Што се крчка со Грчка


Петар Арсовски По самитот во Давос, се поизвесно станува дека процесот за решавање на проблемот со името има реална можност да финишира оваа година, или, уште побрзо, до самитот на НАТО во јули. Овој рок е, се разбира, измислен, зашто ние веќе имаме условена покана за членство, во која е предвиден механизам кој се активира […]

ВМРО-ДПМНЕ не е среќна партија


Љупчо Поповски Иронијата на судбината често знае да биде груба, некогаш дури и отровна. Оваа среда беше еден од оние денови кога некои политичари веројатно самите себеси си поставуваа непријатни прашања, што им се случува и што допрва ќе им се случува. Јавноста под притисокот на настаните помалку се занимаваше со нивните судбини, а повеќе […]

Ципрас и Заев во Давос – почеток што ветува


Ерол Ризаов Првпат гледаме двајца насмеани премиери, на Грција и на Македонија како по три часа дијалог, откако поминаа три децении тешки и мачни разговори на нивните претходници кои не постигнаа ништо значајно освен попречување на евроатланските интеграции на младата соседна држава, праќаат порака до јавноста со ведрина дека е можно да се најде прифатливо […]

Попуст


Лејла Сабит Ниски цени. Многу желби. Голем ќеф. Невидена турканица. Џагор на разни јазици. Расфрлена облека на подот. Распар чевли. Лимитирани броеви. Љубезни и нервозни продавачи. Редица пред гардеробер и пред каса. Сезона е на попусти во Скопје. Никој не вели: ај на кафе, сите велат: ај на шопинг. Дење, ноќе, преку недела и за […]

Момци, главата горе


Сашко Ѓ. Димовски Македонија имаше две дијаметрално спротивни недели на Европското ракометно првенство во Хрватска. Од играчки и од резултатски аспект, се разбира. Првата блескава и еуфорична, втората со драстичен пад и осцилации до непрепознавање. Константа нема. Ако Шпанија ги откажа „црвено-жолтите“ по воведните десетина минути, Чешка ги тресна од земја во последните десет, а […]

Селективно извршување на законите


Никола Поповски Една од вечните теми во политиката е како властите да ги спроведуваат законите што не им се допаѓаат? За жал, во случајот со Македонија се чини дека најчестиот одговор е – селективно. Ќе го илустрираме ова со два случаи во кои сегашната власт постапува различно, односно селективно. Првиот случај е Законот за данокот […]

Секој што тропа глупости се повикува на „народ“


Ерол Ризаов Грците на ја даваат Македонија. И Македонците не ја даваат Македонија. Сирота, никој не ја дава, а таа им припаѓа на сите. Искомплексираните Грци протестираат во одбрана на името. Искомплексираните Македонци протестираат во одбрана на македонскиот јазик. За името ќе протестираат подоцна. Нормалните Македонци пијат кафе, купуваат убави партали на распродажба во Солун […]

Деконтаминација на свеста за решение околу името


Ѓорѓи Спасов Во почетокот на 2006 година, откако Македонија го доби статусот кандидат за членство во ЕУ по предлог на Тони Блер, имав случајна средба во Лондон со тогашниот амбасадор на Грција во САД, Александрос Маљас. За време на таа средба тој ми спомена дека според него постои решение за спорот околу името и дека […]

За јазикот се работи


Насер Селмани Еден од најголемите пропусти на новата власт е несноаѓањето во организирање сериозна јавна дебата за најбитните реформи од кои зависи демократијата и благосостојбата на граѓаните. И тогаш кога имаше дебата за некое прашање, беше про форма, колку да се помине редот. Во најлош случај, како што беше дебатата за медиумските реформи, да се […]

Ајде да олабавиме малку


Живеевме за таа недела, убедени бевме дека ќе победиме и ќе стигнеме до полуфинале. Нѐ здробија за десет минути. Се разочаравме и паднавме во депресија. Типично за нашиот менталитет. Или фалиме или плукаме, или летаме во облаци или сме на дното. Средина нема. А реалноста вели дека сме добри, ама не сме најдобри, дека е […]

Престанете да ги плашите граѓаните


Ерол Ризаов Деновиве, додека тече мобилизацијата на македонскиот народ во одбрана на уставното име, на јазикот и на главните обележја на идентитетот и додека силно ечат партиските и интелектуални сирени за национално единство за спасување на Македонија, повеќе пати ми доаѓа на ум еден настан од пред 30 години кога се објави шокантната статија во […]

Од СДСМ ништо ново


Здравко Савески Ќе донеле живот во Македонија, ќе биле реформска влада, ќе биле поинакви од ВМРО-ДПМНЕ. Не поминаа ниту неколку месеци и се покажа – царот бил гол. Каде што застанаа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, продолжија СДСМ и ДУИ. Тоа е видливо на повеќе полиња. Меѓу другото, нема промени и во економската сфера. За време на […]

Конкурс за Ќосе


Ерол Ризаов Последен час е кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов во консултации со научните експерти и негови советници да распишат јавен оглас за нов Ќосе што ќе го ликвидира предавникот и непријател број 1 на Македонија , Зоран Заев, и ќе ја заврши работата како што треба, според добрата традиција на револуционерната организација […]

Во гужва сум, ќе те барам…


Анета Димовска Не можам да се сетам некој да се пожалил дека има премногу време на располагање, а секојдневно слушам: „Немам време за ништо“ или одговор на телефон или по порака : „Во гужва сум, ќе те барам…“ Зошто недостига време и зошто се сите толку зафатени?! Економистот Џон Мејнард Кејнс во 1930-тата година предвидува […]

Како за почеток


Александар Николовски Почитувани читатели, дозволете ми на почеток да ѝ се заблагодарам на редакцијата на „Независен весник“ за можноста секоја втора среда да се читаме на страниците на овој весник, кој верувам со својот концепт и тим ќе отвори нови страници во македонското новинарство. Збогатувањето на медиумскиот свет, особено во делот на печатените медиуми, е […]

Приоритет е приоритет – и на македонски и на албански


Александра М. Митевска Додека во Њујорк се интензивираат преговорите за проблемот со името, а во Скопје се постила црвениот килим за генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, политичкиот врв во земјава со денови се занимава со Законот за употреба на јазиците, кој нема моментно некое посуштинско значење за интеграцискиот процес на земјава. Освен ако не […]

Адио господине Метју


Ерол Ризаов Го поканив господин Метју Нимиц, 80-годишен њујорчанец да се повозиме проштално на мојот „Ориент експрес“ . Овој многу интересен човек, кој малку зборува и ништо не кажува, ангажиран е од ОН да се занимава без никаков надомест, еве, ќе биде повеќе од 20 години со еден веројатно најбесмислен спор на планетата земја – […]

Новиот закон не го затвора прашањето на јазикот


Роберт Несими 1. Минатата недела Собранието изгласа нов Закон за употреба на јазиците во Македонија. Во суштина тоа е надополнување на неколку претходни закони што ја регулираат оваа област, изгласани редовно по парламентарни избори од 2008 година наваму. Како и претходните, а пошироко и други закони кои имаат етничка димензија, реакцијата по него е веќе […]

Антинационалисти или властољупци?


Здравко Савески На Балканот има вишок историја, вишок национализам. Балканските народи се трујат со национализам уште од деца, постојано се држат актуелни националните прашања, па додека ние се мразиме – тие нè ограбуваат. Овде ние сме обичниот народ на Балканот, а тие – нашите политички елити во многуте балкански земји. Национализмот секогаш и секаде е […]

ВМРО треба да одглуми добредојде за Столтенберг


Слободанка Јовановска Во четврток генералниот секретар на НАТО за првпат ќе дојде во Македонија и ќе се обрати пред македонскиот парламент. Тоа што може да го најде е полупразна сала и отсуство на главната опозициска партија, состојба што не може да се протолкува поинаку туку како доказ дека Македонија се уште е нефункционална држава и […]