КИЦ-Битола домаќин на изложбата „Париски рефлексии 2 и 3“


 Културно информативниот центар-Битола вечер во соработка со Француското конзуларно претставништво и Француската Алијанса ќе отворат изложба „Париски рефлексии 2 и 3“. Пред битолската јавност ќе се претстави втората генерација автори кои се родени до 1930 година, и се вклучиле во дефинирањето на ликовната сцена кај нас по Втората светска војна, односно Борислав Траиковски, Димитар Кондовски, […]

„Тоа сме ние“ – книжевно читање на новата генерација


Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ денеска во Младинскиот културен центар организира книжевно читање „Тоа сме ние“. Настанот ќе започне во 20 часот и ќе вклучи настапи на десет млади автори од новата книжевна генерација, меѓу кои Ивана Јовановска, Моника Стојановска, Ива Петреска и други. „Култура Бета“ најавува дека настанот ќе биде потсетник […]

„Поетот и градот“ со Влада Урошевиќ – осумдесет години слободно Скопје


Културно-информативниот центар денеска ќе ја одбележи 80-годишнината од ослободувањето на Скопје со настанот „Поетот и градот“. Настанот ќе се одржи во салонот Империјал 2 со почеток во 12 часот.  Како што соопштуваат од КИЦ, главен гостин на настанот ќе биде академик Влада Урошевиќ, минатогодишен добитник на наградата „13 Ноември“ за публицистика. Оваа година се одбележуваат […]

Отворање на „Годишната изложба“ на ДЛУМ вечерва во Мала станица


Во Националната галерија, објект Мала станица, вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи отварањето на „Годишната изложба“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Како што соопштуваат од ДЛУМ, изложбата претставува пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број членови на ДЛУМ. – Изложбата е хетерогена и обединувачка, прикажувајќи различни ликовни дела. […]

„Арс Ламина“ го реобјави книжевниот класик „Книга на небото“ од Крсте Чачански


Книжевниот класик во македонската литература „Книга на небото“, од еден од најзначајните наши постмодернистички писатели Крсте Чачански, излезе од печат во ново руво и со нов поговор од Димитрие Дурацовски. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис “, дел од „Арс Ламина – публикации“, е класифицирана во едицијата „Македонски книжевни класици“, придружувајќи им се […]

Силвана Блажевска е нова в.д. директорка на „Стоби“


Силвана Блажевска е нова в.д.  директорка на Националната установа „Стоби“, наш најголем археолошки локалитет. Таа доаѓа на местото на досегашниот директор, Спасе Перовски. Блажевска, која е именувана на оваа позиција од министерот за култура, Зоран Љутков, е доктор по археолошки науки, вработена како кустос советник за архитектонска пластика и скулптура. Таа и во минатото беше […]

Предавања на Плевнеш на „Пантеон Асас Сорбона“


Во текот на ноември, Јордан Плевнеш како македонски автор со меѓународно реноме  и Претседател на ИУ Еуропа Прима, одржува серија предавања на постдипломските студии на универзитетот „Пантеон Асас Сорбона“ на тема : Драмата во политичката историја на светот од Антика до денес,  каде се разработуваат темите на драмскиот жанр на светски план со историските превирања на […]

Проекција на филмот „Нема да исчезнеме“ на Коваленко во рамки на „Зимски МакеДокс“


Во рамки на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“, во Кафе и кино „Котур“ вечерва ќе биде прикажан документарниот филм „Нема да исчезнеме“ на режисерката Алиса Коваленко. Како што соопштија од МакеДокс, „Нема да исчезнеме“ (Украина, Франција, Полска / 2023 / 100’) следи група тинејџери од Донбас, кои се на прагот на зрелоста и имаат сон да […]

Премиера на претставата „Снег“ од Максанс Фермин во режија на Зоја Бузалковска


Во Десинг салата во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје вечерва ќе се одржи премиера на претставата „Снег“ од Максанс Фермин на Независниот театар „Штрих“. Претставата е во режија на Зоја Бузалковска. Како што посочуваат,  „Снег“ зборува за себепотрагата и за љубовта. Таа го следи патот на младиот поет Јуко Акита до себеси и до […]

Велешкиот театар со две актерски награди на Меѓународниот фестивал во Никшиќ


Актерката Јована Миладинова за Изабел де Валоа во претставата „Едвард Втори“ доби Гран при за главна женска улога на свеченото доделување на наградите на 20. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора. Васил Зафирчев за Пирс Гејвстон во истата претстава доби Гран при за споредна машка улога. Претставата „Едвард Втори“ е работена според текст на […]

Oперата „Мадам Батерфлај“ од Пучини на 16 ноември во НОБ


Во рамките на  „Месец на Пучини“ на 16 ноември во 20  часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. Диригент на претставата е гостинот од  Грција, Мирон Микхајлидис, режијата е на  Александар Текелиев од Бугарија, сценографијата на Живојин Трајановиќ, а костимографијата на Лира Грабул, концерт-мајстор е […]

„Наостри ги сетилата“: Концерт во Филхармонија со Роберт Бонфиљо од САД


Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Наостри ги сетилата“ на кој како солист на усна хармоника ќе настапи Роберт Бонфиљо од САД, а диригент е Борјан Цанев. На програмата се дела „Музичка жртва“ од Стојче Тошевски, Концертот за усна хармоника и оркестар од Х. Вила –Лобос и […]

„Париски рефлексии 2 и 3“ во Културно информативниот центар Офицерски дом – Битола


На 13 ноември 2024 година, во 18 часот, во КИЦ во Битола ќе се отвори изложбата насловена „Париски рефлексии 2 и 3“. Оваа изложба беше реализирана во соработка со Францускиот институт во Скопје, односно со амбасадата на Франција и три дела на „Париски рефлексии“ и првично претставена во Чифте амам. Поводот за овие соработки три […]

49. издание на МОТ од 15 до 21 ноември во МКЦ


МКЦ го најавува 49-то издание на Млад отворен театар – МОТ, од 15 до 21 ноември, со театарски настани, претстави, работилница кои ќе се реализираат со огромна поддршка на МОТ – овската мрежа која со страст е создавана изминативе децении. Ова издание на фестивалот се отвора со минатогодишните победници, независната продукција, театарот „Златен Елец“ и […]

Современи дизајнери изложуваат уникатни дела на Дизајн маркет во „Јавна соба“


Уникатно дизајнирани уметнички парчиња од 25 македонски модерни ракотворци се изложени викендов на Дизајн маркетот во „Јавна соба“. Посетителите ќе имаат можност да погледнат и купат парчиња рачно изработен накит, маици со оригинални принтови, воздушни билки, керамички и дизајни изработени од дрво, различни аксесоари, облека со автентични детали… Продуктите, како што се наведува, се оригинални, […]

Овие градови се Европска престолнина на културата во 2025


Секоја година Европската Унија избира градови кои ќе ја носат престижната титула Европска престолнина на културата. Овој статус им овозможува да го покажат своето културно наследство и богатство на светската сцена. За 2025 година, наградата беше доделена на помалку познати, но исклучително интересни дестинации, и тоа Кемниц, Германија, како и Нова Горица во Словенија и […]

Оливера беше и остана да биде гатач на загадочното писмо и јазик на човечкото суштество


Оливера ќе ни недостасува, но се надевам не премногу. Оти со секое наше ново читање и истражување на нејзиното дело и преку пишувањето за неа, ние ќе бидеме со неа. И сега, кога беседиме, тоа за мене значи дека сакаме да кажеме „Оливера, со нас си. Со се што имаш, течеш во нашата „река“ љубов […]

Презентирани вредните археолошки наоди од Струшко


  Осумдесеттина исклучително вредни археолошки предмети се пронајдени при истражувањата на Архајска некропола од шестиот век пред нашата ера на локалитетот Расница во атарот на струшкото село Корошишта. Брознен шлем со позлата, бронзен штит, килибарни и стаклени перли, сребрени игли, котел со постамент, златни прстени и фолии со различна форма и декорација е само дел […]

Новата книга од Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовирана  во МКЦ


Новиот роман од популарниот автор Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовиран на 14 ноември (четврток) во 20 часот, во Младинскиот културен центар – Скопје. Книгата, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе ја промовира Татјана Алексиќ, а модераторка на настанот ќе биде уредничката Татјана […]

НОБ со „Боеми“ ја отвора стогодишнината од смртта на композиторот Џакомо Пучини


Со изведба на ремек-делото „Боеми“ од Џакомо Пучини, вечерва од 20 часот, во Националната опера и балет започнува одбележувањето на 100-годишнината од смртта на Џакомо Пучини. Изведбата е дел од проектот „Месец на Пучини“ во кој ќе бидат изведени и други негови дела. Приказната за животот на љубовниците Родолфо и Мими ќе се изведе под […]