Промоција на Монографија – 80 години НУ Народен театар Битола


НУ Народен театар – Битола денеска организира промоција на монографијата „80 години Народен театар Битола“ од проф. д-р Иван Додовски. За монографијата ќе зборуваат промоторите: проф. д-р Мишел Павловски и проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска. Монографија илустрирано издание што ја бележи историјата на растежот на институционалниот театар на македонски јазик во Битола во периодот од 1944 […]

„Травијата“ на Верди на сцената на НOБ


 Операта „Травијата“ од Џузепе Верди, ќе биде изведена вечерва на сцената на Националната опера и балет со почеток во 20 часот. Под диригентската палка на Иван Еминовиќ и во режија на реномираната германска режисерка Верена Штојбер, оваа продукција ветува смело сценско дејствие и визуелен квалитет. Сценографијата и костимографијата се дело на Софија Шнајдер од Германија, […]

МНТ со премиера на „Варвари“ во режија на Владимир Милчин, на 14 октомври


Претставата „Варвари“, дело на рускиот писател Максим Горки, а во режија на Владимир Милчин, кое се поставува на големата сцена на МНТ, својата премиера ќе ја има на 14 октомври 2025 година. Репризата е следниот ден, 15 октомври. Во претставата игра масовна актерска екипа од 23 актери: Тони Михајловски, Габриела Петрушевска, Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, […]

„Јон Вардар против галаксијата“ во кината во Унгарија


Првиот македонски долгометражен анимиран филм, „Јон Вардар против Галаксијата“ од вчера, четврток 27 март, се прикажува во кино салите во Унгарија. Филмот викендов имаше специјална проекција пред новинарите и претставниците од филмската индустрија во Будимпешта, во присуство на режисерот Гоце Цветановски и екипата од Унгарија која работеше на проектот. „Унгарија последна влезе во копродукција, но […]

ФЛУ низ призмата на студентите: Влијанието на традицијата и визијата за нови уметнички хоризонти


  Факултетот за ликовни уметности – Скопје оваа година одбележува значаен јубилеј – 45 години од своето постоење. Во текот на четири и пол децении, ФЛУ се изгради како реномирана високообразовна институција, центар на креативност, уметничко истражување и развој, а клучната улога во оваа приказна ја имаат токму студентите – младите уметници кои со своите […]

Објавен конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата, со кој ќе се поттикне развојот на креативните индустрии


Министерот за култура Зоран Љутков на денешната прес-конференција информираше дека е објавен новиот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата, со кој ќе се поттикне развојот на креативните индустрии во 2025 година. Како што рече, со овој конкурс ќе обезбедат финансиска поддршка за проекти кои ќе го стимулираат развојот на креативните индустрии, создавајќи […]

Писателката Билјана Црвенковска на Саем на книгата во Лајпциг


На годинашното издание на Саемот на книга во Лајпциг (Leipziger Buchmesse), што се одржува од 27 до 30 март, писателката Билјана С. Црвенковска ќе се претстави со германското издание на нејзиниот роман „Девет приказни за госпоѓица Сит“ (Die neun Monde der Miss Sith). Романот, кој излезе годинава во издание на германската издавачка куќа Мителдојчер ферлаг […]

Ден на франкофонските култури во ОУ „Киро Глигоров“ во Центар


Во основното училиште „Киро Глигоров“ денеска во 11 часот ќе се одржи настан насловен „Ден на франкофонските култури“, чија цел е низ низа училишни активности на интерактивни штандови да се доближи културната разновидност на франкофонските земји до домашната публика. Настанот го организираат Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и Општина Центар во рамки на […]

Проекција на филмови и разговор со авторката Меријам Тафакори во МСУ


Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ) вечер од 20 часот во Музејот на современа уметност организира проекција на четири кратки филмови од Меријам Тафакори, наградувана иранско-британска уметница и филмска авторка. Ќе бидат прикажани филмовите: „Irani Bag“ (2021), „Nazarbazi“ (2022), „Code Names“ (2022) и „Mast-del“ (2023), а по проекцијата ќе следува онлајн-разговор со Тафакори. Модератори на разговорот ќе […]

„Киненова“ од 30 март до 3 април, средствата ќе бидат наменети за настраданите во несреќата во Кочани


По најголемата трагедија во поновата македонска историја, ние како фестивалски тим одлучивме дека програмата која требаше да биде само наговестување за десеттото, јубилејно издание на МФФ КИНЕНОВА 2025, да им ја посветиме на настраданите во големата несреќа во Кочани со давање хуманитарен карактер на истата. Колкава и да е таа капка на материјална и духовна […]

Љутков со честитка за Светскиот ден на театарот


Кога го славиме 27 Март – Светскиот ден на театарот, го славиме симболот на човечката креативност, ја славиме сцената, која е огледало на нашиот дух, на нашите соништа, стравови и надежи. Театарот во својата појавна форма, никогаш не бил и никогаш нема да биде само простор за актерска изведба. Тој е гласот на колективното искуство, […]

Зошто Иван Штрпка е годинешен лауреат на СВП: Беседа на Катица Ќулавкова


  Иван Штрпка (8.06.1944) е истакнат словачки поет, раскажувач, есеист и преведувач. Тој стапува на книжевната сцена на некогашната Чехословачка при крајот на 60-тите години на 20 век, пред политичкиот преврат 1970-та. Своето поетско патешествие во словачката и европската книжевност Штрпка го почнува групно, заедно со поетите Иван Лаучик и Петер Репка, со нивната легендарна […]

Словачкиот поет Иван Штрпка е добитник на „Златниот венец“ на СВП за 2025


Словачкиот поет Иван Штрпка ( 1944 година, Хлоховец) е годинашен добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП), соопшти денеска Елизабет Барануаи Кукунешоска, претседателка на Управниот одбор на Фестивалот. Академик Катица Ќулавкова, како член на Советот за доделување на „Златниот венец“,  и директорката на СВП, Цветанка Маркоска, говореа за фестивалот на свеченост во […]

Новиот роман-басма на Оливера Ќорвезироска – „Три Марии“ е внимателно осмислен омаж на Славко Јаневски


Новиот роман-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот ќе биде промовиран на 2 април (среда), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, на отворањето на второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, кој е во организација […]

Донација од битолските актери за Светскиот ден на театарот


Со изведба на претставата „Ѓоре Магаревски – 80 години потоа“, битолските актери ќе го одбележат Светскиот ден на театарот, и целиот приход од продадените влезници ќе биде дониран за семејствата на настраданите и повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.  Претставата „Ѓоре Магаревски – 80 години потоа“ е во режија на Благој Мицевски, Софија […]

Изведбата на претставата „12“ во МНТ по повод Светскиот ден на театарот


Македонскиот народен театар ќе го одбележи Светскиот ден на театарот со изведбата на претставата „12“, по мотивите на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), во адаптација и режија на Синиша Евтимов. Како што соопштија од МНТ, традиционално, пред почетокот на претставата ќе бидат прочитани меѓународната и македонската порака посветени на актуелниот театарски миг, а кои ги […]

Изведбата на претставата „12“ во МНТ по повод Светскиот ден на театарот


Македонскиот народен театар ќе го одбележи Светскиот ден на театарот со изведбата на претставата „12“, по мотивите на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), во адаптација и режија на Синиша Евтимов. Како што соопштија од МНТ, традиционално, пред почетокот на претставата ќе бидат прочитани меѓународната и македонската порака посветени на актуелниот театарски миг, а кои ги […]

Саем на книга 2025 од 8 до 14 мај во „Борис Трајковски“


Саемот на книга 2025, најголемиот книжевен настан во земјата, оваа година се одржува под мотото „Храна за душа“, истакнувајќи ја моќта на пишаниот збор да инспирира, образува и збогатува. Од 8 до 14 мај, арената „Борис Трајковски“ ќе се претвори во центар на литературата, каде што посетителите ќе можат да нурнат во светот на книгите […]

Гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска со концерт во Софија


Во рамки на претставувањето на музичкиот проект „Балканско патување“, гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска, денеска ќе одржи концерт во галеријата на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија. Како што е најавено, ќе настапат Пламенка Трајковска на виолина, Милена Гиевска-Андоновска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело. Аранжманите се на Пламенка […]

Изложба по повод 55 години творештво на Таки Павловски


 Во Музејот на Град Скопје денеска во 12, 30 часот ќе биде отворена изложбата „Објекти-градби 1970-1980“ на Таки М. Павловски составена од селектирани дела, дел никогаш неизложени, а ќе се одржи и промоција на неговата монографија „Едиција/ 55 години креативност (17 тома)“. Монографијата претставува издание од посебен вид, едиција на целокупно творештво од 55 години […]