ЕЦБ ги задржа каматните стапки на 2 проценти, најави можно зголемување во јуни


Франкфурт – Европската централна банка (ЕЦБ) денеска ги остави клучните каматни стапки непроменети на ниво од 2 проценти, што е во согласност со пазарните очекувања и покрај инфлациските ризици поврзани со војната во Иран. Сепак, економистите во голема мера очекуваат централната банка да ги зголеми каматните стапки подоцна оваа година – можно е веќе во […]

Конференција во МАНУ, академиците се за таргетирани мерки што нема да ја поттикнат инфлацијата


 Потребна е посебна заштита за домаќинствата со пониски приходи. Преку примена на соодветни таргетирани мерки, кои нема да дејствуваат инфлаторно, да се поддржат посиромашните слоеви на населението – препорачува академик Таки Фити.  Најверојатно, изјави денеска Фити, ќе треба да се применат и други мерки покрај тие со ДДВ-то за горивата и акцизите, а препораката што […]

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност


Народна банка внимателно ги следи состојбите и ризиците и е подготвена адекватно да одговори се со цел зачувување на стабилноста на девизниот курс и финансиската стабилност, истакна гувернерот на Народна банка, Трајко Славески пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Презентирајќи го кварталниот извештај на Народната банка, гувернерот Славески информира дека во 2025 […]

Тренчевска: Дали поради празниот Буџет не го зголемивте минималецот на 600 евра и не донесовте мерки за социјално ранливите граѓани?


На денешната собраниска седница за пратенички прашања, пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јована Тренчевска, упати прашање до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во однос на влошената економска состојба, стандардот на граѓаните и односот на Владата кон работниците. Тренчевска посочи дека во пресрет на утрешниот 1 Мај- Ден трудот, не може да се зборува […]

ОКТА со оперативна стабилност и силни резултати во првиот квартал од 2026 година во услови на глобална енергетска нестабилност


Во текот на првиот квартал од 2026 година, меѓународните цени на суровата нафта бележеа нагорен тренд, со најизразена ескалација во месец март. Ценовните флуктуации произлегоа од зголемените геополитички тензии на Блискиот Исток, што доведе до зголемена загриженост околу безбедноста на снабдувањето, нарушувањето на клучните транспортни коридори и  ограничување на  глобалните текови на нафта и деривати. […]

Војната во Иран ја чини ЕУ 500 милиони евра дневно, вели Фон дер Лајен


  Европа губи речиси 500 милиони евра дневно, бидејќи конфликтот на Блискиот Исток ги зголемува трошоците за фосилни горива, изјави во среда претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, додека превирањата во Персискиот Залив продолжуваат да ги потресуваат глобалните енергетски пазари. „За само 60 дена конфликт, нашата сметка за увоз на фосилни горива се […]

Цената на нафтата расте, во моментов на највисоко ниво од 2022


Лондон– Цената на нафтата денеска достигна највисоко ниво во последните четири години, откако политичкиот портал „Аксиос“ објави дека американската команда ќе го информира претседателот Доналд Трамп за можни акции против Иран, што ги засили стравувањата од нова ескалација на вооружениот конфликт на Блискиот Исток. Цената на нафтата „Брент“ за испорака во јуни на лондонската берза […]

„Алкалоид“ со раст на инвестициите од 89%, консолидирани продажби од 85,1 милиони евра и 28 нови вработувања во земјата во периодот јануари – март 2026 г.


Најголемата фармацевтска компанија во земјава „Алкалоид“ АД Скопје ги објави финансиските резултати за работењето минатата година, со кои се потврдува како едно од најзначајните акционерски друштва кај нас.   Приходи од продажби   Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2026 година продажбите достигнуваат 3.660.848.825 денари, што е за 6 % повеќе во […]

Тајванската епизода во Собранието ги стави под мраз економските врски со Кина


  Мирче Јовановски, Љупчо Поповски  Една недела во ноември 2025 година и неколкудневна посета во јули 2024 година на Тајван по сѐ изгледа ги нарушија односите меѓу Македонија и Кина и ги вратија сеќавањата на милијардата на Васил Тупурковски од 1999. Овој пат односите меѓу Македонија и Кина не се прекинати, но изгледа дека се […]

Цената на златото продолжува да паѓа, грам денес се продава по 125 евра


Цената на златото на светските пазари денес се движи во опсег од приближно 125 до 127 евра за грам 24-каратно злато, покажуваат последните податоци од трговијата со благородни метали. Златото традиционално се смета за сигурно засолниште во периоди на економска неизвесност. Аналитичарите посочуваат дека движењата на цената се под влијание на инфлацијата, каматните стапки и […]

Цените на нафтата скокнаа на 126 долари за барел по најавите од Трамп за напад на Иран


Цените на нафтата пораснаа во Азија по извештаите дека американската војска ќе го извести Доналд Трамп за новите планови за можна акција против Иран. Централната команда подготвува план за кратки и моќни удари врз Иран со цел да се разбие застојот во преговорите, објави сајтот „Аксиос“. Суровата нафта брент порасна за речиси 7% на 126 […]

Комерцијална банка со позитивен финансии резултат од 23,6 милиони евра во првите три месеци годинава, за 2,8 отсто повеќе од лани


Водечката банка во земјава, Комерцијална банка Скопје во првите три месеци годинава оствари позитивен финансии резултат од 23,6 милиони евра што е за 2,8 отсто повеќе од лани, објави денеска банката  Во коментарот за неревидираниот биланс се вели дека планираната бруто-добивка за првиот квартал од годинава е остварена со 115,4 отсто   Во продолжение проследете […]

Меѓународен повик на Германската развојна банка за македонските компании за учество во регионални проекти


Министерството за енергетика и рударство на Црна Гора објави меѓународен јавен повик за доставување понуди за изведување работи за спроведување мерки за енергетска ефикасност во јавните образовни установи. Повикот е дел од проектот „Подобрување на енергетската ефикасност во јавните згради – озеленување на јавната инфраструктура во Црна Гора“. На овој начин, Црна Гора отвора дополнителни можности за македонските градежни, […]

Капиталните проекти над 5 милиони евра ќе треба да ги одобрува Комитетот за јавни набавки


Можност за реализација на јавни инвестиции од 3,3 милијарди евра во наредните пет години е презентирана денеска на седница на Комитетот за јавни инвестиции. Ова новоформирано тело врз основа на методологија ќе ги одобрува капиталните проекти што ќе бидат на конечната листа и ќе ја следи нивната реализација. Премиерот Христијан Мицкоски, по седницата на Комитетот, […]

Јовески: И приватниците треба колективно да се договараат со своите работници


Сегашниот начин на социјален дијалог досега не е забележан во македонската историја и истиот резултира со огромен број колективни договори во јавниот сектор, изјави професорот по трудово право на Правниот факултет при УКИМ Скопје, Лазар Јовески, кој денеска присуствуваше на Конференција на тема: „Трудови  политики и колективни договори – законска рамка, примена и предизвици“ во […]

Банкарскиот систем е сигурен, сочувани ценовната и финансиската стабилност, оцени НБ


Советот на Народната банка, на редовната седница, ги усвои Годишниот извештај за 2025 година и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во 2025 година, при што беше оценето дека централната банка успешно ги остварувала своите цели во текот на годината, придонесувајќи за одржување на ценовната и финансиската стабилност. Во Годишниот извештај се истакнува дека 2025-тата […]

Како Македонија го регулира долгот со Лондонскиот клуб на кредитори: Сведоштво на Љубе Трпески


Љубе Трпески Лондонскиот клуб на кредитори претставува форум, или поточно неформален орган на најголемите комерцијални банки од развиениот свет кои имаат пласирано кредити во земјите од Третиот свет. Името Лондонски го има добиено заради фактот што најголемиот дел од преговорите помеѓу кредиторите и должниците се водат во Лондон. (Има и исклучоци, како што беа на […]

Зошто излегувањето на Емиратите од нафтениот картел е голема работа


Веста дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) објавија ненадејно повлекување од ОПЕК, Организацијата на земјите извознички на нафта, е многу значајна. Емиратите беа членови на таа организација дури и пред да станат независна земја во 1971 година, пишува Би-Би-Си. ОПЕК е организација составена главно од извозници на нафта од Заливот, која со децении ја контролираше цената […]

Извршниот директор на „Рајанер“ предвидува пропаст на европските авиокомпании ако цената на горивото остане висока


  Мајкл О’Лири, извршен директор на авиокомпанијата „Рајанер“, изјави дека европските авиокомпании ќе пропаднат ако цената на горивото за авиони остане висока во текот на летото. Во интервју за CNBC, тој рече дека неговата авиокомпанија е заштитена бидејќи има осигурано 80 проценти од своето гориво, но предвиде вистинска пропаст за другите авиокомпании ако цената на […]

Светска банка: Цените на енергенсите ќе пораснат за 24 отсто во 2026 година поради кризата на Блискиот Исток


Светската банка во извештај објавен денеска предупреди дека војната на Блискиот Исток ќе предизвика голем раст на цените на енергенсите за 24 отсто во 2026 година, додека вкупните цени на стоките ќе скокнат за повеќе од 16 отсто, што дополнително ќе ја поттикне инфлацијата и ќе го забави глобалниот економски раст. Како што се наведува […]