Се запали возило со изборен материјал од Гостивар, нема повредени


Возило на гостиварската Изборна комисија во кое се превезувал изборниот материјал од вчерашното гласање за предвремените парламентарни избори, се запалило во движење. „Денеска во 4 часот и 30 минути, во СВР Тетово e пријавено дека моторно возило ‘форд транзит‘ со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал 35-годишниот гостиварец Ф.А., се запалило во движење во непосредна […]

Ахмети: Мала Речица ќе стане како Обединетите нации


Ќе има големи преговори. Ќе има големи преговарачки маси, Мала Речица ќе стане најпознатото место во регионот. Онака како што се случи пред 4 години, како да е организација на Обединети нации. Вака Али Ахмети, лидерот на ВМРО ДПМНЕ одговори на прашањето од новинарот на ТВ 21: Што ќе се случи доколку СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ […]

Јанчев бара смена на Мицкоски


Апсолутно е нормално да се постави прашањето за промена на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Дојде време за ова прашање. Ова се нови изгубени избори, четврти по ред – тие ги загубија локалните избори, го загубија референдумот, ги загубија претседателските и сега парламентарните избори, вели градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев за БГНЕС, откако неговата партија ги загуби […]

Апасиев бара рачно пребројување на гласовите


Претседателот на Левица, Димитар Апасиев која според неофицијалните резултатите на парламентарните избори освои два мандати, преку социјалните мрежи повика на рачно броење на гласачките ливчиња. Двајца фиксни! Тројца украдени!? Хаос во ДИК. Идеме на рачно броење… На повидок тежок фалсификат. Најнерегуларни избори откога постои Македонија. Одиме до КРАЈ, пишува Апасиев. Приговор за сериозни изборни неправилности […]

Филипче: Заштитата на здравјето на граѓаните во текот на изборите беше на највисоко ниво


Заштитата на здравјето на граѓаните во текот на изборниот процес беше на највисоко ниво. Голема благодарност за свесноста и почитувањето на мерките од страна на сите гласачи – покажавме дека можеме да функционираме со почитување на протоколи и мерките за заштита, објави денеска на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Тој изразува голема […]

Мицкоски смета дека победник на изборите е ВМРО-ДПМНЕ и треба да формира влада


Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави денес дека неговата партија победила во 41 општина и тоа и му дава право дека го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата влада која треба да се соочи со сериозни предизвици. Тој отфрли дека може да го прифати условот на ДУИ за премиер Албанец, […]

Билт очекува долги преговори за формирање владина коалиција


Поранешниот шведски премиер и специјален пратеник на ОН за Балканот Карл Билт напиша на Твитер дека по вчерашните избори во Северна Македонија ќе следат долги прговори за владина коалиција, која, според него, би требало да биде верзија на досегашната. – Претпоставувам дека ќе следат долги преговори за коалиција, но најверојатно ќе видиме верзија на сегашната […]

СДСМ: Во податоците на ДИК недостатоци и грешки кои може да дадат неточна слика за конечниот резултат


Според податоците на изборниот компјутерски центар на СДСМ, разликата во корист на коалицијата Можеме изнесува најмалку три мандати, а во податоците презентирани од страна на ДИК забележани се сериозни недостатоци и грешки кои може да даваат неточна слика за конечниот резултат, соопшти денеска Социјалдемократскиот сојуз. Оттаму им честитаат на сите граѓани за, како што велат, […]

(Видео) Изјава на Христијан Мицкоски


ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, ќе одржи прес-конференција,  во 12 часот и 30 минути, прва негова по завршување на изборите. Вчеравечер тој не се појави пред партиското седиште, а пред присутните два пати се обрати секретарот на партијата, Игор Јанушев. Јанушев на последната прес-конференција порача дека епилогот од изборите сѐ уште е […]

ДИК ги броела гласовите цела ноќ, попладне ќе излезе со резултатите


Слободанка Јовановска По хаосот поради нелогичните бројки од гласачките места и паѓањето на страницата, во ДИК ги проверуваат записниците и точните резултати ќе бидат објавени попладнево. Според Борис Кондарко, членовите на ДИК работеле цела ноќ и се уште работат на проверка на електронските резултати со тие што стојат во записниците и нема шанси хакерскиот напад […]

Апасиев: Ги изреметивме, долг е патот на борбата


Според проекцијата на ДИК, Левица добива две пратенички места. Првиот човек на партијата на ФБ напиша дека долг е патот на борбата. „Главата горе. И покрај сите кражби на гласови, ги изреметивме! А допрва почнуваме„, пишува Апасиев на ФБ. Апасиев најави дека денеска на прес-конференција Левица ќе ги изложи своите ставови во однос на изборите […]

Албански медиуми: Заев победник на изборите, успех и за Албанците со 29 пратеници во Парламентот


Албанските медуми, кои во континунтет информираат за предизборните и изборните активности во нашата земја, посебен простор отстапија и за прелиминарните изборни резултати. „Заев прогласи победа“,  „Заев победник на изборите, успех и за Албанците со 29 пратеници во Парламентот“, „Ахмети обезбеди 100.000 гласови“, „Ахмети и Заев во владина коалиција?“„Избори во пандемија, но најдемократски“, се само дел […]

Грчките медиуми за изборите кај нас


„Северна Македонија: Владејачката партија на Заев победник на парламентарните избори“; „Избори трилер во Скопје“; „Северна Македонија: Зоран Заев победник на парламентарните избори“; „Избори во Скопје: Зоран Заев победник со мала разлика“; „Мала предност за партијата на Заев“; „Изборен трилер со мало водство на Заев“, се дел од насловите во грчките медиуми, во текстовите објавени во […]

Неважечки 31.107 гласачки ливчиња на изборите


Државната изборна комисија регистрира 31.107 неважечки ливчиња на вчерашните предвремени парламентарни избори, според обработени 3.421 од 3.480 избирачки места. Бројот на важечки ливчиња изнесува 869.533. Гласале 927 640 граѓани или 51 отсто од вкупно запишаните 1 814 263 во Избирачкиот список. -Изборниот ден помина во мирна, фер и демократска атмосфера, без значителен број нерегуларности, оценија […]

ДИК: СДСМ 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА-А 12, Левица два, ДПА еден


Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ во новиот собраниски состав ќе има 46 пратеници, коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден, покажува симулацијата на Државната изборна комисија врз основа на првичните неофицијални резултати од вчерашните предвремени парламентарни избори од обработени 3.421 од вкупно 3.480 […]

Што се случува со податоците што ги објавува ДИК? Едни со други не се совпаѓаат


Надвор од тоа што падна сајтот на Државната изборна комисија кога требаше да почне објавувањето на резултатите од изборите, многу нелогичности се појавија на страната на ДИК кога таа клонечно проработе околу 3 часот по полноќ. Но кога ќе ги отворате резултатите на ниво на држава и по изборни единици се појавуваат податоци кои никако […]

СДСМ победи на изборите во исклучително тесна трка


Како што и се предвидуваше овие избори беа неверојатно неизвесни и во мртвата трка во поголемиот дел на вечерта кога се пребројуваа резултатите, коалицијата на СДСМ и Беса однесе тесна победа од 1,3 процентни (35,81 наспроти 34,5 отсто, а остануваа да се пребројат гласовите на уште стотина избирачки места) поени разлика пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. […]

(ВИДЕО) Заев: Успеавме, народе мој!


Успеавме, народе мој, порача доцна вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев, соопштувајќи дека во моментов СДСМ со коалицијата победуваат  со над три пратенички мандати и со можност да освојат еден или два повеќе.Според него граѓаните излегоа да гласаат за сигурност, за ред и за правда. -Патот напред е потврден. На опасноста и кажавме јасно не, […]

СДСМ во благо водство пред ВМРО-ДПМНЕ по пребројани 90 отсто од избирачките места


Според првичните резултати од електронскиот внес на Државната изборна комисија (ДИК), СДСМ и коалицијата водат по пребројани 90 отсто од избирачките места (3.130 од 3.480). Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ освои 272.881 глас или 36,15 отсто, а Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 262.168 гласа или 34,73 отсто. За ДУИ гласале 86.816 или 11,5 отсто, за Албанците […]

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за составување на нова влада


ВМРО-ДПМНЕ влегува во борба за формирање парламентарно мнозинство за формирање нова влада, изјави пред малку генералниот секретар на партијата Игор Јанушев. Тој рече дека според резултатите што ги имаат неговата партија води во повеќето градови и населени места, но дека поради Донтовиот модел, сепак ќе почекаат до утре наутро. „Во моментов трката е неизвесна, да ги […]