Македонец тешко повреден во туристички објект во Истра


Педесет и седум годишен државјанин на Северна Македонија е тешко повреден во Рабац во Хрватска ноќта од недела кон понеделник, 29 септември, околу 1:30 часот по полноќ. Инцидентот се случил во туристички објект, соопшти Полициската управа на Истра. На повредениот му е укажана медицинска помош во Општата болница во Пула, каде му се констатирани тешки […]

Малолетник сакал да го убие својот татко во Скопје


СВР Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишник од Скопје. Тој се сомничи за сторено кривично дело „убиство“ во обид. Имено на 06.09.2025 во семејниот дом, пријавениот со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на неговиот 51-годишен татко, соопшти полицијата.

Жена нападнала 19-годишна девојка по недоразбирање во сообраќај


Млада скопјанка била нападната од жена во скопски Аеродром по претходно недоразбирање во сообраќајот.  – На 29.09.2025 во 21:50 часот во СВР Скопје, Д.Т.(19) од Скопје пријавила дека околу 20:40 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно женско лице, стои во полицискиот билтен.  Се преземаат мерки […]

Скопјанец дивеел во својот дом – полицијата го приведе


  Скопјанец кршел покужнина во својот дом во Кисела Вода и се заканувал на членовите на неговото семејство. Полицијата го приведе. На 28.09.2025 во 11:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.Д.(33) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 09:30 часот во семејниот […]

Малолетници се возеле со автомобил, па излетале од коловоз – двајцата се повредени


  Во неделата, двајца тинејџери возеле автомобил, па излетале од патот, при што совозачот е тешко повреден, а возачот, полесно. На 28.09.2025 во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат с.Кривогаштани- Крушеани, патничко возило „дфск“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од с.Трновци, општина Могила, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки […]

Млади од Трубарево палеле кабли во Аеродром


Две момчиња од Трубарево се уапсени во Аеродром бидејќи палеле кабли.   Според информација од Министерството за внатрешни работи, викендов полициски службеници од полициската станица во Аеродром ги лишиле од слобода Т.М.(23) и И.М.(26), двајцата од Трубарево. Нив ги пријавил вработен во општината Аеродром кој сведочел дека тие во парк на булеварот „Февруарски поход“ палеле […]

Уапсен возачот (30) кој усмрти пешак (83) во Лисиче


Денеска (27.09.2025) во 08:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче во Скопје, патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(30) од Скопје, удрило во пешакот Т.Ѓ.(83) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Ѓ., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, […]

Опожарени делови од четири станови – МВР со детали за пожарот во Неготино


Полицијата со детали за пожарот кој вчера изби во центарот на Неготино. – На 26.09.2025 во 23:05 часот во ОВР Неготино е пријавено дека настанал пожар пред објект на правно лице во зграда на улица „Јане Сандански“ во Неготино, кој се проширил, делумно го зафатил објектот, а биле опожарени и надворешни делови од четири станови […]

Пријавени два случаи на меѓуврсничко насилство во еден ден во Скопје


Во Скопје вчера биле пријавени два одделни случаи на меѓуврсничко насилство.  Првиот случај го пријавила мајката на 14-годиишно девојче, дека подолг временски период три малолетнички ја следеле, вознемирувале и упатувале закани на најзината ќерка. Вториот случај го пријавил таткото на малолетно момче, кое физички било нападнато од неколку негови соученици.  Скопјанка пријавила во полиција дека […]

Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод


 Поради сообраќајна незгода во прекин денеска од 14:35 часот е сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, кај село Мажучиште. Патниот сообраќај, ккао што информираат од АМСМ, се пренасочува преку алтернативен земјен пат.

(Видео) Голем пожар во центарот на Неготино – изгоре продавницата на пред официјално отворање


Ноќеска во центарот на Неготино избувна голем пожар во новата продавница на брендот „Синсеи“, која требаше официјално да биде отворена наскоро. Според првичните информации, нема повредени лица, но станарите на зградата биле итно евакуирани поради опасноста од ширење на огнот. Пожарникарите пристигнале за кратко време и успеале да го локализираат пожарот, со што спречиле поголема […]

Ученик на пракса паднал од седум метри висина од објект во изградба во Охрид


Малолетен практикант паднал од седум метри висина од објект во изградба во Охрид. Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и сопственикот П.С.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос“ и „непреземање мерки за заштита при работа“. „П.С. како сопственик на правното лице, […]

Скопјанка ја натепала мајка си


Скопјанка ја натепала својата мајка во семејниот дом во Гази Баба. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (24.09.2025) во 15:00 часот во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријавила дека на 23.09.2025 околу 18:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзината ќерка Д.С.(36). Се преземаат мерки за […]

Кривична пријава против поранешни директори и заповедник во затворот во Струмица


СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.Ц.(41) од Струмица, поранешен директор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица, В.М.(36) од Струмица, поранешен вршител на должноста директор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица и В.Т.(42) од Струмица, заповедник на затворска полиција во Казнено-поправната установа Затвор Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични […]

Гореше Бе-ем-ве, а противпожарното возило не можеше да дојде до возилото од паркирани автомобили


Од иницијативата „Шанса за Центар“ споделија видео од синоќешниот пожар на просторот пред зграда кај Зелен пазар каде беше опожарено возило, а од огнот беше зафатен и продажен објект. – На 24.09.2025 во 23:07 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на бул. „11 Октомври“ во Скопје, било опожарено патничко возило „бмв“ […]

Цистерна се запали откако излетала од патот Гевгелија – Богданци, пожарот изгаснат, сообраќајот е во прекин


Цистерна со нафта се запалила утрово откако излетала на патот Гевгелија – Богданци, но пожарот бил брзо изгаснат од пожарникарите. Поради инцидентот сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци е во прекин, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. -Претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се […]

Ужас во Ѓорче Петров: Млада жена со перница се обиде да ја убие бабата на сопругот


Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство. Пред два дена, во домот на улицата „Борис Бојаџиски“ во скопската населба Ѓорче Петров, таа се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле во семејна заедница. Додека бабата, родена 1938 година, одмарала во една од […]

Маж од Турција почина на Клиники – го донел со возило и заминал


Маж од Турција почина на скопските клиники.  – На 23.09.2025 околу 16:40 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека со приватно возило од едно лице кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.А.О.(61) од Р.Турција, а откако го оставило повредениот, лицето со возилото заминало. Повредениот околу 19:30 часот починал, […]

Ученик претепан со тврд предмет од група малолетници


Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, К.Р.(40) од Скопје пријави дека околу 13:15 часот во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, а бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повредени две лица во сообраќајката што го затвори патот Велес-Градско


Две лица се повредени во сообраќајна несреќа се случи утрово меѓу две патнички возила и трактор на регионалниот пат Велес – Градско, на околу стотина метри по селото Ногаевци, соопштија од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес. Во несреќата, според полицијата, се судриле две возила марки „голф“ и „форд“ и трактор без регистарски таблички. Несреќата е пријавена […]