Премиера на „Идеален маж“ на Поповски во Загреб, сите изведби во јуни распродадени


Премиера на претставата „Идеален маж“ според Оскар Вајлд, во режија на македонскиот режисер Александар Поповски и со музика на композиторот Кирил Џајковски, денеска  ќе биде изведена на големата сцена на Хрватското народно казалиште (HNK) во Загреб. Како што информираат организаторите, сите пет изведби на претставата во јуни се однапред распродадени, што, според нив, сведочи за […]

Почна 25. ОФФест: Уникатниот звук на балафон и африканските ритми ја маѓепсаа публиката


Два концерти и две уникатни музички изведби на почетокот на годинашниот 25. по ред ОФФест синоќа во Националната опера и балет во Скопје ги маѓепсаа присутните кои имаа можност да го слушнат виртуозот на оригиналниот африкански инструмент балафон, Ласана Диабате и заразните африкански ритми и социјално ангажирани песни на феноменалните БЦУЦ од Совето во Јужна […]

Маржан Сатрапи, авторката на култниот „Персеполис“, почина „од тага“ на 56-годишна возраст


Канцеларијата на францускиот претседател Емануел Макрон во четврток објави дека Маржан Сатрапи, француско-иранската авторка и илустраторка зад популарната серија графички новели и филмот Персеполис, почина на 56-годишна возраст. „Персеполис“ е приказна за авторката која растела во Техеран за време на Исламската револуција во 1979 година, пред нејзините родители да ја испратат во Европа. Таа беше […]

Драмски театар со претставата „Мачкина глава“ го отвора 60. МТФ „Војдан Чернодрински“


Утре на 5 јуни во Прилеп со претставата „Мачкина глава“ на Драмски театар Скопје свечено се отвора 60. МТФ „Војдан Чернодрински“. Претставата ќе биде изведена во Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп во 20 часот. Јубилејниот 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ годинава под мотото „Храбриот нов театар“, ќе отвори дијалог за кризата на човекот во […]

6. Фестивал за класичен балет и модерен танц, наградата за животно дело „Ѓорѓи Македонски“ за Зоица Пуровска-Велевска


Шестото издание на Фестивалот за класичен балет и модерен танц ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Македонскиот народен театар, во организација на Детскиот културен центар – Карпош. Како што соопштуваат организаторите, ова уникатно културно случување, единствено од ваков тип во нашата земја, веќе шест години претставува значајна референтна точка за сите љубители […]

Со концерт на Националниот џез оркестар вечер се отвора „Џез стрим фестивал“ во Струмица


Во Големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ вечер со почеток во 20:00 часот, со концерт на Националниот џез оркестар, ќе биде отворено првото издание на„Џез стрим фестивал“ во Струмица. Како што информираа од оркестарот, публиката ќе има можност да ужива во моќниот звук на биг бенд оркестарот во живо, под диригентство на маестро […]

„Младите доаѓаат“ – концерт на учениците од државите музички училишта


Под диригентската палка на Бисера Чадловска денеска ќе се одржи традиционалниот концерт со учениците од државните музички училишта. На концертот насловен „Младите доаѓаат“ ќе бидат изведени дела од Моцарт, Хајдн, Роули, Бернштајн, Елгар, Крепен, Капуци и Итуралде. Ќе настапат Софија Михајловска – пијано ДМУ Битола (III година во класата на проф. Маја Божиновска), Јане Петровски […]

„Од ’Црвенкапа’ до ’Џинџуџе’“ на Весна Мојсова-Чепишевска ќе биде промовирана во КИЦ


Во Културно-информативниот центар – Скопје (КИЦ), во салонот „Империјал“, во петок, на 5 јуни, со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоцијата на книгата „Од ’Црвенкапа’ до ’Џинџуџе’“ од универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, во издание на „Панили“. Наместо класична промоција со формални обраќања, книгата ќе биде претставена преку разговор меѓу авторката и Елена Ѓорѓиовска, […]

Самостојна изложба на Павле Кузманоски со 12 слики во гигантски формати


Академскиот сликар Павле Кузманоски денеска ќе одржи изложба на уметнички слики со големи формати, кои се со повеќе метри должина и височина. Изминативе денови беа поставени 12 такви уметнички дела-слики во уметничката сала на Музејот на тетовски крај (Дом АРМ), каде што свеченото отворањето е предвидено за во 19 часот и 30 минути. Идејата за […]

Француското издание на „Јас, на некое друго место“ на македонската драмска авторка Ана Ристоска Трпеноска


На 4 јуни во Париз, во издание на издавачката куќа „Парлатгес“, ќе излезе од печат книгата „Јас, на некое друго место“ од македонската драмска авторка Ана Ристоска Трпеноска, на француски јазик, во превод на Фроса Пејоска Бушеро. Македонското издание на драмата е на Перун Артис Битола.  „Јас, на некое друго место“ е наградена со европската […]

Завршна годишна изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје


Во кампусот Педагошка вечерва и на 5 јуни во Сули ан, со почеток во 20 часот ќе се одржи 46. Завршна годишна изложба на студентите на Факултетот за ликовни уметности за академската 2025/2026 година. Како што информираат од ФЛУ, пред публиката ќе бидат претставени дела на студентите од сите студиски програми на Факултетот за ликовни […]

Почнува јубилејниот 25. Оффест – богата програма со учесници од 12 земји, во фокусот континентот Африка


Осум концерти во четири фестивалски вечери ќе понуди програмата на годинашниот 25. Оффест (OFFest), кој ќе се одржува од денеска до 6 јуни. Организаторот, Скопски џез фестивал, најави богата програма со учесници од 12 земји, со посебен акцент на континентот Африка.  Директорот Оливер Белопета на прес-конференцијата во пресрет на фестивалот, соопшти дека се држеле до […]

Во Кинотека филмски омаж на Анте Поповски по повод 95 години од неговото раѓање


Од денеска до 6 јуни во соработка со Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, во Кинотеката ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето на поетот. Како што информираат од кинотеката, во таа пригода ќе бидат прикажани повеќе филмови во кои Анте Поповски е […]

Битолскиот театар со „Ричард трети“ патува на фестивалот „Бабелфаст“ во Трговиште, Романија


Претставата која ја освои публиката и жирито на 33. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ и беше избрана за најдобра претстава на истиот, „Ричард трети“, од Вилијам Шескпир во режија на Мартин Мирчевски, ќе биде дел од фестивалот „Бабелфаст“ во Трговиште, Романија , каде Народниот театар од Битола ќе настапи на 07.06.2026 […]

Со премиерата на претставата „Оркестар Титаник“ Народниот театар од Охрид ќе го одбележи 15-годишниот јубилеј


Со двојна премиера на претставата „Оркестар Титаник“ од Христо Бојчев, во режија на Андреј Цветановски, Народниот театар Охрид ќе одбележи 15 години постоење како дел од НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид. На денешната прес-конференција по повод јубилејот, директорот на установата Горан Стојаноски истакна дека одбележувањето на 15-годишнината претставува признание за сите што […]

Ванчо Полазаревски добитник на наградата „Оливера Николова“ за 2026 година


Во книжарницата „Литература.мк“ вчеравечер на Меѓународниот ден на детето, на Ванчо Полазаревски му беше врачена книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година за романот „Чудна случка во гратчето Капи и Штици“. На настанот, како што информираат од издавачката куќа „Арс Ламина“, покрај врачувањето на признанието за најдобар необјавен роман за деца и млади, што го […]

Mакедонската култура во фокусот на франкофонскиот фестивал „Солеј“ во Созопол


Македонскиот културно-информативен центар во Софија и оваа година достојно ја претставува македонската култура на Меѓународниот франкофонски фестивал „Солеј“, кој традиционално се одржува во бугарскиот град Созопол и претставува еден од најзначајните меѓународни културни настани во регионот. Како што соопшти КИЦ Софија, фестивалот обединува уметници, музичари, писатели и културни дејци од повеќе земји, создавајќи простор за […]

Владимир Четкар со одличен концерт во најпополарниот џеџ клуб во Унгарија, Budapest Jazz Club


Македонскиот џез музичар Владимир Четкар концертно се претстави во саботата во Будимпешта во најпопуларниот Унгарски џез клуб, Budapest Jazz Club. Ова е трет по ред настап на Четкар на ова место во кое  редовно настапуваат некој од најпознатите имиња на европскиот и американскиот џез. -На истиот ден во Будимпешта се одржуваше и големото фудбалско финале […]

Отворен конкурсот за наградата за најдобар превод „Драги“ 2026, ќе трае до 1 јули


Отворен е конкурсот за наградата за најдобар превод „Драги“ 2026. Годинава приоритетен вид е поезијата и опфаќа поетски преводни дела (поезија за возрасни и деца, драми во стих, итн.) објавени во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2026 година. Конкурсот е отворен до 1 јули 2026 година Наградата за најдобар превод на македонски […]

Македонската поезија достоинствено претставена на меѓународната книжевна сцена во Бугарија


Проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, член на Друштво на писателите на Македонија и претседател на Македонско научно друштво, со поддршка на Македонскиот културно-информативен центар во Софија ја претстави македонската поезија на „Свето слово“ во Бургас, соопштија од македонскиот КИЦ во Софија. Со својот поетски настап, се наведува во соопштението на КИЦ – Софија, таа не само […]