На референдумот не треба да има „грешки во чекори“


Ѓорѓи Спасов Пред изборите во 2011 година Бранко Црвенковски реши да се ослободи од обвинувањата на Никола Груевски дека „ако СДСМ дојде на власт ќе го промени името“. Со цел тоа прашање Груевски да не го злоупотребува во изборната кампања, за прв пат во изборната програма на СДСМ влезе и ветувањето:  „Поаѓајќи од Уставот на […]

Пофалба на глупоста


Ерол Ризаов Македонците во Грција се радувале на договорот. Без да го прочитаат, знаеле дека е добар!? Велат, штом грчките националисти толку врескаат, мора да е повеќе од добар. Во Македонија, Македонците што викаат на сет глас – готово е со државата, ова е катастрофа, предавство, капитулација, самоубиство… исто така, не го прочитале договорот, ама […]

Кога вазалите владеат


Здравко Савески Има многу земји во светот, премногу, кои формално се класифицираат како демократски или речиси демократски, а кои имаат корумпирани елити на власт, презрени од сопствениот народ, но поддржани од нивниот колонијален господар. Тој ги тапка по рамо своите вазали, не штеди пофалби за нив кога постапуваат по напатствијата што му ги дава и… […]

Мухарем Инџе – човекот што може да го собори Ердоган


Љупчо Поповски   Кога претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пролетва ненадејно ги распиша претседателските и парламентарните избори (една и пол година порано од редовниот термин), тоа изгледаше како рутинска операција од теоријата – дека победата е загарантирана и дека неспорниот владетел на државата ќе може да раководи со огромните овластувања што му ги дава […]

Иванов – потпишувај, не играј си со државата


Ерол Ризаов Претседателот на државата Ѓорге Иванов го има пред себе ратификуваниот договор со Грција изгласан во Собранието на Македонија. Ја има прочитано и веста дека на следниот состанок на НАТО, Македонија е на дневен ред да добие покана за членство на НАТО. Претседателот Иванов е врховен командант на вооружените сили на Република Македонија и […]

Можните економски последици од спогодбата за името


      Никола Поповски   Спогодбата што се потпиша меѓу Македонија и Грција во преспанското село Нивици ќе биде многу важна за Македонија, што и да се случи со неа во идните 12-18 месеци. Таа ќе предизвика тектонски етнички, политички, социолошки, економски, безбедносни и други поместувања во Македонија, а многу помали во Грција. Иако сè […]

Големи очекувања, мала испорака во Русија


Сашко Ѓ. Димовски Големи очекувања, мала испорака. Ова е општата констатација за моќните репрезентации во месецот на фудбалот. Светското првенство во Русија започна, турнирот е навлезен во втората четвртина, но засега нема впечаток од типот „вау“. Робувањето на тезата да не се загуби на стартот го стори своето, па ниту Франција, ниту Бразил и Англија, […]

ВМРО-ДПМНЕ повикува на државен удар


Ерол Ризаов ВМРО-ДПМНЕ со предупредувањето до премиерот Зоран Заев дека посакува да се повтори 27 април лани, кога беше извршено крвопролевањето во Собранието, практично повторно повикува на државен удар. И овој пат тоа се прикажува како божем спонтана реакција на загрижени граѓани кои го бранат достоинството и честа на Македонија по склучениот договор со Грција. […]

Ќе демисионира ли Иванов по референдумот?


  Александра М. Митевска Додека Македонија живее во национална еуфорија, со сите нејзини придружни елементи, како што се пофалбите и осудите за договорот со името, неодминлив е впечатокот дека шефот на државата Ѓорге Иванов ја извршува својата функција на другата страна на историјата. Додека викендов во Преспа највисоките претставници на владите на Македонија и на […]

За името Македонија, за договорот


Кица Колбе Многумина во Република Македонија пред два дена небаре се разбудија од длабок сон. Некои беа толку погодени од предлог-договорот за промена на државното име, што  мигум се предадоа на апокалиптички сценарија. Како да не знаеја што, всушност, би значело постигнување  договор за  надминување на разликите околу името Македонија. Во тие апокалиптички сценарија  „Македонија […]

Заев се врати дома


  Ѓорѓи Спасов Заев конечно се врати дома. Се врати на бел коњ. Се врати со завршена работа. Се врати со постигнат историски договор. Се врати со отворен пат за членството на Македонија во НАТО и во ЕУ. Уште еднаш победи неговиот извонреден оптимизам. Во тешката битка што ја водеше за решавање на деценискиот спор […]

Состанок со историјата


Ерол Ризаов Македонија и Грција имаа непосредна средба со историјата на Преспанското Езеро. Премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев потпишувањето на договорот го прогласија за историски чин не само во односите меѓу двете земји, туку и многу пошироко на Балканот и во Европа. Колку и да изгледа еуфорична и пренагласена оваа констатација, посебно кога балкански […]

Јужниот север


Звонко Давидовиќ Во Македонија сѐ е можно и дозволено, во Македонија сѐ можеш да направиш освен да спиеш. Заспиеш ли во Македонија повеќе од неколку часа, тешко дека ќе успееш да се снајдеш кога ќе се разбудиш. Заспав пред неколку години цврсто и спиев неколку часа. Се будам, пијам кафе и нормално што можеш да […]

Здравство за сите – со сила!


Роберт Несими Гледајќи ги последните настапи на Министерството за здравство во врска со одливот на здравствените работници од државата, не можев, а да не се потсетам и да не направам паралела со сличен настап на режимски мегафон во една друга пригода. Беше тоа времето кога ЕУ ни ги укина визите и граѓаните на Македонија првпат […]

Ќе си дозволи ли претседателот Ѓорге Иванов да ја спречи Македонија да стане членка на НАТО?


Слободанка Јовановска Македонија неделава, според сите дипломатски оценки, напиша историја. Веста за договорот со Грција одекна исто како самитот на претседателите на САД и Северна Кореја. За светските медиуми главна вест беше дека го сменивме името на државата. Граѓаните пак дома се поделија на два фронта- тие што веруваат дека постигнавме победа и другите што […]

Фудбал


Лејла Сабит Моќен како политичар. Атрактивен како мис. Полн со пари како милионер. Се обложувате на него како во казино во Лас Вегас. Забавен е, страстен, спортски граден, следи мода, најплатен во светот, има статус на ѕвезда, славен е, го сакаат манекенки, има смисла за бизнис, бргу се збогатува, а рано се пензионира. Престиж е […]

Хуманоста на кредит


Марија Павлеска Оваа година се одбележуваат 50 години од протестите на студентите во 1968 година. Денешната генерација (7-77), иако телефон имаат и помлади од 7 и постари од 77 години, е првата генерација „револуционери“ која себеси се нуди за надзор. Орвел никогаш не би успеал да предвиди дека луѓето сами ќе купат камери и дека […]

Нова ера во Македонија


Eрол Ризаов Македонија ја обезбеди својата европска иднина, Грција го заштити своето минато. Ова е главната рамка во која е сместена сликата на идните односи меѓу Грција и Македонија. Премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев демонстрираа државничка храброст и подготвеност на саможртва да го разрешат повеќедеценискиот спор кој ја блокираше Македонија да стане членка на […]

И Стивен Хокинг би го избркале од Тимјаник


Слободанка Јовановска Вчера гордите Македонци си ја видоа својата грда слика во огледало. Цело село стана на нозе за да спречи ЧЕТИРИ деца со попреченост да бидат сместени во нивната драгоцена околина и да се социјализираат. Страв им е дека и нивните деца ќе станат „нездрави“ ако се дружат со тие со попреченост, и притоа […]

Едно име, повеќе идентитети


  Ило Трајковски   „Едно име имаме, во душата го носиме, за тебе живот даваме, о Македонија!“ Така се пее песната! Македонија е, значи, душа – нечија. Македонија е идеја за нешто и за некого. А идеите се водилки на дејствувањето, вклучувајќи ја и подготвеноста да се жртвува и животот за некоја идеја. Ние, Македонците, […]