Што правиме ако се договорат Ципрас и Заев


Ерол Ризаов Додека чекаме да се чујат по телефон или да се видат во живо, премиерите на Грција и на Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев, и да му соопштат на светот дека тридеценискиот спор, позамресен од Гордиевиот јазол, е одмрсен, ми дојде на ум една приказна од соседството за која велат дека е чиста […]

На притисоците, уцените и политички терор одговараме со масовност и храброст!


  По големиот собир, популарно наречен митинг на ВМРО-ДПМНЕ се напишаа и кажаа доста анализи, но сакам да го дадам моето видување од еден друг агол. Митингот е во исто време финале на еден процес и почеток на нов. Финале на процесот на преструктурирање на ВМРО-ДПМНЕ и почеток на процес на силна битка и критика […]

Исцелување


    Румена Бужаровска   Многу гласно и многу убедливо зборува минатонеделното прикажување на  дебитантскиот долгометражен филм на Ѓорче Ставрески „Исцелител“ во Градскиот парк, под отворено небо. Да го гледаат филмот дојдоа 6.000 луѓе. Иако знам дека „Исцелител“ исклучително добро пројде кај македонската публика, дека имаше голем интерес за негова гледаност во кино (како што […]

Бран


 Лејла Сабит Скопје го зафати културен и топлотен бран, ама сите сакаат да ги заплисне морски бран. Веќе сте во филм како ве милуваат брановите додека шетате боси по мекиот песок, со завиткани ногавици или ве нишаат во длабоко, на душек, во чамец или на јахта под силното сонце. Никогаш не е рано или доцна, […]

„Љубчовисти“ го освојуваат дворот на Заев


Александра М. Митевска Некогашниот министер за транспорт и врски во влада на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Балковски, влезе во тимот на сегашниот министер за здравство во владата на СДСМ, Венко Филипче – за плата можеби повисока и од министерската! Вака срочената вест за еден архитект во „политичкиот конзилиум“ на еден неврохирург, иако на прв поглед изгледа контрадикторна, […]

Замина поетот ефенди Матеја Матевски


Ерол Ризаов Почина големиот македонски поет Матеја Матевски. За животот изгради монументален   паметник  од творештво и уметност кое ги надвишува облаците над Македонија. Го одработи својот последен работен ден во МАНУ, на 89-годишна возраст, и ја затвори со своерачен потпис при здрава памет и дух животната страница со аманет пишуван цели седум децении. Им  остави […]

Уште една „Дуинг бизнис“ влада


Здравко Савески Министерството за труд и социјална политика се јави! Навистина се јави! Му требаше цела година за да поднесе измени на Законот за работни односи. Но тоа и немаше да биде толкав проблем ако ја искористеа оваа година за да предложат суштински промени со кои ќе ги укинеа намалувањата на работничките права на претходната […]

И боговите ги ставаат зад решетки


Магнатот на балканскиот фудбал, Здравко Мамиќ, кој вчера во Осиек беше осуден на шест години и шест месеци затвор, знаеше одлично да плива со сите ајкули и рипчиња во хрватските политички води. Ги надживеа Ивица Рачан, Иво Санадер, Јадранка Косор, Томислав Карамарко, Игор Милановиќ, Тихомир Орешковиќ, Стипе Месиќ… премиери и претседатели од редовите на хрватската […]

Како денес ја паметиме „А1“


Како прва приватна телевизиска куќа во Македонија со национална концесија, „А1“ со своето дводецениско постоење одбележа една цела генерација, и тоа во клучниот период на редефинирање на македонското општество по осамостојувањето. Пишува: Кристијан Фидановски Српската историчарка Радина Вучетиќ го опишува денешното српско новинарство како „еден страшен хибрид помеѓу реалити-шоуто „Големиот брат“ и Големиот брат од […]

Верба во себе и во своето магаре


Ерол Ризаов Мислам дека нема граѓанин на Македонија во изминатите 25 години кој барем еднаш не посакал да им се заблагодариме на ЕУ и на НАТО, на Америка… и на сите наши мили и добри комшии, особено на Грција, за „грижата“ што ја искажуваат за нашата иднина и за помошта што ни ја даваат. Јас […]

Џасинда Ардерн и Гордана Јанкулоска


  Љупчо Поповски Џасинда Ардерн е премиерка на Нов Зеланд, наскоро ќе полни 40 години. Дојде на власт лани есента по изборите одржани во септември. Таа е феномен во политиката во светот што се нарекува „Даун Андер“, главно Австралија, но и Нов Зеланд. Беше избрана за лидер на Лабуристичката партија на 1 август 2017 година, […]

Билансот од митингот на ВМРО-ДПМНЕ


Петар Арсовски Митингот на ВМРО-ДПМНЕ помина. Шилегов вели дека го исчистил ѓубрето. Улиците се повторно проодни. Некој ѕиркаше од прозорец, некој викаше во публика, некој го гледаше на телевизија. Некои, пак, дознаа од вести за што се зборувало. Но, секако, собирот на главната опозициска партија не помина незабележано и дефинитивно го навести претстојниот политички период […]

Изборете се против избори


Александра М. Митевска Кога партиските лидери ќе седнат на заедничка маса за да ги договараат финесите на новиот Изборен законик, кој е во подготовка, нема да биде лошо ако во него вметнат забрана за свикување предвремени парламентарни избори, без да постои доволно добра причина за тоа. Во атмосфера на латентно предизборие во земјава со години […]

Следниот митинг на велосипеди


Ерол Ризаов Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ следниот партиски митинг треба да го одржат на велосипеди и на ролерки, гарант ќе имаат поголема посетеност отколку што беше оној дебакл во саботата пред владата. Доказ за тоа видовме утредента, во неделата, кога младите со велосипеди и ролерки масовно ги наполнија улиците со убав свет во централното подрачје […]

Впрегнување на сопствените сили


Никола Поповски Пред неколку дена Државниот завод за статистика ги објави податоците за бројот на родени деца во Македонија во периодот 1994-2017 година. Податоците не се загрижувачки, туку алармантни. Во 1994 година биле родени 31.421 дете, во 2004 година 23.361, а во 2017 година 21.754 деца, односно Македонија во минативе две и пол децении изгубила […]

Руските аргументи на Иванов


Ѓорѓи Спасов Професорот Мерсал Билали е во право кога вели отприлика  дека денес „само човек што нема ум може да очекува дека претседателот на државата Иванов, во врска со решавањето на проблемот околу името, ќе се однесува со разум“. Иванов кој направи сѐ за да го урниса правниот поредок во Македонија со аболицијата на обвинетите […]

Кочијашки и кочијаши


Румена Бужаровска Пред извесно време еден читател на весников ми беше искоментирал на социјалните мрежи дека јазикот ми бил како на кочијаш. Не дека не знаев што сум напишала во колумната, но за секој случај повторно проверив да не случајно сум употребила некаков вулгарен збор што би можел да ги навреди кревките ушиња на ова […]

Липа


Лејла Сабит Мирисот на нашето детство, младост и старост. Некого опива, а некому му предизвикува алергија. Се шири низ улиците, парковите и барокните плоштади, убаво уредените или запуштени дворови во скопските маала. Ја потиснува смрдеата на расфрлено ѓубре, на тешките парфеми на скопските дами, на загорена скара и на потта во автобусите, такси-возилата, во продавниците […]

Плод од затруено дрво


Ило Трајковски Насловот на оваа моја прва колумна ми се чини е соодветна најава за она што имам намера да го постигнам со планираниот колумнистички серијал во „Независен весник“. Намерата ми е да ги анализирам и промислувам многубројните појави во нашето современо општество кои се последица од незаконитоста или, како што вообичаено се вели, од […]

Злоделата на претседателот Иванов


Ерол Ризаов Претседателот на државата Ѓорге Иванов сѐ уште е на таа функција под неразјаснети околности, најверојатно само затоа што надлежните институции и обвинителства, судски инстанци и Собранието не покренуваат постапки да се применат уставните одредби. Овој човек кој девет години е на чело на државата, по прилично сомнителни избори, по сите злодела што ги […]