Потпишан договор меѓу DFC и Pela Global во Вашингтон за истражување на критични минерали во Македонија


Во седиштето на U.S. International Development Finance Corporation (DFC) во Вашингтон се одржа свеченото потпишување на договор за финансиска поддршка во износ од 5 милиони долари, наменети за истражување на критични минерали во Македонија. Договорот беше потпишан помеѓу Конор Колман, раководител на инвестиции во DFC, и Ник Јовановски, извршен директор на Pela Global Limited. На […]

„Тиквеш“ триумфира во Јапонија: Две гран-при од вкупно девет награди на натпреварот SAKURA


Македонското вино сè поубедливо го освојува глобалниот вински простор, а најновата потврда доаѓа од Јапонија. Винарската визба „Тиквеш“ освои девет престижни награди на 13. издание на меѓународниот вински натпревар SAKURA – Japan Women’s Wine Awards, еден од највлијателните вински настани во Азија. Меѓу деветте признанија се две Гран-при награди, како и два двојни златни медали, […]

Божиновска и Ландау потпишаа меморандум за унапредување на енергетската безбедност – енергијата станува клуч на стратешкото партнерство со САД


Меморандум за разбирање за унапредување на безбедноста на снабдувањето со природен гас потпишала министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, во рамките на официјалната посета на македонската владина делегација на САД. – Меморандумот ја потврдува заедничката заложба за диверзификација на изворите и рутите за снабдување со […]

Кога ќе се отвори Ормускиот теснец, проблемите ќе почнат: „Последиците ќе траат со месеци“


Шефот на Меѓународното здружение за воздушен транспорт (IATA), телото што ги претставува глобалните авиокомпании, во среда изјави дека дури и ако Иран повторно го отвори Ормускиот теснец, ќе бидат потребни месеци за да се обноват залихите на гориво за авиони по прекините во капацитетот на рафинериите на Блискиот Исток. Цените на нафтата паднаа под 100 […]

Во Стопанската комора почна да функционира Групација на овластени увозници на моторни возила


Во Стопанската комора и формално почна да функционира Групација на овластени увозници на моторни возила, директно поддржана и од претседателот на СКСМ Бранко Азески. По неколку неформални работни средби и дискусија за прашања од интерес на нивното заедничко делување, овластените увозници на моторни возила во Македонија ја формализираа и Групацијата при Комората. За претседател е […]

Како беше формирана Македонската берза: Сведоштво на Љубе Трпески


  Љубе Трпески Деновиве, Македонската берза за хартии од вредност прослави 30-годишен јубилеј. Јубилејот беше прославен свечено, со голем број гости од финансиската сфера, домашни и странски. Вработените во Берзата се потрудиле да направат филм низ кој се прикажува триесетгодишниот развој. Факт е дека Македонската берза израсна во респектирана институција не само дома, туку и […]

Цените на нафтата паднаа на 92 долари по објавата на Трамп за примирје со Иран


Цените на суровата нафта забележаа значителен пад по објавата на  американскиот претседател Доналд Трамп дека САД се согласиле на двонеделен прекин на огнот со Иран. Референтна цена на нафтата Брент за идна испорака падна за 16 проценти на околу 92 долари за барел. Сепак, тоа е сè уште далеку над нивото од околу 73 долари […]

Пред пратениците предлогот за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика


Собранието денеска на 97. седница треба да одлучува за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за која функција предлог-кандидат е Ацо Ристов на местото на поранешниот Марко Бислимоски, како и за предлогот за именување на Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка. – Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со […]

Како Бафет претвори 100 долари во 6 милиони долари и го надмина СиП 500 повеќе од 134 пати


Секој што имал среќа да инвестира 100 долари во Berkshire Hathaway на почетокот на 1965 година би имал значителен принос денес, но колку всушност би го надминал S&P 500? Овој графикон ги споредува Berkshire Hathaway и S&P 500 од 1965 до 2025 година, врз основа на податоците од годишниот извештај на Berkshire Hathaway за 2025 […]

ФТ: Енергетската криза го зголемува јавниот долг на ЕУ, Брисел повикува на итна координација


Официјални претставници на Европската Унија ги повикуваат владите на државите-членки да избегнуваат прекумерна потрошувачка за ублажување на растот на цените на енергенсите и предупредуваат дека шокот предизвикан од војната на Блискиот Исток би можел да прерасне во фискална криза. Европската комисија во разговорите со членките инсистира предложените субвенции за енергенти, намалувањето на даноците и ограничувањето […]

„Стандард и Пурс“ го потврдија рејтингот ББ- со стабилен изглед: фискалната политика на државата е насочена кон постепена консолидација


Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија ББ- со стабилен изглед, согласно најновиот извештај објавен денеска. Во извештајот се наведува дека економскиот раст во 2026 година се проектира на околу 3,4%, поддржан од силната домашна побарувачка, континуирано високото ниво на јавни инвестиции, особено во клучни инфраструктурни проекти. Агенцијата оценува дека ваквите […]

„Фајнанс тинк“: Ограничен, но не и неважен преносен ефект од глобалната цена на нафтата врз инфлацијата


Економскиот институт „Фајнанс тинк“ (Finance think) денеска објави анализа за влијанието на глобалната цена на нафтата врз порастот на цените кај нас, оценувајќи дека иако таквиот ефект е ограничен, тој не е неважен. Според „Фајнанс тинк“ иако нафтениот шок веќе е јасно видлив кај цените на горивата и кај транспортните цени, засега нема докази дека […]

Битка за ССМ: Екс претседателот Живко Митрески добил на суд, за актуелното раководство е обид да бидат замолчани


Живко Митрески, кој ја извршуваше функцијата претседател на Сојузот на синдикати на Македонија до 2017 година, денеска на прес-конференција соопшти дека Граѓанскиот суд во Скопје донел пресуда со која се потврдува дека бил незаконски сменет и дека сите одлуки што од тогаш до денес се донесени од страна на ССМ, се ништовни. За актуелното раководство […]

Годишната инфлација во март скокна на 4,9 отсто


  Tрошоците на животот, преку кои се искажува инфлацијата  кај нас, во март 2026 година, во однос на март лани, бележат зголемување од 4,9 отсто, а цените на мало од 3,4 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Инфлацијата во март годинава во однос на претходниот месец е 0,7 отсто. Цените на мало, пак, во […]

„Реплек“ со раст на домашниот пазар од 20% во првиот квартал од годинава и зголемена дивиденда за 25%


Со стабилни продажни резултати и зајакната позиција на домашниот фармацевтски пазар, „Реплек АД Скопје“ ја стартува 2026 година. Во првиот квартал од годинава компанијата оствари вкупни продажби во сегментот Фармација од 7,2 милиони евра, при што домашниот пазар бележи изразен раст од 20%. На акционерското Собрание кое се одржа на почетокот на април беше донесена […]

Станбена криза во ЕУ: Унгарија со рекорден скок на цените на недвижностите


Цените на становите во Европската Унија продолжуваат да растат, а за една деценија скокнаа за речиси 65 отсто, се наведува во денеска објавениот извештај на Евростат. Пазарот на недвижности во ЕУ забележа значителен раст во четвртиот квартал од 2025 година, при што цените на становите скокнаа за 5,5 отсто, додека кириите пораснаа за 3,2 отсто […]

Мицкоски очекува мартовската инфлација да е 4,5 – 5 проценти


Со корекциите што ги направи Владата и почетните мерки за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти и можноста за намалување на акцизата е оневозможено инфлацијата да биде двојно поголема од таа за март, која се очекува да биде меѓу 4,5 и 5 проценти – вели премиерот Христијан Мицкоски. Додава дека внимателно […]

Криза на идентитетот на еврото: Бетовен или птици?


  ЕУ ги редизајнира банкнотите на својата единствена валута и, во тој процес, се сопнува на најзагрижувачкото прашање: што точно е Европа? По пет години работа, Европската централна банка (ЕЦБ) влегува во завршната фаза од преуредувањето што ќе ги замени сегашните мостови и архитектонски стилови што ги дефинираа банкнотите од нејзиното раѓање во 2002 година. […]

„Стандард и Пурс“: Банкарскиот сектор е стабилен, а инфлацијата на среден рок ќе се врати на историскиот просек


Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ- со стабилен изглед, при што посочува дека банкарскиот сектор е стабилен, а инфлацијата на среден рок ќе се стабилизира и ќе се движи околу историските нивоа. Во извештајот се наведува дека, пред конфликтот на Блискиот Исток и растот на светските […]

Американци ќе копаат антимон во Македонија, Мицкоски го нуди и „Чебрен и Галиште“


  Американска компанија ќе експлоатира руда антимон во Кривопаланечко, која потоа ќе се преработува во Соединетите Американски Држави, а на американски инвеститори ќе им биде понуден и проектот „Чебрен и Галиште“, што била лична заложба на премиерот Христијан Мицкоски. Ова денес на новинарите им го откри премиерот Мицкоски, во одговор на прашање за денешниот стратешки […]