Кои компании имаат најголема добивка во 2025? На врвот е Комерцијална банка


  Кои компании во Македонија имаат остварено најголеми добивки во 2025. „Фактор“ ја објави листата. На врвот од листата на Топ-50 добивки доминираат банките, телеком операторите, друштва од фармацијата како „Алкалоид“ и „Мега витал“ (Зегин) , од електроенергетиката, трговијата со горива, но и од секторот за градежни материјали како „Усје Титан“, „ИГМ Трејд“, „Кнауф Радика“. […]

Лидл Северна Македонија прогласен за лидер во безбедноста при работа во домашниот услужен сектор


Лидл Северна Македонија го освои првото место за најдобар правен субјект во областа на безбедност и здравје при работа за 2025 година. Компанијата е добитник на наградата во категоријата Услужни дејности, која ги опфаќа финансиските, информативните, транспортните, трговските, сервисните и други услуги, како признание за системските инвестиции и високите стандарди што ги применува во грижата […]

ИСОС ја најавува третата регионална конференција посветена на иднината на сметководствената професија


Во организација на ИСОС – Институтот на сметководители и овластени сметководители, на 6 мај 2026 година во Скопје ќе се одржи третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, под мотото: „Генерација со визија – Професија со иднина“. Конференцијата се очекува да обедини околу 500 сметководители и овластени сметководители од земјава и регионот. Ќе учествуваат […]

Левица: Амандманите го „потрошија“ рокот за носење на законите за минерални суровини и концесии


Поради амандманите, власта го проби рокот за носење на законите за минерални суровини и концесии, велат од Левица. „Деловнички, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика требаше да заземе став во рок од два дена од одржувањето на првата седница по однос на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство. […]

Војната фрли милиони Иранци во сиромаштија и ги остави без работа


Американско-израелската војна со Иран ги фрли милиони Иранци во сиромаштија и ги остави без работа. Последиците се чувствуваат во речиси сите економски сектори, а меѓу многуте новоневработени се работници во рафинерии и текстилната индустрија, возачи на камиони, стјуардеси и новинари. Иранската економија се бореше дури и пред да избувне конфликтот. Националниот доход по глава на […]

БП објави огромен скок на профитот по војната во Иран


Нафтениот гигант БП го дуплираше својот профит повеќе од двојно, имајќи корист од високите цени на енергијата предизвикани од војната во Иран. Цените на референтната нафта нагло пораснаа од почетокот на март, бидејќи нападите практично го блокираа Ормускиот Tеснец, низ кој минува околу една петтина од светската нафта и течен природен гас (ЛНГ). Кварталните резултати […]

Шефот на „Визер“: Европа нема да остане без гориво за авиони ова лето


Нискобуџетната унгарска авиокомпанија  „Визер“ планира 17 проценти повеќе летови ова лето отколку минатата година, со фокус на раст на пазарите на Балканот и Кавказ, изјави извршниот директор Јожеф Варади. „Оваа година сме многу посилни во летните резервации отколку минатата година“, им рече Варади на новинарите на брифинг. „Визер“ обезбеди 70 проценти од своите потреби за […]

Агенцијата „Мудис“ го ревидираше кредитниот рејтинг на Кина на „стабилен“


Агенцијата за кредитен рејтинг „Мудис“ ги ревидираше изгледите за кредитниот рејтинг на Кина од „негативен“ на „стабилен“, наведувајќи дека економијата на азиската земја покажала поголема отпорност од претходно очекуваната, и покрај глобалните и домашните предизвици. Агенцијата го наведе одржливиот економски раст на Кина и ефикасното управување со долгот како клучни причини за оваа одлука, објавува […]

Тужба од 134 милијарди долари би можела да ја одреди иднината на вештачката интелигенција


Окланд– Во Соединетите Американски Држави, денес започнува судењето за решавање на спорот вреден 134 милијарди долари помеѓу технолошките милијардери Илон Маск и Сем Алтман, а се очекува пресудата значително да влијае на иднината на индустријата за вештачка интелигенција и компанијата Open AI. Целиот ден пред судот во Окланд, Калифорнија, е резервиран за избор на порота, […]

Халкбанк предупредува за онлајн измама со цел злоупотреба на лични и финансиски податоци


Халкбанк АД Скопје ја информира јавноста дека на 27 април 2026 година се регистрирани обиди за неовластено собирање на лични и финансиски податоци преку лажна онлајн анкета, која се дистрибуира во име на банката. Станува збор за злонамерна кампања во која од корисниците се бара да внесат податоци за своите платежни картички и лични информации, […]

За измените на Законот за минерални суровини поднесени 507 амандмани


Во матичната собраниска Комисија за економски прашања, труд и енергетска политикапочна амандманската расправа за измените на предлог на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство. Претседателот на комисијата Бојан Стојановски информираше дека за првата точка од дневниот ред – Предлог на законот за изменување дополнување на Законот за минерални суровини поднесен […]

Бизнисот очекува продлабочување на кризата


Бизнисот очекува продлабочување на кризата и ако има потреба, од Владата ќе побара таргетирани мерки. Како што рече денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, засега ситуацијата е под контрола. Тргетирани мерки, како што истакна Азески, би требало да се преземат во согласност со развојот на ситуацијата. – Ако се погодени определени сектори, ако се […]

Стефан Таневски добитник на Годишната награда за млади истражувачи за 2026 година на Народната банка


По повод денот на монетарната самостојност, Народната банка традиционално ја додели Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. Добитник на првата награда за 2026 година е авторот Стефан Таневски, за трудот со наслов „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне […]

Јанкуловски: Стабилноста на националната валута е директен резултат на стабилните политики кои што ги води државата


Македонскиот денар ја задржува својата стабилност и во услови на глобална економска неизвесност – изјави денеска заменик министерот за финансии, Николче Јанкуловски, кој присуствуваше на штипскиот Економски факултет на одбележување на Денот на македонскиот денар. Тој истакна дека довербата на граѓаните и компаниите во домашната валута останува висока, а тоа се потврдува и преку растот […]

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, бензините поскапуваат за 2 денари


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40%во однос на одлуката од 20.4.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат […]

Над 800 компании вклучени во дуалното образование


Министерството за образование и наука засилено ги спроведува реформите во образованието. Согласно Реформската агенда, до декември 2026 година имаме обврска да стигнеме до бројка од 700 компании вклучени во дуалното образование. Веќе сега таа бројка е надмината и над 800 компании се вклучени во стекнување практично знаење на учениците директно кај работодавач. И, оваа бројка […]

Владата не размислува за забрана за реекспорт на нафта ниту за ограничувања за точење бензин и дизел за странци


Владата не размислува за забрана за реекспорт на нафта од нашата земја, ниту за ограничувања за точење бензин и дизел за странски дрѓавјани, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека нашата земја била пример во регионот според начинот на кој што се справува со енергетската криза. Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на објектот на […]

Вицегувернерот Величковски: Народната банка со унапредена монетарна рамка и активности за поефикасни финансиски пазари


„Народната банка доследно ја спроведува стратегијата на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, како клучно сидро за одржување на ценовната стабилност и предвидливоста во економијата“, истакна вицегувернерот Игор Величковски на Годишното собрание на Здружението на финансиски пазари АЦИ Македонија.  Во обраќањето беше истакнато дека со последните измени на оперативната монетарна рамка се […]

Ова се цените на бензините во Европа. Погледнете ја споредбата по земји


Цените на горивата во Европа нагло пораснаа по нападот на САД и Израел врз Иран кон крајот на февруари и достигнаа врв кратко потоа. Иако цените малку паднаа откако беше воспоставен прекин на огнот, и дизелот и бензинот сè уште се значително поскапи отколку пред ескалацијата на конфликтот. Анализата на Euronews Business, врз основа на […]

Кина ѝ се закани на ЕУ со контрамерки поради правилата „Произведено во Европа“


Кина остро го критикуваше планот на Европската Унија насочен кон зајакнување на индустријата во рамките на блокот, предупредувајќи за потенцијална ескалација на трговските тензии. Пекинг денес се закани со контрамерки доколку ЕУ усвои нови правила познати како „Произведено во Европа“, кои се насочени кон стратешките сектори кои се соочуваат со жестока кинеска конкуренција. Европската Унија […]