Пронајден полицаец од Прилеп со прострелна рана во главата


Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника при ПС Прилеп, изврши увид на местото во близина на локалниот пат село Беловодица-село Дрен, каде вчера попладне беше пронајден мртов 45-годишен полициски службеник вработен во Полициска станица во Прилеп. Како што информираат од Основното јавно обвинителство, лицето е пронајдено во лежечка положба […]

Трагедија во бурекџилница во Скопје: Паднал по скали и починал


Вчера околу 9:20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Дебарца“ З.П.(54) од Скопје додека пренесувал печка од бурекџилница во подрумска просторија се лизнал по скалите и од здобиените повреди починал на самото место. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. По наредба на јавен обвинител телото […]

Полицијата откри 44 мигранти во камион на автопатот Гевгелија-Скопје


Полицијата во камион кај првиот тунел во правец Гевгелија-Скопје завчера открила 44 мигранти. Како што е наведено во полицискиот билтен, завчера во 22:00 часот на автопатот Гевгелија-Скопје од страна на припадници на мобилната царинска единица било забележано товарно моторно возило „Ивеко“ со скопски регистерски табли и во координација со полициски службеници од Граничниот премин Богородица, […]

Новинарот Божиновски, место за шест, ќе одговара за пет точки


Специјалното јавно обвинителство делумно се откажа од обвинението против новинарот Зоран Божиновски, кој наместо за три кривични дела по шест точки ќе биде обвинет за три кривични дела по пет точки. СЈО, кое за случајот „Шпион“ ја презема надлежноста во март годинава, се откажа од точката 27, поради тоа што во обвинителниот акт, Основното јавно […]

Автомобил удри во шестгодишно дете


Шестгодишно дете е потешко повредено на регионалниот пат Хиподром-Јурумлери откако автомобил удрил во него. Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено и задржано во комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот. Како што информира МВР, вчера околу 15.30 часот […]

Загина камионџија на автопатот Гевгелија-Скопје


Педесет и седумгодишен скопјанец загинал вчера кога со камион излетал од коловозот, удрил во заштитната метална ограда и се превртел на автопатот Гевгелија-Скопје. Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера околу 18:30 часот било пријавено дека на автопатот Гевгелија-Скопје, С.Г.(57) од Скопје управувајќи товарно моторно возило „Мерцедес“ со полуприколка „Шмитц“ изгубил контрола над возилото, излетал од […]

Пријавено за исчезнато 54-годишно лице од Дебар


Од Секторот за внатрешни равботи во Охрид информираа дека е пријавено за исчезнато лицето К.Ј.(54) од Дебар. Исчезнувањето го пријавиле негови роднини, кои со него немаат контакт од вчера. Последен пат е виден синоќа околу полноќ во ресторан покрај брегот на Дебарско Езеро. Полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност-Дебар, како и граѓани го […]

Притвор за скопјанец за измама при купопродажба на возила


МВР поднесе кривична пријава против А.Љ. (32) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело измама на 17 лица при купопродажба на половни моторни возила. Одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. Како што информира портпаролот на МВР Тони Ангеловски, А.Љ. измамите ги вршел на идентичен начин во периодот од мај […]

Единаесет странски државјанки приведени и задржани во полициска станица


Во последната акција на полицијата во два угостутелски објекта во Гостиварско приведени се и задржани 11 женски лица, информираат од СВР Тетово. Во акциската контрола спроведена во периодот од 23 до 5 часот утрово, во угостителски објект во село Чегране, сопственост на 50-годишниот чегранец А.Ш, затекнати се вкупно девет женски лица. Од нив, седум странски […]

Изгоре возило кај Манастирец


Изгоре возило кај селото Манастирец, Росоманско, повредени нема. Пожарот го гаснеше екипа од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци. Командирот Илчо Богевски потврди за МИА дека се зголемува бројот на пожари во Кавадарци и Росоман. На местото на несреќата пристигна и Итна медицинска помош.

Претепаното бебе со оштетувања на мозокот и очниот нерв, но во добра здравствена состојба


Здравствената состојба на претепаното 14-месечно бебе е добра и не е во животна опасност. Почнавме да го храниме по малку, меѓутоа има фрактури на потколеници и на подлактица од лево кои не се витално, односно животозагрижувачки, но има поголеми оштетувања на мозокот на кои што сме фокусирани. Дијагностицирано е и оштетување на очниот нерв. Ова денеска за […]

Двајца повредени во несреќа на патот Дебар-Маврови Анови


Едно лице е потешко повредено, а едно полесно во сообраќајна несреќа која се случила претпладнево на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар. Според информациите на СВР Тетово, во близина на Бошков мост, дошло до судир на две патнички моторни возила: „Опел корса“ со скопски регистерски таблици, управувано К.Н (60) од Скопје и „Мерцедес“ со дебарски ознаки, што […]

Опожарен возило на улицата „Виргино“


Патничко возило „голф“ ноќеска е опожарено на улицата „Виргино“ во Скопје. Каkо што е наведено во полицискиот билтен, ноќеска во 03:10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Виргино“ опожарено било патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици сопственост на Р.А. Пожарот бил изгаснат од страна на сопственикот. Извршен бил […]

Неготинец починал откако испил отров


Четириесет и шестгодишен жител од неготинското село Тремник вчера починал откако испил отров во семејната куќа. Како што е наведено во полицискиот билтен, синоќа во 19:30 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во Медицинскиот центар во Кавадарци бил донесен починат З.С. (46) од село Тремник–неготинско, кој околу 17:30 часот во семејната куќа во село […]

Кривична пријава за скопјанец кој украл 73 илјади евра


МВР поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство во Скопје против И.И. (30) од Скопје поради основи на сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“. Пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 73.000 евра. Од судија на претходна постапка на И.И. веќе му е одредена мерка притвор во траење од 30 […]

Пронајден мртов маж во центарот на Прилеп


Изутрината во центарот на Прилеп е пронајден мртов маж на околу 30-годишна возраст. Според Јавното обвинителство во Прилеп на пронајдениот прилепчанец не се констатирани траги на насилство и е наредена обдукција за да се утврдат причините за смртта. Според првичните информации од Обвинителството станува збор за прилепчанецот С.И. – С.И. е пронајден околу 6:15 часот. […]

Во Вардар пронајден мртов маж


Во водите на реката Вардар кај селото Кочилари, велешко, вчера бил пронајден труп на маж. Како што соопшти МВР, поради непристапност на теренот лешот ќе се вади од водите на Вардар во текот на денешниот ден, кога ќе биде извршен и увид.

Познат идентитетот на тројцата повредени во престрелката во Тетово


Вооружената престрелка во Тетово се случила ноќеска на улицата „29 Ноември“. Случајот во 02:20 часот е пријавен во полициската станица во Тетово. Со прострелни рани од пиштол се здобиле 37-годишниот С.К. и 36-годишниот С.К. а 49-годишниот М.А. има повреди на главата. Тројцата поради сериозноста на повредите се пренесени на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Портпаролот на […]

Го излажале дека имаат проблем со гумата и од автомобилот му украле 70 илјади евра


Измамувајќи го дека има проблем со една од гумите од неговиот автомобил, две непознати лица на 56-годишниот З.В. од Србија му украле 70.000 евра, информираа од МВР. Според полицијата, вчера во 07,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, З.В.(56) од Р.Србија пријавил дека на автопатот Скопје-Куманово после наплатната рампа Миладиновци го застанале две непознати лица […]

Се запалил автобус на обиколницата Сарај – Волково


Празен туристички автобус денеска попладне се самозапалил на обиколницата Сарај – Волково влез Ѓорче Петров. Повредени нема, а причинета е материјална штета која ќе се утврдува. Според првичните информации, се работи за двокатен автобус „Неоплан“ во кој немало патници, а бил управуван од Ј.К. (1980). Пожарот околу 14 часот избувнал во делот на моторот и […]