Се самоуби затвореник осуден на доживотна казна во КПУ Идризово


Затвореникот Игор Мирчески (39) од Кичево, кој издржувал доживотна затворска казна во Казнено-поправната установа Идризово, се обесил во просторијата во која бил сместен. Како што информира МВР, затвореникот со итна медицинска помош бил префрлен во Ургентниот центар-Скопје, каде во 13:55 часот била констатирана смрт. Случајот во полиција бил пријавен вчера во 14 часот од Командир […]

Почна судењето за предметот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“


Во Кривичниот суд денеска почна судењето за предметот „ТНТ“ на СЈО, кој се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цаноски. На рочиштето присуствуваат поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази […]

Тешко повреден пешак во сообраќајка во Скопје


Пешак бил тешко повреден во една од вкупно шест сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки со полесни повреди се здобиле четири лица, а во една била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и пет возачи […]

Двајца Бугари повредени во сообраќајка кај Крива Паланка


Двајца бугарски државјани Ф.Ф.В. (47) и В.К.А. (26), кои биле сопатници во возило, се тешко повредени во сообраќајка што се случила на магистралниот пат Крива Паланка-граничен премин „Деве Баир“. Како што информира денеска МВР, сообраќајката се случила вчера во 1:15 часот. Во несреќата Е.Е.К. (27) од Република Бугарија, управувајќи патничко возило „Ауди 4“ со бугарски […]

Ограбена Шарената џамија во Тетово


Непознат сторител ноќта меѓу 21 и 22 јануари извршил тешка кражба во Шарената џамија во Тетово. Во друг случај непознат сторител извршил тешка кражба во обид и во тетовската џамија Ринис. МВР информира дека во првиот случај сторителот насилно ја отворил влезната врата на Шарената џамија, влегол внатре и од кутијата за доброволен прилог ги […]

Болничар кој убил двajца во Германија, обвинет за уште 97 убиства


Берлин – Германски болничар, кој е осуден на доживотна затворска казна поради две убиства, се тoвари за уште 97 убиства на пациенти. Нилс Хогел (40) е обвинет за 35 убиства во северозападниот германски град Олденбург и за уште 62 во Делменхорст. Во ноември минатата година, германските власти напоменаа дека е можно болничарот да извршил над […]

Пратеничката Пешевска останува во домашен притвор, Апелација ја одби нејзината жалба


Апелацискиот суд во Скопје ја одби жалбата на пратеничката Жаклина Пешевска и ја потврди првостепената одлука со која таа останува во домашен притвор, потврдија за МИА од судот. Апелациските судии денеска ја разгледуваа жалбата на Пешевска со која се бараше да и биде укинат домашниот притвор кој и беше определен за настаните во Собранието од […]

Кривични пријави за бесправно градење во општина Центар


Три кривични пријави за бесправно изградени објекти на територијата на општина Центар до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе општинската администрација застапувана од градоначалникот Саша Богдановиќ. Како што информираат од општината во текот на 2017-та година, по извршен инспекциски надзор од страна на овластен градежен инспектор на општина Центар и по извршен увид, на булеварот […]

Осомничени двајца за пишување графити со говор на омраза во Битола


СВР-Битола денеска соопшти дека осомничени се две лица за кои се смета дека напишале непристоен графит на фасада на битолски Широк сокак. Во врска со настанот, кога во Битола на улицата Широк сокак на фасадата од зграда беа испишани графити со говор на омраза на македонски и на албански јазик, СВР-Битола, Одделение за Криминалистичка полиција, […]

Тетовка избодена до смрт од нејзин роднина во Скопје


Четириесет и едногодишна жена од Тетово синоќа починала на пат кон болница од повреда од нож во стомакот што и ја нанел нејзин роднина во Скопје. Како што соопшти МВР, синоќа во 22.50 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во куќа на ул. „Дижонска“ М.Ш.(33) од Скопје со нож ја прободел во пределот на стомакот […]

Двајца албански државјани фатени со 33 килограми марихуана


Кривична пријава и 30-дневен притвор добија двајца државјани на Албанија, С.С.(36) и А.Т.(24), осомничени за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Како што соопшти МВР, тие набавиле вкупно 33,4 килограми опојна дрога марихуана и ја спакувале во 47 најлонски пакетчиња. Ја ставиле во две патни торби и […]

Битолчанка пронајдена мртва со изгореници


Битолчанката В.А. (66) е пронајдена мртва во нејзиниот стан на улицата „Сремска Митровица“, денеска десетина минути по полноќ. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека нејзиниот син во петокот околу 13 часот излегол на работа и вечерта кога се вратил дома, ја забележал мајка си без знаци на живот на подот од дневната соба во […]

Патнички воз прегази жител на Миравци


Шеесет и четиригодишен жител на гевгелиското Миравци загина во несреќа што се случи на влезот од железничката станица во селото. Според полицијата, вчера околу 11.55 часот, возот што сообраќал од Гевгелија кон Миравци удрил во С.Г. (64), кој починал на самото место. По увидот, телото е предадено за обдукција.  

Македонци повредени во Банско


Четворица Македонци се повредени и сместени во болница во Разлог по сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на патот Добриниште-Банско, јави бугарската новинска агенција БГНЕС. Се работи за тројца 48 годишни мажи и еден на возраст од 41-на година, кои во моментов се наоѓаат надвор од животна опасност. Извештајот за сообраќајната несреќа беше доставен во […]

Сашо Tасевски добил заканувачко писмо


Директорот на Драмски театар, Сашо Тасевски вчера добил заканувачки пораки, за кои пријавил во полиција, информираа од МВР. Според полицијата, вчера во 12.30 часот, С.Т. од Скопје пријавил дека истиот ден во 10,30 часот, во службената канцеларија на Драмски театар-Скопје, пристигнало писмо адресирано лично до него. Откако го отворил писмото забележал дека во истото има […]

Малолетнички од Тетово запознале маж на интернет, ги повикал дома и ги силувал една по една


Два малолетнички биле силувани во Мала Речица, а случајот во полиција го пријавила мајката на едната малолетничка, информираа од МВР. Според полицијата, синоќа во 01.30 часот во ПСОН-Тетово, малолетничка од Тетово во присуство на нејзината мајка во придружба на Дежурен јавен обвинител, психолог при Центарот за социјални работи на Тетово и адвокат, пријавила дека на […]

Кај Облешево загина 59-годишен велосипедист


Велосипедист загина откако во него удрил автобус. Сообраќајката се случила денеска околу 16:20 часот на магистралниот пат А3 Штип-Кочани, во близина на селото Облешево. Како што информира МВР, автобус управуван од М. М. (1957) од Кочани удрил во велосипедист управуван од С. Т. (1959) од село Мојанци, Кочани. С.Т. бил примен во Општата болница Кочани, каде му биле […]

Споменикот на Крал Марко испишан со кукасти крстови


Непознати сторители испишале кукасти крстови на споменикот на „Крал Марко“ во центарот на Прилеп. Од прилепската локална самоуправа информираат дека тоа се случило во текот на изминатата ноќ, а вандалскиот чин го регистрираа инспекциските служби. Во текот на денот споменикот беше исчистен. Случајот е пријавен во прилепската полиција и се очекува сторителите да бидат откриени. […]

Апелација ги одби жалбите: Мукоски останува во притвор


Апелацискиот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на пратеникот Крсто Мукоски и донесе одлука со која му го потврди притворот, информираат за МИА од Судот. Жалбите, пак, на пратеничката Жаклина Пешевска и на Борис Дамовски се на мислење во Вишото јавно обвинителство, а во Апелацискиот суд се уште нема стигнато предмет за пратеникот Љупчо […]

Мртов маж пронајден во хотелска соба во Скопје


Починато машко лице легнато на под со траги од крв и метадон било пронајдено синоќа во соба на хотел кој се наоѓа задната страна на Поликлиниката на Бит Пазар. По кажување на вработените, лицето кое што престојувало во хотелот пристигнало еден ден претходно и се претставило како Б.М. без да остави документи за идентификација. Како […]