до почетокот на јули да почнат со планираните проекти. Лани археолошкиот локалитет Стоби го посетиле 22.000 гости […]

Исмаили: Обезбедивме финансиска поддршка за културните работници


Министерството за култура обезбеди финансиска поддршка во месечен нето износ од 14.500 денари за месеците април и мај 2020 година за уметниците и другите физички лица кои вршат дејности и други активности во областа на културата како и филмските работници, информира денеска министерот за култура Хусни Исмаили. – Министерството за култура и јас како министер, […]

Совршено сочуван римски мозаик откриен под лозје близу Верона


Експертите велат дека наодот е „археолошко богатство“ и датира од 3. век од нашата ера   Совршено зачуван древен римски мозаик беше откриен во близина на северниот италијански град Верона. Археолозите беа зачудени од откритието, бидејќи се случи речиси еден век откако остатоците од вилата, за која се верува дека датира од III век од […]

Бочели излекуван од Ковид-19


Италија– Италијанскиот оперски пејач, тенорот Андреја Бочели, денеска објави дека целосно се опоравил од вирусот Ковид-19. Бочели на својот Фејсбук профил објави дека членовите на неговото семејство и тој имале лесна и асимптоматска форма на болеста, но дека не сакал да го објави тоа во јавност, за да ја заштити приватноста на семејството и непотребно […]

Нови романи на Божин Павловски на англиски јазик


Во издание на „АЕА” и „Грифин Прес” од Мелбурн, Австралија, на англиски јазик, продолжи издавањето на „Собрани романи” од Божин Павловски. Во превод на доктор Весна Николова и Елена Чаварела, и супервизијата на Бредли Досон, од печат излегоа томот 16 (Враќање во сказните- Return to the Fairytales) и томот 17 (Викај ме Бај-Call me Bye). […]

Струшки вечери на поезија ќе има, го чекаме добитникот Амир Ор во Струга: Интервју со Тодорче Тасевски


Лејла Сабит Се подготвуваме за најдоброто можно сценарио, а тоа е Струшките вечери на поезијата да се одржат во вообичаениот термин и формат на крајот на август, поточно од 26 до 31 август. Секако, со внимание го следиме развојот на ситуацијата на глобално ниво и подготвени сме да одговориме на предизвиците што произлегуваат од ограничувањата […]

Филмскиот фестивал во Венеција ќе се одржи во септември


Италија– Филмскиот фестивал во Венеција ќе се одржи, според распоредот, на почетокот на септември, имајќи предвид дека ширењето на новиот коронавирус во Италија забавува, изјави денеска претседателот на регионот Венето, Лука Заја. – Поради застојот во филмската индустрија, наметнат за да се спречи ширењето на Ковид-19, на фестивалот најверојатно ќе учествуваат помалку продуценти, истакна Заја, […]

Мега-интервју со Симон Трпчески: Славата не ме смени, останав со здрав разум


Лејла Сабит Фото: Приватна архива Првото што ми доаѓа на ум, веројатно е нешто што самиот себе си ќе си го кажам „еее Симе и ова беше и она беше“ . Дури кога ќе се потсетам на одредени концерти, на одредени места што сум ги посетил и на одредени случки од секојдневниот живот, неверојатно е […]

Оскарите во 2021 година ќе се одложат?


САД- Има уште време до 93-от Оскар во февруари, но Академијата за филмска уметност и наука размислува да ја одложи големата вечер, според повеќе извори. Изворите, кои сакаа да останат анонимни, велат дека конечните планови не се конкретни во овој момент. Засега 28 февруари 2021 година со пренос на АБЦ останува на сила. „Веројатно ќе […]

Реобјавени делата на Петре М. Андреевски- илустрирани од неговата внука Воскресија Андреевска


Ексклузивни изданија на делата на Петре М. Андреевски, илустрирани од неговата внука Воскресија Андреевска, излегоа од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина-публикации“. Во рамки на едицијата „Македонски книжевни класици“ се десет книги со прозни и поетски дела на великанот на македонската книжевност, со цртежи кои за оваа прилика специјално ги изработи […]

Осврт кон еден нов роман за македонските улици, затворски ходници и влијанијата на дрогата


Деновиве во македонскиот литературен етер се појави романот „Кралеви од улиците“ од Александар Ковилоски. На безмалку 100 страници, приказната во него изобилува со дрога, маалски живот, со емоционални односи, затвор и затворенички живот, погрешни размислувања, и сите оние глупости во кои може да западне младиот човек. Преку дејствијата на главниот лик романот ги доловува вредностите […]

Ликот и делото на Анте Поповски во ново светло


Од печат излезе Зборникот на научни трудови „Антевото дело – непресушен изворник на мислата и на речта“ во издание на Меѓународната културно поетска манифестација „Антево перо“. Зборникот на едно место донесува нови и досега главно непознати за јавноста научни согледувања за ликот и делото на Анте Поповски, пред се од аспект на неговото литературно творештво, […]

„Охридско лето“ во сенката на Ковид-19: Концертите ќе зависат од мерките  


Дали јубилејното издание на Охридско лето годинава ќе започне во традиционалниот термин на 12 јули, дали ќе ги намали публиката и концертите, и дали гостите од странство ќе допатуваат во Охрид се дилемите со кои се соочува најголемиот културен настан кај нас. -Во постојана комуникација сме со Министерството за култура со цел да се види […]

Рациновите средби во Велес одложени заради Ковид-19


Традиционалната културна манифестација со традиција Рацинови средби посветени на делото на големиот Коста Солев Рацин кои годинава на почетокот на јуни требаше да се одржат по 57-ми пат во неговиот роден Велес, ќе изостанат поради состојбата со Ковид-19. Има можност да се оджат на есен, но и тоа засега е неизвесно и ќе зависи од […]