„Бритиш стил“ се враќа во државна сопственост


Компанијата „Бритиш стил“ (British Steel) е на пат повторно да стане државна сопственост, откако британскиот премиер Кир Стармер денеска најави нови законски мерки кои, како што рече, ќе ѝ дадат на Владата „опции“ за заштита на индустријата и на работниците. Новите овластувања би можеле да се искористат за национализација на „Бритиш стил“, 38 години откако […]

Германците штедливи, две третини од граѓаните ја намалиле потрошувачката на енергија поради војната со Иран


Околу две третини од жителите на Германија свесно ја намалиле потрошувачката на енергија поради растот на цените поврзан со војната со Иран, покажува анкета објавена денеска од порталот за споредба на цени Verivox. Репрезентативното истражување покажа дека 55 проценти од испитаниците се обидуваат да ги намалат трошоците за греење, додека 52 проценти посветуваат поголемо внимание […]

Кога ќе бидат готови автопатите? Кичево-Охрид идната година, другите во 2029, кон Ќафасан не се знае


Од неколкуте автопатски делници кои во моментов се градат во нашата земја, прв во употреба ќе биде ставен автопатот од Кичево до Охрид, во првата половина од наредната година, што е уште едно продолжување од првичните најави на сегашната Влада дека тоа ќе се стори до крајот на оваа година. Другите делници, пак, (Тетово – […]

Министерството за финансии ги почна состаноците за ребаланс на буџетот


 Министерството за финансии ги почна состаноците за ребаланс на буџетот. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска најавува дека ребалансот ќе биде изготвен во согласност со среднорочната фискална рамка и стратешките приоритети на Владата – стабилни јавни финансии, фискална консолидација, инфраструктурен развој, енергетска транзиција и подобар животен стандард за граѓаните. – Во време на сериозна глобална неизвесност, […]

ТАВ Аеродроми: Над 1,2 милиони патници на Скопскиот и на Охридскиот аеродром во првите четири месеци, рекорден раст од 32,4%


Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата ADP, ги завршија првите 4 месеци од 2026 година, со силен, рекорден пораст на бројот на патници од 32,4%, опслужувајќи вкупно 1,2 милиони патници (1.202.828). Во истиот период, јануари-април, двата македонски аеродрома опслужија вкупно 8.123 […]

Белградски енергетски форум: Во фокусот ЦБАМ механизмот и регионалната интеграција: Каде е Македонија


Македонија повеќе не е пасивен набљудувач на енергетските процеси, туку држава што активно ги креира сопствените политики и се позиционира како релевантен и стабилен партнер во регионот – порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на панелот посветен на енергетската транзиција и регионалната соработка на Belgrade Energy Forum 2026, еден од најзначајните […]

Цените на нафтата повторно растат по неуспехот на разговорите меѓу Иран и САД


Цените на нафтата продолжија со растот на почетокот на неделава, откако пропаднаа мировните разговори меѓу Иран и САД. Цената на еден барел (159 литри) од северноморската нафта „брент“ за испорака во јули порасна за нешто повеќе од четири отсто и во раното тргување денеска достигна 105,76 долари. Цената на нафтата почна да расте уште кон […]

Како напредува изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10 д: Еве што вели главниот проектен менаџер на „Бехтел и Енка“


Имаме активен напредок во изградбата на повеќе од 50 километри од трасата на автопатите на коридорите 8 и 10 д – изјави денеска Џош Бејкер, главен проектен менаџер на „Бехтел и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10 д, а кој пред премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски ги […]

Дизелот поевтинува за четири денари


Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за 4 денари по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за […]

Цената на горивото експлодираше во Америка, се размислува за укинување на даноците


Министерот за енергетика на САД, Крис Рајт, вчера изјави дека администрацијата на Доналд Трамп може да размисли за привремено укинување на федералниот данок на гориво. Како што објави Си-Ен-Ен, Рајт истакна дека Белата куќа поддржува „скоро сите мерки“ што се обидуваат да ги намалат цените на бензинските пумпи. „Да, оваа администрација ги разгледува сите потези […]

БРАКО и „Грин машинс“ на светскиот саем ИФАТ во Минхен


Македонските возила за урбана хигиена „Грин Машинс“, кои се произведуваат во БРАКО во Велес, деновиве привлекоа големо внимание во Германија на светскиот саем ИФАТ — водечки меѓународен саем за технологии за животна средина, комунална опрема и одржлива урбана инфраструктура. Рамо до рамо со конкуренцијата од Швајцарија, Франција, Италија, Германија, Соединетите Американски Држави и други земји […]

Британскиот амбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“


Во фокусот на работната средба беа клучните стратешки определби на компанијата: извозната ориентација, капиталните инвестиции, вложувањата во едукација, примената на ESG-стандардите, проектите за општествена одговорност и долгорочната посветеност на одржлив раст и глобална пазарна диференцијација. Делегација на Британската амбасада во Скопје, предводена од Н.Е. Амбасадорот Метју Лосон, оствари официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, […]

Неделава ќе се објави тендерот за гасоводот со Србија, најави Мицкоски


Поврзувањето е стратешко позиционирање и цел на Владата. Коридорите 8 и 10 се стратешки за Македонија како држава од многу аспекти и затоа тоа е наш најголем приоритет, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски при увидот на активностите за изградба на автопатот Гостивар – Букојчани. – Изградбата на автопатот, модернизацијата на пругата, брзата пруга на Коридорот […]

Одбележан денот на „станушина“, единствената македонска автохтона сорта грозје


Денот на единствената македонска автохтона сорта грозје „станушина“, по петти пат беше одбележан во Кавадарци. Настанот реализиран во Винскиот музеј, беше во организација на здружението „Македонски семејни винарии“.Експерти од областа на автохтони сорти, биодиверзитет, развој на винскиот туризам и агротуризмот, одржаа предавања пред присутни лозари, винари и други гости. – Станушината е нашето природно богатство, […]

Глобалните цени на храната растат трет месец по ред


Глобалните цени на храната се зголемија трет месец по ред во април, објави ФАО во петокот, предупредувајќи дека прекините во снабдувањето со енергија поврзани со кризата во Ормускиот теснец ги зголемуваат трошоците за производство и транспорт на храна. Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), која ги следи […]

Силен раст на кинескиот извоз во април


Растот на извозот на Кина се забрза во април, бидејќи фабриките брзаа да се соочат со порастот на странските нарачки од купувачи кои сакаат да складираат компоненти, поради стравувањата дека војната во Иран може дополнително да ги зголеми глобалните инвестициски трошоци. Извозот се зголеми за 14,1% во однос на претходната година во долари, покажаа царинските […]

Се ревидира Методологијата за проценка на вредност на недвижниот имот, што ќе значи за данокот на имот


Министерката Димитриеска- Кочоска денеска изјави дека e отпочнат процес на ревидирање на постоечката Методологијата за проценка на вредност на недвижниот имот, во насока на попрецизна регулација за даночни цели. Инаку, методологијата е основа врз што се одредува и основицата за пресметка на данокот на имот. Министерката за финансии денеска се обрати на 9-тата Меѓународна конференција […]

Николоски: Нема проблем со керозин, имаме резерви за 90 дена


Проблем со снабдување со керозин нема, имаме резерви за 90 дена иако законски мора да имаме за 60 дена. И покрај кризата отвораме 5 нови дестинации од охридскиот и скопскиот аеродром, истакна вицепремиерот Николоски во гостувањето во поткастот „Ноќно студио“.   “Со керозин покрај тоа што се снабдуваат скопскиот и охридскиот аеродром, се снабдува целосно […]

Имавме класична опструкција од финансиерот: Николоски за завршувањето на автопатот Кичево – Охрид


Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година. Иако финансиерот не одби за дополнителни средства, со премиерот и министерката за финансии најдовме решение преку синдициран заем од домашните комерцијални банки, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар […]

Откажани летови и повисоки цени поради недостиг на гориво, предупредува Асоцијацијата на германски аеродроми


Асоцијацијата на германски аеродроми (ADV) предупреди дека летови може да бидат откажани и цените веројатно ќе растат во иднина, поради недостиг на гориво за авиони, јави ДПА. „Стравуваме дека ќе бидат откажани голем број летови, особено од нискобуџетните авиокомпании и до дестинации со помало значење за туризмот“, изјави Ралф Бајзел, извршен директор на ADV, за […]