Извини, прости, пардон или sorry


ЗВОНКО ДАВИДОВИЌ  Стојам на автобуска станица и чекам „двојка“. Автобусот застанува и ги отвора вратите и таман да се качам, пред мене се истурка една покрупна госпоѓа со летно фустанче и потпетици од дваесетина сантиметри. Се фати за шипката внатре во автобусот и се поткачи со едната нога, но поради тежината не успеа да се […]

Мицотакис и Преспа


ПЕТАР АРСОВСКИ   По победата на Нова демократија на парламентарните избори во Грција, главна вест во Македонија е новата грчка влада, и сомнежот дека политичките промени во нашиот јужен сосед можат да означуваат и остро вртење во десно во однос на Преспанскиот договор, што последователно би значело и загрозување на нашите евроатлантски, или во овој […]

Ало Трамп, ти ли си…


ЕРОЛ РИЗАОВ „Господине Џонсон, преземете ја линијата, ве бара американскиот претседател, господин Трамп…“ Трамп: „Ало Борис, дајте тргнете ми го овој ваш амбасадор, преку глава ми е од него. Прави големи штети…“ Борис: „Слушај ти таму, комедијанту еден, еднаш веќе ме прелажа, ајде јави му се на твојот Путин и кажи му дека го бара […]

Средната класа му пресуди на Ципрас


НАНО РУЖИН Во дипломатијата постои едно свето правило кое гласи: „Дипломатијата е уметност која служи за да се кажат најгрдите работи на најелегантен начин“. Како да се протолкува на најелегантен начин поразот на Алексис Ципрас без да се злоупотреби дипломатијата? Во регионот голем број дипломати, аналитичари и граѓани се убедени дека Алексис Ципрас ги загубил […]

Каква е одговорноста за наивноста?


Слободанка Јовановска Македонија, или по ново Северна Македонија, е дојдена до граница да биде прогласена за пропадната држава. Епизодата со руските комичари го покажа тоа најдобро деновиве. И причината не е толку што премиерот Зоран Заев испадна наивен, што перцепцијата за неговата способност да владее е сериозно нарушена, што секој од надвор и од внатре […]

Едно „маргинално“ приведување


ЗДРАВКО САВЕСКИ Минатиот петок, на маргините на јавната демонстрација на вооружување што се одржа во Скопје, во склоп на промоцијата на зачленувањето во НАТО, беа приведени тројца демонстранти. Ги одведоа во полициска станица и по одредено време ги пуштија на слобода. Маргинален настан, ќе помислите првично. И тоа маргинален настан поврзан со уште еден маргинален […]

Ако си пратеник, не си над законот


АЛЕКСАНДРА М.МИТЕВСКА Поради тоа што ова е доба на извинувања на македонската политичко-естрадна сцена, можеби, и полицајците што пред некој ден се затекнаа на кружниот тек во населбата Ѓорче Петров би можеле да му се извинат на опозицискиот пратеник Горан Манојлоски. Ако не за друго, тогаш затоа што не го препознале, па се дрзнале да […]

Чиј е Гоце?


ЃОРЃИ СПАСОВ На 20 април 1995 година, кога претседател на Бугарија беше Жељу Желев, добив дозвола од бугарското МНР, како прв амбасадор на Република Македонија во Бугарија, да положам венец на гробот на Јане Сандански во Роженскиот манастир на Пирин Планина. Со делегацијата, во која беа и тогашниот дописник на „Нова Македонија“ од Софија, Бранко […]

Грција се врати на традиционалната политика


ЉУПЧО ПОПОВСКИ Четири и пол години траеше своевидниот политички експеримент во Грција кога гласачите, гневни од корупцијата, лажните економски показатели, неочекуваното соочување со сиромаштијата и невработеноста, се свртеа кон левичарската Сириза и нејзиниот харизматичен лидер Алексис Ципрас, верувајќи дека тие можат да направат чудо во економски измачената нација. Во неделата Грците се свртеа назад, кон […]

Политички амеби


ИЛО ТРАЈКОВСКИ  Амебите ги сметаме за најпрости едноклеточни живи организми. Од друга страна, пак, се вели дека ги има насекаде. И покрај сите промени што се случиле на Земјината топка, тие опстанале стотици милиони години. Упорно ги исполнуваат сите води, сите организми! Тајната на нивната трајност и сеприсутност се наоѓа во карактеристиките на нивниот хабитус. […]

На небеските проблеми им треба тврдо приземјување


АНИТА САЛТИРОВСКА Штетата е направена. Сомнежот во безбедноста на летање од македонските аеродроми е посеан. Ако некој мисли дека граѓаните пред да купат авионски билет ќе се задлабочат во истражување кој е во право од оние што изнакажаа сè и сешто за случувањата во М-НАВ, се лаже. „Леонардо“, паѓање на радарска слика, авиони на недозволено […]

Мохито


ЛЕЈЛА САБИТ Имате за виртуелен, а не за вистински одмор? Не сте поканети на црвен килим или коктел? Сакате да ги имитирате убавиците од „Сексот и градот“? Ова е рецептот за вас, за жешкото лето во Скопје. Потребни се: 400 грама сонце, 400 грама море или планина, многу мраз, 200 грама целосно опуштање, локација по […]

Кога инспектори избираат професори


АНА ПАВЛОВСКА ДАНЕВА Изминатите две седмици имавме можност да слушнеме (или прочитаме) неколку дебати, ставови и критички размислувања во врска со состојбите во високото образование. Не се сеќавам дека медиумите некогаш олку внимание им посветиле на универзитетите, на нивната работа, на проблемите со кои тие се соочуваат, на успесите што повремено ги постигнуваат. Се разбира, […]

Озборувањата не се докази


ФРОСИНА ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ Специјалното јавно обвинителство успеа да го донесе во судница бизнисменот Орце Камчев. Но само како сведок за случајот „Тортура“ во кој им се суди на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и на припадниците на единицата „Алфа“ за нечовечкото апсење на поранешниот министер Љубе Бошкоски, а не за финансискиот криминал што СЈО тврди […]

Холбрук – последниот човек на американското столетие


КРИСТОФЕР ХИЛ За оние од нас кои беа благословени – некои би можеле да велат проколнати – да потрошат важни делови од нашата кариера со Ричард Холбрук, маестралната биографија на новинарот Џорџ Пакер на американскиот дипломат мораше да расчисти висока летвичка. Јас ја отворив книгата „Нашиот човек“ со чувство на страв за тоа што Пакер […]

Понудата на Мицкоски повеќе не важи


ЕРОЛ РИЗАОВ Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, го нема, го нема, па ќе се појави со сензационална изјава како во шоуто на Лила Филиповска. Вели, понудата што ја дал до премиерот Зоран Заев повеќе не важи. Заев ги отворил и ги потрошил сам сите кутии со главните премии и повеќе нема шанси. Сега Мицкоски ќе […]

Хабемус комесар


АЛЕКСАНДАР КРЖАЛОВСКИ „Бел чад“ се појави од Брисел во вторникот доцна попладне со објавата на сегашниот претседател на Европскиот совет (лидерите на сите 28 земји членки на ЕУ) дека е постигнат договор за водечките позиции во ЕУ институциите, по одржаните избори за Европскиот парламент во мај. Без да го опишувам процесот, за кој веќе имаше […]

Риалити шоу од институциите


СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, ја научи лекцијата – донел одлука да им се одземаат мобилните телефони на сите што влегуваат во неговата канцеларија и со кои е на заедничка средба. До вчера било демократија, т.е. анархија, тој имал доверба во тие со кои зборувал, ништо не криел и не слушнал дека […]

Доста е од сервилноста на Заев кон Рама


АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ Сите видовме како поминаа локалните избори во Албанија. Нема друга држава во Европа каде што учествува само една партија и на избирачкото ливче имате само еден кандидат. Тоа не е демократија, тоа е диктатура и комунизам. Кое е тоа понижување на демократијата кога никој друг не сака да учествува на избори затоа што […]

Призем(ј)ен речник


АЛЕКСАНДРА М. МИТЕВСКА Иако поминаа повеќе од четири години од лансирањето на првите „бомби“ од „Бихаќска“, дел од тогашните славни (или дегутантни) реплики ден денес се прераскажуваат во јавноста – меѓу другото и како пример за тоа како не треба да се однесуваат носители на највисоки државни функции по смената на власта, што СДСМ ја […]