Во Битола почнува „БитФест“ – битолско културно лето


 Со македонскиот мјузикл „Као, какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски, љубовна приказна напишана од Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски, вечер во Битола почнува најновото издание на Битолско културно лето „БитФест“. Во периодот од 19 јуни до 29 август ќе се реализираат 20 проекти од драмска дејност, 6 изложби, 40 манифестации од […]

Јубилејно врачување на „Книжевен жезол“ на ДПМ: Ристо Василевски (Македонија) и Роза Бојанова (Бугарија)


Оваа сабота, 20 јуни, во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија по јубилеен триесетти пат ќе се одржи манифестацијата „Празник на липите“, на која ќе бидат врачени наградите „Книжевен жезол“, кои секоја година се доделуваат на еден домашен и на еден странски поет за нивниот повеќедецениски поетски опус со високи естетски вредности и […]

Концерти на дводневната манифестација „Ритамот на чаршијата“


Во старата скопска чаршија денеска и утре ќе се одржат концерти од разни жанрови во рамки на третото издание на манифестацијата „Ритамот на чаршијата“. Како што соопшти Детскиот културен центар „Карпош“, концертите ќе се одржат на плоштадот „Филип Втори – Карпошово востание“ и Музејот на македонската борба. Од  19 часот вечер со македонска изворна музика […]

„Три Марии“ на руски


Во Москва излезе од печат романот „Три Марии“ на Оливера Ќорвезироска, како осмо дело во проектот „Македонскиот роман на 21 век“ коj Олга Панкина, познат популаризатор на македонските културни вредности во Русија, го конципира и почна да го реализира во 2014 година во соработка со реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“ кој обезбедува натамошна дистрибуција […]

СВП годинава во нов термин – место во август, во јуни


65. издание на СВП, годинава стартува во нов термин, наместо во август, од 24-29 јуни, заради привлекување на нова публика, и заштеди. И годинава ќе ги има стандардните – поетски читања за отворањето и затворањето на фестивалот („Меридијани“ и „Мостови“), книжевниот портрет на венценосецот – холандската поетеса Анекe Брасинга, во црквата „Света Софија“ во Охрид… […]

„Интервју“ : Турски театар со нова премиера в петок


На 19 јуни (петок),  во 20 часот, на сцената на Турски театар во Театар „Комедија“ ќе се одржи премиерата на претставата „Интервју“, по текст на Онур Озџан, во режија на Александра Кардалевска. Во претставата играат Хакан Даци, Џенап Самет, Слаѓана Вујошевиќ и Јеткин Сезаир, додека сценографијата и костимографијата се дело на Онур Озџан. „Интервју“ е […]

Гордана Јовиќ-Стојковска избрана за нова претседателка на ДПМ


Во пријатна колегијална атмосфера во просториите на ул. „Максим Горки“ бр. 18 во Скопје, членството на Друштвото на писателите на Македонија успешно го одржа своето редовно изборно Собрание, при што избра ново раководство. Нова претседателка на Друштвото на писателите на Македонија е писателката Гордана Јовиќ-Стојковска, која ја доби поддршката од мнозинството членови на ДПМ присутни […]

„Рациновото признание“ за 2026 стана драма: Се јави и Катица Ќулавкова


Доделувањето на „Рациновото признание“ за 2026 од свечен чин во Велес се претвори во јавна драма, како во некои кои ги режирал на сцена и годинешниот добитник, театарскиот режисер и театролог Наум Пановски. Тој ја доби наградата за неговата книга „Коста Солев – смртопис“, која требаше да му се врачи на Рациновите средби на 15 […]

Владо Јовановски, Роза Трајческа, Димитар Јакимовски и Апостол Трпески добитници на наградите „Златна рамка“ за 2026 


Друштвото на филмски работници на Македонија вечерва по осми пат ќе ги додели почесните награди „Златна рамка“ кои годинава ги добиваат актерот Владо Јовановски, костимографката Роза Трајческа и филмскиот работник Димитар Јакимовски. Оваа година за првпат ќе биде доделена и специјалната награда „Златна рамка – за особен придонес кон ДФРМ и македонската кинематографија“, која му […]

Награда за Милчо Манчевски на Филмскиот фестивал во Пезаро


Филмскиот фестивал во Пезаро, Италија годинава му оддава специјална почест на македонскиот и американски режисер Милчо Манчевски, кому му ја додели престижаната награда „Пезаро Нова кинематографија 62 за достигнувања во светската кинематографија“. На фестивалот, како што информираат, ќе бидат одбележани и 25 години од „Прашина“, ќе има италијанска премиера на „Бикини Мун“ и промоција на […]

Во Белград ќе биде отворена изложба на дела на 42 македонски ликовни уметници, членови на ДЛУМ


Изложбата „Експериментален цртеж“ работена на тема „Невидливи траги“, на Друштвото на ликовните уметници на Македонија што во април беше отворена во Музејот на Град Скопје, ќе има можност да ја види и белградската публика. Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград вечер ќе биде отворена изложба на дела на 42 уметници, членови на ДЛУМ. Гостувањето на […]

Џијан Емин ќе диригира со Симфонискиот оркестар од Бамберг на концерт во Германија


Диригентот и композитор Џијан Емин ќе диригира со Симфонискиот оркестар од Бамберг, на концерт што ќе се одржи денеска (18 јуни) во овој германски град. По успешната соработка минатата година, Емин повторно ќе настапи со светски познатиот пијанист, композитор и продуцент Франческо Тристано од Луксембург. На концертната програма се дела од Јохан Себастијан Бах, Морис Равел и […]

„Тони“ го заслужи местото во „Галимар“: Румена Бужаровска трет пат објавена во реномираната издавачка куќа


Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ пред 475 француски книжари го претстави „Тони“ – првиот роман на нашата Румена Бужаровска, кој на македонски јазик доживеа четири изданија! Претставувањето беше дел од промоцијата на романот, кој ќе се објави на 3 септември годинава, во превод на Клое Бијон. По збирките раскази „Мојот маж“ (2022) и „Не одам […]

Наум Пановски го одби Рациновото признание за 2026?


Театарскиот режисер и театролог Наум Пановски, добитникот на Рациново признание за 2026, преку видеопорака вели дека одбил да ја прими наградата за неговата книга „Коста Солев – смртопис“, која требаше да му се врачи на Рациновите средби на 15 јуни. Пановски не беше присутен на врачувањето, а во соопштението што вчера го испрати до медиумите, а […]

Нов проект ќе ги поврзе Банско, Дојран и Килкис во културно – туристичка рута


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и министерот за локална самоуправа, Златко Перински вчера беа дел од почетниот настан на проектот „CulTour Crossing Borders“ („Антички Европос – Дојранско Езеро – Римски терми Банско: Преминување на границите за одржлива култура и туризам“), кој се реализира во рамки на Програмата Интерег VI-А ИПА за прекугранична соработка […]

Промоција на „Ништо нормално“ од Симона Јованоска во Битола


 Збирката раскази „Ништо нормално“ од авторката Симона Јованоска ќе биде промовирана во книга-барот „Пионерски“ во Битола со почеток во 19 часот. Како што соопштуваат од „Или-или“, книгата ќе биде претставена низ разговор со авторката, кој ќе го води Сашо Огненовски. – Од своето објавување во март годинава, „Ништо нормално“ предизвикува силен интерес кај читателската публика, […]

Изложбата „Експериментален цртеж“ на ДЛУМ гостува во Белград


Изложбата „Експериментален цртеж“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), реализирана на тема „Невидливи траги“, по својата премиера во Скопје ќе биде претставена и пред белградската публика, во македонскиот Културно-информативен центар во Белград. Отворањето на изложбата е закажано за вечерва во 20 часот, а пред присутните ќе се обратат претседателката на ДЛУМ, Јана Манева […]

Зоран Анчевски: „Длабок простор“ е ново поетско патување во бесконечноста на јазикот и на битието


Постојат простори што не можат да се измерат со далечини, ниту да се опфатат со поглед. Простори што живеат во зборот, во сеќавањето, во мигот кога поезијата го отвора патот кон невидливото. Токму во таков простор – бесконечен, таинствен и повеќезначен – Зоран Анчевски ги поведе читателите со својата нова поетска збирка „Длабок простор“, која […]

Фестивал на француски филм „Корзика во фокус“ од денеска до 20 јуни


Од денеска до 20 јуни ќе се одржува Фестивалот на француски филм „Корзика во фокус“. Како што информира Францускиот институт Скопје, ова фестивалско издание е посветено на современата француска филмска кинематографија, која се одликува со креативност, автентичност и динамика и е една од најинтересните гласови на европската кинематографија. -Ова издание, кое повторно се организира по […]

Балетската претстава „Госпоѓа Бовари“ вечер на сцената на НОБ


Балетската претстава во два чина  „Госпоѓа Бовари“, според романот на Гистав Флобер, ќе биде изведена вечер од 20 часот на сцената на Националната опера и балет. -Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. Госпоѓа Бовари“ е балетска […]