Новоизбраните вицегувернери на Народната банка дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Гаши


Вицегувернерите на Народната банка, Ана Митреска и Игор Величковски, денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, со што официјално стапија на функциите. Собранието вчера ги избра Митреска и Величковски за вицегувернери на Народната банка со мандат од седум години по предлог на гувернерот Трајко Славески. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат […]

Нема веќе кинески пари за Кичево – Охрид, се финансира преку домашни банки, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од динамиката на изградбата на автопатските делници на Коридорот 8 и на Коридорт 10Д и најавува дека со обезбеденото финансирање од домашните банки за заокружување на автопатот Кичево-Охрид оваа делница ќе стане функционална. – Сите делници од Коридорот 8 се одвиваат согласно предвидената динамика. Моментално се работат галериите. Имавме мала […]

ТАВ Македонија втора година по ред добитник на сертификатот Great Place To Work®


Концесионерот на македонските аеродорми, ТАВ Македонија, добитник е на сертификатот Great Place To Work® (март 2026 – март 2027), втора година по ред.  Од ТАВ Македонија денеска соопштија дека престижната награда се базира целосно на она што го кажуваат сегашните вработени за нивното искуство во работењето во компанијата. Сертификацијата доаѓа по темелна евалуација на политиките […]

Кои беа најбогатите, а кои најсиромашните европски земји во 2025 година


Бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител изразен во стандард на куповна моќ (PPS – ППС ) е широко користена мерка за споредување на нивото на националниот доход, бидејќи ги зема предвид разликите во цените. Во текот на 2025 година, БДП по глава на жител во ППС значително варираше низ цела Европа. Со просекот […]

Трката за прв европски банкар започна: Кои се фаворитите и што ќе биде пресудно?


Трката за наследник на Кристин Лагард веќе започна, дури и пред нејзиното заминување официјално да биде потврдено. Дискретно пласираните информации од средината на февруари за можно предвремено заминување од функцијата беа доволни за да предизвикаат политичко и институционално позиционирање во рамките на еврозоната. Иако Лагард јавно тврди дека сè уште не донела конечна одлука, шпекулациите […]

Регулаторната комисија за енергетика се претвора во општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ


  Направи ли власта голем чекор назад во независноста на Регулаторната комисија за енергетика со вчерашниот избор на Ацо Ристов за нејзин претседател, или владејачкото мнозинство предложи вистински човек за оваа извонредно важна функција? Ваквите дилеми се наметнуваат по дискусиите на пратениците вчера во Собранието кога точката за избор на претседател на РКЕ беше на […]

Вицегувернерите на Народна банка Ана Митреска и Игор Величковски ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието


Вицегувернерите на Народната банка, Ана Митреска и Игор Величковски денеска ќе дадaт свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Собранието вчера ги избра Митреска и Величковски за вицегувернери со мандат од седум години, на предлог на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат […]

Отворен ден за пилоти во организација на Wizz Air


Авиокомпанијата Wizz Air организира отворен ден за пилоти, со цел поддршка на растот и развојот на своите операции во Скопје. Отворениот ден ќе биде организиран во две области – за искусни пилоти, капетани, копилоти и кадети, како и посебен сегмент на Wizz Air Pilot Academy, наменет за идни пилоти кои се на почетокот од своето […]

Волстрит: Дау Џонс оствари најголем еднодневен раст во последната година


Акциите пораснаа во средата откако претседателот Доналд Трамп ги суспендираше нападите врз Иран за две недели, паузирајќи го петнеделниот застој што го затвори клучниот воден пат за глобалните снабдувања со енергија. Индустрискиот просек Дау Џонс порасна за 1.325,46 поени, или 2,85%, на 47.909,92. Тоа беше најдобриот ден на референтниот индекс за речиси една година, кога […]

Имало ли инсајдерски информации: Пред прекинот на огнот, се обложиле со 950 милиони долари дека нафтата ќе поевтини


Непознати инвеститори вложиле околу 950 милиони долари во облог за пад на цените на нафтата, само неколку часа пред САД и Иран да го објават привремениот прекин на огнот. Овој потег повторно ги отвори прашањата за тајмингот на големите трговски позиции на енергетските пазари и можното поседување инсајдерски информации, пишува Ројтерс, пренесува Индекс. Според податоците […]

Дали е разоткриен Сатоши Накамото, креаторот на биткоинот? Њујорк тајмс го впери прстот кон Адам Бек


Една од најголемите мистерии на модерната финансиска и технолошка историја е повторно во фокусот. Според истрагата на новинарот Џон Кериру од The ​​New York Times, идентитетот на лицето зад псевдонимот Сатоши Накамото, создавачот на биткоинот, би можел да му припаѓа на британскиот компјутерски научник Адам Бек. Истрагата, која траела повеќе од година и пол, вклучувала […]

„Шел“ очекува раст на профитот по пазарните турбуленции од војната во Иран


Британската компанија „Шел“ очекува значително зголемување на профитот од тргување со енергенси во првиот квартал од 2026 година, поттикнато од силните пазарни осцилации поради војната меѓу САД и Иран. Компанијата соопшти дека приходите од трговскиот сегмент, особено во хемискиот и нафтениот бизнис, ќе бидат „значително повисоки“ поради растот на цените и зголемената волатилност на пазарите, […]

Турција продава 52 тони злато, Русија и Полска размислуваат за слични потези


Турција продава злато, Русија и Полска размислуваат за слични потези, додека Кина ги зголемува своите резерви, што има големо влијание врз глобалниот пазар на скапоцени метали и движењата на цените. Турција продаде или позајми злато за околу 20 милијарди долари од почетокот на војната со Иран, во распродажба што придонесе за најголемиот месечен пад на […]

Која е фирмата што ќе копа антимон со парите од САД?


  Австралијанец со потекло од Македонија е сопственикот на фирмата кој нашата делегација го однесе на стратешкиот дијалог со САД, за да потпише договор за финансиска поддршка во износ од пет милиони долари за истражување критични минерали во Македонија. Станува збор за Ник Јовановски, извршен директор на „Пела глобал лимитед“, фирма чија главна стратшка цел […]

Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка


На предлог на гувернерот на Народната банка Трајко Славески, Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка, коишто ќе ја извршуваат оваа функција во наредните седум години. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат беше именувана во октомври 2018 година. Таа е магистер по монетарна […]

Ацо Ристов избран за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика


Собранието, попладнево, во рамките на 97. седница, со 68 гласа „за“ и 15 „против“ го избра Ацо Ристов за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад  (РКЕ).  – Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со долгогодишно работно и проектно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, […]

Становите во Скопје поскапеле за 16,7 проценти на годишно ниво


Во првиот квартал годинава становите во Скопје поскапеле за 16,7 проценти на годишно ниво, а за 0,1 проценти на квартално – покажува индексот на цени на недвижности, што го објавува Народната банка врз основа на податоци што се однесуваат на огласени станови за продажба на територијата на главниот град. Минатата година во првиот квартал становите […]

Ќе носиме мерки во зависност од ситуацијата, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски вели дека примирјето во Заливот резултирало со мало намалување на цените на нафтата на светските берзи, но оти е рано да се проектира што ќе се случува на берзите наредната недела. Во однос на зголемувањето на цените во маркетите, пак, посочи дека ќе носат мерки во зависност од тоа како ќе се […]

ИАТА: Потребни се неколку месеци за резервите со керозин да се вратат во нормала


Ќе бидат потребни неколку месеци за воздухопловниот сектор да се врати на нормални резерви на керозин и пониски цени на јаглеводородите, дури и ако Ормуска Теснина биде трајно отворена, предупреди денеска генералниот директор на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА). Вили Волш. – Мислам дека ќе бидат потребни уште неколку месеци за да се вратиме […]

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден


ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Гупацијата – дванаесетта година е дел од хуманитарната иницијатива “Подај рака“ на Општина Илинден, која општината ја спроведува во соработка со Црвениот крст. Во пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален […]