Околу СЈО гори, Владата ќе се сонча


АЛЕКСАНДРА М.МИТЕВСКА Во духот на декларираните транспарентност и отчетност, Владата им приреди освежување на граѓаните во овие жешки јулски денови – и на метеоролошки, а уште повеќе на политички план. Во ситуација кога со денови наназад сите очи и уши се вперени кон скандалот „Рекет“ и неговите можни реперкусии врз СЈО, со тоа и врз […]

За што протестираат Русите


АНДРЕЈ КОЛЕСНИКОВ  Поранешниот министер за финансии Алексеј Кудрин предупреди дека земјата ризикува „експлозија“ на протести предизвикани од опаѓање на животниот стандард и широко распространетата сиромаштија. Тој не е во право. Кудрин се смета за главен носител на кадарот на либерални технократи кои работат во нелибералниот систем на рускиот претседател Владимир Путин, а неговите зборови носат […]

Се трудиме да веруваме како Жбогар


НАУМ КОТЕВСКИ Тргна работава. Среде крупната афера „Рекет“ која очигледно, како што вели шефот на државата Стево Пендаровски, оди низ многу слоеви на општеството – економски, криминални, но, за жал, и политички, стигна информацијата од Основниот кривичен суд дека по вторпат е одбиено барањето на осудениот бизнисмен Сеад Кочан поради болест да се одложи извршувањето […]

Корупцијата и капиталистите


ЗДРАВКО САВЕСКИ Огромен е шокот што го доживеа јавноста во врска со случајот „Рекет“ и веројатна вмешаност на Катица Јанева во него. Веќе подолго време се гледаше дека СЈО нема волја и капацитет да си ја изврши задачата и дека е во дослух со власта. Но, тоа не предизвикуваше шок. Само разочараност. Како сета „нова“ […]

Фудбалски туризам 


САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Европа е мерило за сите фудбалски клубови освен за македонските. За Академија Пандев, за Шкупи и за Македонија Ѓ.П. беше можност за „собирање искуство“. Аман веќе со тоа „искуство“. Аха, да. Да не го заборавиме и она „немавме среќа“. Па, добро, има ли крај на тоа „неискуство“ и „несреќа“, што најчесто се […]

Паразити


РУМЕНА БУЖАРОВСКА Не можам да скријам дека и мене ме преплави ужас кога изби скандалот „Рекет“ во текот на последнава недела. Тоа е еден ужас кој се граничи со неразбирање, ужас придружен со желба да не се прифати сомнежот, а потоа и самата реалност. Тоа е ужас кој расте и се продлабочува, кој се крие […]

Кеш


ЛЕЈЛА САБИТ Танго, крупно, ситно, евра, долари, фунти или денари, ви дава моќ, ама може да ве расипe, ви дава слобода, ама може да ве пикне в затвор, да го договарате во четири очи, или да ве прислушува цела нација, намирисаниот да го направи ѓубре, ѓубрето – парфем, светецот ѓавол, ѓаволот светец, паметниот глупав, глупавиот […]

Бумерангот на (не)правдата


АЛЕКСАНДРА М. МИТЕВСКА Темата на чие ехо СДСМ успеа да ја преземе власта од ВМРО-ДПМНЕ, две години подоцна, ѝ се враќа како бумеранг на сега владејачката партија. Минатата година, во ова време, владејачките социјалдемократи се занимаваа со сосема поинакви прашања, како штотуку потпишаниот Преспански договор и подготовките за референдумот за името, соочувајќи се и тогаш […]

Кон Месечината


АЛЕКСАНДАР КРЖАЛОВСКИ Не знам за вас, ама кога случувањата во нашето секојдневие стануваат неподносливи за „варење“, сеедно дали се глупави, криминални или едноставно бедни, а сите водат кон нови и нови разочарувања, јас имам потреба да се свртам кон нешто различно, пожелно инспиративно, а секако и на поубавата страна на животот. Не дека случувањата кај […]

Исчистете го плевелот и прекопајте го лозјето


ЕРОЛ РИЗАОВ Ако политичарите се договорат да ги одбранат граѓаните и државните интереси со тоа што ќе им овозможат на судството и на надлежните институции непречена работа во борбата против криминалот, како што тоа го прават успешно криминалците кога се договараат да ги ограбуваат и државата и граѓаните, тогаш Македонија ќе цвета. Ако, пак, моќни […]

Падот на Катица: Само уште една банална случка


ИЛО ТРАЈКОВСКИ Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева си даде оставка. Тоа е веста со која деновиве се пополнуваат ударни термини и страници во медиумите и социјалните мрежи. Тој нејзин чин може да биде промислуван како настан пар екселанс, или како само уште една „дешавка“ од сретсело. Самата Катица Јанева сака де нè убеди дека станува […]

Облечете ги маичките за опстанок на СЈО


ФРОСИНА ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ „Шарените револуционери“, кои својата борба против режимот ја почнуваа од пред Специјалното јавно обвинителство, први ја закопаа специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и побараа ревидирање на сите постапки на ова обвинителство. Ги фрлија маичките со трите обвинителки, а оние што не ги фрлиле, сега кога над Јанева е надвиснат сомнежот за вмешаност во […]

Оставка и одговорност од „капо ди тути капи“


АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ Погледнете, почитувани читатели, што сè се случи во овие две недели од мојата последна колумна. Ако понекогаш изостануваат теми, овој пат изобилуваат и човек не знае за што побрзо да пишува, па решив да пишувам за сите заедно – затоа што има еден именител што ги спојува, една личност, еден „капо ди тути […]

Патот на СЈО од ѕвездите до калта


АЛЕКСАНДРА М. МИТЕВСКА Да не го „заштитеше“ своевремено СЈО името „Титаник“ како наслов за еден од првите случаи што ги отвори од „џиновската“ лента со нелегално прислушувани разговори, шефицата на Обвинителството за организиран криминал сега ќе можеше да го употреби истиот термин за предметот кој мошне сликовито покажува како во општество во кое правото е […]

Ни треба рециклирање и искористување на отпадот


МИМОЗА НЕСТОРОВА-ТОМИЌ  Отпадот значително ги загадува природата и нашата непосредна животна околина и поради тоа е наш голем секојдневен проблем – државен, градски и индивидуален. Овој тип проблеми можат да нè втурнат во голема еколошка криза, а таа веќе е детектирана во Скопје и во Тетово, додека во Струга и повеќе – таа е алармантна […]

Советникот Усеини му објасни на УНЕСКО


ГОРАН АДАМОВСКИ Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, да се префрли во Владата и да стане министер за финансии, а на нејзиното место да седне Фатмир Бесими. Ова, според медиумите на албански јазик, е најновиот услов што интергративците на Али Ахмети му го поставиле на премиерот Зоран Заев за да продолжи соработката меѓу двете партии. […]

Повторната смрт на Мартин Нешкоски


ФРОСИНА ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ На 6 јуни 2011 година тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, по убедливата победа на нејзината партија на предвремените парламентарни избори, излезе на прес-конференција за да се пофали дека земјава имала беспрекорно мирен изборен ден. И, кога тогашната власт мислеше дека е непобедлива и тивко го планираше медиумското апсење на политичкиот противник […]

Зошто е толку висок нашиот извоз во ЕУ?


НИКОЛА ПОПОВСКИ Нашата земја, која претставува само 0,4 отсто од населението на ЕУ и само 0,065 отсто (0,65 промили) од обемот на нејзината економија, а која има стандард на населението мерен преку показателот за БДП по жител на ниво од 16 отсто од просекот на ЕУ (4.800 наспроти 30.000 евра по жител во 2017 година) […]

Помали штети со поголема заштита


ГОРАН АДАМОВСКИ Стручни комисии на Општина Ресен излегоа на терен за да вршат проценка на направената штета од големото невреме што во средата вечерта го зафати Преспанскиот регион. Обезбедени се средства за основните потреби на населението, а објавен е и јавен повик за пријавување на штетите од природната непогода. Првичните информации се дека во овоштарниците […]

Миконос


ЛЕЈЛА САБИТ Во Охрид сите се знаеме, во Маврово ни е дежа ви и ладно, Азурен Брег ни е скап, а за Малдиви немаме сметки во офшор-банки. На одмор сакаме да се пофалиме, а поевтино да поминеме, да поцрниме, а да не изгориме, да ослабиме, а да не се пијаниме, да ни биде топло и […]