Ќе стави ли претседателот вето


Ерол Ризаов Претседателот на државата Ѓорге Иванов нема да стави вето на Законот за употреба на јазиците. Ова тврдење е многу ризично бидејќи тој во своето последно јавно обраќање во парламентот категорично кажа дека предложениот закон претставува опасност за унитарноста на државата, со што јасно стави до знаење дека се работи за првостепено безбедносно прашање. […]

Зa што се боревме?


Гордана Попсимонова Многу сум лута на себе. Се чувствувам изневерена, изиграна, измамена и безнадежно наивна. Како мало дете, кое спротивно на сопствениот темперамент, се труди да биде мирно, да не прави бељи, да учи, да биде послушно, да дава сѐ од себе и… на крај да не го добие ветеното или очекуваното. Или како возрасен […]

Холивуд


Лејла Сабит Животот не е филм. Славата не е вечна. Секој што е млад, ќе стане стар. Да си ѕвезда, не значи и среќа. Успехот не носи секогаш пари. Јавноста значи и губење приватност. Црвениот килим си има цена. Не можете да избегате од папараци, ви ги бројат брчките, врските, браковите, разводите, алиментациите и ви […]

Како да се спаси Македонија


Ерол Ризаов        Две генијални решенија можат да ја спасат Македонија од големите  маки и страдања. Првото решение е владата да воведе строга цензура во сите медиуми и на сите социјални мрежи  никој  да не смее да пишува за злосторствата и злоделата на претходната власт. Да прогласи општа амнестија на сите досегашни и […]

Quo vadis, Domine?


Звонко Давидовиќ Месечината високо на небото, срамежливо ѕирка низ загадениот воздух, а ѕвездите воопшто не се ни гледаат. Исто е и дење кога сонцето повеќе го чувствуваме отколку што го гледаме. Не гледаме далеку, одвај малку подалеку од носот и од сопствениот интерес, воопшто сме слабогледи и кусогледи во денешницата, во овој 21 век. 2018 […]

Една година на Трамп


Љупчо Поповски Изгледа како невозможен потфат да се објасни првата година на администрацијата на Доналд Трамп. Има илјадници примери од неговото претседателствување – за луѓето што си заминуваат и доаѓаат во Белата куќа како да е железничка станица, за илјадниците „твитови“ преку кои тој, всушност, ја води својата политика, преку алиенирањето на сојузниците од Европа, […]

Наштимано мнозинство, раштиман кворум


Александра М. Митевска Првите собраниски случувања во новата 2018 година беа добра можност за парламентарното мнозинство да демонстрира дека е навистина стабилно, како што тврдат неговите избраници во извршната власт по сите политички поместувања и престурктуирања што се одиграа во и „околу“ коалицијата кон крајот на минатата година. Наместо тоа, на првиот постпразничен работен ден, […]

Пишуваат ли Ципрас и Заев нова историја…


Ерол Ризаов Дали актуелните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев и владините тимови и интелектуални елити на Грција и на Македонија пишуваат нова историја. Или ќе се случи уште еден историски инцидент кој ќе потврди дека двете соседни балкански држави немаат ни човечки, ни демократски, ни европски капацитет да најдат заеднички прифатливо решение кое ќе […]

Кој идентитет ќе го одбраниме


          Ѓорѓи Спасов Потеклото на секоја нација е историска приказна заснована врз факти и верувања, исполнета со митови за нејзините јунаци, војни, ослободители и просветители. Колку и таа приказна да се чини нејасна или спорна, таа како и секој мит има две основни функции. Првата е, како што ќе забележи францускиот научник […]

Прелетачевиќи


Соња Стојадиновиќ Кога за време на претседателските избори во Србија во 2017 година како независен кандидат се појави Љубиша Прелетачевиќ-Бели, јавноста на почеток мислеше дека неговото име е вистинско. Но, ако поубаво се погледне презимето, кое е комбинација на формата на презиме заедно со основната карактеристика на балканските политичари, се добива вистинската смисла. Мнозинството од […]

Коледарските огнови поважни од загадувањето


Петок навечер, како што се спушта ноќта, така расте бројот на луѓето што се собираат во своите маала за да го одбележат Бадник. Со чашка ракија и муабет со соседите се заборава на студот. Традиција е традиција и мора да се испочитува. Но овој пат е поинаку, затоа што новата градска власт покрај апелот да […]

Во лер или во прва во 2018?


Петар Арсовски Очигледно е дека 2018 ќе биде исклучително важна година за евроатлантските интеграции на Македонија, па со тоа, најверојатно, и пресудна година за спорот за името со Грција. Веќе подолго време новата енергија околу овој процес, и во Македонија и во Грција, е една од главните теми на медиумите и на аналитичарите во регионот, […]

Можна ли е амнестија за државен удар


 Ерол Ризаов Може ли да се случи никој од главните актери на „крвавиот четврток“ и организатори на насилието во Собранието на Македонија на 27 април лани да не биде казнет, поточно да нема судска разврска? Можно ли е обидот за државен удар да помине како ништо да не се случило. За жал, одговорот е да. […]

2018


Лејла Сабит   Тивко, со петарди или со огномет, влезе во нашите домови и ни посака нови 365 дена здравје, среќа, надежи, радости, желби, искушенија и предизвици. Ја пречекавме дотерани или во пижами, со топол чај или со жесток пијалак, сами или во друштво, со познати или непознати, со звуците на турбофолк или на ретро-музика. […]

Прејадени-нема


Гордана Попсимонова Зад нас е „најлудата ноќ“. Ако јас се прашувам, сите други денови и ноќи во оваа моја безнадежно вечна транзициска татковина се полуди, во секоја смисла на зборот. Можам единствено да признаам дека оваа ноќ беше најгласна, ако веќе треба да ѝ се закачи некој суперлатив. Во посебностите на првиот новогодишен ден го […]

Реформаторите слават, реформите спијат


Александра М. Митевска Поспано, на политички план, почна годината што се очекува да биде пресвртна за Македонија, со оглед на реформите што бомбастично ги најавува Владата, а кои, на некој начин, треба да бидат билет со кој земјата ќе оди со полна брзина кон Брисел по повеќегодишното назадување, па и скршнување во друг правец. Парламентот […]

Јас и Господ и никој друг


  Ерол Ризаов Ги објавивме во илјада варијанти списоците на желби и надежи што да ни донесе Новата 2018 година. Очекувањата се поголеми од Шар Планина, Кораб и Беласица заедно. Годинава детските писма до Дедо Мраз што да им донесе беа пореални и поизгледни од предвидувањата на намножените локални Нострадамуси на големите историски настани. На гатачите […]

Леб и циркус


Анета Димовска Текстов го пишувам по завршена семејна прослава кај блиски, драги пријатели, со повеќе гости, секој на некого кум, друштво… Тоа се луѓе што не ги гледаш секој ден, но кога ќе ги сретнеш, продолжувате кај што сте застанале. Во таква атмосфера, каде што домаќинката се потрудила околу трпезата, по некоја чаша алкохол, се […]

Груевски отиде, груевизмот живее кај Заев


Роберт Несими Груевски ќе си отиде, но што правиме со груевизмот? Ова прашање подолго време ја мачеше јавноста во време на режимот, кога веќе беше јасно дека постои опасност елементи од владеењето на Груевски да останат на место и по неговото заминување од власт. Притоа очите беа и се вперени кон неговата партија и наследник, […]

Нова година


Лејла Сабит   Некој се радува. Некој тагува. Некој се надева. Некој е разочаран. Некој молчи. Некој не затвора уста. Некој ќе троши. Некој ќе штеди. Некој ќе слави. Некој ќе седи дома. Некој ќе биде среќен што е жив и здрав. Некој има. Некој нема. Некој не знае што да прави со парите. Некој […]