Заев во Карпош: Правиот пат значи ЕУ и НАТО


Денес правиот пат значи ЕУ и НАТО, значи грижа за сите, значи заштита од КОВИД – 19, економски раст и повеќе пари за секој, истакна синоќа на предизборниот собир на коалицијата „Можеме“ во Скопје, лидерот на СДСМ Зоран Заев. – Убаво е слободно Скопје кое што верува дека одиме по правиот пат, Скопје кое што […]

Села: Не е првпат Ахмети со трикови да освојува гласови


Ова не е првпат Али Ахмети да се обиде да привлече албански гласови на таков начин, оцени во интервјуто на ТВ Телма, лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, за потегот на лидерот на ДУИ за кандидирањето на Насер Зибери за прв премиер Албанец. „Во 2014 година Тоа беше трик со ВМРО-ДПМНЕ за да Албанците […]

Ахмети лут на Заев, но пак би коалицирал со СДСМ


Ниту Заев ниту другите нема да го имаат задоволството да ја видат ДУИ во опозиција, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во дебата на ТВ 21. -Ќе ви исчезне насмевката на усните на 15 јули, рече  Ахмети,оценувајќи дека другите не сакаат ДУИ да ја праттат во опозиција, туку Албанците. На истата тема Ахмети сепак беше  […]

Мицкоски ќе чека да поминат изборите, па после ќе се справувал со „бомбите“


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва изјави дека нема да презема ништо додека не завршат изборите околу аудио снимките кои секојдневно се појавуваат во јавноста. Христијан Мицкоски рече дека „ќе оставам тоа што е пуштено во етер да си тече така, за мојата интервенција да не се протолкува како притисок“. Зборувајќи на Телма Мицкоски најави дека по […]

Заев најави формирање комисија од европски и домашни правни експерти во првите 100 дена


Во првите 10 дена на новата влада на СДСМ ќе биде формирана комисија од европски и домашни експерти која треба да ги постави основите за прочистување на судството. Ова вечерва во госувањето на Телма го најави лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев, зборувајќи како да се стигне побрзо и подобро до правдата во судовите. Тој објкасни […]

Еврејската заедница бара да не биде инволвира во кампањата преку политички спотови


Еврејската заедница денеска преку соопштение реагира на, како што велат, нејзино инволвирање во политичка кампања преку рекламни спотови на политички партии. Иако не наведува директно за кој спот се работи, може да се претпостави дека оваа реакција се однесува на она што го сними Игор Дурловски, носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ5. Дурловски […]

Заев за снимките: И покрај тоа што ДУИ не вреди пет пари, на 27 април со сопствен живот го бранев животот на Џафери


Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска се огласи на својот Фејсбук профил во врска со аудио материјалите објавени денеска на Јутјуб. „ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови. Тоа е мојот став денес, беше мој став и тогаш, во времето кога е снимен разговорот објавен денеска. Имаа 20 пратеници, се преполовија на 10, […]

Мисајловски: Се обврзуваме за повеќе проекти во Куманово


Носителот на листата од ВМРО ДПМНЕ во ИЕ2 Владо Мисајловски, денеска оствари средба со граѓаните во Соколанскиот парк во Куманово. Tој информираше дека се сретнал со повеќе граѓани во повеќе населени места во градот, меѓу нив и со младите со кои разговарале за екологијата. Мисајловски пред културните работници ја промовирал програмата со која настапуваат на […]

ДУИ бара лицата во изолација да можат да се пријават за гласање до 15 јули


Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи побара во име на партијата Уставниот суд веднаш да закаже вонредна седница за да донесе времена мерка и да се суспендира одредбата со која се ограничува регистрација на луѓето кои се во изолација само до 8 јули да имаат право на глас. Според него треба да се суспендира уредбата бидејќи […]

МОСТ ќе ги следи изборите со близу 900 набљудувачи


 Граѓанската асоцијација МОСТ, ќе ги следи предвремените парламентарни избори со близу 900 набљудувачи на 696 гласачки места избрани спооред случаен и репрезентативен примерок. Ќе бидат распоредени и исто толку набљудувачи со што ќе бидат покриени 20 проценти од вкупниот број на избирачки места на територијата на целата држава. Како што информира на денешната прес-конференција претседателот […]

Заев: ВМРО-ДПМНЕ плашат со федерализација бидејќи губат


Лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот Фејсбук профил напиша дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило и оти обидот да ги заплашат граѓаните со федерализација е, како што посочува, доказ дека губат. – Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило. Најновата манипулација на Мицкоски, дублерот на Груевски го потврдува тоа. Повторниот очаен обид да ги […]

„Катимерини“: Северна Македонија решава за својата иднина


Во Северна Македонија следната недела, по тримесечно одлагање заради пандемијата на Ковид-19, ќе се одржат клучни избори, кои ќе покажат дали балканската земја ќе продолжи на својот евроатлантски пат, што беше отворен со Договорот од Преспа, или ќе се врати кон неизвесноста, што би ги загрозило перспективите на граѓаните, но и односите со Грција, оценува […]

Наќе Чулев објави дека МВР открило обид за поткуп на гласачи во Штип


Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, на својот Фејсук профил објави дека во Штип полицијата открила обид за поткуп на гласачи од ромска националност. Поткупот, наводно, требало да се изврши со тоа што ќе им биле платени долговите во една локална продавница. Еве што е напишано во соопштението објавено од Чулев: „Од страна на Отсекот […]

Ахмети: Охридскиот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија црвени линии за постизборно коалицирање


Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија се алфа и омега за мирот, стабилноста и безбедноста во земјава, како и црвените линии штп ДУИ нема да ги премине во постизборното коалицирање. Ова во интервју за МИА го порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој потенцира дека не може да имаат партнерство со некој што […]

СДСМ: За каква правда се консултира Силјановска со Михајло Маневски


Фотографијата од средбата на Гордана Силјановска-Давкова со поранешниот министер за правда, Михајло Маневски е директен доказ дека таа одработувала за Никола Груевски, обвинува СДСМ. „За што ли се советуваше Силјановска-Давкова вчера со човекот кој заедно со Гордана Јанкулоска е креатор на заробеното ‘Сваровски’ судство, човекот кој го партизираше судството, кој нарачуваше судски пресуди, кој местеше […]

СДСМ денеска во скопски Карпош и во Битола, ВМРО-ДПМНЕ  во Пехчево, Берово и Делчево


Предизборната кампања завршува на 12 јули во 24 часот кога и официјално почнува предизборниот молк, а дотогаш политичките партии и коалициите учесници во предвремените парламентарни избори интензивно на средби со граѓаните се обидуваат да им ги појаснат своите изборни програми и со ветувања за нивно исполнување да ја добијат довербата на 15-ти јули. Во финишот […]

Заев најави укинување на седум министри без ресор


Лидерот на СДСМ вечерва од Шуто Оризари најави драстично намалување на бројот на министерствата во идната влада што ќе ја предводел тој. „Сите седум министри без ресор, коишто дадоа резултат, но немаа свој капацитет заради инфраструктура, ќе ги укинеме како министерства без ресор, но ќе создадеме агенции, директорати за да работат уште повеќе“, рече Зоран […]

Шекеринска за Дурловски: Влезе во Собранието да ме убие, а сега се плаши да дебатира со мене


Носителката на СДСМ во Пететата изборна единица, Радмила Шекеринска, уште еднаш беше сама на дебата, затоа што нејзиниот главен ривал, Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ не се појави. „Јас не умирам од желба да дебатирам со човекот кој влезе во Собрание да ме убие, но тука доаѓаме за граѓаните, а противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, кој […]

Шахпаска ветува сигурна иднина со коалицијата „Можеме“


„Во 2016 година рековме дека ќе работиме на три столба: враќање на парите назад кај граѓаните, вложување во човечки капитал и евро-атлантаската интеграција на земјава. Тоа и го правевме изминатиов период“, истакна Јагода Шахпаска ,носителка на листа на пратеници од ИЕ 3 , на трибината со граѓани од населбата Сењак, Штип. Шахпаска се осврна на […]

Османи бара Уставниот суд да го продолжи времето за регистрација на лицата во изолација


Вицепремиерот за европски прашања и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, бара од Уставниот Суд да го продолжи времето за регистрација на лица во изолација. Во својот говор пред жителите на населба Ченто во Скопје, тој рече дека мора да гарантираат безбедни избори и право за глас за секој граѓанин. Обезбедувањето безбедни избори според него е […]