Усвоена Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029


Владата на предлог на Министерството за финансии, на последната седница, ја усвои Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, со изгледи до 2031 година. Со Стратегијата се потврдува определбата за одговорно и внимателно управување со јавните финансии, одржување  стабилно ниво на јавниот долг и обезбедување средства за реализација на развојните проекти, соопшти Министерството за финансии. […]

Неофицијално објавени млекарите кои мамеле за масленоста на производите – таа со 1 отсто е српска?


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонредни контроли и зема 91 мостра од млеко, млечни и сувомесни производи од домашно производство и од увоз, со цел да се провери дали квалитетот на производите одговара на она што е наведено на декларациите. Според добиените резултати, кај неколку оператори е утврдено дека производите не ги исполнуваат […]

Во која земја работникот задржува најголем дел од бруто платата?


Источна Европа генерално нуди поголема нето заработка при бруто плата од 100.000 евра, додека Западна и Северна Европа генерално покажуваат пониски нето износи на ова ниво на приход. Пресметката на данокот е сложена, а Euronews Business дава приближни проценки. Даночните оптоварувања значително варираат низ цела Европа. Нивото на приход е претежно одлучувачки фактор. Некои земји […]

Евробарометар: Половина од малите компании во ЕУ тешко наоѓаат квалификувани работници надвор од Унијата


Речиси половина од малите и средните претпријатија (МСП) во Европската Унија се соочуваат со тешкотии во наоѓањето работници со соодветни вештини, според новото истражување на Евробарометар. Според податоците, 46 проценти од компаниите изјавиле дека им недостасува квалификуван персонал, додека регрутирањето работници од надвор од ЕУ останува ограничено – само една од седум компании се обидела […]

Славески: Зголемувањето на надоместоците во платниот промет не е оправдано, банките да ги преиспитаат своите одлуки


Гувернерот на Народната банка Трајко Славески изразува загриженост поради најавеното зголемување на надоместоците во платниот промет од страна на неколку банки во земјата, оценувајќи дека во моментот не постојат оправдани причини за ваков потег. – Народната банка е непријатно изненадена од одлуката на дел од банките да ги зголемат надоместоците што ги плаќаат граѓаните и […]

Регулаторна го „послуша“ премиерот: Дизелот поевтинува за 6,50 денари, бензините поскапуваат за половина денар за литар


Дизелот од вечерва на полноќ ќе поевтини за 6,50 денари зѐа литар, а бенизните ќе поскапат за половина денар за литар. Ова е денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, која е речиси идентична со најавата од вчера на премиерот Христијан Мицкоски за новите цени на дериватите по намалување на акцизата и попустот кој го […]

ОКТА повторно воведува попуст – два денара за бензините до средината на јуни


Компанијата ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар за бензините од 95 и 98 октани, како дел од напорите за поддршка на домашниот пазар на горива. Мерката ќе се применува во периодот од 2 до 16 јуни годинава. Од компанијата соопштуваат дека одлуката е донесена како резултат на актуелните движења […]

Од денеска почнува глобалната транзиција кон е-АТА CARNET, компаниите добиваат побрзи и поедноставни царински процедури


Од денеска почнува глобалната транзиција кон е-АТА CARNET, целосно електронски систем за обезбедување документација за извоз на стоки, за кој Стопанската комора има јавни овластувања и ги издава овие документи во интерес на компаниите. – Во време кога дигитализацијата станува предуслов за поефикасни административни процеси и поконкурентна економија, модернизацијата на инструментите што ја олеснуваат меѓународната […]

Левица: Премиерот може да ја менува реториката, но сметката за струја ја кажува вистината


Во 2020 година ВМРО-ДПМНЕ организираше протести против поскапување од 7,4%. Тогаш народот беше ограбен, Регулаторна беше виновна, власта беше неспособна, Беслимовски земаше 120.000 ден плата, а секој денар плус на сметката беше доказ дека системот работи против граѓаните, се наведува во соопштението од Левица. Една година подоцна, Мицкоски уште погласно ветуваше како „еминентен“ енергетичар ќе […]

Девизните резерви 5,2 милијарди евра


Девизни резерви на крајот на април годинава изнесувале 5.207 милиони евра.  Податоците на Народната банка покажуваат дека најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (70,8 проценти), по што следуваат монетарното злато (16,8%) и валутите и депозитите (12,3%). На крајот на декември 2025 година официјалните девизни резерви изнесуваа 4.925,3 милиони евра.

Русија забрани извоз на авионско гориво


Русија го забрани извозот на гориво за авиони до крајот на ноември за да обезбеди доволно залихи на домашниот пазар, објави денес руската влада. Според соопштението на владата, забраната важи и за гориво за авиони купено преку стокови берзи и ќе биде во сила до 30 ноември. „Целта е да се обезбеди стабилност на домашниот […]

Раст на даночната основа и на нето даночниот ефект кај данокот на добивка за 2025 година


Управата за јавни приходи ја заврши обработката на даночните биланси за 2025 година, за кои роковите за поднесување истекоа во март 2026 година. Анализата на обработените податоци покажува раст на даночната основа, раст на пресметаниот данок и повисок нето даночен ефект кај данокот на добивка, што укажува на стабилност во наплатата на приходите од данокот […]

Цената на суровата нафта Брент се зголеми до 93,01 долари за барел


Цените на нафтата пораснаа утрово поради неизвесноста околу изгледите за наоѓање решение за конфликтот на Блискиот Исток, при што суровата нафта Брент се искачи на 93,01 долари за барел. Фјучерсите за сурова нафта Брент за испорака во август на лондонската берза ICE Futures се тргуваа по 93,01 долари за барел, што е за 1,89 долари […]

Почнува 9. Регионален форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026


Под мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, во Скопје денеска и утре ќе се одржува 9. Регионален форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026. Форумот ќе ги обедини носителите на политики, меѓународните организации, финансиските институции, приватниот сектор и граѓанското општество, со цел […]

Новаци ќе добие индустриска зона


 Индустриска зона со нови фабрики, реконструкција и изградба на улици и дополнителни капитални проекти, се дел од инвестицискиот циклус вреден околу 1,2 милиони евра што се реализира во Општина Новаци. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на општината, нагласувајќи дека проектите претставуваат значајна поддршка за локалниот […]

Владата ги продолжи пониските акцизи: Дизелот ќе поевтини за 6,5 денари по литар, бензинот за 1,5 денар


Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни, а по разговорите со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од први јуни. „Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото […]

АХВ откри измами, се продавале сирења речиси без маснотии и без млеко


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) откри сериозни отстапувања кај дел од млечните производи што се продаваат на домашниот пазар. Кај дел од анализираните примероци е утврдено дека реалниот процент на млечна маст е значително понизок од оној што бил наведен на декларацијата. Во рамки на контролите биле земени 91 мостра од млеко, млечни и […]

Казни до 200.000 евра за нефер трговски практики


Се подготвуваат построги санкции за компаниите што применуваат нефер трговски практики, а максималните казни би можеле да достигнат и до 200.000 евра. Вакви измени на Законот за нефер трговски практики најавуваат од Министерството за економија и труд, со цел подобра заштита на производителите и добавувачите. Од Министерството посочуваат дека досегашната примена на законот покажала одредени […]

Владата ќе одржи вонредна седница за горивата


Владата денеска ќе одржи вонредна онлајн седница на која ќе донесе одлука за делумно продолжување на мерките за цените на горивата. Како што најави вчера премиерот Христијан Мицкоски, досегашната повластена стапка на ДДВ за бензините од 10% ќе се врати на редовните 18%, но граѓаните и натаму ќе добиваат поддршка преку акцизите. Намалените акцизи за […]

Бугарија ќе биде казнета за дефицитот само неколку месеци по влегувањето во еврозоната


  Бугарија ќе биде казнета следната недела за кршење на буџетските правила ЕУ само неколку месеци по приклучувањето кон еврозоната, потег што ќе ја стави владата на премиерот Румен Радев во директен судир со Брисел. Европската комисија ќе ја стави Софија под таканаречената постапка за прекумерен дефицит, соопштија официјални лица, откако нејзиниот годишен дефицит се […]