„Силна, искрена и општествено релевантна приказна“: Меѓународните критики за „Скејтбордингот не е за девојчиња“


 По светската премиера на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума на „Tribeca festival“ во Њујорк, пристигнаа и првите меѓународни критики, кои го препознаваат филмот како силна, искрена и општествено релевантна приказна за женската автономија, семејството, сиромаштијата и судирот меѓу традицијата и современиот живот, се наведува во денешното соопштение од организацијата. Според […]

ДПМ распиша конкурс за „Празник на липите“ за поезија и краток расказ


Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) распиша конкурс за необјавени кратки книжевни форми во рамки на традиционалната манифестација „Празник на липите“. Како што информираат од ДПМ, конкурсот е на слободна тема, а заинтересираните автори можат да учествуваат со една песна до 40 стихови или еден краток расказ до 1.000 зборови. Пријавените творби треба да бидат […]

Изложба на фотографии на младата Јана Наскова во Скопје


Изложба на фотографии на младата авторка Јана Наскова ќе биде отворена вечер со почеток во 20 часот во културно-едукативниот центар „Лабораториум“. Како што информираат од „Лабораториум“, станува збор за резултат на едномесечната резиденција реализирана во рамки на иницијативата „Градски ѕид за Нови Лица на македонската културна сцена“. – Изложбата претставува прв јавен настан од оваа […]

Концерт на Филхармонија со студенти од државните факултети за музика


Концерт на Македонската филхармонија со студентите од државните факултети за музика, насловен „Звукот на идната генерација“ ќе се одржи вечер со почеток во 20 часот. Диригент е маестро Сашо Татарчевски, а како солисти ќе настапат Итан Георгиев, контрабас (III година, доц. м-р Александар Поп-Христов), Кирил Тасев, флејта (II година, проф. м-р Златка Митева), Христијана Матеска, […]

Изложба на Ненад Тонкин во КИЦ – Скопје


Самостојна изложба на Ненад Тонкин, со наслов „Простор – тишина“, ќе биде отворена вечер во Културно-информативниот центар во Скопје со почеток од 20 часот. Како што соопштија од организацијата, изложбата ќе биде отворена до 24 јуни. – Изложбата со наслов „Простор – тишина“ на Ненад Тонкин се состои од ахроматски колажни релјефи изработени од архивска […]

„Ден на откривање“ на Спилберг: „Негово најдобро дело од последниве 20 години“


Научнофантастичниот филм на Стивен Спилберг – „Ден на откривање (Disclosure Day)“, со Емили Блант, Џош О’Конор и Колин Ферт во главните улоги, којшто од денес се прикажува и во киносалите во Скопје, веќе го нарекуваат – негово најдобро дело од последниве 20 години. Спилберг стана едно од најважните имиња во Холивуд во својата повеќедецениска кариера. […]

Македонскиот мјузикл „Као какао“ ќе го отвори битолското културно лето „БитФест“


Македонскиот мјузикл „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски, љубовна приказна напишана од Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски, на 19 јуни ќе го отвори најновото издание на Битолско културно лето „БитФест“. На прес-конференција во Битола, директорот на ЈОУ Културен информативен центар (КИЦ)-Офицерски дом, Димитар Михајловски, изјави дека за прв пат битолскиот […]

Почна снимањето на краткометражниот игран филм „Врзани“ во режија на Сара Климоска


Започна снимањето на краткометражниот игран филм „Врзани“ во режија на Сара Климоска, а во продукција на Унита Филм. „Врзани“ е приказна за Ева, млада жена растргната помеѓу должноста да се грижи за својата болна и контролирачка мајка и потребата конечно да го живее сопствениот живот. Кога неочекуван сплет на околности ќе ја донесе пред одлука […]

Нова книга на Милчо Манчевски во Италија, ги истражува границите меѓу фикцијата и документарниот израз


На Универзитетот во Павија, Италија, се одржа промоција на нова книга на режисерот Милчо Манчевски со наслов „Manchevski: Fiction and Non-Fiction“. Издавач е римската куќа „Cue press“, во едиција со томови од и за Самјуел Бекет, Федерико Фелини, Марко Ферери… Уредник на изданието е младиот италијански писател и публицист Лудовико Кантисани, а воведот го напиша […]

Промоција на збирката „Да живее Долна Дупка“ од Коле Ангеловски во Драмски театар


Во рамките на одбележувањето на јубилејот 80 години Драмски театар – Скопје, денес во 19 часот во театарот ќе биде промовирана книгата „Да живее Долна Дупка“ од доајенот на македонската театарска и филмска уметност Коле Ангеловски. На промоцијата ќе се обратат директорот на Драмски театар Роберт Вељановски, театарскиот критичар Тодор Кузманов, писателот и драматург проф. […]

МНТ со „Страв и надеж“ на јубилејниот 60-ти фестивал „Војдан Чернодрински“


  Македонскиот народен театар денес, 10 јуни, ќе настапи на јубилејното 60-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп со претставата „Страв и надеж“, во режија на Татјана Мандиќ-Ригонат. Претставата е дел од официјалната селекција на фестивалот, кој важи за еден од најзначајните театарски настани во земјава и регионот, а годинава одбележува шест […]

Мултимедијален концерт „Неми слики – жива музика“ во Дебар


Во Центарот за култура во Дебар денеска со почеток во 19 часот ќе се одржи мултимедијалниот концерт „Неми слики – жива музика“, посветен на уметноста на немиот филм. Пред публиката ќе настапи гудачки квартет предводен од Пламенка Трајковска, кој во живо ќе изведува музика синхронизирана со проекција на избрани неми филмови. Концертот нуди можност за […]

Изложба „Ултрамарин“ на Јана Куновска во КИЦ


Самостојната изложба на слики „Ултрамарин“ на ликовната уметница Јана Куновска ќе биде отворена денеска во 20 часот во Изложбениот салон „Империјал 1“ при Културно-информативниот центар (КИЦ) – Скопје. Поставката ќе може да се погледне до 24 јуни. Куновска, која дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и моментално е на докторски студии […]

Киев ја отстрани статуата на Михаил Булгаков, неговиот најпознат писател


  Статуата на Михаил Булгаков во Киев, која стоеше веднаш до музејот во родното место на најпознатиот писател во градот, е урната, објави независниот руски медиум „Медуза“. Властите во декември минатата година одлучија дека Киев нема потреба од статуата на Булгаков, која беше подигната во 2007 година. Уривањето на статуата беше извршено во духот на […]

Изведба на сатиричната комедија „Бардо Тодор“ во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода


Црната сатирична комедија „Бардо Тодор“, вечерва со почеток во 20 часот ќе биде изведена во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во скопската населба Кисела Вода. Претставата е во режија на Сашо Миленковски, а текстот е на Сашо Кокаланов. Проектот е реализиран со поддршка на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“. Во актерската […]

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје


Во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ денеска со почеток во 19 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Физика на радоста“ во реализација на Театар Пи. Претставата го преиспитува човекот како сложено суштество составено од сеќавања, недоизговорени приказни, стравови и емоции, поставувајќи го секој поединец во сопствен внатрешен лавиринт. Проектот е инспириран од романот „Физика на […]

Изложба на 30 уметници во Македонскиот културен центар во Тирана


На 5 јуни, 2026 година, во Македонскиот културен центар во Тирана беше отворена значајна изложба со која се одбележаа 30 години од постоењето на Ликовната колонија Кавадарци. На изложбата се претставени дела од 30 ликовни уметници, создадени за време на нивниот престој на колонијата, а авторите доаѓаат од повеќе земји – Северна Македонија, Албанија, Косово, […]

Балетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“ на сцената на Националната опера и балет на 17 јуни


На 17 јуни со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која […]

Педесет ракописи во конкуренција за наградата „Пегаз“ за 2026 година


На осмиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 50 ракописи. Конкурсот беше отворен на 2 септември 2025 година и траеше заклучно со 1 јуни 2026 година. Добитникот на наградата ќе биде објавен на 2 септември […]

Премиерата на „Идеален маж“ во ХНК Загреб дочекана со долги аплаузи и одлична реакција од публиката


Со голем успех и исклучителен интерес од публиката, на 5 јуни во HNK (Hrvatsko narodno kazalište) во Загреб се одржа премиерата на претставата „Идеален маж“ според драмата на Оскар Вајлд, во режија на Александар Поповски и со музика на Кирил Џајковски. Премиерата беше проследена со долги аплаузи и одлични реакции од публиката, која ја исполни […]