Во КИЦ Софија проекција на филмови и изложба „La Belle Epoque“ – Истокот и Западот, битолската мода низ објективот на Манаки


 Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија вечер со почеток од 18:30 часот, ќе бидат проектирани краткометражните филмови „Баба Деспина и Султанот“, „Исчекување“, „Селска свадба“, „Смртта во Битола“ и „Хуриет во Битола“, снимени од камерата на Манаки. Во истиот термин ќе биде отворена и изложбата на фотографии  „La  Belle  Epoque“ – Истокот и Западот, битолската мода […]

Соопштување на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП


Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година за најдобра поетска книга меѓу две изданија на фестивалот Струшки вечери на поезијата, објавена на македонски јазик ќе биде објавена денеска на прес-конференција.  Во потесен избор од пет поетски книги во конкуренција за наградата се „Меко трње“ од Марија Ангеловска (Скопје: ПНВ Публикации, 2026), „Во куќата“ од […]

Фотографска изложба, концерт на хорот „Фрида од Македонија“ и претстава на Турски театар на програмата на „Скопско лето“


На програмата на Скопско лето вечер во КИЦ ќе биде отворена фотографска изложба насловена „Мали нешта“ на Анне-Мет С. Сомер од Данска, авторка зад Kelter Photography, во Сули ан во 20:30 часот ќе се одржи концерт насловен „Песната е лек“ на Женскиот хор „Фрида од Македонија“, под диригентската палка на Сузана Турунџиева, а на сцената […]

Втор ден Струшки вечери на поезијата – поетски читања, промоции и портрети


Со поетски читањa на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година и портрет на минатогодишната добитничка на ова признание, Јулијана Величковска, денеска продолжува вториот ден од 65-тите Струшки вечери на поезијата. На програмата е и портрет на Даниел Хајндс, лауреат на наградата „Мостови на Струга“ за 2026 година, што заеднички ја […]

Претстави на Театарот за деца и младинци и Турскиот театар денеска на „Скопско лето“


Во рамките на фестивалот „Скопско лето“ денеска во Музејот на Град Скопје ќе биде промовирана книгата „100 години ‘Палјачи’ во Штип (1925-2025): Операта што ја отвори македонската музичка сцена“ од проф. д-р Наташа Диденко.  Театарот за деца и младинци, пак, од 19 часот ќе ја изведе претставата „Патот на Баба Јага“ од Хана Корнети, во […]

Изложба „Дијалог на форми“ на уметниците Мице Јанкуловски и Блаже Крстаноски


– Во галерија „Остен“ вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Дијалог на форми“, на која ќе бидат претставени слики од Мице Јанкуловски и скулптури на Блаже Крстаноски. Како што соопшти „Остен“, изложбата го истражува длабокиот дијалог помеѓу двајца автори, две уметнички дисциплини и два креативни света. -Изложбата е место на средба во која […]

Поезијата сѐ уште има моќ да го менува, па и да го спаси светот: Отворени 65.Струшки вечери на поезијата


Струшките вечери на поезијата, поетски дом, кој веќе 65 лета поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на […]

Ќе го добие ли Вреди и Министерството за култура? 


Откако лани кадри на Вреди  станаа директори на три национални институции од културата,  преку политички договор со владината коалиција, извесно е дека партиите ВМРО и Вреди, според неофицијалните информации, ќе ги разменат и министерствата за социјална политика и за култура, во рамките на најавената реконструкција на Владата. Тоа би значело дека досегашниот министер за култура […]

Анеке Брaсинга, лауреат на „Златен венец“: СВП имаат одек што трае долго по фестивалот


Холандската поетеса Анеке Брасинга, добитничка на највисокото признание „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата денеска на прес-конференција изрази задоволство што се вброи во редот на најзначајните светски творци, добитници на наградата. „Бев многу трогната од тоа внимание. Јас сум првиот холандски поет што ја добива оваа награда и тоа ми претставува голема чест. Со […]

На 89 години почина Јован Павловски, поет, романописец и публицист


Денес, 24 јуни 2026, во Скопје почина Јован Павловски, македонски енциклопедист, поет, раскажувач, романописец, писател  за најмладите, публицист, во три мандата претседател на Друштвото на писателите на Македонија, долгогодишен уредник на повеќе рубрики во „Нова Македонија“, нејзин дописник од Париз и Москва. Јован Павловски е роден во Тетово, на 10 септември 1937 година. Од 1980 […]

Халкбанк, НУ Завод и Музеј Битола и Военото аташе на Република Турција потпишаа Протокол за соработка за уредување на Лапидариумот


Халкбанк АД Скопје, НУ Завод и Музеј – Битола и Военото аташе при Амбасадата на Република Турција во С.Македонија вчера потпишаа Протокол за соработка со кој започнува реализацијата на проектот за уредување и ревитализација на Лапидариумот во комплексот на НУ Завод и Музеј – Битола. Протоколот го потпишаа Фатих Шахбаз, Главен извршен директор на Халкбанк […]

Охрид – омилената концертна сцена на поп, фолк и ѕвезди од класичната музика


Охрид е една од најатрактивните концертни дестинации на Балканот секое лето и се почесто е избор на регионални и светски поп, фолк и ѕвезди од класичната музика.Неговата единствена комбинација од природна убавина, богато културно-историско наследство и развиена туристичка инфраструктура го прави идеално место за организирање музички настани од висок ранг.  Една од главните причини е […]

Јелена Јованова и Гораст Цветковски ќе бидат Лефти и Рајти


Харизматичата Јелена Јованова ќе се појави како блузичката Лефти во анимираниот краток филм “Лефти и Рајти си најдоа дом”. Таа во моментов има природна возбуда кон анимираниот филм за деца, бидејќи и самата е мајка на две дечиња со кои постојано читаат сликовници и гледаат интересни цртани филмови. “Анимиран македонски филм за деца е реткост, […]

Садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата: Почнуваат 65-тите СВП


Со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2026 година, холандската поетеса Анеке Брасинга денеска во Струга почнува 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата. Официјалното отворање на манифестацијата ќе биде вечер со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ […]

Бурхан Шабан ќе одржи концерт на духовна музика


Во организација на Турскиот културен центар „Јунус Емре“ – Скопје, вечер од 19.30 часот во Филхармонијата концерт на духовна музика ќе одржи Бурхан Шабан, уметник, хафиз и еден од најпрепознатливите изведувачи на илахии, касиди и суфиска музика на Балканот. -Концертот во Скопје претставува ретка можност македонската публика повторно да се сретне со уметник чии корени […]

„Протерани од рајот“ – џез концерт со Георги Шарески и Џијан Емин во Сули ан


Џез концерт „Протерани од рајот“ на кој ќе настапат Георги Шарески и Џијан Емин ќе се одржи вечерва во 20 часот во „Сули ан“ во рамки на 47. издание на фестивалот Скопско лето.  Емин и  Шарески ќе изведат заеднички концертен проект што ги спојува современиот џез, импровизацијата и авторскиот музички израз. – Концертот се развива […]

Цуцковски на панел за културна дипломатија во Белград: „Охридско лето“ е значаен промотор на државата


Директорот на Националната установа „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, учествуваше како говорник на панел-дискусијата посветена на културната дипломатија, која се одржа во Палата Србија во Белград. На настанот присуствуваше и премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, заедно со бројни претставници на дипломатскиот, културниот и академскиот сектор. Културниот дијалог, уметноста, музиката и меѓучовечките врски беа во фокусот на […]

Читам, значи патувам: Летен фестивал на книгата во „Три“


Каде или со кои книги ќе патуваме летово? Што ако годинава не мораш да бираш меѓу место и книги? Сo Летниот фестивал на книгата во ТРИ: да читаш значи да патуваш. Затоа, покрај нови наслови, свежи неделни препораки и понуди, ти издава и читателски пасош!   Пополнувањето на пасошот е твојот нов читателски предизвик и е многу едноставно: колку повеќе читаш, толку повеќе […]

„Венценосци: разговори на брегот“ – новата книга на Диме Ратајкоски ќе се промовира на СВП


По повеќе од една деценија помината покрај микрофоните, камерите и сцените на Струшките вечери на поезијата, годинава со особена радост, фестивалски, ќе се промовира најновата книга на Диме Ратајкоски „Венценосци: разговори на брегот“, книга создадена од средбите, разговорите и пријателствата со големите поетски гласови кои низ годините беа дел од Струга. Токму на 65-тото издание […]

Од 24 до 29 јуни Струга повторно ќе дише во ритамот на поезијата


Од 24 до 29 јуни 2026 година ќе се одржи јубилејното 65-то издание на најпрестижната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Мотото на годинашното издание е „Каде што живее поeзијата“. Околу 70 поети, критичари, преведувачи и литературни работници од земјава и странство, ќе имаат единствена можност да творат, да се инспирираат и да создаваат нови […]