Сребрена палма за „Врба“ на Манчевски во Валенсија, за една недела освои две награди на два континента


Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ја освои престижната „Сребрена палма“ на филмскиот фестивал во Валенсија, Шпанија. Жирито на 35. издание на еден од најголемите европски фестивали синоќа му ја додели наградата со образложение дека е „одлично режиран филм што го истражува концептот на мајчинството низ потрагата по љубов на три жени“. Како што соопшти „Банана […]

Стефоска во Курбиново, Љубојно и кај споменикот од НОБ во Отешево


Денеска, министерката за култура Ирена Стефоска изврши увид во тековните активности на неколку значајни културни добра во Преспанскиот регион. Посетата ја започна со црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново каде е започната првата фаза од непосредната заштитата на архитектурата на ова непроценливо културно наследство од 12 век. Како што информираше директорката на НУ Завод за заштита […]

Изложбата на илустрации на Кондовски продолжена до 15 ноември


Првата изложба на илустрации на ликовниот уметник Димитар Кондовски, што беше отворена на 14 октомври годинава во „Мала станица“ во Скопје, поради големата заинтересираност ќе се продолжи уште две недели, и ќе биде отворена до 15 ноември. Изложбата е отворена во рамките на второто издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрации „Литера“. -Изложбата беше […]

Почина познатиот актер Данчо Чеврески


 Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец и продуцент Данчо Чеврески почина синоќа во Скопје на 69 годишна возраст. Чеврески е роден на 17 мај 1951 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери. Специјализација, односно филмско усовршување има добиено на УКЛА во Лос Анџелес. Тој е еден […]

Денови на македонската култура во Будимпешта-промовирани четворица млади автори


Четворица млади македонски автори беа промовирани во  рамки на Деновите на македонската култура во Будимпешта што ги организира Лекторатот по македонски јазик, Универзитет ЕЛТЕ и Здружението на Унгарци на Македонија- Теледом. На промоцијата, како што денеска информира Лекторатот во Будимпешта, присуствувале писателите Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Давор Стојановски, а предвидено било и учество на […]

Филмот „Отворена врата“ во македонска копродукција е кандидат за Оскар на Албанија


Играниот филм „Отворена врата“ – деби на младиот албански режисер Флоренц Папас, во кој Северна Македонија учествува како копродуцент, е кандидат за Оскар на Албанија во категоријата за најдобар странски филм. Филмот е во продукција на „Бункер филм+“ од Албанија, а копродуценти се „Сиркл филм“ од Косово, „Лупин филм“ од Италија и „Авард филм и […]

Нова едиција за деца со ликовите на Стела и Сани


Издавачки центар ТРИ со задоволство ја претставува новата едиција книги за деца „Стела и Сани“, ликови создадени за да им бидат најдобри другарчиња на децата со кои ќе можат да споделуваат идеи и приказни, да учат букви и многу нови нешта за светот. Овие неодоливи ликови, со кои децата имаа можност да се запознаат преку […]

Отворен проектот Регионална мрежа за културна разновидност


Создавање на интеркултурна толеранција преку отворање нови канали за комуникација за независните културни заедници, има за цел проектот Регионална мрежа за културна разновидност (РЕАД) што денеска и официјално се отвори во Скопје. Како што посочи на денешното официјално отворање проектниот менаџер, Марија Чорбева-Пеновска, проектот е од времетраење од четири години, почна од септември годинава, а […]

30 години уметност: Решат Амети ја собра политичката елита на ретроспективната изложба


Во Даут пашин амам вчера беше отворена ретроспективната изложба на академскиот сликар Решат Амети со наслов „30 години уметност“. „ Националната Галерија како стожер на уметноста  во земјата, оваа година ја помина во исклучителни околности поради светската пандемија. Овие времиња се тешки за културата и уметноста. Нашата мисија е да се истрае, со цел и […]

Регионална мрежа за културна разновидност на Гете – институтот Скопје


Во Скопје, денеска и официјално ќе се отвори проектот РЕАД – Регионална мрежа за културна разновидност, информираат од Гете – институтот Скопје. Од таму инфомираат дека настанот ќе се одржи во Europe House. Со оглед на ситуацијата со коронавирусот организаторите нудат можностa настанот да се следи во живо и онлајн на YouTube каналот на Europe […]

Изложба „Како што е“ на Антони Мазневски во Националната галерија


Изложба насловена „Како што е“ на Антони Мазневски ќе биде отворена денеска во Националната галерија, во објектот на Чифте амам. Целта на изложбата е да се презентира неговата понова, седумгодишна продукција пред јавноста, да се предочат неговите истражувања и усовршувања во полето на ликовната естетика, филозофската мисла, занаетските квалификации… Изложбата ќе биде отворена до 6 […]

Промовирана монографијата „30 години Театар за деца и младинци – Сон што трае“


По повод три децении од постоење на Театарот за деца и младинци, денеска пред Музејот на современа уметност беше промовирана монографијата „30 години Театар за деца и младинци – Сон што трае“ во која е нотирано се што било важно за развојот на  Театарот. Според авторот на монографијата Тодор Кузманов, во ова дело се прикажани […]

Токио го награди македонско-јапонското пијанистичко дуо Попивода и Сати


Македонско-јапонското дуо Ема Попивода и Асами Сати се  наградени од градот Токио на конкурс помеѓу 20 000 проекти. Композицијата за две пијана „Дали паметиш Милице“ – Ноктурно оп. 52 б на македонскиот композитор Димитрије Бужаровски е снимена онлајн, за време на карантинот, информира Игор Стојанов, уредник во  Одделот за радио и телевизија при Универзитетот „Гоце Делчев“ […]

Ново ДВД со пет македонски дигитално реставрирани филмови


Кинотеката денеска промовираше ново ДВД-издание со пет македонски долгометражни играни филмови дигитално реставрирани, а снимени на 35-милиметарска филмска лента, по повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство, кој годинава се одбележува под мотото „Вашиот прозорец кон светот“. На ДВД се објавени два филма од хрватски режисери –  „Три Ани“ на Бранко Бауер од 1959 и „Македонски […]

Стефоска: Да го зачуваме и да го негуваме аудиовизуелното културно наследство


Министерката за култура Ирена Стефоска по повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство – 27 Октомври денеска упати порака да го зачуваме и да го негуваме аудиовизуелното културно наследство. – По повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство, 27 Октомври, сакам да им оддадам почит на Јанаки и Милтон Манаки, кои се вбројуваат меѓу пионерите на светската […]

Светски познати теоретичари и експерти на уметноста со онлајн предавања во МСУ


Музејот на современата уметност – Скопје во рамките на Интердисциплинарната програма започнува со онлајн предавања со наслов „Без/редие во светот на уметноста“. Предавачи во рамки на програмата се водечки автори, теоретичари и експерти околу актуелни прашања и согледби врзани со уметноста, како: Сантијаго Забала, (Santiago Zabala), кој ќе одржи предавање на 29 октомври, Шантал Муф (Chantal Mouffe ) на 14 ноември, Ејал Вајзман ( Eyal […]

Велес ќе ја доделува aктерската награда за животно дело „Петре Прличко“


Општина Велес во соработка со Центарот за култура „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ го распиша традиционалниот конкурс за доделување Актерска награда за животно дело „Петре Прличко“ со рок за пријавување до ноември.  Општина Велес соопшти дека предлози за кандидати може да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност, како драмски уметници, национални и локални институции […]

Концерт по повод Националниот ден на Република Чешка


Националниот ден на Република Чешка – 28 Октомври утревечер ќе биде одбележан со онлајн концерт со музиката од најпознатиот чешки композитор Антонин Дворжак.  Делата од Дворжак ќе ги изведат македонските уметници – Дино Имери, Диана Имери Илкоска, Андреј Наунов и Гонца Богоромова Краповски. Како што соопшти Амбасадата на Република Чешка во Скопје, годинава одбележувањето на […]

Русинката Баева гостинка на концертот на Филхармонија


Филхармонија в четврток во 20 часот ќе одржи концерт на кој како солистка ќе настапи една од најдобрите виолинистки на светската музичка сцена – Алена Баева од Русија. Со оркестарот ќе диригира Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се Концерт за виолина и оркестар во де-мол, оп. 23 од Роберт Шуман и Симфонијата […]

Објавена „(И)стории од долапот – избор од македонската народна еротика“


Во издание на книгоиздателството Ми-Ан излезе од печат изборот од македонската народна еротика „(И)стории од долапот“. Изборот и предговорот се на Ана Мартиноска. Во книгата се презентирани македонски еротски приказни, песни, гатанки и пословици. Мартиноска вели дека книгата е значаен придонес во македонската фолклористика и претставува осветлување на овој не многу истражуван феномен од народната […]