Концерт на џипси музика „Дијалози со Џанго Рајнхарт“ под диригентската палка на Тимоти Редмонд


Во камерната сала на Македонската филхармонија, во организација на Фејмс Институтот, вечерва ќе се одржи уникатен музички спектакл насловен „Дијалози со Џанго Рајнхарт“ кој ќе ја спои магијата на џипси музиката со модерниот оркестарски израз. Под диригентската палка на реномираниот диригент Тимоти Редмонд, концертот ќе понуди богата програма која опфаќа различни музички жанрови, а е […]

Прес – конференција по повод концертот на светската тенорска sвезда Пласидо Доминго во Скопје


По повод претстојното гостување на светската тенорска sвезда, Пласидо Доминго во арената „Борис Трајковски“, денеска, напладне, ќе се одржи прес-конференција во фоајето на Македонската Опера и Балет. На конференцијата за медиумите ќе присуствуваат министер за култура и туризам Зоран Љутков, Оливер Арсовски, директор на Македонската опера и балет и Кристијан Стефановски, претставникот од „Прагма продукција“. […]

Изведба на балетската претстава „Есмералда“ во НОБ


Еден од бисерите на класичната балетска уметност „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи вечерва ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет. Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква” од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, во кореографија на реномираниот кореограф […]

Два романа од Зоран Фериќ на македонски јазик


Издавачката куќа Или-Или во едицијата ПРОаЗА денес ги објави романите Смртта на девојчето со кибритчињата и Додека ја преминуваш реката на еден од најпопуларните и наградувани современи хрватски писатели, Зоран Фериќ. И двата романа се во превод на Владимир Јанковски. Смртта на девојчето со кибритчињата е првиот роман на Зоран Фериќ, објавен во Хрватска во 2002 година по неколкуте успешни […]

Факултетот за ликовни уметности организира тридневна работилница за конзервација на уметнички дела


Факултетот за ликовни уметности – Скопје во соработка со Универзитетот на Западна Атика (UNIWA) од Атина, организира тридневна работилница насловена „Од дијагностика до конзервација: Напредни методи за анализа и чистење на уметнички дела“. Работилницата се одржува во Галеријата ФЛУ на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје. Работилницата е наменета за студентите на Факултетот […]

Почина писателот и поет Благој Самоников


На 82 година вчера почина поетот и културен работник, Благој Самоников. Роден на 7 март 1942 во Штип, тој е автор на повеќе поетски книги: „Големиот град“ (1982), „Погрешна претстава“ (1986), „Сомотска пустина“ (1993), „Книга без посвета“ (1999) „Патување за Итака“ (2005), „Вистини без искуство“ (2007), „Неизносена ведрина“ (2010), „Неприпитомена надеж“ (2012), „Отворена книга“ (2014), […]

Црногорско народно позориште на 17 март со „Господа Глембаеви“ гостува во МНТ


По потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Македонскиот народен театар и Црногорско народно позориште, на големата сцена во МНТ, на 17 март во 20 часот, ќе гостува претставата „Господа Глембаеви“ во режија на Данило Маруновиќ, по текст на Мирослав Крлежа, а во продукција на ЦНП. Во претставата играат: Светозар Цветковиќ, Кристина Обрадовиќ, Мишо Обрадовиќ, Уна […]

Предавање за комуникација според принципите на Дејл Карнеги во „Паблик рум“


На 25 февруари, во „Паблик рум“, во 19 часот, ќе се одржи ТРИбина за комуникациски вештини по принципите на Дејл Карнеги, под менторство на комуникацискиот консултант Борче Николовски. Вештините за (професионално) напредување преку комуникација имаат главно место во принципите на Дејл Карнеги, пионер во областа на самонапредувањето и меѓучовечките односи, а се потврдени од многу […]

По успехот на Санденс, „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски ќе го освојува светот


Агенцијата за продажба на права „Филмс бутик“ од Берлин ги продаде правата за диструбуција на македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ на режисерот Георги М. Унковски во повеќе земји, објави „Вараети“. Филмот минатиот месец имаше светска премиера на фестивалот Санденс во Парк Сити, Јута, каде освои две награди: наградата од публиката во програмата Светски филм и Специјалната […]

Драмски ги започна пробите за „Ифигенија за ништо“ 


„Ифигенија за ништо“ е насловот на првата претстава што ансамблот на НУ Драмски театар Скопје започна да ја подготвува во 2025 година. Претставата „Ифигенија за ништо“ по текстот „Ифигенија од Авлида“ од Еврипид, се работи со адаптација, режија и кореографија на Филип Петковски. Сценографијата ја подготвува Мартин Манев, костимограф е Антонија Гугинска Јорданоска. Музиката во […]

Овации за „Кармина Бурана“ во Софија – по 25 години пак Балканска филхармонија


Во Националниот дворец на културата во Софија синоќа се одржа заеднички настап на Македонската, Софиската филхармонија и Симфонискиот оркестар од Солун. На сцената беше изведена „Кармина Бурана“ од Карл Орф. -Преполна сала, стоечки овации и долги аплаузи! Ова беше епилогот по моќната изведба на епската „Кармина Бурана” од Карл Орф којашто се случи во големата […]

Во Битола изложени предисториските антиквитети од Македонија што ја прошетаа Северна Америка


  Со мала изложба во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Битола се финализира изложбата First Kings of Europe што од 2022 до 2024 година беше на турнеја низ Северна Америка. Филдовиот музеј во Чикаго го најави големото отворање, што се одржа на 31 март, 2023 на, како што најавија, својата […]

Националната опера и балет демантира дека е укинат попустот за студенти


Во врска со информацијата  дека Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа, Националната опера и балет, со соопштение објави дека „информацијата е неточна и неоснована“.  Влезниците за студентите во културните установи на 50 отсто „Националната опера и […]

Монодрамата „Кротка“ повторно на репертоарот на струмичкиот театар


 Монодрамата „Кротка“, работена според истоимената новела на Фјодор Михајлович Достоевски, во режија на Дејан Ангелов, а во изведба на Стојан Велков-Трн, по подолга пауза од вечер повторно е на репертоарот на НТ „Антон Панов“, соопштија од струмичкиот театар. Музиката за претставата е на Ставро Ангелаков, а сценографијата на Никола Пијанманов. Актерот Велков-Трн за улогата во […]

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова


Изложбата на фотографии во рамки на проектот „Вечни тела“ од фотографот Жарко Стојчевски и кореографот Искра Шукарова вечер ќе биде отворена во Културно-информативниот центар – Скопје. Проектот, како што информира КИЦ-Скопје, е осмислен од кореографката Искра Шукарова и фотографот Жарко Стојчевски, споделувајќи ги своите заеднички гледишта за возрасното тело на изведувачот, во соработка со петмина […]

Националната опера и балет го укина попустот за студентите


Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа. Овој чекор се чини дека се коси со Меморандумот што Министерството за култура го потпиша минатата година со Универзитетското студентско собрание на УКИМ (УСС УКИМ), а според кој, студентите имаат право на […]

Од Бистрица Миркуловска до Илхами Емин: Објавен првиот број на Стожер при ДПМ за 2025 (линк)


На почетокот на февруари излезе од печат број 156 (првиот број за 2025 година) на „Стожер: ревија за литература, култура и уметност“ при ДПМ. Редакцијата во состав: Славчо Ковилоски,  Марина Мијаковска, Лилјана Пандева, Делвина Крлуку и Стефан Марковски го подготвија бројот со следниве богати содржини: ексклузивен ерменски ракопис „Историја на Александар Македонски“, интервјуто „Македонскиот јазик […]

„Зошто не сега…?“ изложба на тројца македонски визуелни и мултимедијални автори во МКЦ


Во Младинскиот Културен Центар во Скопје, вечер со почеток во 19 часот ќе биде отворена првата заедничка изложба на новоформираната „Уметничката група 3“ од авторите м-р Страхил М. Петровски, д-р Лазе Трипков и м-р Ангел, насловена „Зошто не сега …?, информираа денеска авторите. Тие ги поканија љубителите на визуелната уметност да ја проследат изложбата на […]

Театар Комедија доби 2,4 милиони денари за три претстави


НУ Театар Комедија, за драмска дејност за која, за 2025 година е обезбеден буџет од страна на Министерството на Република Македонија од 2.400.000,00 мкд, по претходна согласност од управниот одбор, даде согласност финансиските средства да бидат распоредени во следниве три проекти: 1. „Секс, лаги и главоболки”, во режија на Александра Кардалевска (колективно авторство) во висина […]

Објавен конкурс за избор на директор на ИФФК „Браќа Манаки“


 Друштвото на филмските работници на Македонија објави конкурс за  избор на директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“-Битола. Новиот директор на фестивалот ќе го наследи досегашниот Симеон Дамески кој во два мандати од по две години го водеше фестивалот на кинематограферите од светот кои секоја есен во Битола се натпреваруваат за наградата златна […]