Заев во Кавадарци: Немојте да им верувате на лажните патриоти


На претпоследниот ден од кампањата Зоран Заев го одржа вечерниот граѓански собир во Кавадарци, единствениот поголем град каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначаланик, за да ја претстави програмата на партијата и неговите визии за Македонија во наредните четири години. Со претседателот на СДСМ беа и коносителката на листата во изборната единица 4, Соња Мираковска, како и […]

Мицкоски од Кратово: Граѓаните ќе одлучат меѓу два различни концепта


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од Кратово повика на сплотување и одлучност бидејќи, како што рече, сега е време кога граѓаните ќе треба да одлучат меѓу два сосема различни политички концепти. – Едниот е што го нудат истрошени, безидејни политичари од времето на транзицијата, а другиот е понудата на луѓето кои имаат решение и […]

Шекеринска: Местото на Дурловски празно како и понудата


Празниот пулт на Дурловски покажува колку и самите се свесни дека е празна понудата на ВМРО-ДПМНЕ, дека нема што да им понудат на граѓаните и докажува дека бегаат од сите ненарачани прашања и дуели, истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во Петтата изборна единица, Радмила Шекеринска на вечерашната дебата на телевизија Телма на […]

Јанушев од Кратово повика граѓаните со пенкало в рака да го поразеле СДСМ


Носителот на ИЕ3 на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, го искористи повикот на социјалдемократите пред четири години за „пенкало в рака“ за да повика на пораз на СДСМ. Тој во Кратово ги повика граѓаните масовно да излезат со „референдумска излезност и со пенкало во рака на 15 јули да ги поразат СДСМ и Заев и тоа ‘можеме’ […]

Зибери од Крушево: Ова е земјата што ја сакаме и ја нарекуваме татковина


Северна Македонија, оваа земја која што сите ја сакаме и ја нарекуваме татковина, поминала низ многу револуции и војни во минатото, борејќи се за независност, а исто се соочувала и со меѓуетнички тензии. Ние се боревме заедно против непријателите однадвор и се боревме едени против други, кога Албанците бараа еднаквост, изјави денеска кандидатот на ДУИ […]

Николоски: Ќе го поврземе Прилеп со две пристаништа


Ветуваме изградба на автопатското решение од Градско преку Прилеп до Битола и грчката граница кое што треба да значи отворање на целокупните пелагонискиот регион кое што треба да значи нови работни места, заживување на економијата и модерно инфраструктурно поврзување, изјави Александар Николоски, носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4. -Ова е тажната вистина за […]

Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува нова шанса


Граѓаните на Македонија денеска се граѓани на светот, еднакви со најмоќните во НАТО и со отворено добредојде во ЕУ, со зачуван идентитет и потврден и признат во светот македонски јазик. Од тоа поголемо достоинство нема, истакнува во видео обраќање носителката на кандидатската листа во Петтата изборна единица на коалицијата „Можеме“, Радмила Шекеринска. Порачува ретроградните политики […]

Во Ерџелија приведени неколку лица осомничени за изборен поткуп


Неколку лица се приведени во селото Ерџелија, поради сомнение дека се вмешани во изборен поткуп. Како што соопшти МВР денеска во шест часот полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи и полициската станица при ОВР Свети Николе во содејство со полициски службеници од СВР Штип при Бирото за јавна безбедност извршиле  претрес кај четири лица […]

Спасовски од Гази Баба: Ние сме на потег, да не се врати режимот


Носителот на листа во ИЕ 2 на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска е на средби со жители во скопската општина Гази Баба. „Ние сме на потег, да си ја сочуваме сигурноста и да продолжиме со развојна економија и напред. Само три години после режим, успеавме државата да ја направиме членка на НАТО. Мандатот за напред го […]

Македонски концепт се залага за 6-часовен работен ден за работниците


Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески, заедно со носителката на изборна листа за ИЕ2, Снежана Костадиноска-Милошеска денеска ги посетија производствените погони на „Чик“ – Куманово со што официјално го завршија караванот на Македонски концепт низ републиката. Богојески од Куманово изјави дека е неопходна заштита на домашното производство, овозможување на еднакви пазарни услови, но и воведување […]

Орбан: Ние навиваме за нашиот пријател Мицкоски


Познато ни е дека Вие сега сте исправени пред донесување на важна одлука се подготвувате за важни избори. И ние ги следиме овие работи бидејќи не ни е се исто со каков ќе биде резултатот на овие избори, вели преку видео-обраќање унгарскиот премиер Виктор Орбан. – Ние со Вас судбински сме поврзани. И покрај тоа […]

Димитров: Во среда одлучуваме дали ќе одиме напред


Под мотото „Возиме сите напред кон Европската унија таму каде што припаѓаме“ носителот на листа во ИЕ 1 од коалицијата „Можеме“ Никола Димитров заедно со кандидатите за пратеници од коалицијата возеа велосипеди низ, како што велат, победничко Скопје. -Државата ни полни 29 години оваа година. Долго време сме низ тунелот, на еден чекор сме до […]

Од недела на полноќ почнува изборниот молк


Од утре по полноќ, заклучно со 21 часот на 15 јули, важат правилата за изборен молк за време на Предвремените парламентарни избори 2020 година, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги како потсетување за радиодифузерите. -За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануват сите облици на изборно медиумско […]

Богојески: Идејата за премиер по етнички клуч е најголема глупост на овие избори


Најголемата глупост на овие избори е барањето на ДУИ за премиер Албанец, вели во интервју за Фактор Петар Богојески, лидер на Македонски концепт. „Па тоа е најголемата глупост во овие избори. Секако дека наметнување на етнички клуч за донесување на кои било решенија е спротивно на нашата идеологија за европеизација на нашата земја. Тоа е […]

Села би коалицирал и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ


Не сме против идејата Албанец да биде премиер како што не сме против да биде и од друга етничка заедница. Најважно е тој премиер да биде квалитетен и без етнички предзнак, вели лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во интервју за Радио Слободна Европа. Тој е убеден во победа на неговата коалиција на следните […]

Политичките партии потпишаа Декларација за приоритетно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација


Декларацијата за приоритено донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација денеска ја потпишаа 17 политички партии. Политичките партии кои стојат како потписници на оваа Декларација се: Алијанса за Албанците, ВМРО-ДПМНЕ, Глас за Македонијa, ДЕМОКРАТИ, Демократски сојуз (ДС), Зелена партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ), Либерално демократска партија (ЛДП), Нова социјалдемократска партија (НСДП), Обединета […]

Богојески: Ова е последна шанса за живот во слобода, спокој и солидарност


Петар Богојески на последната граѓанска трибина која се одржа на кејот на Вардар во Карпош 4 ја повтори програмата на Македонски концепт заснована на концептот 3С, односно Слобода, Спокој и Солидарност. Богојески зборуваше за слободата како една од клучните алки за постоење на едно демократско општество. Ова е последна шанса за живот во слобода, спокој […]

Јанко Бачев: Народот ќе победи


Пред нас се уште едни избори на 15 јули. Триесет години се менуваат на власт СДС и ДПМНЕ а на земјата не и оди добро. Повторно ги слушаме истите лаги од ДПМНЕ и СДС за кој во изминативе 30 години гледаме беззаконие, криминал, корупција и растурање на државата. Заев го брише името на државата, идентитетот, […]

Предизборна кампања по здравствени протоколи – одговорноста кај политичките партии и граѓаните


Предизборна кампања со почитување на физичка дистанца од 1,5 до 2 метри, миење и дезинфекција на рацете и носење заштитна маска на сите партиски активности предвидува протоколот на Комисијата за заразни болести. Ова се препораките, а одговорноста за почитување на здравствените протоколи за време на изборните активности на отворен или затворен простор е на самите […]

Уште два дена кампања, СДСМ денес во Кавадарци и Јегуновце, ВМРО-ДПМНЕ во Кратово и Крива Паланка


Предизборната кампања завршува утре во 24 часот кога и официјално почнува предизборниот молк. Уште денеска и утре политичките партии и коалициите учесници во предвремените парламентарни избори ќе имаат средби со граѓаните, на кои им ги презентираат своите изборни програми со кои сакаат да ја добијат нивната доверба на 15 јули. Сите пред граѓаните ветуваат правда […]