Дурмиши: Не може ниту една компанија да нуди работа за плата која е пониска од минималната


Не може ниту една компанија да нуди работа за плата која е пониска од законски утврдената минимална плата, категоричен е министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Најавува контроли кај компаниите, а доколку се утврди дека навистина се нудат работни места со плата под минималната, најавува санкции.  На денешната прес-конференција на која заедно со директорот […]

Војната во Иран ги преврте енергетските пазари наопаку, светот веќе изгуби милијарда барели сурова нафта


Војната во Иран одеднаш го претвори она што започна како година на прекумерна понуда на глобалните пазари на нафта и течен природен гас (LNG) во најлошото нарушување на снабдувањето со нафта и гас во историјата. Три месеци откако започнаа нападите на САД и Израел врз Иран на 28 февруари, светот веќе изгуби милијарда барели сурова […]

МЕФ 2026: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција


Зголемувањето на енергетската ефикасност и справувањето со климатските промени не претставуваат само добра еколошка политика, туку и добра економска политика и политика во интерес на здравјето на населението. Северна Македонија е особено погодена во зимскиот период кога загадувањето на воздухот достигнува високи нивоа. Токму затоа значајни се реформите што се прават во делот на енергетиката, […]

Отворен повик за стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ за академската 2026/2027 година


Фондацијата „Атанас Близнакоф“, во стратешка соработка со организацијата Македонија2025 и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), го најавува отворањето на новиот повик за доделување стипендии за студентска извонредност за академската 2026/2027 година. Овој повик е наменет за сите редовни студенти кои се запишуваат на прв циклус студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ […]

Мицкоски за контролата на АХВ: Најважно е дека не постои ризик за здравјето на граѓаните


Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со наодите на Агенцијата за храна и ветеринарство дека кај одредени производители бил утврден значително помал процент на млечни масти од она што било официјално декларирано, нагласи дека најважно е дека не постои ризик за здравјето на граѓаните, но дека вакви случаи ги доведуваат во прашање угледот на производителите и […]

Во целост исплатена Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра


Министерството за финансии денеска изврши исплата на 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра за главница и 11,6 милиони евра за камата) со што во целост е заокружено сервисирањето на обврската по Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра. Средствата за сервисирање на оваа обврска државата, односно Министерството за финансии, ги […]

Царинска управа: Воведена Фаза 6 на транзитниот систем што се применува во ЕУ


Целокупната трговија што транзитира низ земјава од 1 јуни се одвива преку новиот компјутеризиран транзитен систем – Фаза 6, со што нашата држава целосно се усогласува со стандардите што се применуваат во Царинската унија на ЕУ. Воведувањето на НКТС Фаза 6 е дел од нашите обврски предвидени со Планот за раст, со што Царинската управа […]

„Џонсон Мети“ остварува солидни финансиски резултати и го забрзува генерирањето готовина


„Џонсон Мети“ ги објави резултатите за крајот на фискалната година што покажуваат континуиран напредок во однос на стратегијата да стане фокусирана и агилна групација што генерира готовина. Компанијата оствари значително подобрување во генерирањето готовина и го одржа про-форма растот на основната оперативна добивка, додека маржите на „Clean Air“ се зголемија и имаше напредок во одлучувачките […]

Левица: Оливер Миланов од АХВ да си поднесе оставка по скандалот со млекарниците


После информации за квалитетот на млечните производи, односно, за небезбедната храна која млекарниците ја пуштаат во промет, се добива јасна слика дека корупцијата во надлежните институции, во случајов Агенција за храна и ветеринарство, е длабоко навлезена во системот, стои во соопштението на политичката партија Левица. Според Левица, Оливер Миланов, инаку стоматолог по професија, и како […]

Шесте најголеми економии на ЕУ бараат унија на пазарите на капитал


Шесте најголеми економии на Европската Унија постигнаа заеднички договор за тоа како да ги интегрираат пазарите на капитал, во обид да го протуркаат договорот низ политички заглавениот Брисел. Шесте најголеми економии во Европската Унија повикаа на забрзување на Унијата на капиталните пазари, со цел да се забрза усвојувањето на регулативите во Брисел, според писмото испратено […]

Во првиот квартал најмногу се барале работници во услужните дејности и продажбата


Стапката на слободни работни места во првото тримесечје од годинава изнесува  2.07 проценти, а најголем број слободни работни места, 2 346, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба, објави Државниот завод за статистика.  Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.28 проценти. Највисока стапка на слободни работни места […]

Трамп ги намали царините за увоз на опрема од бакар, алуминиум и железо


Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша прокламација за измена на царините за увоз на бакар, алуминиум и железо, соопшти Белата куќа. Со одлуката се намалуваат царините за одредена земјоделска и индустриска опрема од 25 на 15 проценти. Станува збор за индустриски машини како булдожери и виљушкари, во случаи кога тие се увезуваат од земји со […]

Стопанската комора на северо-западна Македонија одбележува 20 години постоење


Стопанската комора на северо-западна Македонија со свечен настан во Филхармонија, вечер одбележува 20 години од нејзиното основање. Како што се истакнува, овој настан одбележува две децении континуирана посветеност во застапувањето и унапредувањето на интересите на бизнис-заедницата, како и создавање на поповолна економска средина. Според најавата, настанот ќе обедини претставници на институции, бизнис-заедницата, како и локални […]

Презентација на Оперативниот план за вработување 2026


Во Владата денеска ќе биде презентиран Оперативниот план за вработување 2026.  Новиот оперативен план ќе го претстават министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, и директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Аднан Ејуп.

Американските стратешки резерви на нафта паднаа на најниско ниво во последните две години


Обемот на стратешките нафтени резерви на САД падна на најниско ниво во последните две години, откако официјален Вашингтон беше принуден да ги отвори складиштата за да го ублажи глобалниот дефицит настанат поради конфликтот со Иран. Министерството за енергетика на САД (ЕИА) соопшти дека резервите на нафта и нафтени деривати во стратешките резервоари во моментов изнесуваат […]

ОЕЦД: Кинеските субвенции ги засенуваат поддршките за глобалните ривали


Кинеските индустриски компании добиле значително поголема државна поддршка од нивните меѓународни конкуренти во изминатите две децении, се наведува во извештајот што денеска го објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Помеѓу 2005 и 2024 година, кинеските компании добивале во просек од три до осум пати повеќе субвенции во однос на нивниот промет отколку нивните […]

Поради недостигот на чипови, се очекува цените на мобилните телефони да растат


Продажбата на мобилни телефони низ целиот свет нагло ќе падне во 2026 година поради недостиг на чипови, кои сè повеќе се „киднапираат“ од вештачката интелигенција, според студијата на Counterpoint Research. Компаниите низ целиот свет ќе испорачаат 1,08 милијарди мобилни телефони оваа година, што е за 13,9 проценти помалку од минатата година, според Counterpoint Research. Во […]

Мицкоски имал „лоша вест за душегрижниците“: Буџетот е во одлична кондиција


Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е во исклучително квалитетна состојба  и оти државава  и покрај враќањето на ДДВ за горивата на 18 проценти е натаму е со најевтини цени на горивата. Најавува и нови мерки во зависност од, како што рече, интензитетот на кризата.  – Буџетот е во одлична кондиција, ги натфрламе проекциите кои […]

Рокас: Ѝ честитам на Северна Македонија за усвојување на стратегијата и планот за енергетика и за напредокот што го оствари на планот на правична транзиција


 Унијата е засилено фокусирана на имплементација на енергетските планови и испорачување на таргетите и во таа смисла сакам да ѝ честитам на Северна Македонија за усвојување на стратегијата и планост за енергетика и за оној напредок што го оствари на планот на правична транзиција. Ваквите напори се особено важни, многу реформи веќе стануваат применливи, преку […]

Западен Балкан може да произведува 260 терават-часови од обновливи извори за Европа. Тоа е бизнис од 26 милијарди евра годишно, вели Мицкоски


 Предизвиците во најголемата енергетска криза да ги претвориме во наша можност и да видиме што можеме заедно како Западен Балкан да испорачаме за Европа, за нашиот заеднички континент, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, во обраќањето на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026, што се одржува во […]