Бесплатни онлајн проекции на филмот „Дивиа“ по повод Денот на планетата Земја


По повод Денот на планетата Земја (22 април), публиката од регионот ќе има можност бесплатно да го гледа еколошкиот документарен филм „Дивиа“ (DIVIA), во режија на Дмитро Хрешко, автор од Украина. Филмот ќе биде достапен онлајн од 22 до 29 април преку линкот ondemand.kinomeetingpoint.ba. Проекцијата се одржува како дел од програмата Екоскоп, иницијатива на фестивали […]

Комеморација за Родољуб Анастасов во Музејот на град Скопје


Во Галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“ во рамки на Музејот на град Скопје денеска во 12 часот ќе се одржи комеморација во спомен на доајенот на современата македонска ликовна уметност, професорот Родољуб Анастасов. Како што соопшти Музејот на град Скопје, на комеморацијата колегите, пријателите, семејството и почитувачите на творештвото ќе му оддадат почит на Анастасов, […]

Балетска магија во МНТ: Македонски таленти и ѕвезди од Париската опера се споија за стартот на 22. Танц фест


Стартот на 22. „Танц фест“, годинава на релација Скопје-Битола, синоќа, на сцената во МНТ, од почеток до крај беше балетска магија што ќе ја паметат и учесниците и публиката. Започна со настап на најдобрите пет финалисти од конкурсот за наградата „Роксан Стојанов“, и заврши со прогласување на победничката на првата награда „Роксан Стојанов“, Виола Имери, […]

Македонија со павиљон и уметнички настап на „Muse-X Expo Festival“ во Тирана


Државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова деновиве престојува во Тирана, Албанија каде се обрати на отворањето на еден од најголемите културни настани во регионот – „Мјуз-Екс Експо фестивал“ (“Muse-X Expo Festival”), соопшти Министерството за култура.  Во своето обраќање, Ѓоргова ја потенцирала важноста на културната соработка и поврзувањето меѓу земјите, обединувајќи […]

Во македонскиот КИЦ во Загреб промоција на книгата „Магичниот круг на детството” од Татјана Гогоска


Во Македонскиот културно-информативен центар (КИЦ) во Загреб вечерва ќе се одржи промоција на книгата „Магичниот круг на детството” од авторката Татјана Гогоска. Промоцијата ќе се оджи во рамки на мултимедијалниот проект за деца „Магичниот круг на детството“ на КАТ Продукција. Основата околу која се движи магијата на овој проект, како што се наведува во соопштението […]

Кубанска магија: Двочасовна журка со бендот на Ален Перез и Националниот џез оркестар во Скопје


Дека музиката ги урива сите јазични, култоролошки и секакви други бариери се потврди на најуверлив начин и синоќа во Скопје на концертот на кубанската ѕвезда Ален Перез (Alain Pérez) и неговиот la Orquesta заедно со Националниот џез оркестар, кој прерасна во голема двочасовна журка во распродадената сала на Националната опера и балет. Кубанските ритми им […]

Стоби најпривлечен за Американците – и за донации и за посетители (репортажа)


Возењето по патот од Скопје до најпознатиот римски археолошки локалитет во Македонија  –  античкиот град Стоби е пријатно, пред да фатат летните горештини. Во лето е неиздржливо и за посетителите, за одомаќените кучиња, и за тие навидум мртви камења но и прекрасни мозаици кои го прават едно од најзначајните културни богатства кај нас и на […]

Мицкоски: Буџетот за културата нема да се крати, но не е во ред  поголем дел од средствата да одат за плати, а не за проекти и програми


Колективниот договор во културата бил усвоен без позитивно мислење од Министерството за финансии, вели премиерот Мицкоски и додава дека за еден колективен договор да биде применлив, неопходно е претходно да постои согласност од Министерството за финансии, што, според него, во овој случај недостигало. Нагласува дека доколку сакаме да имаме функционална држава треба да има ред […]

Во Битола предпремиерни проекции на филмот „Железна тврдина“


Во битолското кино „Манаки“ вечер и утревечер ќе бидат приредени две пред-премиерни проекции на филмот „Железната тврдина” на режисерот Митко Панов, единствениот македонски добитник на наградата „Златна палма”. „Железна тврдина“ е филм за кревки луѓе, кој од обична филмска работилница со штитеници на Психијатриската болница од Демир Хисар, прерасна во долгометражен филм во кој се […]

„Профундис“ и Ема Попивода со ексклузивен перформанс на отворањето на „Мјуз-Екс Експо фестивал“ во Тирана


Камерниот оркестар Профундис ќе настапи на свеченото отворање на интернационалниот „Мјуз-Екс Експо фестивал“ (“Muse-X Expo Festival”), кој од  вечерва до 19 април ќе се одржи во Тирана, Албанија. Настапот ќе биде реализиран заедно со истакнатата македонска пијанистка Ема Попивода и ќе претставува централен уметнички момент на отворањето на фестивалот. На 17 април, публиката ќе има […]

Изложба „Етнографија во делата од колекцијата на Националната галерија“ во Чифте амам


Националната галерија на Република Северна Македонија вечер во 19 часот во објектот Чифте амам ќе ја отвори изложбата „Етнографија во делата од колекцијата на Националната галерија“, за која информира дека е проект синергија помеѓу етнологијата и ликовната уметност, толкувајќи ги и разработувајќи ги етнографските елементи во уметничките дела создадeни кон крајот на 19 и првата […]

Културните работници вчера седнаа на маса со Љутков. Денес протестираа пред Министерството


Културните работници денеска излегоа на протест пред Министерството за култура, барајќи да се почитува колективниот договор и достоинството на професијата, информира Синдикатот на културата на Македонија. На собирот беа истакнати транспаренти со пораки за зачувување на колективниот договор и за подобрување на условите во секторот.Протестот следуваше откако вчера во Министерството за култура и туризам седнаа […]

Отворена изложбата „Инспирации“ по повод Скопје- Европска престолнина на културата


Посетата  на  Скопје на градоначалниците Џозефин Хаге од Кемниц (Германија) , Родолфо Зиберна од Горица (Италија) и Само Турел од Нова Горица (Словенија), каде што заедно со Град Скопје реализираа низа активности посветени на размена на искуства поврзани со титулата европска престолнина на културата, која Скопје ќе ја носи во 2028 година, синоќа беше заокружена со […]

Црквата „Св. Константин и Елена“ во Мокрино ќе се конзервира и реставрира со пари од унгарскиот кредит


Со над 2 милионa денари, обезбедени преку унгарската кредитна линија, следната недела започнуваат конзерваторско-реставраторските зафати на ѕидното сликарство во црквата „Св. Константин и Елена“ во село Мокрино, Општина Ново Село, најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната посета на сакралниот објект, заедно со директорот на Заводот и музеј – Струмица, Бранко Ѓоргиев, […]

Со „Приказната за Силјан“ стартуваат филмските проекции во Кочани со нова дигитална опрема


Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани утре ќе ја одржи првата филмска проекција со новата дигитална кино опрема, набавена со донација од Агенција за електронски комуникации. Со документарниот филм „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска, снимен во околината на Кочани, во Облешево, официјално ќе започне новата сезона на филмски проекции. Како што најави […]

Симон Трпчески со два ексклузивни концерти во Охрид и Битола во август


  Македонската публика ќе има можност да присуствува на две исклучителни вечери со еден од најценетите уметници од нашата сцена, Симон Трпчески. Пијанист со богата меѓународна кариера, настапи на најпрестижните концертни сцени и соработка со врвни светски оркестри, Трпчески е уметник чиј израз одамна ја надминува локалната рамка и е препознаен од публиката ширум светот. […]

Oбјавен e регионалниот поетски конкурс „Арс лирика балканика – регионална поетска награда“.


Со цел да се поттикне современото поетско творештво и да се зајакне културниот дијалог меѓу земјите од регионот, денес официјално е објавен регионалниот поетски конкурс „Арс лирика балканика – регионална поетска награда“. Конкурсот има непрофитен културен карактер и е замислен како долгорочна платформа за афирмација на лирската поезија на Балканот, со особен акцент на автентичниот […]

„Симфониски хоризонти“ со Сихана Бадивуку и Паскал Краповски во Филхармонија


Вечерва, во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Симфониски хоризонти“ на кој како солисти ќе настапат виолинистката Сихана Бадивуку и виолончелистот Паскал Краповски. Диригент е Десар Сулејмани (Германија), а на програмата се увертира од операта „Поетот и Селанецот“ од Ф. Фон Супе, Концертот за виолина и виолончело ,,Музата и поетот” од К.Сен-Санс, „Тешкото“ од Г.Смокварски и Симфонијата број […]

Мултимедијален проект за деца „Магичниот круг на детството“ во КИЦ во Загреб


Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб од денеска до 19 април ќе се реализира мултимедијален проект за деца „Магичниот круг на детството“ на КАТ Продукција, со поддршка на нашето Министерство за култура и туризам. -Македонскиот јазик е најголемата културна татковина, која нема граници. Затоа живеењето на јазикот меѓу генерациите, кои не се во Македонија, туку […]

Концерт на Националниот џез оркестар со кубанскиот музичар Ален Перез


Националниот џез оркестар вечер од 20 часот во Националната опера и балет ќе одржи  концерт „Cuban Jazz Explosion“ со   кубанскиот музичар со светска кариера Ален Перез  и неговата осумчлена ритам-секција „La Orquesta“. Настанот е дел од европската турнеја „La Fiesta Tour“, која ја носи автентичната енергија на кубанската музика на најзначајните сцени низ Европа. -Со […]