По казината, на ред се и канцелариите за брзи кредити, вели Мицкоски


Владата целосно стои зад Предлог – законот за игри на среќа со кои се воведуваат бројни ограничувања, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски кој најави дека следен чекор ќе биде регулирањето на давањето брзи кредити. „Некако крај тие казина како по правило се отвораат канцеларии каде што се даваат брзи кредити, следно на што ќе работиме […]

ЕУ воведува единствен билет за железнички превоз. „Еден билет, едно патување“


Европската комисија денес предложи нови правила што треба да го олеснат прекуграничното патување низ Европа, особено со воз. Комисијата објави три предлози што го поедноставуваат планирањето и резервацијата на регионални, меѓуградски и прекугранични патувања, особено за железнички патувања што вклучуваат повеќе превозници, и обезбедуваат подобра заштита за патниците во текот на нивното патување. „Европејците ќе […]

Втор ден од Самитот на Македонија2025: Лидерството и довербата се клучни за иднината во ера на глобални промени и вештачка интелигенција


Вториот ден од Самитот на Македонија2025, што се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“, е посветен на значењето на лидерството во услови на кризи и притисоци, улогата на компаниите и институциите во задржување на талентите, како и влијанието на вештачката интелигенција во образованието, пазарот на труд и иднината на работните […]

Најмногу нафта сме увезле од Грција


 Лани за 8,34 отсто е зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година. За истиот период, раст на потрошувачката е регистриран и кај дизелот (5,17 отсто), екстра лесното […]

Втор ден од самитот на „Македонија 2025“


„Одлуки што ги обликуваат економиите“, „Победа со вештачка интелигенција: Од возбуда до вистинска конкурентска предност“ и „Дијаспората како стратешки капитал: Враќање дома“, се дел од темите на дискусиите на агендата на вториот ден од самитот на Македонија 2025, што се одржува во Скопје.  Самитот ќе заврши попладне со обраќање на министерот за надворешни работи и […]

Народна банка: Отсега плаќања во евра од и кон Србија во рамки на СЕПА


Со приклучувањето на Србија во системот СЕПА отсега е овозможено плаќања од и кон Србија во евра во рамки на СЕПА областа. Тоа, како што соопшти Народната банка на РСМ, во пракса значи побрзи и поефикасни прекугранични плаќања во евра со Србија, значително пониски надоместоци во споредба со традиционалните канали за плаќање и поедноставни процедури […]

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот нема да бидат засегнати ставките кои придонесуваат за економски раст и мерките за поддршка на граѓаните


Нашиот фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и ребалансот нема да оди надвор од тие рамки, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за МИА во контекст на започнатите разговори за ребалансот на Буџетот. Според Димитриеска-Кочоска, граѓаните треба да бидат спокојни дека Буџетот е ликвиден, се сервисираат сите обврски, редовно се исплаќаат […]

Инфлацијата во САД со најсилен годишен скок во последните три години, бензинот поскапе речиси 30 отсто


Растот на потрошувачките цени во САД се забрза во април втор месец по ред, со најсилен годишен скок на инфлацијата во последните речиси три години, што дополнително ги зајакна очекувањата дека американската централна банка нема да ги менува клучните каматни стапки подолго време. Потрошувачките цени во САД скокнаа за 3,8 проценти на годишна основа во […]

ЕК ќе издава повеќе бесплатни сертификати за емисии на стакленички гасови. Заштеда од 4 милијарди евра


Европската комисија објави дека има намера да издаде повеќе бесплатни дозволи за емисии на стакленички гасови за компаниите отколку порано, посочувајќи дека ова би можело да им заштеди на компаниите околу 4 милијарди евра трошоци за емисии на јаглерод. Според новиот предлог на Комисијата, компаниите ќе продолжат да добиваат бесплатни сертификати за околу 75 проценти […]

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“: „’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“


Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди, доколку сакаат да бидат конкурентни и успешни на меѓународните пазари. Растот и развојот на „Алкалоид“ се резултат на децениско инвестирање во производство, истражување и развој, таленти, технологија и во регионална експанзија. Овогодишниот самит на организацијата […]

Божиновска на Евроазискиот економски самит во Истанбул: Македонија дел од глобалната дебата за енергетска безбедност


Во услови на глобални кризи енергетиката повеќе не е само економско прашање, туку прашање на безбедност, стабилност и стратешка отпорност на државите – порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во своето обраќање на панелот на тема Energy and Economy in the Post-War World alongside War, Terror, Conflict and Forced Migration на […]

М-таговите стануваат подостапни за граѓаните, наплата на патарините преку банкарска или телефонска сметка


М-таговите за наплата на патарините отсега ќе бидат достапни и преку двата најголеми мобилни оператори во земјата – „А1 Македонија“ и „Македонски телеком“. Ќе може да се купат на 24 рати за месечен износ од 49 денари, а наплатата на патарините ќе се врши преку банкарската сметка на корисникот или преку сметката за мобилни услуги. […]

Николоски: Само на Коридорот 8 ќе инвестираме 5,5-6 милијарди евра


Македонија само во патната инфраструктура на Коридорот 8 моментно вложува 2,1 милијарди евра, а во делот на железницата следните пет-шест години ќе инвестира над три милијарди евра. Тоа се вкупно 5,5-6 милијарди евра инвестиција само на Коридорот 8 – рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Обраќајќи се на бизнис-форумот „Преку границите“, Николоски […]

Како до повисок животен стандард: Таргетирани мерки, инфраструктурни проекти и пообемни реформи, вели Мојсоска Блажевески


За Македонија е важно внимателно да ги следиме очекувањата и движењата и да не преземаме брзи мерки. Инфраструктурни проекти и економски реформи се она што треба да го направи Владата за заштита на стандардот на македонските граѓани, смета извршната директорка на „Македонија 2025“ Никица Мојсоска-Блажевски. По отварањето на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“ […]

Бизнис-форум „Преку границите“: Може ли пристаништето во Драч да биде алтернатива за Солун:


Да се зголеми размената од 207 милиони на една милијарда евра, да се отворат коридори за сите земји што немаат море, да се укинат царинските бариери, а Драч да стане алтернатива за солунското пристаниште – порачаа стопанствениците од Македонија и Албанија на денешниот бизнис-форум „Преку границите“, што се одржува во Скопје. Тие укажаа на потребата […]

Продажбата на половни електрични автомобили во Велика Британија зголемена за 32 отсто


Продажбата на половни целосно електрични автомобили во Обединетото Кралство достигна нов рекорд во првите три месеци од оваа година, според Здружението на производители и трговци на автомобили (СММТ). Имено, 86.943 возила смениле сопственици меѓу почетокот на јануари и крајот на март. Тоа е зголемување од 32 отсто во однос на истиот период минатата година и […]

Сиљановска-Давкова: Македонската држава има насушна потреба од соработка со дијаспората


Македонската држава има „насушна потреба од соработка со дијаспората“, не само преку инвестиции, туку и преку знаењето и искуството, порача вечерва претседателката Гордана Сиљановска‑Давкова на приемот во пресрет на традиционалниот Самит „Македонија 2025“, нагласувајќи дека „човек може физички да замине од својата земја, но таа не заминува од него“. Обраќајќи се пред присутните, претседателката истакна […]

Маск и Кук во делегацијата на Трамп во Кина


Вашингтон – Белата куќа ги покани извршниот директор на Тесла, Елон Маск, и извршниот директор на Епл, Тим Кук, да бидат дел од делегацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговата посета на Кина, објави денес Блумберг, повикувајќи се на неименуван функционер од Белата куќа. Се очекува поканата да им биде упатена и […]

Почнува Самитот на Македонија2025: Вечерва свечен прием кај претседателката, утре стартува главната програма


  Почнува 15-тото издание на Самитот на Македонија2025, кој на 12 и 13 мај во хотелот „Мериот“ во Скопје ќе обедини високи претставници од бизнис секторот, владата, меѓународните организации, академската заедница, инвеститорите, дијаспората и регионалните лидери. Под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“, годинешниот Самит ќе отвори дискусии за економскиот раст, конкурентноста, инвестициите, […]

Левица: Ни ребаланс не го спасува Буџетот


Фактот што за само четири месеци се реализирани над 72 отсто од планираниот буџетски дефицит е сериозен сигнал дека проекциите врз кои е скроен Буџетот за 2026 година биле или нереално оптимистички или политички мотивирани. Кога приходите потфрлаат уште во првиот квартал, а расходите продолжуваат со планирана динамика, тоа значи дека државата влегува во структурен […]