Врнежи од снег во делови од земјата


Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Во делови од земјата има врнежи од снег, но тие не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ. Врнежи со среден интензитет има на Страцин, а со слаб интензитет има во Крива Паланка, Попова Шапка, Гостивар, Маврово, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека, Делчево, Павлешенци и Смојмирово. […]

Кочански полицаец ја малтретирал сопругата, пукал со пиштол и ја тепал


На 12 јануари 2018 година во 17 часот во Полициската станица Кочани К.А.К. (38) од Кочани пријавила дека истиот ден околу 16 часот била психички и физички малтретирана од нејзиниот сопруг М.К. (39), вработен во МВР. Според пријавата, М.К. под дејство на алкохол почнал да и упатува сериозни закани дека ќе посегне по нејзиниот живот […]

Полицијата пронајде рачна бомба, пушки и пиштоли во домот на кичевчанец


На 11 јануари 2018 година во Кичево во домот на С.Ѓ. (49) од страна на полициски службеници од Полициската станица-Кичево, по наредба од Основен суд–Кичево извршен е претрес во неговата куќа. Притоа бил забележан неговиот син Ј.Ѓ. како во патничко моторно возило „Чироки“ со кичевски регистарки ознаки става огнено оружје. Од страна на полициските службеници […]

Тешка сообраќајка во Скопје: Еден маж загина, друг е тешко повреден


Триесет и шестгодишен скопјанец загина во сообраќајка што се случила синоќа околу 23:30 часот на булеварот„Александар Македонски“ во Скопје. Како што информира денеска МВР, Г.С. (36) од скопското село Марино управувајќи автомобил „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, по што удрил во метални столпчиња, потоа во дрво и во метална кенделабра. Во […]

Украден автомобил со Скопје


Во Полициската станица Карпош, вчера во 10.20 часот, Г.Б. (55) од Скопје пријавил дека на 10/11.01.2018 година во периодот од 17.00 до 09.00 часот од паркинг просторот пред зграда на улица „Никола Парапунов“ од страна на непознат сторител било одземено возило „Ренџ Ровер Евок“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице. Со извршеното кривично […]

Приведен уште еден од групата на Нинџа за „крвавиот четврток“ во Собранието


Уште едно лице осомничено за настаните од 27 април во македонското Собрание е приведено. Според обвинителството, станува збор за Младен Додевски, кој е дел од групата од петмина осомничени за кои беше распишана потерница.   На Додевски и на останатите осомничени кои се бараат со потерници им е определен притвор. Делото за кое се сомничат […]

Судењето на напаѓачите на Села закажано за 26 јануари


Основниот суд Скопје 1 за 26 јануари го закажа почетокот на судењето на напаѓачите на лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, кои се товарат за обид за убиство. Судењето, како што потврдија за МИА извори од Кривичен суд, ќе почне во 10 часот, а ќе го води судијката Славица Андреевска. Села беше еден од […]

Апелацискиот суд ќе расправа за уште жалби за притвори


Апелацискиот суд Скопје денеска на јавна седница ќе расправа за жалбите за притворот на уште четири лица приведени во врска со настаните во Собранието на 27 април. На јавната седница ќе се расправа за жалбите на Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање, Душко Лазаров, началник за специјални операции во МВР, за продолжениот притвор на поранешниот […]

Пијан битолчанец нападнал лекар од Итната медицинска помош


Пијан битолчанец синоќа нападнал лекар од Итната медицинска помош кој сакал да му укаже лекарска помош. Триесет и четиригодишниот В.С. во алкохолизирана состојба бил паднат пред кафе бар на улицата „Васко Каранѓелевски“ по што интервенирала екипа од Итната медицинска помош. Кога му било кажано дека треба да го пренесат во Ургентниот центар за да му […]

Нападнат прилепчанец и запалено неговото возило


Дваесет и двегодишен прилепчанец ноќеска бил физички нападнат од двајца мажи кои му го демолирале и запалиле и возилото. Тој во полиција пријавил дека бил нападнат околу еден часот по полноќ кога заедно со негов другар се паркирал со возилото „пежо 306“ на улицата „Марксова“. Напаѓачите дошле со „ауди А3“ и еден од нив без […]

Биланс на сообраќајни несреќи во тетовско: Двајца загинати и 13 повредени


Двајца загинати, 13 лица со тешки повреди како и 68 лица со повреди од полесен карактер биле последиците од вкупно 80 сообраќајни несреќи со пешаци што во текот на 2017 се случиле на тетовското подрачје, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Во 2016 година на ова подрачје имало четворица загинати пешаци во сообраќајки, додека […]

Изгоре куќа во селото Мглинце


Изгоре семејна куќа во планинското село Мглинце во општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Пожарот избувнал вчера во 14 часот. Во гаснењето на пожарот учествувале противпожарни единици од Старо Нагоричане и Куманово. Поради лошата конфигурација на теренот, пожарникарите го гаселе пожарот во два наврати. Во гаснењето на пожарот […]

Маж повреден од заталкан куршум


Жител на село Лешани, Охридско, вчера попладне бил погоден од заталкан куршум. Како што соопшти МВР, инцидентот се случил во 16:50 часот, а бил пријавен во СВР-Охрид од охридската болница „Св.Еразмо“ каде бил донесен Ј.М. (38) од с.Лешани – Охрид, со прострелна рана во пределот на надлактицата од левата рака. – Од страна на полициски […]

Се крадат и тегли со ајвар и шишиња со ракија


„Кога вечерта се вратив од работа, ме дочека шок. Работите беа расфрлени, преместени, размрдани полици и шкафови, документи и облека на подот… Влезната врата ја отворив со клуч, па веднаш сфатив дека станот ми е провален преку балконот. Крадецот или крадците ја прескокнале оградата и претпоставувам со шрафцигер ја подигнале заштитната завеса неколку сантиметри, сосема […]

Видео од полициската акција во Арачиново: Запленети 150 килограми дрога


Различни пакувања со околу 150 килограми разновидни материи, за кои се претпоставува дека се наркотични дроги се пронајдени вчера при претрес на домовите и други простории кај две лица во Арачиново. Како што информираат од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, претресот е извршен по претходно добиени оперативни сознанија и врз основа на издадена наредба за […]

Во Арачиново пронајдени 150 килограми дрога


Различни пакувања со околу 150 килограми разновидни материи, за кои се претпоставува дека се наркотични дроги се пронајдени вчера при претрес на домовите и други простории кај две лица во Арачиново. Како што информираат од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, претресот е извршен по претходно добиени оперативни сознанија и врз основа на издадена наредба за […]

Над илјада возачи возат без дозвола во Гостивар


Во годината што измина на поширокото гостиварско подрачје биле откриени и исклучени од сообраќај 1.033 лица кои управувале најразлични моторни возила без положен испит и валидна дозвола, информираат од СВР Тетово. Најголемиот број од нив управувале патнички возила, но и комбиња и камиони или други видови товарни возила. Според возраста, станува збор за помлади лица […]

Жена почина од задушување во пожар во Ѓорче Петров


Една жена почина од задушување во пожар што попладнево избувна во стан во скопската населба Ѓорче Петров. Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје изјавија дека пожарот избувнал околу 16:25 часот на улицата Шидска и оти е интервенирано со пет пожарникари и две возила. Во пожарот нема други жртви и повредени, а не се опожарени […]

Пожарот во станот во скопски Центар подметнат од сопственикот


Полицијата денеска сопшти дека В.М. (39) вчера го опожарил својот стан во центарот на Скопје и оти нападнал и повредил полициски службеник, по што бил однесен во Душевната болница „Бардовци“. Пожарот на ул. Даме Груев во зграда на вториот кат бил пријавен вчера во 10:27 часот. Како што се наведува во соопштението од МВР, полициски […]

Две возила опожарени во Скопје


Две возила од марката „голф“ на две различни локации во Скопје биле опожарени во текот на ноќта. Како што соопшти МВР, утрово во 04.20 часот на ул. „Боро Менков“ во Скопје, од засега непознати причини, настанал пожар во патничко возило „Голф 5“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.А. (26) од Скопје. Во пожарот бил […]