Од Иван Џепароски до Жарко Кујунџински: Соопштени годишните награди на ДПМ за 2024


Збирката раскази „Приказничар“ од Жарко Кујунџиски, во издание на „Антолог“ е добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело, додека „Посвети и пофалби“ од Иван Џапароски, во издание на „Дијалог“ е добитник на наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска збирка во 2024 година, информираше денеска на прес-конференција претседателот на Друштвото на писатели на Македонија […]

Полската авторка Мира Марќинув доаѓа во Скопје


Полската авторка Мира Марќинув доаѓа во Скопје по повод промоцијата на македонското издание на нејзиниот роман „Безматичник“. „Значењето на ’Безматичник’ е семејство пчели останато без матица, како метафора за ќерката која останува без мајка си. Овој прв роман на Марќинув е преведен од полски на македонски од проф. д-р Лидија Танушевска“, велат од „ТРИ“, во […]

Со бруталистичката архитектура на Скопје на Биеналето во Венеција 


Проектот „Страда бруталисима“ на авторите д-р Благоја Бајковски, д-р Ана Рафаиловска, м-р Невенка Манчева Аџиевска и м-р Марија Антиќ Николовска, во организација на Националната галерија ќе ја претставува нашата држава на 19-тата Меѓународна изложба на архитектурата во Венеција што ќе се одржи од 10 мај до 23 ноември. „Страда бруталисима“ ја става во фокус бруталистичката […]

Прес-конференција на ДПМ за годишните награди (во живо)


 Прес-конференција на Друштвото на писателите на Македонија на која ќе бидат објавени членовите на жири-комисиите задолжени за доделување на годишните награди на ДПМ за 2024, како и петмината добитници на наградите: „Стале Попов“, „Ацо Шопов“, „Ванчо Николески“, „Димитар Митрев“ и „Мост“.  

ДПМ ќе објави членови на жири-комисии и добитници на пет годишни награди


Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска на прес-конференција во 12 часот ќе ги соопшти членовите на жири-комисиите задолжени за доделување на годишните награди за 2024 година, како и петмината добитници на наградите. Како што најавија од ДПМ, ќе бидат објавени добитниците на наградите „Стале Попов“ за најдобро прозно дело, „Ацо Шопов“ за најдобра збирка […]

Љутков ќе го соопшти проектот кој ќе не претставува на 19. Биенале на архитектурата во Венеција


 Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска на прес-конференција во Националната галерија – Даут-пашин амам ќе го соопшти проектот кој ќе ја претставува нашата држава на 19. Биенале на архитектурата во Венеција. Годинашното издание на Биеналето на архитектурата во Венеција ќе се одржи од 10 мај до 23 ноември.

„Се викам храброст“ – ново енциклопедиско издание посветено на 50 исклучителни жени од нашата земја


Новото енциклопедиско издание „Се викам храброст“ со 50 инспиративни приказни од животот на македонските хероини, излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.   Книгата ќе биде промовирана на 11 февруари (вторник), во 18 часот во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на „Денови на литературата“. На настанот ќе присуствуваат […]

Нова Горица и Гориција спектакуларно ја славеа титулата Европска престолнина на културата (фото)


  Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, синоќа, во Нова Горица, присуствуваше на церемонијата на отворање на првата транснационална „Европска престолнина на културата ! Нова Горица/Гориција“.     Со незаборавен културен спектакл отворањето се одржа на плоштадот Европа  кој симболично го преставува срцето на Нова Горица (Словенија) и Гориција (Италија), два града во две […]

„Есмералда“ вечер во Националната опера и балет


 Ремек-делото на класичната балетска уметност „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи, ќе се изведе вечер на сцената на Националната опера и балет со почеток во 20 часот, информираат од оваа установа. Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква“ од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, […]

Цуцковски ја запозна Сиљановска-Давкова со новитетите на 65. Охридско лето


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими директорот на Националната установа „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски. Упатувајќи честитки до Цуцковски по повод неговиот избор за директор на овој реномиран меѓународен фестивал, таа изрази уверување дека со богатата музичка кариера и како првенец на Националната опера и балет ќе придонесе за унапредување на уметничко-естетските вредности и критериуми на „Охридско […]

Љутков објави дека Гевгелија е Град на културата за 2025 година


Гевгелија е Град на културата во државата за 2025 година, објави денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на прес конференција што се одржа во овој град. Според министерот, ова признание не е само чест, туку и обврска и притоа истакна дека Гевгелија по втор пат е град на културата по 2011 година. – […]

Промоција на четиритомниот проект „Пролегомена за македонската фотографија“ од Златко Теодосиевски


Во Културно-информативниот центар во Скопје денеска ќе се одржи промоција на четиритомниот проект „Пролегомена за македонската фотографија“ од историчарот на уметност, критичар и публицист Златко Теодосиевски. Четиритомното издание Пролегомена за македонската фотографија е прв ваков проект кај нас посветен на историскиот развој на македонската фотографија во периодот 1855-2020 година. Низ критичка евалуација на процесите и […]

Современиот писател Николај Терзијски во Скопје по повод промоцијата на македонското издание на романот „Ѕвезди под клепките“


Современиот бугарски писател Николај Терзијски доаѓа во Скопје по повод по повод книжевната промоција на македонското издание на романот „Ѕвезди под клепките“, информираат од Издавачкиот центар ТРИ. Промоцијата на романот ќе се одржи во 19 часот во „Јуроп хаус“, со промоторката Ана Јовковска, авторот Николај Терзијски и преведувачката Виолета Танчева-Златева. „Ѕвезди под клепките“ („Жанет 45“, […]

Промоција на книгата на д-р Људмил Спасов „Особености на граматичката категорија преодност на глаголите во македонскиот јазик“


Во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик денеска ќе биде промовирана најновата книга на проф. д-р Људмил Спасов „Особености на граматичката категорија преодност на глаголите во македонскиот јазик“. Како што информираат од Институтот, поздравно обраќање на промоцијата ќе одржи проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик. Промотори ќе бидат проф. д-р Искра […]

Отворање на официјалната изложба на Остен Биенале 2024 и доделување награди и признанија на уметници


Активностите на Остен Биеналето Скопје 2024 кои со голем успех се одвиваа во текот на целата измината година, ќе имаат своја завршница вечер во 19 часот во Националната галерија на Република Северна Македонија – Чифте амам Скопје со отворањето на официјалната изложба и доделувањето на награди и признанија на уметници и сорботници на ОСТЕН. Изложбата […]

Концерт на Филхармонијата со виолинистот Марк Бучков „Магична виолина“


 Оркестарот на Националната филхармонија вечер со почеток во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Магична виолина“ на кој како солист ќе настапи врвниот белгиски виолинист Марк Бучков, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски. На програмата се: увертира „Оберон“ од К.М. Вебер, Концерт за виолина и оркестар бр. 3 во Ге-дур од В.А.Моцарт и Симфонија […]

Кој е Андреј Ал-Асади, лауреат на наградата „Григор Прличев“?


На свеченост што денес се одржа во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше врачена наградата за најдобра поема на лауреатот Андреј Ал-Асади за поемата “Никогаш пред ил’ потем” под шифра “Хидаспес”, а во рамки на чествувањето на ликот и делото на Прличев. „Темата на поемата е една интраперсонална борба на една од најинтересните личности […]

„Охридско лето“: Квалитетна програма со одобрените 31 милион денари од Министерството за култура


Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната уметничка програма на Фестивалот кој се одржува од 12 јули до 20 август, од Министерството за култура и туризам доби 31 милиони денари. Директорот на „Охридско лето“ Ѓорѓи Цуцковски вели дека со ваквата финансиска поддршка ќе се реализира квалитетна програма со врвни светски и домашни уметници. „Годинава […]

„Денови на литературата“ со попусти до 70%, подароци за читатели, промоции на книги и интерактивни настани за деца


Петтото издание на „Денови на литературата“ ќе се одржи од 7 до 23 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“. Во рамките на продажната акција ќе бидат понудени попусти на книги до 70%, грепки со подароци, книжевни промоции, интерактивна програма за деца и за фанови инспирирана од Хари Потер, Покемон и Исидора Мун, како и дружби […]