Над 60 македонски уметници дел од „Мјуз-Екс Експо фестивал“ во Тирана


Македонската култура ќе биде претставена во полн сјај на еден од најголемите културни настани во регионот – „Мјуз-Екс Експо фестивал“ (“Muse-X Expo Festival”), кој ќе се одржи од 17 до 19 април во Тирана, Албанија. Фестивалот, кој има изразен интернационален карактер, ќе обедини уметници, продуценти и културни организации од Европа, регионот и пошироко, со што […]

Македонската книжевност за деца на Саемот во Болоња


Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) годинава за првпат со свој самостоен штанд ја претставува современата македонска литература за деца на престижниот Саем на книги за деца во Болоња, најзначајната меѓународна манифестација посветена на книжевноста за деца, илустрацијата и издаваштвото, која се одржува од 13 до 16 април. Со внимателно осмислен настап, МАИ преку присутните изданија […]

„Фудбал под сенка“ – промоција на биографската книга за Васил Рингов од Срѓан Ивановиќ


Биографската книга „Фудбал под сенка“, посветена на легендарниот македонски фудбалер Васил Рингов, во авторство на новинарот Срѓан Ивановиќ, ќе биде промовирана на 17 април (петок), во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“,  во 20 часот. Книгата излегува постхумно, неколку месеци по смртта на Рингов, кој активно беше вклучен во нејзиното создавање. Денот на промоцијата, пак, се […]

Скопското Кале, од праисторијата до османлискиот период: Археолошкиот музеј со најголем инвестициски проект во 2026


Јасна и возбудлива слика за континуитетот на животот на Скопското Кале, од праисторијата до османлискиот период, ќе прикажат постојаните поставки кои се подготвуваат за музеите на Скопското Кале, што е најголем инвестициски проект на Археолошкиот музеј во 2026 година.  Директорката на Археолошкиот музеј, Магдаела Манаскова, изјави дека поставките ќе вклучат оригинални артефакти, дигитални реконструкции и […]

Лефти и Рајти оживуваат на филмското платно – започна продукцијата на нов краток македонски анимиран филм за деца


Ликовите Лефти и Рајти, од серијалот „Приказни за облеките“, ќе оживеат и на филмското платно, откако со поддршка на Агенцијата за филм започна продукцијата на краткометражниот анимиран филм за деца „Лефти и Рајти“. Станува збор за нов македонски анимиран проект наменет за најмладата публика, базиран на авторскиот свет на Наташа Дукоска. Филмот е по сценарио […]

Шпанија за прв пат со три филма во трка за Златната палма


  Кан – Шпанија успеа за прв пат да вклучи три свои филмови во конкуренцијата за престижната награда Златна палма на Канскиот филмски фестивал, објавува денес „Ла Паис“. На фестивалот, кој ќе се одржи од 12 до 23 мај, филмовите „Горчлив Божиќ“ од Педро Алмодовар, „Љубениот“ од Родриго Сорогоен и „Црната топка“ од двајцата филмски […]

„Народен пратеник“ на МНТ со две актерски награди во Пожаревац и во Велес


Двајца првенци на Македонски народен театар во ист ден беа наградени за своите улоги во претставата „Народен пратеник“, на два различни фестивали, потврдувајќи го високиот уметнички квалитет на ансамблот и силниот регионален одек на театарот. Актерот Тони Михајловски ја доби наградата за најдобар актер на вечерта, доделена веднаш по изведбата на претставата на јубилејното 30. издание на фестивалот „Актерски свечености – Миливоје Живановиќ“ […]

Која е највисоката плата во Културата? Уставниот суд вели 128.000, а синдикатот тврди 88.900 денари


  Уставниот суд вчера отвори постапка за оценување на колективниот договор за култура и во образложението на одлуката наведе дека примањата се движат „согласно прибавените податоци од 45.000 денари основна плата за најниско звање на помошно-технички персонал до 128.000 денари за највисоко звање на даватели на услуги“. И дека оспорениот Колективен договор за култура опфаќа […]

Уставниот суд со постапка за Колективниот договор за култура: Сомнеж за автономен платен систем


Поради сомнеж дека го надминува законското овластување, воспоставува автономен систем на плати без соодветна законска рамка и не содржи јасни и објективни критериуми за утврдување на платите, Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура, се наведува во соопштението на Уставниот суд како појаснување за Одлуката донесена на […]

Да не беше Унко, немаше да биде Горан, да не беше Горан, немаше да биде Дејан


Дејан Дуковски во македонската драма и театар влегува кон крајот на 80-тите и 90-тите години и тогаш се случува превртување на тогашната сцена. Дуковски постави тренд во европскиот театар. Иако многумина умеат да кажат дека фамозниот тренд на постмодерната драма, или познат како „театар на крв, сперма и пот“ (In yer face theatre), започнал од […]

Објавен прв том од избрани дела на Томислав Османли


Љубителите на убавата домашна литература деновиве одново ќе имаат можност да се сретнат со еден од најоригиналните македонски современи романи. Со поддршка на Министерството за култура и туризам, книгоиздателството „Виг зеница“ го објави романот „Дваесет и првиот“, едно од најбележитите дела на македонскиот писател Томислав Османли. Станува збор за првата книга од повеќегодишниот проект на […]

Универзална почнува да се гради, соопшти Министерството за култура


По долги години чекање и административни пречки, денес официјално можеме да објавиме: започнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала – еден од најзначајните културни симболи на Скопје и на Македонија, соопшти Министерството за култура. Министерството за култура и туризам, информира дека постапката за избор на изведувач за Универзална сала успешно е заокружена откако Државната комисија […]

Креативноста и натаму ја победува глупоста: Интервју со Александар Поповски, режисер


  Со овации, почит и со возбуда кон неговото режисерско наследство, Скопје во преполниот МНТ ја пречека претставата „Амадеус“ на Словенечко народно гледалишче од Марибор, во режија на ценетиот автор дома и во регионот, Александар Поповски (1969). Поповски, наградуван театарски и филмски режисер, за кого се бара влезница повеќе и кој импонира со своите претстави […]

Велигденски концерт на Македонската филхармонија


Оркестарот на Македонската филхармонија вечер во 20 часот ќе одржи Велигденски концерт на кој ќе биде изведено монументалното вокално-инструментално дело „Ѕвона“ од Сергеј Рахмањинов. Диригент е маестро Најден Тодоров (Бугарија), а како солисти ќе настапат Катерина Стојановска, сопран, Исмет Вејсели, тенор, Иван Наумовски, баритон/бас и хорот „ПроАрс“. На програмата е и симфониската поема „Прелудии“ од […]

Кустос од Националната галерија е нов директор на Музејот на Македонија


Од 1 април, Александар Ристевски е нов директор на Музејот на Македонија, соопшти националната установа. Ристевски доаѓа на местото на досегашниот в. д. директор Пано Серафимов, кој e од редот на вработените. Ристевски е избран на конкурсот кој го распиша Министерството за култура и туризам во февруари. Тој доаѓа од Националната галерија на Македонија во […]

Тимовите задолжени за „Скопје европска престолнина на културата 2028“ работат интензивно, уверува Ѓорѓиевски


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, одговарајќи на советничко прашање, нагласи дека тимовите задолжени околу организацијата на „Скопје европска престолнина на културата 2028“ работат интензивно со подготовките. -Дополнително, интензивно тимовите кои се задолжени таму работат околу координацијата и подготовките. Ни следи процес во кој ќе има и ребрендирање на започнување на нашиот главен град, на […]

Трилерот „Малдорор“ ја заокружува регионалната турнеја со три проекции во Кинотека


Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на […]

Пристапно предавање на новоизбраниот дописен член Ивица Џепароски на 15 април во МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите кани на пристапно предавање на новoизбраниот дописен член на академијата, проф.д-р Ивица (Иван) Џепароски, на тема „Уметноста и институционалната теорија на уметноста“.  Предавањето ќе се одржи во амфитетатарот на МАНУ, на 15 април, во 12 часот. Пригодна реч ќе одржи акад. Влада Урошевиќ.

Изложба „H.O.P.E. – Harmonies of Presence & Empathy“ на Илина Арсова во КИЦ Истанбул


Во Македонскиот културен центар во Истанбул вечер ќе биде отворена изложбата „H.O.P.E. – Harmonies of Presence & Empathy“ на македонската уметница Илина Арсова. -Изложбата претставува визуелно истражување на концептот на хармонија како состојба на рамнотежа, емпатија и заедништво. Во контекст на современите урбани средини, какви што се Скопје и Истанбул, обележани со неизвесност и динамични […]

Студентската изложба „Дисторзии“ во МКЦ


Во Младинскиот културен центар вечер ќе биде отворена студентската тематска изложба „Дисторзии“ која ќе биде отворена за посетители до 19 април годинава. Како што соопштуваат организаторите, изложбата претставува обид за внимателно и критичко разгледување на системската дисторзија како општествен и институционален феномен што директно влијае врз обликувањето на младинската креативност и начинот на кој младите […]