По седум години затвор за Ѓоре Петровски и за Даниел Димески за опожарување куќа во Нежилово


Основниот суд Велес соопшти дека, постапувајќи по обвинителен акт на Основното јавно обвинителство Велес, донел пресуда со која Ѓоре Петровски од село Ореше, Општина Чашка, и Даниел Димески од Прилеп се огласени за виновни за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ поврзано со предизвикување пожар, со што целосно била опожарена куќа во село Нежилово. […]

Државјанин на САД се обидел да шверцува дрога преку поштенски пратки со ДВД


По разузнавачка царинска информација, Царинската управа спречи обид за неовластен промет со дрога којашто државјанин на САД се обидел нелегално да ја внесе во државава преку поштенски пратки со ДВД ЦД-а коишто пристигнале во ЦИ Пошти од Франција, соопшто Царинската управа. По пристигнување на пратките во ЦИ Пошти, наменети за лицето Ј.Е., царинските службеници извршија […]

Во Елбасан уапсен стружанец, во гума на комби возило криел килограм хероин


Полицијата од албанскиот град Елбасан уапсила македонски државјани во чие комби возило открила еден килограм хероин, со кое илегално, преку зелениот појас ја минал македонско – албанската граница, каде го чекал албански државјанин. – Сомнителното возило, во кое патувале државјанинот од Република Македонија, Л. Г.(32) од Струга и албанскиот државјанин А. Б.(45) од Драч, било […]

Познат идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп – Градско


Познат е идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп – Градско, во која учествувале две возила со прилепски регистарски таблички. Секторот за внатрешни работи Велес попладнево сподели повеќе детали за сообраќајната несреќа.  – Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот […]

Две жртви во тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско, сообраќајот пренасочен по регионалниот пат


Во прекин е сообраќајот на експресниот пат Прилеп – Градско по тешката сообраќајна несреќа во која во директен судир на два автомобила загинаа две лица, а едно е тешко повредено. Сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат, попладнево потврдија за МИА од Секторот за внатрешни работи Велес.   – Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било […]

Четиринаесетмесечно дете од Куманово затруено со средство за чистење


Четиринаесетмесечно дете од Куманово се затруло со средство за чистење, соопшти денеска полицијата. – Вчера во 20:14 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено 14-месечено дете од Куманово кое било затруено од средство за чистење- соопшти СВР Куманово. Полицијата извршила службен разговор со мајката на детето, а […]

Стевчо Јакимовски на 2 јули треба да се јави во затвор


Судија за извршување на санкции при Основниот кривичен суд Скопје му издаде упатен акт на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, за издржување на едногодишната казна затвор. Како што соопштуваат од Кривичен суд, осудениот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година. Претходно, Апелацискиот суд Скопје делумно ја потврди првостепената […]

Судење за „Пулс“: Обвинителството презентира докази за „Рубикон“ што ја обезбедуваше дискотеката


Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.  Обвинителството презентира докази за Агенцијата за обединување Рубикон Секјурити солушнс, а се однесуваат на околности поврзани со обезбедувањето на објектот во кој се наоѓала дискотеката […]

Дал гаранција од азербејџанска банка во стечај, го оштетил Буџетот за 2 милиони евра и за 9 милиони евра изгубени ИПА средства


Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето С.Г.О.Б., странски државјанин, во својство на сопственик и управител на правно лице, како и против самото правно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно […]

Триесет и три годишен маж од Карбинци силувал 15 годишно девојче од светиниколско село, пренел и заразна болест


Маж од Kарбинско три месеци вршел полови дејствија врз 15 годишно девојче во светиниколско село. Според информациите на СВР-Штип тој се сомничи дека во периодот од јануари до март 2026 година, додека престојувал во домот на едно семејство во светиниколско село, вршел полови дејствија, ја соблекувал и допирал по телото нивната малолетна ќерка, при што […]

Приведени пет турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој


Полицијата приведе петмина државјани на Турција на територијата на општина Аеродром поради нерегулиран престој во државата, соопштува Министерството за внатрешни работи. Акцијата била спроведена во периодот од 09:00 до 12:00 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје, согласно планот за активности на пријавно-одјавната служба за месец јуни. Како што информираат од МВР, приведени […]

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор


СВР Битола информира дека во битолската полиција било пријавено дека во населба „Кланица“ во Битола, кај место викано „Дрвено мовче“ во реката Драгор, било пронајдено безживотно тело.  Од Секторот за односи со јавност посочија дека по извршено препознавање констатирано е дека се работи за 66 годишник од Битола, за кој на 2 јуни во СВР […]

Женско тело пронајдено во фаза на распаѓање покрај реката Лепенец кај Орман


Вчера околу 18:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Орман, покрај реката Лепенец, бил пронајдено човечко тело во фаза на распаѓање. Како што се наведува во полицискиот билтен, кај телото била пронајдена картичка од автобус на име Ј.М.(70) од Скопје – женско лице. Полициски службеници извршиле увид, а по насоки на јавен обвинител […]

Тешко повреден работник на аеродромот во Охрид, паднал од кров


Работник кој работел на кров на една од зградите на охридскиот аеродром паднал и се здобил со тешки повреди. Според информациите на СВР-Охрид, вчера било пријавено дека, при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, паднал и со тешки телесни повреди се здобил еден работник, кој […]

Жена со велосипед падна во шахта – тешко е повредена


На 07.06.2026 во 16:40 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 44-годишната С.С. од Скопје.  Според пријавеното, на 06.06.2026 на ул.„Жан Жорес“ во Скопје околу 21 часот, управувајќи велосипед, паднала во одводна шахта, при што се здобила со […]

Индиец почина во паркот „Жена – борец“ во Скопје


МВР информира дека доцна синоќа во 22:20 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во паркот „Жена борец“ во Скопје имало починато лице. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека починатото лице е Х.Р.Г.(79) од Индија. Извршен е разговор со Т.М.Л.(43) од Индија, кој изјавил дека […]

Истрага против двајца браќа за обид за убиство во Шишево


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид). На 6 јуни, во близина на авто плац во селото Шишево, двајцата […]

Три починати лица пронајдени на различни локации во Скопје, телата предадени на обдукција


Три лица биле пронајдени починати на различни локации во Скопје во текот на вчерашниот ден, информира Министерството за внатрешни работи. Првиот случај бил пријавен во утринските часови во скопското село Кучково, каде под патничко возило „Опел“ бил пронајден починат 67-годишниот Ц.Р. од Волково. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител […]

Ја демнел поранешната сопруга: Со закани барал пак да живеат заедно


На 06.06.2026 во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ј.С. (58) од село во тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело „демнење“. -Полицијата постапила по пријава од неговата поранешна 53-годишна невенчана сопруга дека вчера во неколку наврати Ј.С. ја следел, вознемирувал и упатувал закани по нејзината безбедност, барајќи од неа […]

Удрил велосипедист, го однел во амбуланта и си заминал – Се пријавил сам додека полиција вршела увид


На 06.06.2026 околу 15:30 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат с. Нераште – с. Радуша, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки удрило во велосипедистот А.М. (29) од Тетово. -По несреќата, возачот со возилото го пренел повредениот велосипедист во приватна амбуланта во село Нераште, […]