Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор


Кривичниот суд попладнево по сослушување на осомничените за проневера во Фудбалската Федерација на Македонија одлучи на три лица да им определи мерка притвор од 30 дена, а на пет лица им е определен куќен притвор. Во 30-дневен притвор одат поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски и уште две лица со иницијали О.М. и Ѓ.Ч.  Куќен […]

Поднесено обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане


По завршена истрага Основното јавно обвинителство Куманово денеска поднесе Обвинителен акт против 25-годишен жител на Старо Нагоричане осомничен дека извршил четири кривични дела „убиство“ од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и два обиди за убиство од истиот квалификуван облик. Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 […]

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени за проневера во ФФМ


Јавното обвинителство бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени вчера во рамките на истражната постапка против 18 физички и осум правни лица за проневера на над 180 милиони денари во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Сите 12 лица, меѓу кои и поранешниот претседател ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кои вчера се уапсени, […]

Почина Љупчо Грнчиштанов, инспектор обвинет во случајот „Пулс“


Јавното обвинителство информира дека е известено за смртта на поранешниот генерален инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување, Љупчо Грнчиштанов, кој беше опфатен со обвинението за трагедијата во Кочани. Како што соопштија од Обвинителството, лицето починало откако му се слошило во домашни услови, а Основното јавно обвинителство Скопје ќе издаде наредба за обдукција со цел […]

Доктор и медицинска сестра се обиделе да прошверцуваат ботокс: Царината поднесе кривична пријава


Царинската управа соопшти дека поднела кривична пријава против доктор и медицинска сестра, кои се обиделе да прошверцуваат вкупно 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци со вкупна вредност од 80 долари. Против лицата, како што се наведува, е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за […]

Поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, излегуваат од притвор, прифатена гаранцијата со хипотека на имот


 Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и организацискиот директор Нехад Нухи излегуваат од притвор откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, по предлог на одбраната и позитивно мислење од Обвинителството, донесе одлука со која се прифаќа понудената гаранција со хипотека на имот и им определи мерки на претпазливост.  Кривичниот совет при Основниот […]

Одземено „Порше“ – приведен возач од Србија кој управувал со 188 километри на час


Полициски службеници синоќа привеле српски државјанин кој со „Порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“., го привеле Б.С.(30) од Република Србија бидејќи со возило „Порше“ возел со недозволена брзина. – При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано […]

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари


 Овластени службени лица од Управата за финансиска полиција во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР), по наредби на судија на претходна постапка и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), денеска извршија претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации во Скопје. Како што […]

Македонска државјанка се удави на Халкидики


Безживотното тело на 75-годишна македонска државјанка било извлечено од морскиот дел во Неа Каликратија на Халкидики, со возило на брза помош жената била пренесена во здравствен центар, каде што била констатирана смрт, јави дописничката на МИА од Атина. Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека во попладневните часови вчера, крајбрежната управа на Неа Муданија била […]

Апелацискиот суд ја укина казната доживотен затвор за убиецот на мајка си


  Апелацискиот суд од Штип ја укина пресудата казна доживотен затвор за штипјанецот Стојанче Зарков, кој лани со нож ја убил сопствената мајка. На Зарков повторно ќе му се суди во Основниот суд во Штип, потврдија за МИА од судот.  Зарков, кој почнал да ја издржува казната во затворот, сега по оваа одлука повторно ќе […]

Педест и две годишник од Крива Паланка починал при извршување работни задачи, телото на обдукција


Пријава за починато лице на место викано „Пољана“ во кривопаланечкото село Огут од јавната здравствена установа во Крива Паланка била евидентирана вчера во 13 часот во полиција. Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека по преземени мерки било констатирано дека се работи за С.Ј., 52-годишник од Крива Паланка, вработен во „ЕВН“, кој починал додека […]

Брат пронашол 72-годишник од Зелениково на нива прегазен од мотокултиватор


Во село Зелениково бил пронајден починат Ц.К., на возраст од 72 години од Зелениково, кој бил прегазен од неговиот мотокултиватор. Ова било пријавено во текот на вчерашниот ден во полициската станица во Драчево, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Според пријавеното, тој излегол утрото да работи на нива со мотокултиваторот, а откако не […]

Поднесена кривична пријава за опожарувањето на дипломатските возила во Скопје


СВР Скопје во целост го расчисти случајот во врска со кривичното дело „предизвикување општа опасност“, извршено на 15 јуни кога беа опожарени две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, соопшти денеска прес-службата на Министерството за внатрешни работи. Како што информираат, Одделението за криминалистички работи – Центар и Бит Пазар вчера […]

Ѝ го дале бебето да го причува, а кога не се вратиле, го оставила на клупа во Шутка


Скопјанец пронашол бебе на клупа во Скопје, по што пријавил во полиција, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Синоќа во 19:30 часот во СВР – Скопје, А.С. пријави дека во парк на подрачјето на Шуто Оризари, на клупа пронашол оставено бебе, старо седум – осум месеци. Полициски службеници од СВР – Скопје излегле […]

Мобилен царински тим спречи криумчарење на златен накит вреден 1,5 милиони денари


Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење златен накит во вредност од 1,5 милиони денари. Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, кога инспектори од Одделението за оперативни работи, поради основано сомневање, извршија контрола на возило со кое управувал македонски државјанин, соопшти Царинската управа. При контролата е откриено кршено злато и […]

Возилата пред бугарската амбасада ги запалил 44-годишник од Скопје. Приведен е


Веднаш по пријавата за пожар на две службени возила сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје денеска во 12,13 часот, СВР Скопје презеде интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот. Во рамки на преземените активности, во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомнение […]

Дваесетгодишник од Октиси се удавил во Охридско Езеро кај „Машка плажа“ во Струга


Полицијата во Струга соопшти дека до нив било пријавено дека кај „Машка плажа“ во водите Охридското Езеро било забележано безживотно машко тело. Телото веднаш било пренесено во Општата болница во Струга, каде доктор од болницата констатирал смрт без траги на насилство. Како што сооошти СВР – Охрид, утврдено е дека се работи за С.С.(20) од […]

Четири пожари во Куманово за еден ден


Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово во текот на вчерашниот ден интервенираше на четири пожари на различни локации во градот и околината. Една од интервенциите, како што информираат од регионалниот центар за управување со кризи е  кај „Багрем бања“, простор кој  граѓаните го посочуваат  како критична точка за чести пожари и палење отпад. Пожарникарите од ТППЕ […]

Едно лице е лишено од слобода од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие


Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие едно лице е лишено од слобода од вкупно шест пријави за семејно насилство.  На 12.06.2026 во 20:30 часот во Тетово, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово го лишиле од слобода Б.А.(37) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 40-годишна […]

Истрага за сексуална злоупотреба на 12-годишно девојче во Битола


Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава во неколку наврати вршел полов однос врз 12-годишно девојче, со што извршил продолжено дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, со девојчето […]