Заев со 46, а Мицкоски со 44 пратеници во трка за формирање парламентарно мнозинство


Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ со освоени 46 мандати има најголем коалиционен капацитет, додека од ВМРО-ДПМНЕ кои имаат 44 мандати веруваат дека имаат најголем кредибилитет да се борат за состав на нова Влада, по предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули годинава. Во новиот собраниски состав СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат помалку пратеници од досега, […]

По доцнењето на изборните резултати од ДИК, партиите најавуваат приговори


Државната изборна комисија првите конечни неофицијални резултати од десеттите парламентарни избори ги објави безмалку 24 часа по затворање на гласачките места. По ваквиот преседан, политичките партии наместо за можниот состав на новата Влада на постизборните прес-конференции повеќе зборуваа за нерегуларности и грешки, како и можни приговори. Според пресметките на СДСМ разликата во корист на Коалицијата […]

На Северна Македонија и треба стабилна проевропска влада, порачаа од групата „Обнова на Европа“ во ЕП


Групата „Обнова на Европа“ во Европскиот парламент ги поздрави добро спровдените предвремени парламентарни избори, што се одржаа вчера во земјава и ги повика проевропските политички партии да формираат стабилно мнозинство за новата влада, јави дописникот на МИА. Резултатите од разговорите за коалицијата ќе биде клучен за иднината на земјата и за нејзиниот напредок во следните […]

Амбасада на САД: Изборите претставуваат значаен чекор кон демократијата


 Како први избори одржани по влезот на Северна Македонија во НАТО и по поканата за започнување на преговори со ЕУ, овие избори претставуваат значаен чекор кон демократијата, се вели во ставот на Американската амбасада во Скопје за парламнетарните избори одржани на 15 јули годинава. – Го поздравуваме големиот напор на локалната изборна администрација, што овозможи […]

МАСИТ за проблемите на порталот на ДИК: Дигиталните проекти да се договараат транспарентно


Дигиталните проекти, производи и услуги кои се од општествено, економско и државно значење треба да се договараат и реализираат на максимално транспарентен, објективен и етичен начин и при тоа, никако не смее да биде изземена комората, се вели во ставот на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, поврзано со новонастаната ситуација и технички […]

СДСМ остро против Левица – маргинални политики блиски на фашистичките наративи


Социјалдемократите денеска реагираа остро против изјавите на лидерот на Левиоца, Димитар Апасиев, во кои тој повика на одредено политичко насилство. „На денот кога државата, институциите организираа беспрекорно чист изборен ден, политичката партија Левица и нејзини претставници шират говор на омраза и повикуваат на линч на неистомисленици. СДСМ ги осудува ваквите маргинални политики кои се блиски […]

Германскиот министер Михаел Рот му ја честиташе изборната победа на Зоран Заев


Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, на Твитер му ја честиташе изборната победа на Зоран Заев и коалицијата „Можеме“ на вчерашните парламентарни избори во земјава, јави дописничката на МИА од Брисел. „Честитки до Северна Македонија, Зоран Заев и Никола Димитров. Добра вест е што изборите беа спроведени без проблем, во исчекување сме да се фатиме […]

Честитка од Илир Мета за успешно спроведените избори


Албанскиот претседател Илир Мета испрати порака во која и честита на Северна Македонија за одржувањето слободни избори. Преку објава на Фејсбук, шефот на албанската држава им честита и на албанските партии за високиот резултат во овој изборен процес. Меѓу другото, тој го потенцира фактот дека „треба да ги здружиме напорите и да продолжиме заедно за […]

СДСМ: Победивме во пет изборни единици и имаме најголем коалиционен капацитет


Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ е победник во голем број општини и има најголем коалиционен капацитет, со што извесно е дека лидерот Зоран Заев ќе биде новиот мандатар и прв ќе има шанса да состави владино мнозинство, покажуваат првичните резултати од предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули годинава. Нивната победа, според аналитичкиот центар на […]

Ципрас прв му честиташе на Заев


Поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас на Твитер веќе му честиташе на Зоран Заев за, како што вели, зајакнување на пораката од храбрите прогресивни сили што се борат против национализмот. „Благодарение на твоите напори, пораката на храбрите прогресивни сили што се борат против национализмот, за социјална правда и мир во нашиот регион, денеска станува посилна. […]

Спасовски: Прашање на политички проценки е дали СДСМ ќе коалицира со ДУИ


Премиерот Оливер Спасовски попладнево на прес-конференција изјави дека е прашање на политички проценки и договарања дали СДСМ ќе коалицира со ДУИ за формирање на парламентарно мнозинство и за Влада. Одговарајќи на новинарско прашање, Спасовски упати на одговор во партијата. – Јас само можам да кажам дека се што е потребно да се направи за доброто […]

Јовановиќ и Савески: Оваа Левица е екстремно десна, чудовиште


Двајца од првите основачи на Левица, Бранимир Јовановиќ и Здравко Савески, денеска, еден ден по изборите, ја оценија партијата што сега ја предводи Димитар Апасиев како „екстремно десна, фашистичка“ и дека нејзиниот лидер се претворил во „чудовиште“ и „диктатор“. Бранимир Јовановиќ вели: „Ќе беше супер ако во Собранието влезеше нова партија, подобра од постојните, наднационална, […]

ОБСЕ/ОДИХР: Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија генерално добро спроведени


Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија беа добро организирани и покрај пандемијата, но правната сигурност остава простор за загриженост. Денот на гласање помина мирно и покрај одредени технички предизвици поврзани со известувањето за резултатите, се наведува во прелиминарната оценка за изборите на меѓународниот набљудувачки тим на ОБСЕ/ОДИХР. Во прелиминарниот извештај се наведува дека изборите беа […]

Спасовски: Изборите потврда за нашиот европски капацитет, ДИК да ги соопшти резултатите


Изборот е направен, насоката е потврдена, Северна Македонија продолжува по правиот пат во сигурна и европска иднина, рече денеска премиерот Оливер Спасовски. На прес-конференција во Владата, ден по изборите, Спасовски потенцира дека вчера, граѓаните и државата покажаа европски капацитет, докажаа дека заслужено земјава е членка на НАТО и на чекор од почеток на преговорите со […]

Апасиев: Левица е оштетена за околу 10 илјади гласа, украдени ни се тројца пратеници


Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на прес-конференција рече дека се сомневаат дека партијата  по вчерашните избори е оштетена за минимум околу 10 илјади гласа и дека им се украдени, како што рече, тројца пратеници, во изборните единици 1, 2 и 4. Ќе поднесат приговор во законскиот рок од 48 часа, а најави и кривични пријави […]

(Видео) Прес на ОБСЕ/ОДИХР


Првични оценки за текот на изборите ќе дадат претставниците на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР. Проследете ја во живо: https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/1912317895575331/

ДИК поднесе пријава во полиција за хакирањето на сајтот, вчера паднал и вебот на МВР


Покрај падот на сајтот на Државната изборна комисија ДИК и на Тиме.мк, вчера во текот на денот во траење во неколку часа „паднал“ и сајтот на Министерството за внатрешни работи. Од МВР за МИА информираа дека Секторот за компјутерски криминал работи на откривање на причините  за падот на сајтот на полицијата кој вчера бил во […]

(Видео) Прес на Оливер Спасовски


Премирот во техничката Влада, Оливер Спасовски, чија основна задача беше да спроведе избори, ќе одржи прес-конференција по завршувањето на предвремените парламентарни избори. Проследете ја во живо:

СДСМ: Мицкоски повторно го потцени народот


Христијан Мицкоски е изгубен во сопствените заблуди, па заборавил и да брои. После 16 часа од поразот, ни срам ни перде, излезе да каже дека победил со два до три пратеници во минус, за да му се смее цела јавност. Денеска Христијан Мицкоски повторно го потцени народот. Тој е поразен политичар кој го потценува народот, […]

Шабани: ДИК во стандардна процедура ги проверува податоците за резултатите од изборите од ОИК


Државната изборна комисија (ДИК) се очекува во попладневните часови да одржи седница на која треба да бидат соопштени конечните неофицијални резултати од изборите. Во Комисијата сега се прави контрола на податоците што синоќа ги испратиле општинските изборни комисии, што е стандардна и вообичаена постапка по секои избори, изјави за МИА портпаролот на Комисијата Адмир Шабани. […]