„На зајдисонце“ во Трпејца-изложби, концерти и презентации


На 20 јули почнува деветтото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“ во охридското село Трпејца. И оваа година манифестацијата ќе понуди најразновидни културно-забавни содржини – изложби, презентации, концерти, како и спортски настани. Отворањето е резервирано за изложбата на ракотворби – филигран со срма од Дијана Велјаноска, по потекло трпејчанка. Музички отворањето ќе го збогати пејачката […]

Нови патоказни и информациски табли за локалитетот Кокино


Локaлната акциска група АБЕР 2015, во соработка со НУ Музеј Куманово, преку донација добиена од Амбасадата на Република Франција го заврши проектот за подобрување на визибилноста на архео-астрономскиот локалитет Кокино, информираа денеска надлежните. За таа цел, како што информираше археологот Дејан Ѓорѓиевски, биле подготвени  пет нови табли (патоказни и информациски) кои значително ја олеснуваат посетата […]

Огромната статуа на Атлас повторно ќе го чува храмот на Зевс на Сицилија


Колосалната статуа на Атлас, закопана со векови меѓу античките урнатини, наскоро ќе го заземе своето заслужено место меѓу античките грчки храмови на Агриџенто на Сицилија, Италија. Археолошкиот парк на градот објави дека уметничкото дело, една од најпознатите скулптури на островот, ќе бидат подигната исправено пред храмот на Зевс. Во грчката митологија, Атлас бил Титан или […]

Роберт де Ниро пред банкрот: Короната и екссопругата финансиски го уништија


САД- Актерската легенда Роберт Де Ниро изјави дека коронавирусот го уништил финансиски до тој степен може да застане на нозе само ако заработи 7,5 милиони  долари оваа година. Финансиската состојба на Де Ниро беше откриена за  време на неодамнешната судска битка со неговата екссопруга сопруга Грејс Хајтауер, (се разведоа 2018) откако таа поднесе барање за […]

„No Time To Die “: Нова фотографија од тајната средба на Бонд и М


Англија– Нова фотографија од No Time To Die, следниот филм за тајниот агент Џејмс Бонд, е споделена на Интернет. Ги прикажува Ралф Фајнс како М и Даниел Крег како 007 на Јан Флеминг, во разговор пред мостот на Хамерсмит во Лондон. Сцената е снимена пред една година, на 12 јули 2019 година. Новата слика се […]

„Разговори со Конески“ од Цане Андреевски со ново издание, секогаш актуелно


„Матица македонска“ објави ново издание од книгата „Разговори со Конески“ од Цане Андреевски, кои авторот ги водел од 1985 до 1990 година. -На страниците од ова дело големиот македонски поет и кодификатор на македонскиот литературен јазик говори за суштествени теми од нашата национална и книжевна традиција, како и за современите процеси во втората половина на […]

Војна на ѕвездите: „Империјата го возвраќа ударот“ првпат на врвот по заработка по 23 години


САД-Доколку пандемијата на коронавирус не го зафати светот, Ghostbusters: Afterlife најверојатно би бил на врвот на американската бокс-офис од Top Gun: Maverick, додека филмот на  Дизни, Jungle Cruise, ќе чекаше во ќошeто за  истото место. Сепак, работите не излегоа на тој начин и поголемиот дел од најголемите филмови се одложени до следната година. Тоа не […]

Албумот „Македонисимо“ на Трпчевски во август, фузија од фолк и класична музика


Албумот „Македонисимо“ ќе биде објавен на 28 август, соопшти престижната британска етикета „Лин Рекордс“ (Linn Records), најавувајќи го излегувањето на материјалот со синглот „Не си го продавај, Кољо, чифликот“ (Омаж за Брамс). Како што вели во изјавата за македонските медиуми Симон Трпчески, „албумот прикажува фузија на фолк и класична музика која ги дефинира неверојатните ритми […]

Дела од Пикасо, Кристо, Вазарели, Анастасов во музејот на „Остен“


Изложба на слики, цртежи и графики од Пабло Пикасо, Виктор Вазарели, Илја и Емилија Кабаков, Кристо, Родољуб Анастасов, Пјер Суланж и Мице Јанкуловски викендов е отворена во Галеријата „Остен“ во центарот на Скопје. Во ОСТЕН  Музејот на цртеж се наоѓаат дела на најголемите уметници во светот, меѓу кои: Пикасо, Вазарели, Дали, Миро, Мур, Сулаж, Крег, […]

Романот „Дива лига“ на Влада Урошевиќ објавен во Црна Гора


Неодамна, црногорскиот издавач „ОФК“ (Отворен културен форум) од Цетиње, го објави романот „Дива лига“ од македонскиот поет, раскажувач и романсиер Влада Урошевиќ. Романот е објавен во големата позната едиција „100 словенски еомани“, проект на тринаесет словенски земји со цел подобро запознавање и зближување на книжевностите на словенските народи. Овој проект го координира Форумот на словенските […]

Романот „Амбасади“ на Луан Старова објавен на бугарски јазик


Во издание на издавачката куќа „Персеј’’ објавен е романот „Амбасади” на авторот и академик Луан Старова на бугарски јазик. Бугарското издание излезе под наслов “Амбасадор на земјата што нема да постои”, во превод од македонски јазик на Марин Петров. Ова е шести роман од „балканската сага’’ на Старова кој се објавува во Бугарија, по романите: […]

Европски филмови во дворот на Кинотека во четири вечери


Четири современи европски филмови ќе прикаже Кинотеката на отворено од денеска до 13 јули. Четиридневната летна кинопрограма ќе се емитува во дворот на Кинотеката. Ќе почне вечер од 21 часот со проекција на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска, кој  ја доби престижната награда „Лукс“ (LUX Prize) за […]

Европските музеи губат 600.000 евра неделно поради пандемијата


Франција – Најголемите европски музеи губат и до 600.000 евра неделно, поради ограничувањата воведени за борба против коронавирусот, предупреди претседателот на Мрежата на европски музејски организации, Давид Вијом. Тој на онлајн конференцијата за работењето на музеите за време на кризата, рече дека загубите на музеите во туристичките региони во изминатите два месеци регистрирале загуба од 80 […]

Романот „Круг“ од Димитар Башевски објавен во Софија


Бугарската издавачка куќа „Персеј“ од Софија го објави романот „Круг“ од Димитар Башевски. Првото издание на овој роман кај нас е објавено во 2017 во издание на „Слово“, а второто издание го објави здавачкиот центар „ТРИ“ во 2018 година, со обемен поговор од академик Катица Ќулавкова. Во поговорот, Ќулавкова истакнува дека со романот „Круг“, Димитар […]

„Од исто тесто – стихови за смртта и надежта“ нова поетска книга од Бранко Цветкоски


Македонскиот поет Бранко Цветкоски ја објави новата поетска книга „Од исто тесто“, со поднаслов – стихови за смртта и надежта, во издание на „Макавеј“. Песните од книгата, псочува издавачот, се настанати во последните четири години и ја претставуваат на извесен начин најзрелата поетска фаза на Цветкоски кој низ гласот на вечно зачудениот творец ја воспева […]

Агенција за филм: Сметало некому или не, работиме транспарентно, правно и праведно и така и ќе продолжиме


Агенцијата за филм доби поддршка од целата своја фела за своето работење, а особено за спроведувањето на Ковид-19 мерките кои се слични со други европски агенции за филм, што е директен фидбек дека се работи за вистински решенија во вистинско време. Агенцијата за филм постои за македонскиот филм и за луѓето што работат во оваа […]

Џони Деп сведочеше дека не ја тепал екссопругата, повикани бившите партнерки


Англија – Американскиот глумец Џони Деп на своето сведочење ги отфрли наводите на неговата поранешна сопруга Амбер Хард, која тврдеше дека била претепувана од него, опишувајќи го како чудовиште. Во Врховниот суд во Лондон, Џон Кристофер Деп Втори поднесе тужба за клевета против британскиот таблоид „Сан“ за напис од 2018 година. Актерот и неговиот адвокат Дејвид […]

Во Англија продолжува снимањето на филмот „Невозможна мисија 7″


Англија– Том Круз продолжува со снимањето на седмиот дел од филмот „Невозможна мисија”. Но, тоа нема да се одвива во Венеција, Италија, како што првично беше предвидено, туку во Велика Британија, откако Владата во оваа земја дозволи работа на филмските студија затворени поради корона-пандемијата. Круз имал и видеоразговор со тамошниот министер за култура – Оливер […]

Димитров во МАНУ: Македонскиот јазик е затворено прашање, и дома и во светот


Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на Македонската академија на науките и уметностите, денеска присуствуваше на промоција на четирите капитални изданија за македонскиот јазик. „За нас Македонците, македонскиот јазик е затворено прашање, и дома и во светот.Секое пријателство, за да биде вистинско, и европските интеграции, за да бидат европски, го подразбираат нашето право […]

Одложена Галичка свадба


Одржувањето на годинешната културно- сценска манифестација „Галичка свадба“, се одложува, одлучи Советот на Месна заедница Галичник. Оваа манифестација која што привлекува голем број посетители од земјава и од странство, традиционално се одржува кон средината на месец јули, за време на верскиот празник Петровден.„Разговаравме долго, го обезбедивме традиционалното покровителство на Свадбата од Претседателот на државата, се […]