Притвор од 30 дена за 70-годишниот педофил од Прилеп


Притвор од 30 дена му е одреден на 70-годишниот прилепчанец кој изврши полов напад врз петгодишно девојче. Во денешниот полициски билтен се наведува дека против 70-годишниот С.Ч. е поднесена кривична пријава поради сомневање за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“. Случајот во полиција го пријави 23-годишната мајка на девојчето. […]

Затвореник повредил двајца полицајци откако бил прегледан во болницата во Прилеп


Затвореник од Казнено-поправната установа во Прилеп повредил двајца полициски службеници кои требало заедно со уште еден затвореник да ги спроведат од Општата болница во Битола до затворот. Инцидентот се случил вчера околу 16 часот во кругот на Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп кога полициските службеници со службено возило требало по завршување на лекарските прегледи на […]

Украдени лаптоп компјутери и опрема од основното училиште во Чаир


Од основно училиште во Чаир украдени се лаптоп компјутери, полначи и глувчиња за компјутери при што е причинета материјална штета од 576 илјади денари. Кражбата е пријавена вчера во полициската станица во Бит Пазар. Според полицискиот билтен, таа се случила во основно училиште на улицата „Коста Абрашевиќ“ во временскиот период од 6 до 10 овој […]

Втор ден протест на такси возачите на Бит Пазар


Самостојните такси возачи од Скопје втор ден денеска ја блокираат крстосницата меѓу Трговскиот центар Мавровка и судовите со барање да им се овозможи користење на дел од старата такси постојка на Бит Пазар. Таксистите најавија дека денеска ќе ја блокираат крстосницата се до 16:30 часот доколку не се оствари средба или не добијат некаков одговор […]

Скопјанец влегувал во фирми и крадел од чантите на вработените


Кривична пријава е поднесена против 39-годишен скопјанец кој сторил четири кражби во фирми во Скопје и притоа се стекнал со противправна имотна корист од околу 62 илјади денари. Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од осум дена. Полицијата денеска соопшти дека осомничениот Б.Д. кражбите ги направил во периодот од 30 април […]

(ФОТО) Тешко повреден пешак при судар на две возила во Скопје


Тешко повреден пешак на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Св. Климент Охридски“ при судар на две возила. Во СВР-Скопје вчера во 19:55 часот е пријавено дека на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Св. Климент Охридски“ се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.Т. […]

Чаир: Момче на мотор повредено при судир со автомобил


Сообраќајна несреќа се случи синоќа во Чаир, кога мотор удри во автомобил на раскрсницата на улиците „Џон Кенеди“ и „Благоја Паровиќ“. Тешко е повреден возачот на моторот, кој со возило на Брза помош беше префрлен во Ургентен центар. Сообраќајката се случи синоќа околу 23 часот, веднаш по завршувањето на натпреварот Хрватска – Англија. Младото момче, […]

Опожарени четири возила во Скопје


Четири возила кои биле паркирани на улица „Елисие Поповски“ во близина на број 17, попладневно се опожарени.  Пожарот е пријавен во 18 часот и пет минути во противпожарната единица а интервенирано е со две возила и пет пожарникари. Станува збор за патничко моторно возило марка „Пежо 308“, „Сеат ибица“, „Форд“ и „Опел астра“. Возилата се […]

Малолетник нападнат во автобус со број 57


Шеснаесетгодишно момче половина час по полноќ бил нападнато во автобус на ЈСП „Скопје“ со број 57 кој сообраќа на релација од Козле до Радишани. Како што соопшти МВР, момчето било нападнато од три лица со кои претходно заедно биле на роденден кај нивна другарка во кафуле во Центар. Причина за нападот била претходна расправија. Напаѓачите потоа се симнале на […]

Молотов коктел фрлен врз автомобил во Скопје


Две непознати лица кои биле на мотор вчера фрлиле молотов коктел кон патничко моторно возило „Пасат“ со словачки национални ознаки, кое било превезувано со шлеп служба. Како што соопшти МВР, молотовиот коктел бил фрлен на булеварот „Александар Македонски“, додека возилото се превезувало на вештачење кон Министерството за внатрешни работи. Двете непознати лица потоа го напуштиле местото на настанот, […]

Таксистите ја блокираа крстосницата кај судовите


Десетици таксисти денеска ја блокираа крстосницата кај судовите во Скопје со барање да им се дозволи повторно да ја користат старата локација, освен новата спроти поликлиниката Бит Пазар, пренесува Алсат М . „Нема работа таму, нема движење на луѓе, сите излези водат до старото место пред Зегин. Нашето барање е да можеме да се паркираме до […]

Старец полово нападнал 5 годишно девојче


Седумдесетгодишниот С.Ч. вчера извршил полови дејствија врз петгодишно девојче, додека си играло на улицата „Никола Карев“ во Прилеп. Како што информира МВР, случајот во полиција вчера во 16 часот го пријавила 23-годишната мајка на детето. По пријавата од полициски службеници С.Ч. бил приведен и задржан во Полициската станица Прилеп за понатамошна постапка.

Лице од струшко Теферич пронајдено мртво во автомобил


Кај мостот на реката Сатеска во Струга во автомобил бил пронајден мртов 63-годишниот Н.С. од струшкото село Теферич. СВР Охрид денеска соопшти дека околу 8 часот и 40 минути во Полициската станица во Струга било пријавено дека во патничко моторно возило „БМВ“ со струшки регистерски таблици, на задното седиште бил пронајден починат Н.С. (63) од […]

Родител пријавил дека детето му било повредено во градинка


Двегодишно дете од Штип било повредено при престојот во градинка, според пријавата на родителот. Како што соопшти МВР, случајот во полиција вчера попладне го пријавил таткото на детето, 23-годишниот Г.З. од Штип. Родителот Г.З. пријавил дека на петти јули го однел неговото двегодишно дете во градинка во Штип и околу 14:30 часот, кога отишол да го земе, забележал дека […]

На скопјанец му украле автомобил, телефон и документи


Возило „ауди А4“, мобилен телефон и документи му се одземени на скопјанец кој ноќеска бил нападнат од три непознати лица на улицата „Архиепископ Доситеј“ во Скопје. Дваесет и четиригодишниот скопјанец Р.Н. ноќеска во 02:40 часот во Секторот за внатрешни работи пријавил дека три непознати лица го ограбиле со закана со пиштол. Се преземаат мерки за […]

Девојка од Кочани уценувана и принудувана на сексуални односи со 46-годишен маж


Дваесетгодишна девојка од Кочани била уценувана и принудувана на сексуални односи од страна на 46-годишен маж. Според нејзиниот исказ, во периодот од ноември лани до моментот на пријавување на случајот во неколку наврати била уценувана од страна на 46-годишниот М.Л. од Кочани дека за неа јавно ќе објави фотографии со компромитирачка содржина и била присилувана на […]

Мигранти од Пакистан пронајдени во возило кај Стоби


Вкупно 25 илегални мигранти од Пакистан, од кои еден малолетен, се пронајдени утрово во товарно возило кај археолошкиот локалитет Стоби. Како што соопшти МВР, утрово во пет часот полициски службеници се обиделе да го сопрат возилото „Рено Мастер” со скопски регистарски ознаки на стариот пат Неготино – Градско. Возачот застанал, но излегол од возилото и избегал. Извршен […]

МВР демантира дека е уапсен третиот напаѓач на Саздо


Од Министерството за внатрешни работи ги демантираат гласиштата дека е уапсен третиот напаѓач на Никола Саздовски (21), кој почина откако крвнички беше претепан на автобуска станица во скопската населба Автокоманда. Во притвор се Б.Б. (20) и С.Д. (21), додека по Ј.Љ. (19) се трага. Тие се товарат за насилство, но Основното јавно обвинителство остави можност […]

Скопјанка измамена и ограбена од гатачка која „отстранува“ лошо


Жена од Скопје со намера да си ја дознае судбината и да го отстрани „лошото“, била измамена од гатачка. Јасновидка и кажала дека и е направено нешто лошо и и го земала златото, за наводно да го однесе во црква. Како што соопшти МВР вчера В.С.(29) пријавила дека истиот ден во 12:40 часот била измамена […]