Дури 540 возачи вчера возеле пребрзо, полицијата ги казни


Во текот на вчерашниот ден како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 772 издадени платни налози поголемиот дел од нив, односно 540  прекршоци се однесуваат на возачи кои што не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Според статистичкиот преглед […]

Условна казна од 2 години за Пешевска која призна вина во случајот „Онкологија“


Условна казна за онкологот Мери Пешевска, одлучи Кривичниот суд. Пешевска претходно призна вина. Заедно со поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, и уште двајца онколози беше обвинета за несовесно лекување пациенти. „Судот на обвинетата ѝ изрекува алтернативна мерка-условна осуда, така што на обвинетата Мери Пешевска ѝ утврдува казна затвор во траење од две […]

Почина седумгодишно девојче во тетовската болница


Почина девојче на седум години кое било на болничко лекување во Клиничката болница Тетово, информираат денес од тетовската јавна здравствена установа. Девојчето од тетовското село Челопек било примено на Одделението за педијатрија во саботата во 20.40 часот, а почина во неделата. – Пациентката беше примена на Одделението за педијатрија на датум 20.09.2025 во 20:40 часот […]

За еден ден фатени тројца предизвикувачи на пожар


МВР денес соопшти дека лишиле од слобода три лица кои предизвикале палење и пожари во скопско, струмичко и во тетовско подрачје.   Имено, полициски службеници од ПО Групчин го лишиле од слобода Н.И.(70) од с.Чифлик, постапувајќи по претходна пријава дека тој, додека ја чистел неговата нива на местото викано „Ливада” на стариот пат од с.Чифлик […]

Кавадарачанец упатувал смртни закани и изнудувал пари од градоначалник


Основното јавно обвинителство Кавадарци отвори истражна постапка против едно лице од Неготино, осомничено за обид за кривично дело „Изнуда“ и за „Загрозување на сигурноста“, според Кривичниот законик. „Осомничениот на 2 септември, од анонимен фејсбук профил, му испратил порака на градоначалникот на Неготино и со сериозни закани кон него и неговото семејство се обидел да го […]

Побаран притвор за четири лица поради сомневање дека подметнале експлозивна направа пред куќа во Битола


Постапка против четири лица поведе Основното јавно обвинителство Битола, за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Јавното обвинителство информира дека постои основано сомнение дека заеднички, со учество во дејствие на извршување или друг особен придонес подметнале експлозивна направа пред една куќа. -Според доказите прибрани по наредба на […]

Дванаесетгодишно девојче било физички и психички малтретирано со месеци, случајот пријавен во полиција


Дванаесетгодишно девојче три месеци било физички напаѓано и психичко малтретирано, а тоа било снимено со мобилен телефон.  Како што се наведува во МВР-билтенот, случајот вчера во СВР Штип го пријавила С.Д.(25), сестра на девојчето. Според пријавата, девојчето било малтретирано од 13-годишна малолетничка.  – Во полициска станица во присуство на нивните родители бил извршен службен разговор […]

Уапсен скопјанец кој се заканувал на вонбрачната партнерка, ѝ го искршил и мобилниот


Скопјанец во текот на вчерашниот ден се заканувал на својата вонбрачна партнерка и и го искршил мобилниот телефон. Полицијата го уапсила. „На 19.09.2025 во 22:20 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Д.Б.(36) од Скопје по претходна пријава дека околу 11:30 часот во домот и се […]

Притвор од 30 дена за првосомничениот за пожарот во Трубарево, останатите тројца во куќен притвор


Скопскиот Основен кривичен суд го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство и му одреди 30-дневен притвор на првоосомниченото лице поврзано со фирмата во чиј објект за електронски отпад во Трубарево во саботата избувна голем пожар. На другите тројца осомничени во случајот, судија на претходна постапка им одредил мерка куќен притвор. Основното јавно обвинителство Скопје, синоќа […]

МВР со детали за пукањето во Прилеп кај болницата – приведени 13 лица


„Околу 12.00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека пред Градската општа болница ,,Борка Талески“ во Прилеп настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица, кои употребиле дрвени и други предмети. На местото се испратени полициски службеници, но лицата не постапиле по нивните наредби да престанат, по што еден од нив испукал неколку истрели во воздух од […]

(Видео) Врие од полиција кај болницата во Прилеп: Две групи се пресметувале со оружје


Врие од припадници на МВР во дворот и околу прилепската болница, откако две поголеми групи во близина на болницата се обиделе да се пресметаат. Лицата неофицијално биле наоружани со огнено и ладно оружје, а засега не се познати причините за настанатиот инцидент, пишува прилепскиот портал „Маркукуле“. Полицијата во моментов трага по инволвираните лица… Очекувајте повеќе […]

Сквернавење на гробот на Стале Попов и Бранка Поповска во Бутел


Четири лица се осомничени за тешка кражба и сквернавење на гробот на починатите Стале Попов и Бранка Поповска на гробиштата во Бутел. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против лицата и до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за сите. Осомничените, на 17 […]

Голема полициска акција против нелегална сеча на шуми


Во тек е голема полициска акција на подрачјето на Берово, Пехчево и Делчево, која од синоќа се спроведува и сѐ уште трае. Акцијата е насочена кон разбивање на организирана криминална група која вршела нелегална сеча на шуми, злоупотреба на службена положба, примање и давање поткуп, како и други тешки дела против животната средина. Од МВР […]

Приведен скопјанец за криумчарење мигранти од Непал


 Четири лица од Непал се пронајдени во возило на скопјанец во близина на граничниот премин Ќафасан, возачот приведен за криумчарење мигранти, соопшти денеска СВР Охрид. Полициски службеници од полициската станица за граничен надзор во струшкото село Франгово, според информацијата, синоќа во 22 часот и 50 минути, од слобода го лишиле Џ.Б.(40) од Скопје, кај место […]

Продолжува судењето за Онкологија 2


 Со сослушување сведоци денеска во Кривичниот суд продолжува судењето за случаот Онкологија 2 кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал. На претходното рочиште сведочеше медицинска сестра, која била одговорна за дневната болница на Клиниката за […]

Ново обвинение за Мерко за злоупотреби при осветлувањето на Црн Дрим


Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе Обвинителен предлог против Рамиз Мерко за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што соопштуваат од Обвинителството, осомничениот, во временскиот период од 01.04.2021 до 27.06.2022 година, како службено лице – градоначалник на Општина […]

Уапсен пироман од струмичко, подметнал пожар на нива


Приведено лице од струмичко кое подметнало пожар на нива. Како што информираат од МВР, вчера (16.09.2025) на регионален пат помеѓу селата Сарај и Петралинци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода С.В.(59) од село Дабиле, струмичко. Тој се сомничи дека околу 19:00 часот подметнал пожар на арско ѓубре во нива помеѓу селата Дабиле и […]

Продолжен притворот за нови 48 часа на сите четворица опфатени со постапка за пожарот во Трубарево


Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО – Скопје, донесе одлука со која се продолжува притворот за нови 48 часа за сите четворица опфатени со постапка за пожарот во Трубарево, информираат од Кривичен суд Скопје. Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело […]

Росица 70 пати го пријавувала Илија за насилства и закани, полицијата правела записници


МВР ја објави листата на пријави против Илија Стефановски (39) од Скопје, кој го изврши двојното убиство во Велес, во кое жртви беа неговата поранешна партнерка Росица Коцева и нејзинот татко. Притоа е евидентирано  следното: -На 26 јануари годината во 23:30 часот во СВР Велес, Р.К.(31) пријавила поплака против И.С.(39) од Скопје дека на улица […]

Измамена кумановка за над 3,2 милиони денари за купување стан


 Шеесет и едногодишна кумановка пријавила во полицијата дека била измамена за над 3, 2 милиони денари за купување стан со гаража во кој требала да се всели пред пет години, но од извршител дознала дека доверител на станот е банка во стечај, соопшти денеска полицијата. – Вчера во 11:00 часот во СВР Куманово, 61 – […]