Роман Симовиќ, концертмајстор на Лондонскиот симфониски оркестар, ќе свири за жртвите во Кочани


На 29 април, во камерната сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи хуманитарен концерт со исклучително значење – музичка вечер исполнета со класика, солидарност и поддршка. Концертот е во организација на институтот „ФЕЈМС“, со учество на светски познатиот виолинист Роман Симовиќ, концертмајстор на Лондонскиот симфониски оркестар. Средствата од продадените билети ќе бидат донирани за фондот […]

„Филмско око“, нова книга со филмска есеистика од Игор Анѓелков


Утре од печат ќе излезе „Филмско око“, четвртата книга со филмска есеистика од Игор Анѓелков. Изданието е шеснаесетта книга во едицијата „Или-Или“ на истоимената издавачка куќа. Десет години од објавувањето на првата книга од серијалот, „Филм.мкд“, која се закити со државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“, три години подоцна авторот ја издаде „Филмски град“, […]

Мојсова-Чепишевска: Нека врти колцето на Рацин


„Тој се јави во мал народ и тоа во време кога тој народ сè порешително ја изразуваше својата национална индивидуалност. Тој не беше само човек на литературата, ами по силата на околностите тој требаше, без никакви привилегии, да се вклучи во секидневната практична дејност, полна со опасност, за проширување на социјалните и националните права на […]

Ѕвездата на Париската опера, Роксан Стојанов е добитник на „Менада“ за 2025 


Бордот на интернационалниот фестивал ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ 2025, за 21-то издание, донесе одлука Наградата „Менада“ за врвни достигнувања во областа на танцовата уметност да ја додели на Ѕвездата на париската опера Роксан Стојанов. „Благодарение на извонреден талент и уметничка визија, Роксан Стојанов се издига високо во балетската уметнсот, за што е промовирани во Ѕвезда на Париската опера (Étoile de l’Opéra National de […]

Сараевското народно позориште гостува во МНТ со две претстави на 21 и 22 мај


На 21 мај во 20 часот, ќе се одигра првата претстава – „Сараевскиот трговец“ по текст на Игор Штикс, во режија на Михал Дочекал. Во претставата играат 16 актери: Мона Муратовиќ, Мирвад Куриќ, Сањин Арнаутовиќ, Ведран Ѓекиќ, Амина Беговиќ, Фарук Хајдаревиќ, Нерман Махмутовиќ, Дино Бајровиќ, Ирфан Рибиќ, Сара Сексан, Белма Салкуниќ-Бектешевиќ, Милан Павловиќ, Ален Коњиција, […]

„Постои ли се’ уште нешто што е само француско?“ – предавање на Кристоф ле Риголер на Филолошки факултет


Францускиот амбасадор во Македонија, Кристоф Ле Риголер ќе одржи предавање на тема „Постои ли се’ уште нешто што е само француско?“, во рамки на „Денови на Франкофонијата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.   Предавањето ќе се одржи во петок, 11 април 2025 година, во 11 часот, во Салата за седници на Филолошкиот факултет.    […]

Веле Смилевски за Македонската книжевна конфронтација


„Македонската книжевна конфронтација – од соцреализам до естетски плурализам“ е насловот на новата книга на Веле Смилевски, објавена деновиве во издание на „Дијалог“ од Скопје. Како што посочува издавачот, предмет на авторовите истражувања во овој проект од 400 страници се книжевните полемики како предизвик за соочување со постулатите, особеностите и вредностите на влогот на македонските […]

Промоција на книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“


По повод роденденот на првиот современ македонски граматичар Круме Кепески, денеска во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, ќе биде промовирана книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“, приредена од проф. д-р Јованка Кепеска, во издание на „Македоника литера“. Како што е најавено, за книгата ќе зборува проф. д-р Симона Груевска Маџоска, претседател […]

Ревијална изложба на 60 аналогни автори од Европа


Во Културно социјалниот простор Центар – Јадро во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена првата изложба на Зрно фестивал за оваа година насловена „Проверка на диоптријата“.  Во рамките на оваа изложба, 60 автори ќе се претстават со по едно дело, нудејќи широк спектар на креативни изрази и техники. Изложбата се организира во соработка […]

Промоција на книгата „На врв од острицата“ од Сузана В. Спасовска во ДПМ


Во Друштвото на писателите на Македонија вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „На врв од острицата“ од Сузана В. Спасовска. Книгата е во издание на издавачката куќа „Макавеј“, а промотори ќе бидат Соња Стојменска-Елзесер и Владимир Мартиновски. -„На врв од острицата“ е критичко-есеистичка книга во која се собрани текстови што ја […]

Изложба „Форми во лет, меѓународни уметници во француските колекции“ во МСУ


Во Музејот на современата уметност во Скопје вечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата насловена „Форми во лет, меѓународни уметници во француските колекции“. Изложбата е организирана од Францускиот институт во Скопје и Музејот на современата уметност – Скопје, во соработка со Музејот за современа уметност во Лион и градот Лион. Низ селекција на значајни […]

Венко Андоновски: Рацин е нашиот Бертолд Брехт


Во МАНУ, вчера, пред преполна сала, беше промовирано тритомното издание „Кочо Рацин“. Едицијата се состои од три тома подготвени минатата година, во рамки на научно-истражувачки проект на МАНУ: Поезија (прв том приреден од проф. д-р Венко Андоновски, дописен член на МАНУ); Проза и публицистика (втор том приреден од проф. д-р Искра Тасевска Хаџи-Бошкова); и Животопис […]

Ремек-делото на Пруст конечно преведено на македонски јазик – се оствари сонот на проф. Марјановиќ


„Со објавување и промовирање на вториот том од романот „Пронајденото време” од романескниот циклус „Во потрага по загубеното време” од Марсел Пруст се заокружува еден од најобемните и најзначајните преведувачки подвизи во македонската културна средина, долгогодишниот сон на професорот Ѓорѓи Марјановиќ, кој како редок библиофил, пасиониран љубител и познавач на француската литература, со огромен ентузијазам […]

МАНУ го собра богатиот и разновиден книжевен опус на Кочо Рацин во три тома


Кочо Рацин ги постави темелите на современата македонска книжевност. Бил и сѐ уште е еден од најчитаните и најпопуларни македонски поети. Тој е бард на македонската поезија затоа што најинтимно ја допрел душата на народот, ја искажал болката на работниот народ и ја поттикнал неговата надеж и верба во поубава и поправедна иднина, истакна претседателот […]

Во Синеплекс пристига нераскажаната приказна за Шабан Бајрамовиќ – од Ниш до Њу Орлеанс


Тој е Шабан Бајрамовиќ, или Шале, цар и крал на ромската музика, чие што музичко патување низ животните тешкотии до меѓународно признавање е инспиративно. Од циганското мало во Ниш, до своја поставка во најпознатиот светски џез музеј во Њу Орлеанс, САД. Сега и на филм, во режија и по сценарио на д-р Жељко Мирковиќ, режисер, […]

Љутков: Културното богатство на Гостивар е привлечна дестинација за туристите


Денес, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со заменик-министерот, Седат Сулејмани, ја реализираа работната посета на Гостивар, каде што ги посетија културните институции и значајните културни објекти. По пристигнувањето во Гостивар, тие беа пречекани од директорите на локалните културни установи кои ги претставија тековните активности и идните проекти кои се реализираат со поддршка на Министерството за култура и туризам, но, и со проблемите […]

Распишан конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ на СВП и Делегацијата на ЕУ


 Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со Јуроп Хаус и со поддршка на Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија распиша конкурс за поетската награда „Млада Струга“ 2025 за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант. На конкурсот, како што соопштија Струшките вечери на поезијата, може да учествуваат автори на возраст од 18 […]

„Арс Ламина“ го распиша литературниот и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“ за 2025 година


Издавачката куќа „Арс Ламина“ го распишa традиционалниот литературен и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“. На овој креативен предизвик, кој трае од 2 април до 2 мај 2025 година, право на учество имаат сите деца од градинките и учениците од основните училишта од целата држава. Децата од градинките, на возраст од 4 до 6 години, можат […]

Драмски театар со „Хеда Габлер“ гостува на фестивалот РУТА во Тиват


Драмски театар со претставата „Хеда Габлер“ гостува во Тиват, Црна Цора. Од 7 до 12 април во организација на  Центарот за култура Тиват се одржува црногорското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА. Премиерата на „Хеда Габлер“ беше на 20 април 2024. Гостувањето во Тиват ќе биде 12 изведба на претставата и второ гостување вон матичната […]

Борис Трајанов ќе настапи на јубилејниот концерт на Камерниот оркестар „Скопски солисти“


На јубилејниот концерт – 25години на Камерен оркестар „Скопски солисти“, кој ќе се одржи во вторник на 08.04.2025година, во 20часот во Филхармонија, како солист ќе настапи нашиот познат уметник од светски глас, баритонот Борис Трајанов, национален уметник на Македонија и амбасадор на Унеско , под диригенстката палка на маестро Виктор Митревски, кој доаѓа од Виена, […]